Работам во корист на сопствената штета и среќен сум! А ти?

22.03.2012 12:31
Јас работам во корист на сопствената штета и среќен сум! А ти?

Мора да постојат одредени правила, некој склоп на фактори, некаква стандардизација (па, и генерализација, ако сакате) која би можела да се аплицира, со помош на кои ќе може да се објасни зошто одредена група луѓе континуирано работи (читај: гласа на избори) во корист на сопствената штета. Мора да постои начин како еден таков колективен мазохизам ќе може да се објасни.

Популарниот американски новинар и политички сатиричар, Бил Маер (Bill Maher), веројатно си поставил слично прашање кога тргнал да испита зошто најсиромашната, најнеписмената, најнеобразованата и социјално најмалку згрижената држава во САД (Мисисипи), континуирано гласа и ги избира за свои претставници популистичките републиканци. И тоа не кои било републиканци! Се покажало дека за еден републиканец да биде избран од граѓаните на Мисисипи, потребно е тој да биде најтврдокорниот конзервативен републиканец, зашто ќе треба да им удоволи на едни од најксенофобичните Американци во САД. Исто така, тој не смее ни да помисли да ги поддржува новите измени во законот за здравствена заштита (healthcare), популарно познати како Obamacare, зашто „гордите Американци“ од нееманципираниот југ на САД можат сами да се грижат за себе и за своето здравје! Тоа значи дека тој не смее да поддржува какви било форми на социјална заштита, зашто на поголемиот дел од населението му е побитно да ги задржи сопствените верски, морални и идеолошки убедувања (божем некој може да им ги земе!), отколку да биде социјално и економски згрижено (кога државата веќе се нуди тоа да го прави за нив). Како што вели еден од испитаниците во Мисисипи: „Ние попрво би банкротирале и би биле гладни, отколку да се откажеме од сопствените морални верувања!“

Се разбира, уште од времето на Платон е јасно дека на неписмените и на необразованите (ајде нема да ги наречеме најглупавите) е многу полесно континуирано да им се испорачува беда, преоблечена во божествен сјај, отколку да се преземе нешто конкретно за нивните животи да станат барем малку позгрижени. – Заматете му ги очите на сè-уште-непрогледаниот, претставете му го светот како сенка/симулација, и тој нема да може да гледа отаде маглата, зашто тоа е единственото нешто што во својот живот може да види.

И тука паралелата со Македонија е толку очигледна, што е едноставно неизбежна. По сè изгледа, „гордиот Македоноид“ треба да се побратими со „гордиот Мисисипјанин“, зашто се испостави дека му се побитни дразбите на окото и увото, отколку предизвиците на разумот. Шеста година по ред Македонецот ги голта фантазмагориите на ВМРО-ДПМНЕ, и покрај тоа што во предизборната програма на партијата од 2008 година (на страница 23) и во онаа од 2011 година (на страница 7) двата стратешки приоритета на Република Македонија беа совршено лоцирани: зголемување на економскиот раст и вработеноста, и интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ. Откако се испостави дека таквите планови биле преамбициозни за нашите портокалови јапиевци, се премина кон единственото нешто во што се испостави дека тие се добри: величање на сликата на минатиот Македонецот. Како консеквентен резултат на тоа, денешниот Македонец се соочува со најголем индекс на мизерија во светот, утврден според два клучни фактора кои неа ја одредуваат: невработеноста и инфлацијата. И убаво му е! Македонецот е задоволен со живиот песок во кој тоне, сè додека никој не му ги чепка замајаните очи. Циркусот мора да продолжи, зашто ако не продолжи, Македонецот ја испушта единствената тенка, а толку „убава“ штица која за него „живот“ значи.

Според тоа, популистичко-националистичкиот маркетинг во денешна Македонија претставува пресликана варијанта на Платоновиот мит за пештерата, во кој луѓето се оковани и принудени да ги гледаат сенките на нештата, наместо самите нешта. Немајќи начин да дознаат дека постои нешто повеќе од сенките, заточениците во пештерата си го живеат животот и си ја пронаоѓаат среќата во сенките. Кај нас е слично. Задоволни единствено со призраците кои допираат до нас, уплашени да погледнеме од другата страна, обземени од сопственото незнаење, пештерските Македонци му велат на светот: „Ние попрво сами ќе си го обезличиме (антиквизираме) идентитетот, бранејќи се од обидите на другиот, отколку да дозволиме да нè заштити (политички, економски, социјално) чадорот на евро-атлантските интеграции. Па, тие сојузи и онака ќе се распаднат!“

Орвел рекол дека иднината треба да си ја замислиме како чизма која го гази човековото лице, засекогаш. Погрешил само во тоа што не спомнал дека човековото лице ќе биде насмеано. Барем некое време!

Илустрации: Will Laren

Paralelata ti e baagji

Paralelata ti e baagji iskrivena. Republikanski ekvivalent vo Makedonija e SDSM: partija na krupniot kapital i oligarsite, socijalno reakcionerna (saka da go vrati/zachuva stariot sistem niz svoeto vlijanie vo opshtestvoto, mediumite, sudovite) i fiskalno konzervativna (da nema zadolzhuvanja i drzhavno finansiranje na javni raboti i gradbi). I Makedoncite, za razlika od zhitelite na Misisipi, dobro si go prepoznavaat interesot, i ne glasaat za niv.

Se dodeka svojot svet go

Se dodeka svojot svet go delite na vas "prosvetleni" i site ostanati " zatupeni" ke doagate vo svoite analizi do vakvi "muv-gluv" zaklucoci. Ne se site na planetava so amorfni i fleksibilni moralni karakteri kako vasiot, koj se cudat zosto ako na nekogo mu dadat "besplatna" zdravstvena zastita , bi odbil. Bi odbil g-ne Nonevski, ako cenata sto treba da ja plati e pregolema za nego. Ne go gledaat site luge zivotot niz prizmata na parite. Cenata na licnata sloboda, odnosno vo ovoj slucaj nedozvoluvanjeto na nekoj da ti se mesa vo tvoite odluki, ("Obamacare" ke bide zadolzitelna za site), pravi navidum da lichi deka se borite protiv svojot interes. Megutoa ako ova go gledate kako fakt deka ova ke bide presedan , vo odnos na vospostavuvanje na davacka koja e obavezna za site, paralelno so taksata koja e vo momentot edinstvena federalna davacka, togas rabotite izgledaat mnogu poinaku. Taka e i so nas Makedoncite. Licniot i kolektivniot identitet ne moze da bide cena za vlaganje vo dva kluba. Normalno , ako imate barem gram od nekoj moralen kodeks. bilo koj. Duri i pirat da ste ke se odnesuvate po nekoj moralen kodeks. Problemot so vasata grupa e deka poveketo od vas ste izgubeni moralno i ste dusevno prazni. Toa se gleda po vasite reakcii so pcuenje i navredi so komentarite , vo koj ne se sekirate bas mnogu kogo navreduvate. Ne se sekirate zatoa sto nemate nikakva pocit kon lugeto. Luge sto taka bezobrazno pcujat i navreduvaat , se najverojatno bez familii, bez vistinski prijateli, a za vera i patriotski cuvstva i da ne govorime.

Добра анализа. Штом се

Добра анализа. Штом се појавува Мигрена значи дека со нешто си ја погодил сржта на проблемот. Мигрената се активира секогаш кога внатрешната револуциониерна идеологија е загрозена со аргументи.

Daj boze da bese taka. Daj

Daj boze da bese taka. Daj boze da imate validni argumenti. Togas vie ke bevte vnatresna revolucionerna ideologija. Sega zasega ste obicni " hired guns", i nisto poveke. Samiot fakt deka za da pisuvate treba nekoj da vi dava pari odnadvor, zatoa sto ne mozete sami na mediumskiot prostor na Makedonija da se odrzite dovolno zboruva za kvalitetot na argumentite.

Edno prasanje za site ovde

Edno prasanje za site ovde koi velat deka e dobro za Makedonija da vleze vo Evropska Zaednica po sekoja cena. Edno resenie za nekoj problem e validno dokolku raboti vo site mozni uslovi.
Eve edna hipoteticna situacija (sega zasega), da receme deka Makedonija e bogata zemja, odnosno deka ima pozitiven balans na smetkata i deka koga ke vleze vo Unijata vednas ke treba da dava pari na fondovite na neli ponerazvienite i pomalku dobro stoeckite zemji. Odnosno vo prviot moment koga ke vlezete ke pocnete da imate odliv na kapital, i napliv na stranski rabotnici. Dali togas bi prifatile da si go smenite imeto za da vlezete vo EU. Dali togas site onie koi sakaat da bidat svoi na svoeto ke gi narekuvate "necivilizirani", neobrazuvani, ignoranti i slicno. Za mene zaklucokot od ovaa simulacija e samo eden. Vie Oknasi nemate nikakva verba vo Makedonija. Zatoa sto mislite deka Makedonskiot narod e nesposoben i deka nikogas nemna da bide uspesen i bogat, sakate po sekoja cena da vlezete vo EU. Bi ja prodale i sopstvenata majka, samo za da mozete da proziveete cicajki necii drugi fondovi.

a zatoa li ne osiromasuvaat

a zatoa li ne osiromasuvaat volku?...da bevme pobogati, spored tebe, ke ne unistese "Evropa" koga ke vlezeme, vaka nema da moze, sami se unistivme...ja zeznavme EU...ona so nas...pa sto ne kazuvate vakvi raboti

Site pokazateli od CIA world

Site pokazateli od CIA world source book pokazuvaat trend na rastenje na GDP per capita kontinuirano od 1999 godina pa navamu. GDP per capita 3300$ - 1999, i rast do 9700$ vo 2010. Nevrabotenosta pokazuva trend na namaluvanje od 2004 koga bila 37.7 %, do 31.7% - 2010 godina.
Taka da ti decko ako mislis deka nekoj te osiromasuva si ja promasil drzavata. Moze prividno ti se cini deka nema pari, zatoa sto Soros i Grcija veke nemaat tolku bogati fondovi za razdavanje. Brojkite pokazuvaat deka ostanatiot del vo Makedonija se dvizi po nagorna linija. se sto treba da napravis e da se potrudis malku poveke. Nikoj ne moze da te osiromasi tolku mnogu kolku sto mozes sam .

Site pokazateli od CIA world

Site pokazateli od CIA world source book pokazuvaat trend na rastenje na GDP per capita kontinuirano od 1999 godina pa navamu. GDP per capita 3300$ - 1999, i rast do 9700$ vo 2010. Nevrabotenosta pokazuva trend na namaluvanje od 2004 koga bila 37.7 %, do 31.7% - 2010 godina.
Taka da ti decko ako mislis deka nekoj te osiromasuva si ja promasil drzavata. Moze prividno ti se cini deka nema pari, zatoa sto Soros i Grcija veke nemaat tolku bogati fondovi za razdavanje. Brojkite pokazuvaat deka ostanatiot del vo Makedonija se dvizi po nagorna linija. se sto treba da napravis e da se potrudis malku poveke. Nikoj ne moze da te osiromasi tolku mnogu kolku sto mozes sam .

јас не сум „окнаш“ ниту

јас не сум „окнаш“ ниту застапувач на левичарската идеологија; по природа сум прагматичар и сметам и тврдам дека не само македонскиот туку било кој народ од овој дел на европа (читај: балкан) не може да биде успешен и богат како што тоа го можат оние од централна и северна европа, зошто е тоа така не знам...верувам дека македонија има своја иднина само во тие „стигматизирани“ сојузи... (под „иднина“ подразбирам пристоен животен стандард, а не преживување)

Sebastian, jas ne veruvam

Sebastian, jas ne veruvam deka toa e taka, megutoa da pretpostavime deka e tocno, iako se raboti za rasisticki pogled na svetot. Znachi po taa logika ako implementacijata na zapadnite " vrednosti" na balkanskite narodi raboti, togas na Grcija bi trebalo da i e super. Naprotiv, ona sto sega jasno znaeme deka se slucuvalo od denot koga se sozdadeni, pokazuva deka zapadniot model ne funkcionira bas najdobro vo Grcija. Ako nekade kesnofobijata, netrpelivosta ili nepocituvanjeto na instituciite i coveckite prava se izrazeni na nivo na kolektiv , toa e Grcija.
Znachi i po toj osnov "zapadniot" graganski model na demokratija, izleguva deka ne e najdobro resenie za balkanskite problemi. Zosto togas slepo i nekriticki da vlagame vo avantura koja ne brise od listata na narodi na planetava ?

Migrena na Grcite im e 10

Migrena na Grcite im e 10 pati poubavo od nas bidi sigurna , prosecna plata 1500 evra .... i da ne dolzam. Ovdeka se prezivuva..

1500 evra na kredit e najmal

1500 evra na kredit e najmal problem. Zadolzete se kako Grcka i podelete si plati, ako vo toa e celiot stos. Grcka e dolzna spored CIA Source world book - 532 miliardi dolari sto bi doslo negde okolu zadolzenost od 50 iljadi dolari na zitel , dodeka Makedonija e dolzna 2.5 iljadi dolari po zitel. Znachi edno cetvorocleno semejstvo vo Makedonija e dolzno okolu 10 iljadi dolari dodeka prosecno Grcko cetvorocleno semejstvo e dolzno 200 iljadi dolari. Razlikata e 190 iljadi dolari, sto e dovolno da se pozivee 10 godini so Grcka plata od 1500 evra, sto e otprilika ekvivalentno na periodot na Grcija so dobra plata. Mal problem vo seto ova e sto kreditite ke treba da se vratat, megutoa toa najverojatno ne e mnogu bitno zatoa sto vasite deca ke gi vrakaat a ne vie.

Abe Vangelche, pak tresis

Abe Vangelche, pak tresis zeleni.Prvo, toj Bill Maher et poor source of information regarding the American South.Amerkancite koj sto ziveat vo juznite drzavi of USA , se fini luke, koj sto veruvaat vo democratija kako i vo Capitalizam, koj sto dosega na vistina et uspesen i prodolzuva da gi zadovili osnovnite potrebi na luketo, do najvisok stepen.Drugo edna od osnovnite pricipi vo democratija et Pravo na vote, toes sekoj grakanin koj sto ne se ogresil so zakonite na svojata drzavata ima pravo da glasa. Znaci ti mojsh da bides siromav , ili da bides bogat , ucen ili neucen, crn ili bel , rus ili kus , tova pravo et najsvetoto , najceneto pravo, ovde vo America ,a mislam i vo site drugi drzavi kaj sto postojit demokratija.Druga pak da beljata bidi pogolema ti prodolzuvas da go vrekas Makedonskiot narod,vo ime na democratija i sloboda na izrazuvanje ,okej,( Jas moram da priznam oti ne go poznavam dobro Makedonskiot Ustav), no kako sto slusam i citam, vo Makedonija imat demokratija , na primer luketo glassat i ne samo tova ami vo Makedonija imat multiparty sistem,koj sto et "a must" if you want to have a democracy i ako veke vaka vrekas po interneto ajde de ti napishi nesto po orginalno , napisi nesto po organsko, sto bi rekol Antonio Grimcsha da bese ziv ,toest:po tvoje sto trebe Makedonskiot covek da delat za da maksimalno ja iskoristi ovaa istoriska chansa, i si obezbedi ne samo,ete bilo kakva drzava ami vistinska demokratska tvorevina za site luke vo Makedonija including nasite mili stari sosedi Albanci , Turci, Vlasi, Srbi, Bugari,a osobeno nasite Romi, oti tovat et narod koj vo momentov prodolzuva da bide omalovazen, proteran, bez dom i sreka i koj navistina imat vrlo tazna historija.Ete Ajde Vagelce kazi , ete gale pisi kako se ova trebe da se vrzit vo edna democraska tvorevina vo koja sto luketo ke mozat da ziveat, a ne samo citni citni po interneto i posle tresi zeleni. Ete tolku od mene i pozdrav do site diskusanti na vasiot sajt.

Вангел, секоја чест. Моќна

Вангел, секоја чест. Моќна колумна.

Anon, моќна, а? Викаш ќе ти

Anon, моќна, а? Викаш ќе ти донесе уште два-три прокомуњарски гласа па и ти еден ден да заседнеш у фотеља, да не мораш више да киснеш у штаб да ти кажуваат на кои страници да пишуваш писма со поддршка?

Слични содржини

Став
Орган [к:2]

ОкоБоли главаВицФото