Содржината како непријател

20.03.2012 12:28
Содржината како непријател

Омразата кон Грција е единствената работа што во моментов ги обединува сите граѓани на Република Македонија: леви, десни, богати, сиромашни, православни, муслимани итн. Но, дури и таа дискутабилна единствена обединувачка точка владата на ВМРО секојдневно ја гмечи и уништува, секојдневно (24/7) работејќи на постојано ново произведување поделби меѓу македонските граѓани.

Најсмешното во оваа трагична ситуација е што со ставањето фокус исклучиво врз „Славо-Македонците“ (60% од граѓаните во РМ) Груевски ја игра најгубитничката можна игра: „Поголем Грк од Грците“. Обидувајќи се сериозно мултикултурната и плуралистична Република Македонија прокрустовски да ја набие во сопствените налудничави православно-антички фантазии (сосема по урнекот на Грција, која тоа интензивно го прави најмалку 100 години) Груевски ем ги растура сите наши суштински предности во спорот со Грција, ем ја уништува комплексноста на земјата однатре, сведувајќи ја на пропагандна фантазмагорија на неговите „културни инженери“ со холограм преместени од 19 век во 21 век (точно е дека нациите во 19 век настануваа по кафеани, низ романтични муабети на писатели, филолози и археолози, но тешко дека тој модел сè уште врши работа).

Смешно-трагичното, значи, е во тоа што мразејќи ја Грција, таа античко-православна џамахирија во која постои само една над-раса а сето друго кутро се труди да еволуира до високото хеленско-ариевско ниво, ние сакаме да бидеме исти такви! Аеродромска глава на Александар тие – аеродромска глава на Александар ние. Споменик тие – триесетметарски споменик ние. Православен фундаментализам тие („Сади цркви како дрвја!“) – православно-исламски фундаментализам ние!

Сите компаративни предности на нашата земја македонската влада ги уништува со својата силеџиска политика, сосема непримерена одвнатре, а наполно самоубиствена однадвор. Грција има барем 30 пати поголем бруто општествен производ од Македонија и најмалку едновековна традиција на етничко чистење. Ако во тоа се тркаме со Грција (а нашите недоветни осмислувачи на надворешната и внатрешната политика баш во тоа се тркаат: кој ќе биде поправославен, поантички и почист Македонец) тогаш не само што катастрофално понижувачки ќе го изгубиме спорот со Грција туку и трајно себеси ќе си нанесеме „идентитетски“ штети.

Македонија не е Грција. И тоа е убавината на оваа земја. Убавината на различното. Нејзиното православие не е фундаменталистичко и исклучиво како грчкото или српското. Нејзините врски со антиката се многу посуптилни и поинтерферирачки со сите напластени културни слоеви, со сите духови што лутаат низ просториве. Македонија не живее под моноетнички терор или под конфесионални притисоци спрема сите што не се преоброени и во трлата. Македонија е мешавина и толеранција. Реална Европа. Проста, некултурна, недоделкана, вулгарна – но реално плуралистична и толерантна.

И одеднаш доаѓа, како од цртан филм, „еднооко“ смешната (просто гротескната, да не беше потенцијално трагична) политика на Груевски, сето тоа го фрла во вода, ја билда сосема лажната православно-античка слика на Македонија и им се заканува на сите што не го споделуваат вмровското лудило. Со пар шамари странциве го освестуваат македонскиот водач, го тераат да дозволи колку-толку слободни избори и колку-толку елементарни човечки слободи во земјава (ама има ВМРО аргумент зашто не е добро премногу да се биде слободен: за да не се загрози македонската, од владата во бронза искована, православно-античка хомогеност!). За жал, кратко траат периодите на трезност; штом малку ќе подалабави надзорот, Груевски пак си ги зема оловните војничиња на Александар, пак размавтано гради цркви и отвора археолошки дупки на секој чекор.

Признавам: можеби толерантна, шарена и слободна Македонија го нема мобилизацискиот потенцијал на крстовите и фалангите. Можеби граѓаните на Македонија задоцнето мораат да го изживеат, низ деградирачката политика на ВМРО, својот 19 век кога историското знаење и национализмот стануваат едно. Кога интелектуалците и политичарите, создавајќи нови нации, се обидуваат тие нации да ги проектираат во далечното минато.

