Владата си игра со оган

20.03.2012 16:38
Владимир Милчин

Македонската влада на премиерот Никола Груевски со разни мерки го спречува отпорот спрема националистичкиот режим кој ја води земјата во економски, политички и општествено несигурна и сиромашна иднина: меѓу тие мерки се затворањето на нережимските медиуми кон крајот на 2010 година и тајните лустрациски истраги против критичарите на власта кои се прогласуваат за соработници на тајните служби на поранешната СФРЈ. Еден од обвинетите е Владимир Милчин, кој ни го открива црнилото под сончевото македонско знаме.

Досието со број 25630, на 217 страници, Милчин од МВР Македонија го добил на увид во декември 2000 година и од него дознал дека Службата за државна безбедност на поранешна СФРЈ го следела од 1976 до 1987 година. Документот се занимава со неговото „учество во студентските демонстрации во Белград во 1968 и во анархолиберализмот.“ Во него пишува и дека „организирал и систематски работел на уривање на уставниот поредок“, но не и дека соработувал со органите за внатрешни работи. На почетокот на 2011 г., десет години по увидот во досието, од новинарите дознава дека Комисијата за лустрација го смета за соработник на тајните служби.

„Моето досие докажува дека сум жртва на тајните служби, а не соработник“, вели Милчин.

Метод на заплашување

Комисијата е основана во 2009 година врз основа на Законот за лустрација, кој пропишува дека сите личности на јавни функции мораат да предадат изјава за тоа дали од 1944 година соработувале со тајните служби; на тој начин владата планира да лустрира околу 250 јавни личности – политичари, академици, сите училишни професори, членови на невладини организации, новинари. Прв е лустиран Трендафил Ивановски, поранешен претседател на Уставниот суд, кој после тоа мораше да поднесе оставка од должноста. Претходно Уставниот суд преку низа владини закони и дел одредби го сруши Законот за лустрација. Во декември, кога за соработник на тајните служби беше посочен и опозицискиот советник на Собранието на град Скопје и критичар на власта, Слободан Угриновски, претставниците на опозицијата ја напуштија седницата на Комисијата за лустрација, забележувајќи дека се лустрираат само носители на функции од претходната власт.

Милчин не се сомнева дека станува збор за метод на заплашување и отстранување на неподобните: на власта ѝ пречи програмата на Отворено оштество – Македонија, поддршката која таа им ја дава на проевропските невладини организации и критичарите на владата која, според Милчин, е најскапата во историјата на земјата и со најмногу промашени проекти. Во коалицијата на власт учествува и албанската Демократска Унија за Интеграција на Али Ахмети, а Милчин предупредува дека тоа е фасада зад која се кријат вистинските проблеми.

„ВМРО-ДПМНЕ на Груевски се смета за демохристијанска националистичка партија, која тешко го сокрива своето антиалбанство. Во овие пет години имаше неколку крвави инциденти меѓу Македонците и Албанците. Говорот на омраза владее на стадионите, меѓуетничките тензии растат, за што зборува и намерата власта да изгради црква на плоштадот, па и на скопското Кале. Тоа е играње со оган кое подига ѕидови помеѓу граѓаните. Да, власта е македонско-албанска, изгледа како министрите да соработуваат, но школите се сѐ повеќе сегрегирани. Граѓаните бараат сигурност во стадата кои ги контролираат партиите на Груевски и Ахмети. Денеска партиската книшка е повредна од диплома. Повеќе од половина млади сакаат да заминат во странство. Бегство, а не побуна, тоа е нивниот избор“, вели Милчин.

Поради слични критики кон крајот на 2010 е затворена и најголемата приватна телевизија А1, весниците „Време“, „Шпиц“ и „ Koha e Re”; по неколкумесечен притвор против сопственикот на тие медиуми Велија Рамковски, 21 новинар и членовите на управата, се подигнати обвиненија за перење пари, злосторничко здружување и затајување данок. Поради тоа во својот последен извештај Европската комисија беше необично критична, искажувајќи „зголемена загриженост во врска со заплашувањето на новинарите и селективна примерна на законот против медиумите“.

Антиквизација на нацијата

Македонија во 2005 доби статус за кандидат за ЕУ, но не напредуваше ниту чекор.

„Не се работи за неспособност, туку за страв дека со земјата нема да може да се владее автократски ако Македонија стане членка на НАТО и започне преговори со Европската унија“, тврди Милчин.

Уште со пристапниот парламентарен говор на Груевски во јуни 2006 година се насети дека ЕУ и НАТО не се приоритети на новата власт.

