Премногу биографии

20.03.2012 14:51
Премногу биографии

Шпанската уметница Алиција Мартин е авторка на оваа необична инсталација во Кордоба, Шпанија. Станува збор за  инсталацијата насловена „Biografias“ (Биографии), за чија изработка се употребени околу 5.000 книги.

Како што вели самата авторка, нејзина цел е преку симболиката на книжевноста, која ѝ се опира на земјината тежа, да ја прикаже големината на литературата.

Алиција Мартин (1964) досега изложувала во Шпанија и во неколку други земји (Франција, Португалија, Италија, Австрија, Германија, Финска, Мексико, Колумбија и други.) Главен протагонист во нејзините уметнички инсталации се книгите.

Повеќе за оваа авторка можете да најдете овде.

Извор: galica.it

ОкоБоли главаВицФото