Пролетна офанзива

23.03.2012 09:46
Пролетна офанзива

Изгледа дека полицијата реши да испрати сигнал дека повеќе нема да ги толерира обидите повторно да се направи камп на движењето „Окупирај“ во њујоршкиот Зукоти парк.

Но, по зимата, кога проектот делумно изгуби дел од својата енергија, демонстрантите велат дека сакаат повторно да покажат сила.

„Ова е нашата пролетна офанзива“, вели за Ројтерс триесетгодишниот Мајкл Премо. „Луѓето можеби мислеа дека проектот ’Окупирај’ исчезна. Важно е да знаат дека повторно сме тука.“

По целодневниот протест во долниот дел на Менхетен во неделата, полицијата од паркот протера една група демонстратори, некаде пред полноќ. Њујоршката полиција вели дека во текот на денот уапсила 73 лица.

Активистите тврдат дека њујоршката полиција жестоко реагирала на новите демонстрации. Една жена претрпе епилептичен напад додека на тротоарот лежеше врзана со лисици, друг демонстратор бил удиран од стаклена врата пред да биде уапсен, а една девојка вели дека ја давеле и влечеле за коса.

Луѓето кои со месеци присуствуваа на протестите тврдат дека њујоршките полицајци во неделата биле поагресивни отколку порано.

Протестот започна во еден попладне во неделата, во Зукоти паркот, јавен простор кој служеше како главен штаб на овој проект од 17 септември до 15 ноември минатата година, кога беше испразнет со голема медиумска помпа.

За време на пладнето, имаше судир помеѓу демонстрантите кога полицијата се обиде да ги тргне луѓето од тротоарот. Сведоците тврдат дека полицајците неколку пати удирале по глава еден демонстрант додека го држеле најмалку четири други полицајци.

Активистот на прокетот „Окупирај“, Пол Мур, кој го видел апсењето, вели: „Кога полицијата го обиколи, започнаа да го удираат, додека главата не му падна на тротоарот. Го удираа 10-15 пати.“

Мур вели дека видел како еден полицаец го бришел ѓонот од главата на еден демонстрант, додека овој лежел на земја.

Тензиите пораснаа ноќта: блиску до полноќ, демонстратите закачија платно помеѓу две дрвја во паркот и подигнаа три симболични шатори. Со портокалова мрежа го обиколија среднишниот дел на паркот, очекувајќи ја полицијата.

Еден човек со мегафон, кој се претстави како работник на обезбедувањето на фирмата Brookfield Properties, во чија сопственост е паркот Зукоти, им порача да го напуштат паркот. Тој служебник рече дека ќе го извести Guardian оти демонстраторите мора да заминат бидејќи ги прекршуваат прописите кои забрануваат шатори, вреќи за спиење и камперска опрема во паркот.

Полицијата влезе во паркот кога неколку десетици демонстранти, кои седеа во средишниот дел на паркот, со испреплетени раце, одбија да заминат. Полицијата влезе во паркот и почна насила да ги одвлекува демонстрантите.

Дваесетгодишната Марија Мекини вели дека полицијата ја одвлекла држејќи ја за косата и вратот.

„Почувствував дека ме дават и влечат за коса“, вели таа.

Бидејќи паркот беше испразнет, полицајците построија група од триесет врзани демонстранти на тротоар близу од Бродвеј. Додека демонстрантите чекаа да биде одведени, сведоците велат дека извесна Сесил Мекмилан претрпела епилептичен напад. Според бројни сведоци и видеото на Јутјуб, Мекмилан со врзани раце се влечела по тротоарот. На крајот ја одвела кола за итна помош.

Неколку сведоци велат дека полицијата не ја сфатила ситуацијата доволно сериозно, и дека предолго им требало да ги повикаат лекарите.

Њујоршката полиција потврди дека Мекмилан е одведена во болница бидејќи „судејќи по сѐ, претрпела напад“. Националното здружение на адвокатите изрази загриженост дека не ѝ било дозволено да се консултира со адвокат откако била уапсена.

Полицијата употреби градскиот автобус за да ги однесе демонстрантите. Демонстрантот Шон Кери успеа да испрати неколку твитови и смс-пораки од автобусот. Тој вели дека еден полицаец ја „удрил главата на еден човек од прозорецот“ и дека „му стоел на вратот“ на друг демонстратор.

„Полицијата ми го скрши левиот палец, а можеби и вилицата. Десното уво ми крвари, и на лицето имам отпечаток од ѓон“, напиша Кери на Твитер.

Националното здружение на адвокатите потврди дека Кери е одведен во болницата Белви на Менхетен, заедно со Сесил Мекмилан и уште еден повреден демонстратор.

По масовното апсење во Зукоти паркот, демонстрантите тргнаа во протестеен марш низ долен Менхетен. Имаше уште неколку апсења додека демонстратите го блокираа сообраќајот.

За време на едно апсење, еден репортер на Guardian на 10 улица видел како еден крупен полицаец удира демонстрант од стаклена врата, по што на стаклото останала голема дупка.

Додека го носеле, демонстрантот рекол дека се вика Хозе, и му викнал на репортерот дека полицаецот го „удирал по глава“.

Тим Пул, кој известуваше за протестите од септември, ги опиша апсењата во неделата како „најнасилни“ кои досега ги видел. Пул тврди дека тоа е затоа што њујоршката полиција сака да спречи нова окупација.

Хозе Мартин, демонстрант, смета дека њујоршката полиција користи брутална тактика како предупредување да не се подигне нов „Окупирај го Волстрит“ камп.

„Беа навистина брутални“, вели тој. „Сакаат да ги заплашат луѓето.“

Камповите на „Окупирај го Волстрит“ минатата година со месеци беа поддржани низ САД и Европа. На крајот властите ги затворија речиси сите.

Проектот „Окупирај го Волстрит“ претрпе тежок удар во Зукоти паркот во ноември. Во јануари, на протестот во Оукленд, полицијата ги нападна демонстрантите со солзавец, и над 200 луѓе беа уапсени.

Извор: The Guardian

Isto sranje se site

Isto sranje se site 'demokratski' diktaturi. Tamu kaj sto se parite tamu e gjavolot. Coveckata srebroljubivost i lakomosta za pari ,ja pravi klasnata podelba neprirodna i cudna. Sedum milijardi sme a so vakvi resursi 5 zemjini topki ni se malku , treba da si go stavime prstot na celo. Nema potreba nekoj da ima tolku mnogu , a nekoj da nema za jadenje.

"полицијата од паркот протера

"полицијата од паркот протера една група демонстратори";

"друг демонстратор бил удиран од стаклена врата пред да биде уапсен";

"му стоел на вратот на друг демонстратор";

"и уште еден повреден демонстратор";

- од кој факултет и јас да се запишам таму?

Јас се извинувам што вака ситничарам, ама ептен смешно ми падна.

ОкоБоли главаВицФото