Ветуваше странски инвестиции, подигање на стандардот, смалување на невработеноста. А тогаш започна таканаречената антиквизација, односно редефинирање и рекомпонирање на идентитетот на македонската нација. Словенските корени се порекнати, а истакната е директната врска со античките Македонци, Филип и Александар. Започна преименување на: скопскиот аеродром, првин во „Александар Македонски“, после во „Александар Велики“, градскиот стадион е претворен во Национална арена „Филип II“, автопатот од српската до грчката граница се вика „Александар Македонски“ итн. Антиквизацијата на владата ѝ донесе симпатии кај радикалниот дел на македонската дијаспора, но расцеп во земјата. Приемот на Македонија во НАТО е одложен во 2008 година до решавање на грчко-македонскиот спор за името на државата. Започнат е скапиот проект „Скопје 2014“, гротескна мешавина од антика и православие, псевдонеокласицизам и псевдобарок, со градби кои го затрупаа скопскиот центар; најпрвин се тврдеше дека ќе чини 80 милиони евра, а денес цифрата е трипати поголема“, објаснува Милчин.

Македонија нема пари за скапи и неисплатливи трошоци; буџетот предвидува раст на БДП од 4.5 проценти, Народната банка предвидува двапати помал, а претприемачите ќе бидат среќни ако биде на нула. Не се знае износот на внатрешните долгови, а градежните претпријатија ангажирани на споменатиот мега-проект не кажуваат колку им должи владата.

Кого и што подржува Отворено општество – Македонија

Фондацијата го следи пристапување на Македонија во ЕУ, како се трошат парите од државните и општински буџети, а особено тендерите, им дава подршка на критички ориентираните интернет портали во однос на доминацијата на провладини медиуми. Поддржува формални и неформални граѓански организации, особено млади, кои им се спротиставуваат на антиквизацијата и изолационизмот, проекти за интеграција на Ромите во образовниот систем и организации кои ги застапуваат правата на сексуалните малцинства. Го промовираше Законот за слободни информации за прашања од јавен интерес, иницираше закон за приближување кон европското правосудство. Од 2009 година особено ја потикнува граѓанската иницијатива „Граѓани за Европска Македонија“, чии членови одржуваат политички трибини и јавни дебати за автократското владеење на Груевски.

Извор: novossti.com

Обожавам луѓе што се

Обожавам луѓе што се претставуваат како жртви на сите општествени уредувања во кои живееле, а живеат ко бубрег у лој. Алал да им е, у ѕвездена федерација да ги ставиш, ќе пискаат дека се потлачени, шиканирани и репресирани.

Жртва го прават груевистите.

Жртва го прават груевистите. Не се прави самиот жртва. Или поудобно ви е да мижите пред сите зла на груевизмот? Милчин си халуцинира дека е маркиран како еден од најголемите непријатели на Фамилијата? Ах, каков параноик! Ах, каков непристоен човек!

Од маркираните се очекува

Од маркираните се очекува самите да си стават јаже околу вратот. Преродбата е толку нежна што нејќе да прља раце. Овој Милчин многу прета. Не ќе е да е на арно.

Владата си игра со оган, а

Владата си игра со оган, а Владимир Милчин си игра со парите на Сорос.

А Сорос си игра со своите

А Сорос си игра со своите пари местејќи политички фигури кои ќе му направат погодна клима да и ували некој кредит на државата.

Цела среќа што ги имаме

Цела среќа што ги имаме преродбениците на власт, па не зимаме кредити и слични ропски срања. Исто така, цела среќа што преродбениците за шест години потрошија повеќе пари од што претходно потрошија сите влади заедно. Јебига, мора и Фамилијата од нешто да живее...

Зомби, што ти пречи Милчин?

Зомби, што ти пречи Милчин? Како професор е чудо, ги направи најдобрите македонски актери последниве 20-30 години. Добро пишува, има режирано и добри претстави... Во Македонија успеал да донесе во изминатите 20 години најмалку сто милиони евра преку фондацијата чијшто е директор. Не ги трошел нашите даночни пари, не крадел, имал транспарентни стратегии, помогнал многу луѓе и проекти...
За тоа време, пастирот наш, душата и лицето на Македонија, пресветлиот Грујо, на годишно ниво троши по три милијарди евра наши пари - и не приговарате, Зомби, кај се трошат парите, кој краде, кој корумпира, кој се богати...

Ova fintava so vnesuvanje na

Ova fintava so vnesuvanje na straski pari vo Makedonija od strana na Soros ne znaes dali da se smees dali da places. Toa bi bilo vaka isto kao Bugarskata okupacija na
Makedonija vo 1941 da ja proglasite za vlez na stranski kapital E sega sto bese vo vid na tenkovi i novi zatvori, jebi ga. Investicija si e investicija.

Слични содржини

Став
Орган [к:2]
Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото