Враќањето на кралот

17.03.2012 12:06
Враќањето на кралот

Речиси 200 години по смртта, Наполеон Бонапарта конечно доби најголема почест која во денешно време може да се даде: свој тематски парк. Наполеонленд – престанете да се смеете – го смисли еден поранешен француски министер, и замислен е да се натпреварува со Дизниленд, односно со неговиот забавен и тотемски културен статус. Продажба! Храна! Реактивирање на битката кај Аустерлиц! Не е лоша рехабилитација за еден од најголемите освојувачи и мегаломани и прогонети императори.

За волја на вистината, треба да научиме сериозна лекција од фактот дека Европа наскоро ќе има Наполеонленд, но никогаш на пример, Hitlerworld (Хитлеров свет). За жал, Англо-Американците знаат неповолно да го споредат првиот човек на Првото француско кралство со водачот на германскиот Трет Рајх.

„Земјата којашто сè уште делумно цени таков човек сигурно има проблем“, вели британскиот новинар Стивен Гловер за Франција и Бонапарта. „Веројатно би било погрешно да го изедначувате Наполеон со монструмите на 20 век како Хитлер и Сталин, но тој без соменвање е нов вид застрашувачки лидер со“, како што вели Гловер, „деструктивна волја“.

Историчарот Виктор Дејвис Хенсон е многу блиску да ги спореди нив двајца, поврзувајќи го ноќниот кошмар на ширење на Наполеоновиот континентален систем и Третиот Рајх, со желба самопрогласените европски „визионери“ да ги обединат европските народи под еден голем – и недемократски – систем, доброволно или не. А Клод Рибе, член на француската комисија за човекови права, отиде и подалеку и го окарактеризира Наполеон како геноциден.

Но и покрај тоа што и двајцата, Наполеон Бонапарта и Адолф Хитлер, поседувале хегемонистички амбиции оставајќи зад себе урнатини, спротивностите помеѓу нив двајцата се големи и од голема важност за иднината на Европа. Хитлер, човек од народот и цивил, бараше Европа да се апсорбира во една политичка партија, а не да го прошири кралството. Бонапарта, професионален војник, роден како дел од аристократијата во Џенова, ја ширеше својата војска по континентот во потрага по политичко единство, а не по расен „животен простор“.

Ќе биде добро да размислиме зашто Европа најмногу се приближила до такво единство како кога беше Наполеонленд. И додека бледите политички сили се спремаат за сопствен погреб, германската економска сила уште не е ни достоен ривал на обединетата сила на историскитот француски идеал и релативниот легитимитет на француското политичко лидерство.

Сепак, влијателните западни коментатори цврсто се држат до идејата дека Четврт Рајх на германската ефективност беше единствениот начин да се спаси Европа. Про-германските предвидувања превладуваат. Во Европа како што ја замислува Ниал Фергусон во 2021 година, во Обединетите Европски држави, кои ќе ја заменат ЕУ, доминира Германија со седиште во Виена.

„Германските претставници возбудено разговараат околу идниот договор на Јалта, повторно делење на Источна Европа на сфера на руско и европско влијание“, пишува Фергусон. Критичарите ја нарекуваат Нова Европа „Свето Германско кралство“. Значи, повторно „Deutschland überalles”, само сега економијата царува.

Економските договори недоволни за да се обнови идентитетот на ЕУ

Историчарот Хенсон, прогнозира дека германскиот национален карактер ќе ја гарантира нивната идна доминација. „ Новиот Германско европски поредок е јасен: ако сакаш да живееш како Германците, мораш да работиш и да штедиш како Германците“, изјави Хенсон, додавајќи: „Земи или остави“.

Перспективата на европско-германската иднина не е само остварување на англоамериканскиот сон, туку и утеха за Европејците дека нивниот систем не е целосно срушен. Тие цврсти Германци покажуваат дека ако играте по претпазливи правила, можете да ја спречите финансиската апокалипса.

Но тоа е опасно оптимистичи поглед, како што вели Волтер Расел Мед.

„Германскиот политички естаблишмент,“ предупредува тој, „се чини дека е подготвен да ја уништи Европа само за да избегне да каже дека германските гласачи биле глупави. Германските лидери прават сѐ што е можно за да ја прикријат грдата вистина за грешките кои ги направија германските банкарски и регулативни институции, гарантирајќи долг кон Med Club (Медитеранскиот клуб на земји), што е еднаквa причина за европските маки, како што се, на пример, и расипаните Грци.

Со сокривањето на овие факти под тепих уште толку ќе се зајакне лагата дека само економските решенија се начин за решавање на длабоките политички проблеми. Тоа погрешно нè наведува да веруваме дека Германскиот режим, кој го воспоставија сојузниците по Втората светска војна, цврсто ја има европската иднина во раце. Неколку институционални промени на европскиот пакт не можат да создадат легитимитет потребен за Европската куќа – или нејзиниото водство – да се доведе повторно во ред.

Во реалноста, треба многу повеќе од економски договор за да се обнови политичкиот идентитет на уништената ЕУ. Како што Клифорд Орвин исправно забележа во неговиот песимистички поглед за иднината на ЕУ: „Европа останува наметлива апстракција отелотворена во една бетонска бирократија.“

Е, тука доаѓаат Наполеон и Франција. Орвин исто така забележува дека Европејците немаат чувство за делење на идентитетот: „Ништо во нивната модерна историја не го подржува издигањето на нивната политичка лојалност на европско ниво.“ Но, Бонапарта предложи, а многумина прифатија, дури и по неговиот пад, токму такво издигање на политичка лојалност на континентално ниво.

Дури и по неговиот пад, Германците решија да не го отфрлат кодот на Наполеон којшто тој го остави зад себе. Само минатата година Полјаците подигнаа комеморативен споменик на Бонапарта во Варшава, што нè потсетува, заедно со уште една статуа која сè уште стои во дворот на Миланската градска уметничка галерија Палата Брера – на императорското неприкосновено траење. Неговите освојувања беа и поминаа, но способноста на Бонапарта да ја фокусира експлозивната популарна слика која ја ослободи Француската револуција и тоа да го претстави како нешто вистинсио европско, остави неизбришлива трага.

Француското кралство падна не затоа што европските народи се кренаа против него, туку затоа што Наполеон реши да маршира за Москва, наместо да овозможи новото европско единство да се зацврсти. Тој се коцкаше, а континентот изгуби. И сега, кога една друга коцка ги прави Европејците да стравуваат дека сѐ повторно ќе биде изгубено, важноста на заединичките вредности повторно расте.

Колективното сеќавање трвдоглаво опстанува

Денес, ако Европејците сакаат да најдат конкретна поддршка за вредностите кои ги обединуваат, тоа е или Франција или пропаст. Вообичаената алтернатива, Британија, се повлекува од европските политики – го редуцира својот воен профил и товарот во тој процес го префрла на Франција. Од друга страна, и либералните интервенционисти, како што е американскиот претседател Барак Обама, како и внимателните конзервативци кои стануваа сè повлијателни врз десницата, се спремни решително да го променат американското воено тежиште далеку од Европа. Ограничената воена интервенција на САД на Косово беше контраверзна, и тоа кога американските сили и светската доминација беа несомнени. Денес веќе никој нема стомак за подлабоки или потешки интервенции кои би можеле да бидат потребни во која било европска земја каде што незадоволството против острите мерки за штедење би излегло од контрола.

Разочарувањето од интервенциите кои ја промовираат демократијата доведе многу Американци да прифатат погледи кои обично се поврзуваат со надворешно политички реализам, што значи ретко да се применува потпирање на класична сила. Поимот мека моќ (soft power), меѓутоа, останува релативен во Европа, каде што многумина трагаат по политички авторитет способен да поддржи вооружени сили, нешто многу поефикасно од охрабрување на реал-политика. Ако немирите се прошират низ континентот, ќе бараат ли Европејците спас во германската историја, германските идеали и германските херои? Nein. Секое германско положување на правата на европско водство по пат на мека моќ не е само прерано – туку и премногу провидно. Тоа веројатно нема да се измени со години. Како што Хитлер и Бонапрата постхумно покажаа, колективното сеќавање тврдоглаво опстанува.

Франуските настојувања за водечката улога по прашања на европската мека моќ се, во контраст со германските, кристално јасни и длабоко испреплетени. Во време кога со векови старите монархии и феудалните аристокарти владеа со континентот, мотото на Француската револцуја беше застрашувачки воен восклик. Денес подобро би го објасниле како здрав разум на европскиот народ. Наместо воени апстракции, тоа е збир на мирољубиви начела на Европејците кои главно живеат во вистинскиот живот (посебно во однос на своите соседи). Европа денес е производ на француското политичко уверување повеќе отколку од која било друга нација. Во Европа нема поблизок роднина на американското „Ние, народот“ од „Слобда, единство, братство“, фраза која го опфаќа францускиот став не само кон Франција, туку и кон Европа и светот.

Француското единство го одржува тој длабок резервоар на меки сили користени понекогаш на кратка вистинска моќ. Тоа е единствената нуклеарна сила источно од Британија и западно од Русија. Имаат повеќе носачи на авиони од Британија, која работи на тоа да го рездизајнира својот со цел да му опонира на францускиот. Исто така се спремни за брзи интервенции во странство, или да ги предводат меѓународните воени операции, како што беше во Либија. Една внатрешна анализа на француската воена полиција резултираше во реинтеграција на НАТО, од една страна, и голема стратегија посветена на „слобода на акција“ од друга страна. Денес Париз многу повеќе е фокусиран на континентот и многу попристуен во соочување со глобалните закани. Намерно или не, таа стратегија која е насочена кон не-изолационистички евроцентризам го одржува растечкиот автоинтегритет на Фрација како светска сила.

Европската неизвесна слабост прави потполно јасно дека единството мора да се најде не во апстрактна бирократија, туку во поединечното водство на луѓе од крв и месо. Кога алтернативите се француско водство или човек од никаде кого го праќаат од Брисел или сметководител од Берлин, дали француската гордост – релативно повеликодушна, помоќна и легитимна – изгледа толку претерана?
Ако Европејците сериозно одговорат на тоа прашање, можеби би можеле да бидат инспирирани од Наполеоновото наследство да направат нешто повеќе од обична забава за туристи.

Извор: Foreign Policy

Скулптури: Бен Виле

ОкоБоли главаВицФото