Но, целиот наш модернистички социјализам беше, всушност, ковање на македонската нација по урнекот на 19-от век. Речиси целата култура и образование беа во функција на создавање на националното. И таман кога помисливме дека се ослободивме не само од недемократијата туку и од националистичкиот 19 век – доаѓа Груевски и на сите можни рамништа нè враќа во блажениот социјализам! Оттаму таа бодра поддршка од некрополата на македонскиот дух, МАНУ. Оттаму сите комунистички жбири, кодоши, цајкани и џелати раскомотени низ вмровските ќелии ја доживуваат својата втора младост. Оттаму неверојатната етатизација на сè и сешто во земјава; само државното смее да постои, т.е. смее да постои и дише во оваа земја само она што е овластено од кабинетот на Груевски. (Еден пример за таа етатизација: целокупната културна политика, до детаљ, до последното шрафче, е преземена од државата, комплет со издавањето книги! И тоа предизвикува цикот и неконтролирана радост кај многумина „културни работници“! Пак се појави некој што ќе мисли наместо нив! Кој ќе ги ослободи од тешката работа да се мисли и да се биде автономен!)

Пол Валери имаше зајадливо согледување за книгите: Книгите ги имаат истите непријатели како и човекот: огнот, влагата, ѕверовите, времето, а посебно сопствената содржина. Се чини дека ист е случајот и со нациите.

Колажи: Свирачиња

Извор: Утрински весник, 20.04.09.

Френклин Рузвелт, 32от

Френклин Рузвелт, 32от Претседател на САД, изјавил дека сиромашните луѓе не се слободни (“Necessitous men are not free men”). По таа логика, една третина од граѓаните во Македонија не се слободни луѓе. Тие се робови на партиски робовладетели. Сиромашните луѓе и партиските војници во Македонија мора да вршат валкани работи за партијата за да обезбедат гола егзистенција. Партијата е како матица, таа одлучува кој ќе има работа, дом, брак, достоинство, и во крајна линија живот. Денес не е само демократијата и слободната мисла узурпирана од партијата. Човековиот живот и достоинство се директно менаџирани (микроменаџирани) од партијата која е алфа и омега во Македонија.

Гелевски, што вака ти текнало

Гелевски, што вака ти текнало за Груевски да пишуваш? Ако ја сакаш Македонија шарена, за кој бре курац во сите текстови само црна боја користиш?

А нели Гелевски и другите

А нели Гелевски и другите соросоиди го примаат у гз од Грците? Нели тоа фино ни го објаснуваше, во континуитет, Русјаков Едноокиот?:
„Господата „соросоиди“ и останатите прогрчки пропагандисти натртени кон грчкиот шовинизам, очигледно би не лишиле од идентитет, затоа што до балчак го примаат од Данајците. И арно им е.“
А ваму гледам, во текст од пред три години, дека Гелевски Грција ја нарекува „античко-православна џамахирија во која постои само една над-раса а сето друго кутро се труди да еволуира до високото хеленско-ариевско ниво“. Исто така вели дека Грција има најмалку едновековна традиција на етничко чистење.
Кој е овде предавник и кој го прима у гз?! (Едноокиот Русјаков од наредените преродбеници? Во една доста груба „Долга Магарица“? Не е лошо да се направи еден цртан со албиното и груевистите во „Долга магарица“)

комплексна, а сепак, јасна и

комплексна, а сепак, јасна и консеквентна перспектива на она што било и она, што за жал е...

Жикина шареница, ај

Жикина шареница,
ај вака,
Коља ја сака Македонија шарена, а који курац боја да користи „во сите текстови„ за денешна Македонија, освен- црна... хм?

дај предлог де...розова, портокалова...да прошара малце?...колко да биде лицемерно„неутрален„?

Interesno. Znam deka ne ti

Interesno. Znam deka ne ti cinat Makedoncite kako narod, ama sega deka ne ti cinat i Grcite so nivnite "Evropski vrednosti",
toa e nesto novo za mene. Vo koja Evropa , u stvari bi sakale da vlezete. Kolku sto mi e poznato , vo taa "Evropa" se i Bugarija, Romanija, Kipar, Grcija a kako trgnale mnogu brzo i Albanija. Mnogu brzo ke vi gi pratat nivnite "Evropski" cinovnici da ve ucat kako treba da se pravi " demokratija".
Ne vi cinat prijatelite, sega ne vi cinat i neprijatelite. Da probame da izbereme podobar neprijatel ili ...

