Здраво млади! 2012

16.03.2012 12:06
Здраво млади! 2012

Годинава, со поголема листа на изведувачи, на 24 и 25 Мај во МКЦ ви закажуваме – за некого втора средба, за некого поправен испит.

Здраво Млади!

Еве нè пак!
 
Доаѓа пролет, а со тоа и првата најава за новото издание на нашиот фестивал, едноставно наречен „Здраво Млади!“. Лани кој беше – си знае, кој не – му беше криво што пропушти 12 „не бајати“ бендови од 9 различни држави спакувани во 2 дена (No Age, Handsome Furs, Bomb The Bass, XAXAXA….).
 
Годинава, со поголема листа на изведувачи, на 24 и 25 Мај во МКЦ ви закажуваме – за некого втора средба, за некого поправен испит!
 
Некои генерации овој датум им асоцира на старото име на нашата куќа, но ги асоцира и на „Ден на младоста“, додека, пак, спојот од двете заедно асоцира на многу забава, многу концерти, многу млади…  Е па, на 40-годишнината од нашиот „Дом“, ајде повторно!
 
Вие возбудени – ние уште повозбудени!
 
Ги најавуваме и првите изведувачи на Здраво Млади 2012!
 
PRINZHORN DANCE SCHOOL од Англија, дуото кое пред еден месец го реализираше хит албумот “Clay Class”! (прочитај повеќе).
 
Харизматичниот мексиканец кој минатата година го издаде феноменалниот албум Super Vato, НЕ супер стар диџејот REBOLLEDO! (прочитај повеќе).
 
Со сигурност еден од најинтересните автори на новата електронска музичка сцена, основачот на издавачката куќа Comeme – чилеанецот MATIAS AGUAYO со настап во живо! (прочитај повеќе).
 
Очекувајте наскоро нови имиња, пропратна програма, информации за цени и продажба на билети, а во меѓувреме слушајте музика, отворете очи и уши, не верувајте на сè што ќе слушнете и видите на ТВ, и следете нè овде или на: