Портал за оние кои не ги прифаќаат готовите вистини

16.03.2012 13:47
Окно - портал за оние кои не ги прифаќаат готовите вистини

Окно се зачна како заедничка иницијатива на неколкумина луѓе, активисти, колумнисти и уметници кои имаа потреба да зборуваат, да споделуваат и критикуваат, да другаруваат, да се смеат или подбиваат, но и да анализираат, истражуваат и, пред сè, да соработуваат. Окно се роди без епидурална анестезија, со болки и маки, делумно технички, а делумно идеолошко-политички, ама, ете го, пркна малото, и денес веќе му славиме родендени.

Во еден период имавме чувство дека јавната сфера е сè повеќе стеснета, банализирана, нарцисоидно опседната со себеси и со својот контекст. Окно беше дупче на надеж, процеп низ кој се обидовме да го донесеме светот и регионот, актуелната книжевна и музичка продукција, ама мене најмногу од сè ме радуваше колумнистичкиот наратив ослободен од стегите на коректност и љубезност. Во периодот кога пишував за Окно, пишував колумни и за дневниот весник Дневник. Откако ќе ја напишев колумната за Дневник ми остануваа уште два дена да најдам друга тема и да ја обработам во вид на колумна за Окно. Тие два дена беа вистинска оддишка. Можев да си изберам тема за која знам дека ќе се заинтересираат многу малку луѓе, да пишувам без товарот на политичката коректност, да бидам несериозна. За волја на вистината, една колумна на Окно ме доведе и до обвинителската клупа. Нејсе, тоа се тие маки на оние кои ја чувствуваат општествена одговорност, на оние кои никогаш не ги прифаќаат готовите вистини, на оние кои постојано преиспитуваат, критички преобмислуваат или, едноставно, прашуваат. Овие позиции секогаш биле непосакувани и казнувани. Окно постоеше токму поради тоа.

На Окно денес се обидувам да му приоѓам како читателка. Таа позиција постои, помалку или повеќе, поради новите луѓе инволвирани во Окно, новиот дискурс, новиот имиџ, ама како и секој продукт чија креација ја опишуваш со мајчински метафори, и Окно не ми ја дозволува апсолутната дистанца. Окно ќе остане за мене ефект или последица од долгите расправии меѓу Коља и Барми, моите паузи за цигари, прагматичноста и одговорноста на Ана, духовитоста на Сеад, научноста и систематичноста на Вуна, крајно симпатичната ноншалантност на Миопа, исклучителниот вкус на Ваце и Џоле, но и упорноста на коментаторите, критичноста на публиката и интересот на многумина за ова „новороденче“. Малото го пуштивме во градинка, сега други нека му ја мислат.

Во право е Ирена, конечно

Во право е Ирена, конечно имаме портал каде што секоја нова статија е различна и е со поинаква перцепција на реалноста. Нема една иста, т.е. нема готова вистина. Честитки Окно, и да ви се множат родендените!

Во ред е се, но зарем има

Во ред е се, но зарем има некоја поента статијава?! Прв пат гледам ваква работа...И да, Окно се менува, само се прашувам каде е она Окно од зародишот, и кое е ова Окно кое го заменија умислените реплики на Коља инфилтрирани на секој можен е.ан пост низ неговите поттрчковци!?...Жарта го изгуби интензитетот, ама тоа и не е толку трагично, трагедијата е тоа што ние како читатели ја изгубивме истата за сајтов...

За волја на вистината, една

За волја на вистината, една колумна на Окно ме доведе и до обвинителската клупа...

wtf? koga, zosto, kako?

Тој што ја не сам спомната у

Тој што ја не сам спомната у твое писание, има да видиш ти...

Него, шала на страну, море Окно изгура некои три године онакој овакој.

Ја гу овуј страну сматрам како промотор на мои поезије и сатирични прозе, па од туј гледну тачку, честитам роѓендн, големо да раснеш Окно, на свадбу да ти рипамо

Уз дужно поштовање и мој благи наклон

Интер Свети Претер

ОкоБоли главаВицФото