Zborevte za izgubeni kompasi, ama izgleda deka vas definitivno ke vi dojde dobredojde eden , koj ke vi ovozmozi da si go fatite patot od pocetok, da se resetirate i da poglednete kon svetot so ocite na Makedonija, namesto da gledate kon Makedonija so prljavite naocari na svetot.

Мигрена, ти си екстремно

Мигрена, ти си екстремно валкан играч, на ниво на најбедните пропагандисти на режимот. Неверојатно е колку многу конструкции и спинови успеваш да набиеш во неколку реда!
Прво, Znam deka ne ti cinat Makedoncite kako narod. Каква е оваа теза, Мигрена, пропагандна вошко? Како може цел народ некому да му чини или да не му чини? Зарем тоа не е најодвратен расизам? Зарем Гелевски жестоко во текстот токму не зборува против таквиот расизам?! И од кај ти е тој проклет обичај, Мигрена, главоболен груевистички испрдоку, да се повикуваш на „народот“?
Второ, ne ti cinat i Grcite so nivnite "Evropski vrednosti". Европски вредности во новото време се борбата против расизмот, шовинизмот, етничкото чистење, верската нетрпеливост... Значи, текстот на Гелевски воопшто не ги става Грците меѓу бранителите на „европските вредности“ (кои ти, Мигрена, во пригодава си ги измисли за пропагандни потреби на Фамилијата на која и’ служиш); сосема е обратно, Грците ги газат и ги понижуваат европските вредности, во што ги имитира Никос Грујос, овдешната експозитура на силите на разбивањето и крвопролевањето.
Трето, Ne vi cinat prijatelite, sega ne vi cinat i neprijatelite. Мигрена, и во друга прилика некој овде ти рекол, обрати се на психијатар. Ти си опседната со демони. Не знаеш да читаш текст, не знаеш да анализираш, туку само си мантраш некакви лични опсесии и поистоветувања со „народот“ и со „Македонија“. Дека си клинички случај најдобро покажува твојата последна реченица во сосема полудениот коментар: da poglednete kon svetot so ocite na Makedonija, namesto da gledate kon Makedonija so prljavite naocari na svetot. Светот е прљав и болен, Македонија е невина и чиста? Оној кој го носи погледот на светот во Македонија е со изгубен компас и народот ќе му суди? Светот треба да стане Македонија?!
Но, добро. Ако ти помага оваа терапија со коментирање, само пичи слободно, Мигрена!

Процедурално Лектор, На

Процедурално Лектор,
На Меглена мислеше?...ако је така, избаци лектор...остај коректор

Мада хммм..морничаво, ако ханибал го поврзеуш сос лектор...хихихи

Него, Меглена

Типично...демек -конзервативно... самиот твој ник е лицемерен...си земал/а ник од светица (оддоколу де)-злата мегленска...пуф пуф, а овде демагогија (грев за злата)

ај жиФти мајка, питај у центарот, некој појак да пратат да коментира

Појаките отидоа за министри

Појаките отидоа за министри друже, башка вмровците пушки држат не тастатури.

Hanibal, Aj da gi objasnime

Hanibal,

Aj da gi objasnime komentarite " hanibalski - spinovi":

Misla 1.

"а јсмешното во оваа трагична ситуација е што со ставањето фокус исклучиво врз „Славо-Македонците“ (60% од граѓаните во РМ) Груевски ја игра најгубитничката можна игра: „Поголем Грк од Грците“." toa e ednakvo na == "Znam deka ne ti cinat Makedoncite kako narod" a ako prodolzime so recenicata ke bide "ti cinat kako gragani, anacionalni amorfni konsumeri"

Misla 2.
"ne ti cinat i Grcite so nivnite "Evropski vrednosti""

Pa se utepavte sovetuvajki deka e najdobro da se smeni imeto za da vlezeme vo klubot so Grcite, za da nemame nenormalni raboti , koi sega gi opisuvate kako "таа античко-православна џамахирија во која постои само една над-раса а сето друго кутро се труди да еволуира до високото хеленско-ариевско ниво".

Misla 3.

"Ne vi cinat prijatelite, sega ne vi cinat neprijatelite ."

Zaklucok od prvite dve misli pogore .

Misla 4. Prljavi naocari na svetot .

Ke nabrojam samo nekolku fleki na naocarite od koi svetot ne moze da gleda bas najasno :

Berlinski kongres , Sanstefanska Bugarija, Balkanski vojni, Bukureshkiot mir, Vardarska Banovina, Bugarska okupacija, Graganska vojna vo Grcija i genocidot na Egejcite, Tito - razmena Istra -Egejska Makedonija, Obidineti nacii - Fyrom , Samit an NATO vo Bukurest - VETO, 20 godini tormozenje so glupi izgovori za imeto, Ramkoven dogovor, Golema Albanija, Makedonija e Grcka, Makedoncite se Bugari.

Aj sega iscisti gi naocarite i pokazi mi deka gledas odkaj svetot so cisti naocari.

Koregiraj me , Korektor.

Мигрена, епохата на

Мигрена, епохата на груевизмот се твоите незаборавни луди години! Тоа најдобро се гледа низ твојот ментален склоп.

Ова е логиката на

Ова е логиката на Мигрена:
Сите се здружија против нас, но и ние се здруживме против нас, па сме квит!
Македонија до Токија!

Фамозната Мигрена одговара:

Фамозната Мигрена одговара: Да излеземе од лудницата? Дали вие, соросоиди, сте нормални?

Фамозната Мигрена одговара:

Фамозната Мигрена одговара: Не сме грди, ние груевистите, туку нашата убавина е застрашувачка.

Фамозната Мигрена одговара:

Фамозната Мигрена одговара: Ние груевистите секогаш имаме позитивен пристап. Она од што другите се срамат, со тоа ние се гордееме.

Драги соросери, вашата

Драги соросери, вашата иронија многу добро ја познаваме и чувствуваме цело време. Лесно ви е да се заебавате, по цел ден сами со себе да си коментирате и полемизирате (веќе на сите им е јасно, на пример, дека овде Гелевски си полемизира сам со себе, само под различни псевдоними) и за тоа да ве исплаќаат со разни грантови. Всушност, вашата безбедна и добро платена позиција е врвот на вашата иронија која ги боли сите кои ги немаат вашите пари и вашите позиции. Но, истата таа иронија и удобна позиција е она што ви пречи повторно да ја добиете власта. Колку и да го мразиме сегашниот неспособен „водач“, ништо не е поомразено од вашите грантови. Вашата моќ е вашата најголема слабост. И јас никако не можам да ви вратам, освен да гласам против вас. За инает. Од фрустрација. Од очај. Ако ова не му е јасно на тој што ве плаќа, тогаш е многу глуп. И сите сме лузери, заедно со него. Освен, можеби, Протуѓер, кој си дреме во некоја мрачна канцеларија и се забавува и ни се смее, знаејќи дека во секој момент може да не заебе сите како што ќе посака, потполно свесен дека уште дваесет години тие ќе се на власт.

Калка, кутро будалче, Окно во

Калка, кутро будалче, Окно во изминатите три години трошеше во просек илјада евра месечно. Твојот пастир за шест години потроши над 15 милијарди евра наши пари. Твојот пастир дневно троши неколку стотици илјади евра да ви ги пере мозоците, а Окно дневно троши 30 евра. И ти, викаш, Калка, гнасни ти се моќта и грантовите на Окно, иси сме ако не и бетер од пастирот и ти не мразиш и ќе гласаш за пастирот?! Патем, Окно не е партија, никој од тебе не бара ни да го сакаш ни да гасаш за него итн. Ако не ти се свиѓа не го посетуваш. И толку. Ќе да е, Калка, сепак во штабот да ви ги спремаат коментарчињата?! А знаеме дека сте добро навежбани. И дека се неограничени ресурсите за труење на народот и уништување на се’ што е троа различно од вашата монструозност.

Човекот користи само десет

Човекот користи само десет проценти од можностите на својот мозок. Kaj Калка и Мигрена заштедите се многу поголеми.

Oknas, prostitutka si e

Oknas, prostitutka si e prostitutka. Razlikata megu tebe i tie na Grujo e samo deka ti evtino se prodavas.
Ili cekas "tvoite" da dojdat na vlast pa posle ke naplakas ko dobra prostitutka.

Коља, ние не ја исфуравме до

Коља,
ние не ја исфуравме до крај приказаната за
"Оазата на Мирот!" (убавината на различното, толераниција и сл.)

И тука е грешката!

Така позиционирана Македонија имаше шанса да фати чекор со модерна Европа. Денес тој "brand equity" го прокоцкавме, и сме тотална спротивност. Од оаза на мирот ние станавме оаза на проблеми и тоа најмногу по наша вина.

Ако не се лажам Ризаов еднаш напиша дека Ние (македонци и албанци )патиме од недавање. И тоа недавање (основни права) и нашата сеопшта неможност да разбереме дека тие права не се наши (од бога дадени) за ние некому да ги по/даруваме- не доведе до оваа дереџе.

Можеби е премногу романтичарски македонија да се опишува како "мешавина и толеранција," но секако со многу работа го имаше (историски) потенцијалот тоа да биде!
За жал отидовме во друга насока која е погубна за МК.

Фамозната Мигрена и’ одговара

Фамозната Мигрена и’ одговара на јадната Калка: Не се секирај, ние груевистите сега веќе и со врзани очи можеме бесцелно да талкаме.

А Калка и’ одговара на

А Калка и’ одговара на Мигрена: Ние груевистите на добар пат сме да дознаеме каде сме тргнале.

Мигрена луто им одговара на

Мигрена луто им одговара на соросоидите: И вие некогаш сте биле Македонци, ако сакате да се вреѓаме!

Надвор од заебанциите,

Надвор од заебанциите, коментарот на Калка заслужува мал осврт, иако ептем личи на штабско дело (лоцира непријатели, психолошки манипулира со емоции, лузерство, идентификација итн., во што преродбениците се махери). Никој не е одговорен за земјава шест години, туку се’ се случува на ниво на емоции, така сугерира Калка. Нема срања во сите области на животот, туку го има само - ај сеа конечно да признаеме - не толку совршениот пастир, од едната страна, и крдото странски платеници, грантисти, западоиди итн., кои па најчесто се во служба и СДСМ (дал си западоид, предавник, грантист или комуњара тоа решаваат по локалните штабови). Калка отприлика вака вели: Да, еве конечно велиме, пастирот и неговите ја скењаа земјава, речиси во се’ беа сосема исти со претходната власт (иако потрошија пари ко сите претходни влади досега!) ама предавнициве имаат грди муцки, иронични се и штекаат грантови. Опасна логика, а?!
Затоа ние „соросоидите“ велиме дека најголемиот интерес народов да го држи во мрак и пранги, во глупост и манипулации - го има пастирот. Само тотално збрлавен народ може да ги пие лудачките приказни на Калки, Мигрени итн.

Калка му одговара на

Калка му одговара на соросоидот: Дури и да сме ве силувале, како не ви е срам да зборувате дека сме ве силувале?

Izgleda Korektor se zasrami.

Izgleda Korektor se zasrami. Se zasrami deteto.
Psiho-hronicen, Afroristicar daj pustete go em Hanibal em Korektor da izleze malku. Treba da objasni za cistite naocari na svetot. Posle vie pak igrajte si.

Логиката на Калка: На

Логиката на Калка: На изборите нека победи црниот ѓавол, само некако да излеземе од пеколов!

Ок, Афрористичар, или

Ок, Афрористичар, или Гелевски, или кој и да си, еве да го игнорирам твојот отров за момент, па да ти ја објаснам мојата логика. На изборите нека победи црниот ѓавол, само и јас и ти, Афрористичар, да останеме заедно во пеколот. Ако победи Другиот, ти Афрористичар ќе излезеш од пеколот, а јас не. Вака, заедно сме овде и мојата болка е фино затапена од твојата. Звучи извртено, ама мене така ми е подобро. И на многу други. Сигурно го знаете излитениот виц за македонскиот казан во пеколот, е па - welcome to hell.

Јадната Калка и’ одговара на

Јадната Калка и’ одговара на нескршливата МИгрена: Нашиот водач создаде пустина околу себе. Се надеваме дека нема вечно да живее во нас.

Слични содржини

Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото