Совети за препознавање на македонскиот фашизам

20.03.2012 10:48
Совети за препознавање на македонскиот фашизам

„Тој може да изгледа како идиот и да зборува како идиот, но не дозволувај тоа да те залаже. Тој навистина е идиот“. Оваа луцидна изјава на Гручо Маркс, во своето буквално значење може непосредно и со голем успех да се примени во проценката на политиките на ДПМНЕ. Особено на оние од областа на урбанизмот и архитектурата. А, богами, и на сите други. Во своето пошироко значење, меѓутоа, овој афоризам на неповторливо духовит начин го предочува психолошкиот парадокс дека луѓето повеќе им веруваат на претходно создадените илузии отколку на сопствените очи и разум. Факт е дека илузиите, колку и да се невистинити или погрешни, имаат поголема моќ на убедување отколку сликата што човек ја гледа со голи очи, а вербата во овие лаги обично сосем го онеспособува здравиот разум. Како инаку да се објасни хроничната неспособност на народите да ги препознаат очигледните знаци за подем на фашизмот во нивните земји? Како да се објасни што режимот на Груевски сè уште „проаѓа“ како нефункционална и пробематична демократија, а не како успешна нова форма на немилитантен провинциски фашизам спакуван во демократска амбалажа?

Неспособноста да се препознае смртоносниот амалгам од тоталитаризам, национализам, расизам и популизам (кој до пред триесет години без никаков проблем генерички се нарекуваше фашизам), како да е историска константа. Сведоците на глобалниот подем на фашизмот од првата половина на дваесеттиот век велат дека се работи за вид колективна психоза, еден вид епидемиски колапс на рационалната мисла. Интересно е што за воведување на народите во овој ирационален транс, фашизмот секогаш ја ползува истата, до болка едноставна рецептура. Кога врз понижувачкото чувство на инфериорност и разочарувањето во демократијата ќе „легнат“ лековитите зборови на измислената национална херојска митологија и расизмот преоблечен во национализам, сè што е ирационално во една земја избива на површина, играјќи го – во дваесет и четири седмински ритам – самоуништувачкиот танц на карневалот на недоветноста. А сè што е рационално: разумот, знаењето и искуството, се повлекува и замолчува во страв или опортунизам, апатија или отапеност. Тоа е успешната формула на секој фашизам, а така владее и режимот на Груевски.

За оваа болест на демократијата, за овој инфаркт на општествената памет, како да не постои природна отпорност. Ерих Фром, на пример, тврди (и сведочи) дека италијанскиот фашизам и германскиот нацизам ги затекнале политичките, капиталистичките и интелектуалните елити на двата моќни, цивилизирани и културни народи, теоретски и практично потполно неспремни да го препознаат и да му се спротивстават на злото... Денес неподготвеноста на општествата да ги препознаваат своите фашизми е уште понагласена, зашто денешните фашизми се мимикрични: тие ја отфрлија милитантната агресивност, нагласениот антисемитизам и препознатливите реторики и симболи на големите учители од дваесеттиот век и се маскираа со флоскули од либерално капиталистичката идеологија и со општоприфатената демократска фразеологија.

Македонскиот фашизам, на пример, маскиран како млада вдовица, во црн и заводлив демохристијански тил, се инсталираше тивко, без испукан куршум, со мирен уставен пуч. Тоа се случи набргу по освојувањето на власта на демократски избори и пред очите на целата нација – но без нејзино знаење. Затоа поголем дел од измаменото население сè уште мисли дека живееме во проблематична демократија. А тоа што со свои очи гледаме дека институциите се веќе празни згради, сосем исчистени од нивната уставно-правна супстанца, како мртви морски школки заземени од натрапници што цел живот талкале по дното, тоа, велам, што овој срамежлив фашизам секој ден го гледаме со голи очи, не е доволно убедливо да ја демантира претходно создадената слика и навика дека сме демократија.

Па, како – ќе се запрашате – се одржува оваа неверојатна лага, на која ѝ противречи сè што Македонците ќе видат и почувствуваат со своите сетила? Со многу народни пари и режимска пропаганда. За одржувањето на илузиите за демократско општество и затапување на граѓанската свест, режимот потроши најмалку 30% од сите народни пари собрани во државниот буџет, секоја година од владеењето. Тоа се најмалку 4.500.000.000 евра досега, а за толку пари потрошени на политичка кампања, во САД, на пример, претседателските избори може да ги добие и глувонем осуденик за бигамија или албино мрмот со генетска мана. А во Македонија, со толку пари и пропаганда, на власт може да се одржува и насмеан примерок од бактеријата escherichia coli!

И, како можеше ова нам да ни се случи? Ова ни се случи (и) затоа што препознавањето и реакцијата на првите и најочигледните симптоми на фашизмот во Македонија изостанаа, како во афоризмот на Гручо Маркс, токму поради нивната неверојатна очигледност. Систематското бришење на антифашистичкото потекло и историја на Македонија од страна на власта на ДПМНЕ, како и уништувањето на спомениците на вистинските македонски херои кои загинаа борејќи се против фашизмот, беа преочигледни знаци дека се работи за реставрација на ванчомихајловистичкиот фашизам во Македонија. Човек би помислил дека сите бурно ќе реагираме на политика која со проѕирен антикомунизам го затскрива својот изворен анти-антифашизам (што ќе рече – фашизам), и дека сите ќе рипнеме на првиот молекул од фашистичката реа заталкан во нашите осетливи носници. Зашто, според логиката на историските детерминанти, ние Македонците би требало да бидеме хиперосетливи на фашизоидните смрдеи, најмногу поради фактот што нашата татковина потекнува од антифашистичката борба. А ние сме тоа што сме, токму поради победата над фашизмот во таа борба. Значи, антифашизмот треба да им е во гените на денешните Македонци, а не неандерталецот од палеолитската планина Армакедон!

Не дозволувајте, затоа, очигледната фашизоидност на режимот на ДПМНЕ да ве залаже дека сепак се работи само за нефункционална демократија. Со полна верба следете ја методологијата на големиот Маркс, која гласи: ако личи на фашизам и се однесува како фашизам, не се будалете, тоа е навистина фашизам!

Слики: Stephan Balleux

А да наведевте дека авторот е

А да наведевте дека авторот е претседател на Советот на СДСМ?

А единствена задача на Советот, според зборовите на самиот Грчев, е рушење на Груевски и доаѓање на СДСМ на власт.

And now what?

Дури ни вмровцине не би се осмелиле да ни го 'шиткаат' Бичиклиски како објективен аналитичар.

Најсериозен текст досега за

Најсериозен текст досега за најсериозната мистификација досега.

Grcev e lisec koj go zapocna

Grcev e lisec koj go zapocna "barokot" so mansardite vo Debar maalo, no vo slucajov moram voglavno da se slozam so napisanoto.

"кои сега ги зазеле

"кои сега ги зазеле натрапници што цел живот талкале по дното"

G-ne Grcev, ova e toa sto ve pravi samobendisan i samozamislen elitist, koj odi vo sprotiven pravec so realnosta. Se obiduvate da ni kazete deka Makedonskiot narod ja dobi svojata nezavisnost preku antifasistickata vojna i zatoa toa bi trebalo da ni bide vo genite. Ste pomislile li nekogas koj ja narekol antifasisticka borba, i od kade antifasisticka borba koga vo Makedonija ne postoi fasizam za vreme na vtorata svetska vojna . Postoi okupacija, i Makedonskiot narod se bori za osloboduvanje na Makedonija, t.e. se vodi nacional osloboditelna vojna. Antifasisticka e termin nasaden od vasite " komunisti" koj sakaa da go opravdaat vnesuvanjeto na komunizmot na mala vrata. 99% od naselenieto za vreme na vtorata svetska vojna vo Makedonija apsolutno ne znaat kakva bila partijata na vlast vo Germanija. Si ja kidnapiravte nacional osloboditelnata borba na Makedoncite za svoi " komunisticki" potrebi i sega site nie treba da prodolzime so falsifikatite. Super koncept.

Мигрена, а сепак да отидеш на

Мигрена, а сепак да отидеш на психијатар? Ти бе, лудо груевистичко моме (т.е. батка), не само што си гласноговорник на „македонскиот народ“ (па па па) во сегашноста, туку, јеботе, Мигрена, и низ целата историја! Како, лебати, лудачо, ги пресмета оние 99% od naselenieto za vreme na vtorata svetska vojna vo Makedonija apsolutno ne znaat kakva bila partijata na vlast vo Germanija? Девојко, батка, Мигрена, ако вакви пореметени ликови ко тебе штабовите користат за ширење пропаганда тогаш работава ептен  не ни иде на арно...

Psiho - hronicen, a od kaj ke

Psiho - hronicen, a od kaj ke znaat? Ona sto znaele e deka dosle nova tura na Okupatori, ovojpat zborele Bugarski, Germanski i Italijanski, namesto Srpski,Grcki i tolku. Ili da ti objasnam malku poprecizno za da mozes da razberes, dosla Evropa (vo toa vreme veke obedineta) i donela sistem so "evropski vrednosti" vo Makedonija. A za brojakta 99% izlezi deneska na ulica i prasaj koja partija e na vlast vo Germanija, i mozebi ke razberes sto ti zboruvam.

Da ti objasni nesto ludiov. " Al Kaeda" ne se bori protiv Republikancite, tuku se bori protiv Amerika. I tamu 99% ne znaat koja partija e na vlast vo Amerika denes.
Toa sto " komunistite" si ja svrtija rabotata na svojata vodenica so davanje na klasen karakter na narodno osloboditelnata vojna e prasanje na koe treba da dadat odgovor nasite istoricari, a ne urbanisti.

Грчев е гордост на

Грчев е гордост на македонската геј заедница. Само напред професоре! (ок, може и од позади XD )

„реставрација на

„реставрација на ванчомихајловистичкиот фашизам во Македонија„ - Оваа реченица го уништи прекрасниот текст на Грчев. До тука беше прецизен, немилосрден, објективен, духовит...Господине Грчев, ванчомихајловистички фашизам не постоел никогаш во Македонија, за да биде реставриран. Не го мешајте груевизмот со Ванчо Михајлов. Тоа се сосема различни работи. И самиот Ванчо Михајлов за Груевски ке ви каже дека е фашист. Ванчо бил голем демократ, спореден со нашиот сегашен диктатор. Човекот напишал, милион страници книги што ги читаале милиони луѓе, нашиот Груевски не знае 2 реченици да сврзе, како што треба.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото