1009 hPa
94 %
15 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 06:59
Во демократските општества се санкционира говорот на омраза. Се казнуваат сите форми на изразување кои шират, поттикнуваат, промовираат или оправдуваат омраза заснована на нетолеранција.
Неодамна, Европскиот суд за човекови права објави документ во кој се промовираат основните принципи и практиката на судот. Документот ни помага да ја препознаеме разликата што ја прави судот во Стразбур помеѓу „вистински и сериозни предизвикувања на екстремизам“ и „правото на индивидуите“ (вклучително и новинарите и политичарите) да ги изразуваат своите гледишта слободно и да „ги повредуваат, шокираат или вознемируваат“ другите.
Иако нема универзално прифатена дефиниција на говорот на омраза, судот во Стразбур го исклучува говорот на омраза од заштитата на слободата на изразување врз основа на одредени параметри. Параметрите најдобро можат да се согледаат од пресудите и конкретните случаи кои се препознаени и осудени како говор на омраза.
На пример, судот не заштитува слобода на изразување во случај на дистрибуција на материјали за политичка кампања на кои пишува „Спротиставете ѝ се на исламизацијата на Белгија“, „Запрете ја срамотната политика на интеграција“, „Испратете ги дома неевропските баратели на работа“. Судот експлицитно утврди дека ваквите пораки предизвикале расна омраза. Исто така, како ширачи на расна омраза се оценети и политичките партии кои отворено се застапуваат за етнички хомогени општества.
Судот не ја заштити слободата на изразување во случајот со карикатурата за нападот на Светскиот трговски центар на 11 септември 2001, под која пишуваше „Сите сонувавме за ова... Хамас го направи“. Судот сметаше дека карикатуристот „ја глорифицирал насилната деструкција на американскиот империјализам, изразил морална поддршка на сторителите на нападот на 11 септември, коментирал одобрувајќи го насилството извршено против илјадници цивили и го понижил достоинството на жртвите“.
Покрај говорот на расна омраза, судот го признава и говорот на омраза врз основа на сексуална ориентација. Токму затоа, не ги заштитува хејтерите кои пропагираат хомофобични пораки дека хомосексуалноста е „девијантна сексуална склоност“, која има „морално уништувачки ефект врз супстанцата на општеството“ и е одговорна за развој на ХИВ и СИДА.
Судот не го заштитува ниту религиозниот говор на омраза. Оние што шират конспирации против Евреите како „извор на зло“, оние што застапуваат насилство кон определена етничка група, оправдано се казнуваат за предизвикување на верска или етничка омраза. Судот не го заштити ниту казнетиот носител на постер со кулите близначки во пламен на кој пишува: „Исламот надвор од Британија – заштитете ги Британците“. Според судот, не е компатибилно со вредностите на Европската конвенција за човекови права да се поврзува цела група со акти на тероризам.
Судот во Стразбур не ги штити оние што се казнети заради јавно негирање на холокаустот. Обидите за „научно“ или „историско“ негирање на настаните кои доведоа до холокаустот ги смета за обиди за рехабилитација на национал-социјалистичкиот режим и за обвинување на самите жртви дека се историски фалсификатори.
Судот во Стразбур не ја штити слободата на изразување на тоталитаристите кои шират идеи некомпатибилни со вредностите на Европската конвенција за човекови права. Не ги штити оние што се инспирирани од тоталитаристички доктрини, кои изразуваат идеи кои претставуваат закана за демократскиот поредок и кои можат да доведат до возобновување на тоталитарен режим. Но, ја заштити слободата на изразувањето на еден политички коментатор кој го опиша шпанскиот крал како „личност што командува со мачители, кој брани мачење и наметнува монархистички режим на нашите луѓе преку тортура и насилство“.
Судот не ги штити оние што се казнети заради објавување листи на имиња со кои се повикува на омраза, и со кои конкретни лица се изложуваат на веројатен ризик од физичко насилство. Судот не го заштити сопственикот на една публикација во која се објавени писма на читатели, во кои се повикува на крвава одмазда против конкретни лица, обвинети за брутално угнетување на Курдите.
Накусо, говорот на омраза се санкционира. Правото на слобода на изразување не подразбира ширење на говор на омраза.
На 21 март, на меѓународниот ден против расизмот, Обединетите Нации предупредија за опасната врска помеѓу расизмот и конфликтот. Потсетија дека расизмот и расната дискриминација се користи како оружје за наметнување страв и омраза. За жал, ниту еден наш политичар не се осмели да излезе јавно на меѓународниот ден против расизмот и да го осуди расистичкиот говор на омраза.
Можеме да спречиме конфликт, само ако ги разоружаме расистите и дискриминаторите кои шират страв и омраза. Сè додека неказнето се шират расистички теории за супериорноста на „Македоноидите“ и се скандира „Чиста Македонија“, „Смрт за ......“; сè додека неказнето се пропагира етнички хомогена „Голема Албанија“ или „Голема Македонија“ на „Гоцевата раса“; сè додека неказнето се брани говорот на омраза со произведување листи на „предавници“ и повикување на ликвидација; сè додека неказнето се пропагира ксенофобија, антисемитизам, агресивен национализам и хомофобија – оние што сакаат да предизвикаат конфликт преку јавно ширење на страв и омраза ќе имаат слободен простор за дејствување.
Цртежи: Will Laren
Да се создаде некакво „право
Испратено на 23 март 2012 од НиеденДа се создаде некакво „право на слобода на говор“, а потоа да се специфицира посебен случај „говор на омраза“ (за кој и не постои асална дефиниција) и тој дополнителен случај да се исклучи од „правото на слобода на говор“ е :
1. Оксиморон, затоа што „слобода на говор“ значи ЦЕЛОСНА слобода, без разлика на било какви детали околу употребата на говорот. Всушност тоа и значи зборот СЛОБОДА.
2. Нецелосното дефинирање на случајот „говор на омраза“ отвора простор за обвинување на одредени единки за „говор на омраза“ без тоа да биде добро аргументирано.
Накратко, слобода на говор значи ЦЕЛОСНА слобода на говорот. Сосе слобода за кажување секакви глупости, без разлика дали тие некому му одат во прилог.
Ете тоа е вистинска демократија, а не некакви т.н. слободи кои велат: „Смееш да зборуваш што сакаш, освен тоа, тоа и тоа. Ако зборуваш на таа тема - апсаана.„
Првиот коментар е апсолутно
Испратено на 23 март 2012 од Vangel101Првиот коментар е апсолутно неточен. Консеквентното толкување на коментарот на Ниеден значи дека целосна слобода подразбира слобода да се убие или претепа првиот несреќник кој ќе му падне на памет на Ниеден или на кој било друг. Санкционирањето на говорот на омраза е апсолутно оправдано (за модалитетите нормално мора постојано да се разговара), зашто слободата не смее да се сфаќа на начин според кој таа би имплицирала негирање, суспендирање и девалвирање на слободата на Другиот. Што значи „целосна“ слобода? Дали зад плаштот на буквалното толкување на поимот сме подготвени да му ја одземеме слободата на другиот, само затоа што „слободата“ не смее да трпи ограничувања? А бидејќи говорот на омраза навлегува токму во доменот на загрозувањето на слободата на другиот, модалитетите за негово определување треба многу внимателно да се (пре)испитуваат.
Слобода не значи и НЕ СМЕЕ да значи слобода на лишување од слобода. Ако значи, поарно да ја немаме!
Vangel101 e sosema vo pravo
Испратено на 23 март 2012 од meglenaVangel101 e sosema vo pravo vo svoeto viduvanje kako i Zarko vo kolumnata. Prasanjeto sto treba da se razgleda i diskutira e slednoto :
- Dali negiranjeto na Makedonskiot identitet e govor na omraza?
Odnosno dali negiranjeto na Makedonskiot identitet ja zagrozuva slobodata na "drugiot" koj se cuvstvuva kako Makedonec.
Да, тоа е говор на омраза,
Испратено на 23 март 2012 од Vangel101Да, тоа е говор на омраза, само што е насочен од нас кон нас.
Само напред со индоктринираното читање!!!
Koj "Nas" ?
Испратено на 23 март 2012 од meglenaKoj "Nas" ?
Говорот на омраза е и повеќе
Испратено на 23 март 2012 од СКГоворот на омраза е и повеќе од присутен во јавниот дискурс во Македонија, почнувајќи од медиумите (пред се’, телевизијата, но и весниците, а за интернетот и да не зборуваме) преку јавното мислење на обичниот граѓанин кој е задоен од „своите“ до политичарите, кои се и најголемите виновници и потпалувачи на меѓуетничките инциденти со своите етноцентрични политики. И ова што го кажувам го знаат сите. Но, поентата ми е кој ќе го санкционира тоа во земјава? Очигледно дека полицијата и судовите се само инструмент во рацете на моќниците и елитите (кај нас, ама и во светот). Како ќе ги казниме? Сведоци сме на најголеми искажани глупости и навреди од страна на важни политички фигури, јавни личности, па и новинари. Кој е тој што ќе ги казни? Белки не чекаме на господ, кој не постои.
Меглена, дали негирањето на
Испратено на 23 март 2012 од MisirkovМеглена, дали негирањето на идентитетот на Македонците и на македонскиот словенски јазик од страна на античките „Македоноиди“ (удрени по глава со „Каменот од Розета“) е говор на омраза?
Misirkov, Sekako deka bi
Испратено на 23 март 2012 од meglenaMisirkov, Sekako deka bi bilo, koga nekoj bi negiral deka makedonskiot jazik ima slovenski korenja, megutoa isto taka bi bilo govor na omraza i ako nekoj negira deka makedonskiot jazik ima vo sebe i zborovi i bukva i gramatika koja ja nema nikade vo drugite slovenski jazici, i so cija gramaticka postavenost lesno se cita kamenot od rozeta.
Jas dosega ne sum slusnal nekoj da go negira slovenskiot koren vo Makedonskiot jazik, megutoa go gledam i slusam obratnoto pa duri i vo tvojot komentar gledam deka nekoj e udren so kamenot od rozeta. Zosto tolkava omraza kon istrazuvanjata na nasite arheolozi i istoricari.
Pa neli vi e cudno, deka ako sme dosle od sever, neli ke sme dosle posledni na ovoj del od svetot, posto najdaleku sme trabale da patuvame. Kako go izgubivme jazikot so padezi od Srbite, ili pak od kade si ja dodadovme bukvata Dz (Dzid) vo nasiot govor. Neli se toa prasanja na koj treba da se najde odgovor. I zosto e toa navreda i omraza na govor?
Kako i da e , toa se istrazuvanja koi go do-definiruvaat Makedonskiot identitet i koj konstantno ke bidat predmet na istrazuvanje od naukata.
Ona sto sega go znaeme e definirano vo nasiot Ustav, i sekoj sto zboruva sprotivno, za mene , go narusuva ona za sto sme se dogovorile deka ke bide nas kolektiven identitet. Tuka vleguva i diskusijata za promena na imeto, kako cena za vlaganje vo dva kluba, koi e prasanje dali ni se potrebni.
Sekoja javna diskusija za toa e kriminalno delo i vo sekoja normalna drzava kade vladee pravoto toa se kaznuva soglasno so zakonot.
Koga nekoj ke kaze deka sum " primitiven" patriot koj e voden od fasisticki vodac koj me namamil so prikazni za mokna Makedonija, za mene e govor na omraza koj udira vo najbazicnite cuvstva na covekot. Slicno kako nekoj da vi opcue majka, sestra, familija , rozba.
Nekoi smesni objasnuvanja deka vsusnost toa e defekt kaj mozokot na "primitivnite luge" pa se lesno zavodlivi, poveke nalikuva na fazisam ( arievska rasa ) otkolku bilo sto sto dosega sum go videl od ovaa vlada. Tuka ja gubite svojata tezina kako kriticari.
Негирањето на словенските
Испратено на 24 март 2012 од ВселенецНегирањето на словенските корени на македонскиот јазик, не е говор на омраза туку е глупост.
Секој јазик содржи зборови што ги нема во други јазици, а буквата ѕ и соодветниот глас ги има во старословенскиот јазик. Падежите ги има изгубено и бугарскиот јазик и тоа е едно од влијанијата на балканскиот јазичен систем (Balkan sprachbund).
Ако некој ти каже дека не ги разбираш работите тоа не е говор на омраза, а гледам тоа често ти се случува. Освен тоа, говор на омраза може да биде само нешто што поттикнува или создава опасност по твојата безбедност, а не ако кажам дека си заблуден или дека не сфаќаш.
Da, Vselenec, cesto se
Испратено на 24 март 2012 од meglenaDa, Vselenec, cesto se slucuva ba ovoj sajt nekoj na nekogo da mu kaze deka tesko razbira. Izgleda deka e del od lingoto na Okno. Za da bidam i jas vo trend, eve i jas ke ti kazam deka izgleda ne ja razbiras bas rabotata so balkanskiot jazicen sistem (Balkan sprachbund). Moeta poenta ne e vo prasanjeto koi se megusebnite vlijanija na jazicite na prostorot na Balkanot tuku hronologijata na vlijanijata i nasokata na evolucijata na jazicite. Devolucija od poslozena forma kon pednostavna e krajno diskutabilna, pogotovo sto vo isto vreme se zadrzuva bukvata (DZ) kako nasledstvo od staroslovenski. A kako dodatok na seto toa , kako model za kodificiranje na staroslovenskiot e zemen jazikot na Makedoncite okolu Solun, najistureniot del na migracijata na Starite sloveni i neli najizlozeniot del od Slovenite na tugi jazicni vlijanija.
Za vtoriot del od tvojot komentar za govorot na omraza, diskusijata za identitetot sozdava golema opasnost za mojata bezbednost, fakt koj e i nepotrebno da se objasnuva.
Што не ти е јасно во
Испратено на 25 март 2012 од ВселенецШто не ти е јасно во хронологијата? Преминот од синтетична кон аналитична структура не е невообичаен за ни за многу други јазици, иако структурите потешко се менуваат од гласовите. Јазикот еволуира од синтетичен кон аналитичен (со задржување на дел од синтетичните карактериски - извесни остатоци од падежниот систем) под влијание на другите јазици, хронолошки тоа се одвива по доселувањето на Словените на Балканот. Задржувањето на гласот ѕ во дел од македонските дијалекти и во литературниот јазик, не е ни најмалку чудно, едноставно е карактеристика на јазикот, некои гласови се губат, некои се задржуваат, некогаш и нови се развиваат. Кодификацијата се случува во период кога Словените се новодојдени и се’ уште немало развиена комуникација со другите јазици за да може да случи да има влијание од другите јазици, т.е. од грчкиот. Да не спомнувам што подоцна во разни јазични центри се прават различни редакции на старословенскиот и нема една, единствена варијанта на старословенскиот.
Значи, говорот на омраза е донегде јасно определена категорија, особено оној аспект од говорот на омраза што повлекува кривично гонење на прекршителот. Во принцип, говорот на омраза треба или да биде насочен кон едно или неколку лица, со име и презиме и да ја загрозува нивната безбедност, или да содржи порака која поттикнува на насилство врз одредена категорија на луѓе. Ономастички расправи не се и не можат да бидат говор на омраза. Во таа смисла, колку и апсурдно да звучи некоја теза, пример - Вие не сте Македонци, иако велите дека така се чувстувата, тоа не е пример за говор на омраза.
Vselenec, za zal jas ne sum
Испратено на 25 март 2012 од meglenaVselenec, za zal jas ne sum lingvist za da mozam da diskutiram vo detali za razlikata megu sinteticna i analiticna struktura, megutoa znam deka site jazici okolu nas osven bugarskiot se sinteticni dodeka samo makedonskiot i bugarskiot se analiticni. Uste poveke ako go dodadete faktot deka Pred-bugarskiot slovenski jazik na Slovenite na teritorijata na denesna Bugarija go izdrzale i miksot so originalniot Bugarski-Turkic jazik koj bil sinteticen i imal padezi. Spored toa Makedonskite sloveni i pred Bugarskite Sloveni na denesna teritorija na Bugarija nemale od kogo da dobijat nova struktura na jazikot, osven da zaboravat da zborat. Ili da bidam potocen i pojasen, osven jazikot za koj deneska naukata tvrdi deka govorel Aleksandar Makedonski " koine" na ovoj prostor, Slovenite koj dosle so sinteticki jazik nemalo od kogo drug da ja pozajmat analitickata struktura na jazikot. Megutoa kako sto rekov ova se se samo prasanja vo momentot na koj treba da se dade jasen odgovor.
Za govorot na omraza - Onomasticka diskusija za zborot Makedonija se slagam deka ne e govor na omraza, megutoa tezata - Vie ne ste Makedonci- e nasocena kon odredena grupa na luge i e navreda, i so samoto toa prestavuva govor na omraza. Odnosno toa vo momentov e samo dodavanje benzin na oginot, i gi potiknuva site anti-Makedonski elementi vo Makedonija na destruktivni akcii, za sto sme i svedoci denovive. Slicno e i so diskusijata za menuvanje na imeto na drzavata. Nasocena e protiv domot vo koj ziveam i vo koj naogam zasolniste. Kako sto sum go napravil svojot privaten dom, taka sum pomognal vo pravenje i sum sopstvenik na nasiot kolektiven dom. So diskusijata za menuvanje na identitetot na mojot kolektiven dom, vie ste direkten ucesnik vo rusenjeto na ona sto zaedno sme go izgradile kako kolektiven dom. Ako si zamisluvate deka razgovarate samo za menuvanje na adresa, a demek kolektivniot dom ke si ostane pak istiot togas ste vo golema zabluda. Kako i da e toa sto e nekoj vo zabluda ne go osloboduva od faktot deka negovite diskusii prestavuvaat govor na omraza i treba da bidat sankcionirani so cel da se zacuva kolektivniot dom reflektiran preku makedonskiot ustav.
Мисирков, не мешај говор на
Испратено на 23 март 2012 од PsihogerilaМисирков, не мешај говор на глупост со говор на омраза.
Меглена , само да те прашам, како може било кој да ти ја укине слободата некако да се чувствуваш?
"Koga nekoj ke kaze deka sum
Испратено на 23 март 2012 од Psihogerila"Koga nekoj ke kaze deka sum " primitiven" patriot koj e voden od fasisticki vodac koj me namamil so prikazni za mokna Makedonija, za mene e govor na omraza koj udira vo najbazicnite cuvstva na covekot. Slicno kako nekoj da vi opcue majka, sestra, familija , rozba."
Bas i ova e problemot so fasizmot. Odlicno obrazlozeno.
A mislam deka makedonoidna rasa poveke potseka na arievska rasa. Ili samo mi se cini.
Psihogerila, slobodata da se
Испратено на 23 март 2012 од meglenaPsihogerila, slobodata da se cuvstvuvam kako sakam nikoj ne moze da mi ja ukine. Ona za sto jas razgovaram deka nekoj saka da mi ja ukine moznosta da go izrazam toa sto go cuvstvuvam. Nie sto se cuvstvuvame Makedonci, bez pridavki, blagodarenie na tie pred nas, napravivme drzava koja se vika Makedonija, i koja ovozmozuva da se vikame Makedonci. Toa e plateno so mnogu krv i solzi. Iako vam vi izgleda toa naivno i "primitivno", i vie sega pisuvate na Makedonski zatoa sto nekoj se izboril za toa.
Site ovie muabeti izgledaat prozaicno, megutoa dali znaete kolku zivoti se unisteni i peplosani vo borbata za moznosta da se izrazis deka si Makedonec i deka zboris Makedonski. Vie tuka pagate u nesvest nekoj ne vi daval da pisuvate protiv Makedonija slobodno. I dobro ste prosle. Jas bi vi zabranil da pisuvate na Makedonski. Mozete da pisuvate sto sakate, osven sto nema da mozete da pisuvate na Makedonski. Napravete si jazik, krstete si go Severno Makedonski, napravete si gramatika, otvorite si web-sajtovi,(grantovi ke imate kolku sakate) i izborete se za svojot jazik. Za ovoj jazik za koj tolku luge go dale zivotot nemate pravo da mu go menuvate imeto i identitetot.
Волкав текст да се напише за
Испратено на 24 март 2012 од SpenkmiВолкав текст да се напише за тоа што треба да се казнува и санкционира, а ниту збор од истиот документ да не се наведе за тоа што е слобода во која не смее да се допре, многу зборува за нашиот Хер Флик и неговите најдлабоки копнежи.
"Jas bi vi zabranil da
Испратено на 24 март 2012 од Мисирков"Jas bi vi zabranil da pisuvate na Makedonski."
Очигледно, Меглена не ќе да е Меглена, штом за себе зборува во машки род.
А толку и е божем гајле за „идентитетот“.
Колку и е гајле за македонскиот јазик се гледа по тоа што упорно ја бојкотира кирилицата.
Меглена, Маглена или Маглен - велиш "Jas bi vi zabranil da pisuvate na Makedonski". Па така им забрануваа на Македонците фашистичките асимилатори во Грција. Грците ги убедуваа Македонците дека ми ти биле потомци на Александар, дека треба да се откажат од нивниот мајчин словенски јазик, зашто нивни јазик бил грчкиот.
И ете така, си дочекавме пак да не погрчува внукот на Николас Грујос. Инаку Мегленко, најзаслужен за јазикот на кој пишуваш е Блаже Конески - понижуван во твојата партија како „џуџето од Небрегово“. Македонскиот јазик беше признат како официјален на Илинден 1944, кога партизаните ги поразија фашистите и нивните слуги како Ванче Михајлов - кој зборува само на б'лгарски а толку е заслужен што има две бисти во музејот на ВМРО. "Jas bi vi zabranil da pisuvate na Makedonski" - велиш. Ех, Ванче Михајлов би бил навистина горд на тебе.
Misirkov, ocigledno imas
Испратено на 24 март 2012 од meglenaMisirkov, ocigledno imas problem da razberes sto e kazano, kako i da e eve pojasnuvanje, posto ocigledno si povreden od faktot sto nema da mozes da pisuvas na Makedonski. Na Makedonski ke mozat da pisuvaat site tie sto si go pocituvaat ustavot , kade pisuva deka makedonskiot jazik e oficijalen jazik na Makedonija. Zatoa sto ti ocigledno si vo grupata sto bi go smenila identitetot na drzavata, togas poveke od ocigledno e deka veke nema da mozes da pisuvas na Makedonski, bidejki toa veke ne e tvoj jazik. Ti doprva ke treba da se izboris za tvojot jazik, kako god da si go krstil . Se rasfrlas so imeto na Blaze Koneski, kako zaedno piperki da ste sadele. Covekot so svojata grupa se izbori za svojot jazik, Makedonskiot jazik i treba malku poveke pocit kon nego. Koj ti dava pravo da go menuvas identitetot na toj jazik. Zatoa i ti velam, zemi si ismisli si nov Severno Makedonski i izbori se za nego. (Grantovi kolku sakas)
Прво, „македонски“ се пишува
Испратено на 24 март 2012 од МисирковПрво, „македонски“ се пишува со мала буква (според граматиката што очигледно не ја познаваш), а ти упорно пишуваш со голема. Второ, не го знаеш уставот. Во уставот не пишува „makedonskiot jazik e oficijalen jazik na Makedonija“, туку „Во Република Македонија службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо“. А ти не пишуваш на кирилско писмо,па немаш ни право да се повикуваш на уставот.
Многу веројатно е дека си еден од оние портокалови платеници кои имаат задача да глумат патриоти и да клеветат по сите други дека се платеници кои сакаат да го сменат името и идентитетот. Тоа стана исплатлива професија за бајаги џаболебари кои кркаат буџетски плати за да сејат омраза наоколу. Затоа и ве погаѓа лично колумната „Говорот на омраза треба да се казнува“. Оти, кога-тогаш ќе излезат на видело директивите од центарот за сеење омраза и клеветење. Кога-тогаш платените сејачи на омраза ќе завршат во Идризово.
Poleka, poleka, otvoras luspa
Испратено на 24 март 2012 од meglenaPoleka, poleka, otvoras luspa po luspa, pa mozebi i ke naucis nekoi raboti, koi si trebalo sam da gi razberes bez mene.
Jas dosta dobro znam gramatika i ima tocno pricina zosto go pisuvam Makedonskiot jasik so golema bukva.
Prvo "makedonski" se pisuva so mala bukva ako go koristis kako pridavka izvedena od geografski poim ili ime na narodi. Jas taka ne go koristam . Za mene zborot Makedonski ne e pridavka tuku ime na jazikot koj go zboruvam, odnosno Makedonski jazik.
Ne sum siguren od takvi kako tebe deka ke mozam da izvedam pridavka od ime na narod vo idnina.
Vtoro , tuka ne pisuvam sluzbeno , taka da toa so kirilicnoto pismo ne ti stoi, iako koga bi go imal fontot bi pisuval na Kirilica.
Za delot od ustavot kade sto pisuva :
„Во Република Македонија службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо“,
razmisli malku sto ke se sluchi so izvedenata pridavka "makedonskiot jazik", koga ke go smenite imeto na drzavata.
Od sto ke izvedes pridavka "makedonski". Od Severna Makedonija ?
Ke prestanam da sporam za govor na omraza ako jasno i glasno mi kazes tuka deka ne si za promena na imeto kako uslov za vleguvanje vo Nato ili EU. Mnogu ednostavno. Edna recenica.
„Jas dosta dobro znam
Испратено на 26 март 2012 од Зомби Вокер блек лејбл„Jas dosta dobro znam gramatika i ima tocno pricina zosto go pisuvam Makedonskiot jasik so golema bukva.“
Ти ако знаеш „доста добро граматика“, јас ќе почнам на свахили да пишувам.
Vtoro , tuka ne pisuvam sluzbeno , taka da toa so kirilicnoto pismo ne ti stoi, iako koga bi go imal fontot bi pisuval na Kirilica.
„Така да“ не биди морон, „кога би имал“ троа у главата ќе знаеше дека не е до фонтот, туку до кирилична подршка. Или не ти се збори за тоа словеништата Кирил и Методиј, не ти се доволно антички.
Ова е службено (од службата за превенција на моронштината).
I sega, mesto edna recenica
Испратено на 26 март 2012 од meglenaI sega, mesto edna recenica za nemenuvanje na imeto, pak dobivme elaborat za moronstvoto na site drugi osven zombite.
A kako dopolnuvanje za tvojata sluzba, bi rekol deka ocigledno korupcija i nepotizam vladee i tamu.
Интересно, патриотчето кое
Испратено на 28 март 2012 од Зомби Вокер блек лејблИнтересно, патриотчето кое веќе е навикнато на менување идентитети од машко во женско, упорно одбива да пишува со кирилично писмо (демек не било службено), а бара одговор за името на Republika Makedonija. Да, има корупција и непотизам во нашата служба нормално, зомби сме,распаднати-корумпирани и непотисти-па зомби сме, ама барем не сме морони од „демократска“ институција, која вие ја нарекувате партија.
Ах бре Мисирков... Грците ги
Испратено на 24 март 2012 од АлександарАх бре Мисирков... Грците ги убедуваа Македонците дека се потомци на „грчкиот“ Александар, Александар Хеленот а не на Александар Македон(ски). Ти „текнуе“?
Оладете глави, Македонија не е фашистичка земја. А еве, да претпоставиме дека може да стане за некоја година. И, што со тоа? Ќе започне да жари и пали по Европата? Ќе репресира национални малцинства? Фашистите ќе се репреситаат самите себеси? О-ла-де-те.
Многу е трагикомично кога
Испратено на 24 март 2012 од Опасен методМногу е трагикомично кога фашистите симулираат психоанализа:
„а ниту збор од истиот документ да не се наведе за тоа што е слобода во која не смее да се допре, многу зборува за нашиот Хер Флик и неговите најдлабоки копнежи“.
Ауууу... многу јако... Spenkmi, ај напрај еден search на „слобода“ во колумната.
И, што е ова: „ „правото на индивидуите“ (вклучително и новинарите и политичарите) да ги изразуваат своите гледишта слободно и да „ги повредуваат, шокираат или вознемируваат“ другите.“ Што е ова: „судот во Стразбур го исклучува говорот на омраза од заштитата на слободата на изразување“. Што е ова: „Судот во Стразбур не ја штити слободата на изразување на тоталитаристите...Но, ја заштити слободата на изразувањето на еден политички коментатор кој го опиша шпанскиот крал како „личност што командува со мачители, кој брани мачење и наметнува монархистички режим на нашите луѓе преку тортура и насилство“.“ А каков е овој заклучок: „Правото на слобода на изразување не подразбира ширење на говор на омраза.“
Ама, некои што (се) викаат Spenkmi очигледно имаат проблем со видот, па не го читаат зборот „слобода“.
Opasen metod, zatoa sto ovaa
Испратено на 24 март 2012 од meglenaOpasen metod, zatoa sto ovaa debata e za govor na omraza ke mi objasnis li zosto go narekuvas "Spenkmi" fashist. Kako zakluchi deka e fashist? I koj elementi go pravat eden covek fashist?
Кои елементи го прават еден
Испратено на 24 март 2012 од PsihogerilaКои елементи го прават еден човек фашист?
1.Недостатокот на концепт за слобода.
2.Неможноста да се разграничи индивидуалното од колективното. 3.Негирање на сите општо прифатени референтни системи кои се во конфликт со наметнатата идеологија.
4.Негирање на сите новостекнати цивилизациски придовки како човекови права, слобода, толеранција и слично.
5.Страв од диверзитетот и неможност да се сфати различноста, што исто така предизвикува страв и нервоза.
6.Фасцинираноста од моќта на лидерот што доведува до поистоветување. Лидерот станува алтер его на фашистот.
7.Фаќање сеир кога државата спроведува терор.
8.Регресивни гледишта и глорификација на историските и епски времиња кога работите се решавале со сила.
9.Генерално исплашена личност која во теророт на деспотот ја гледа сопствената одмазда.
Psihogerila, ova se sto go
Испратено на 24 март 2012 од meglenaPsihogerila, ova se sto go nabroja ladno vleguva vo opisot na Socijalisticko/Komunistiskite denovi na Makedonija. Zosto ne go vikas covekot togas Socijalist ili po najnovo Socijal demokrat.
Iako negativni, niedna od karakteristikite koi gi nabroja ne navleguvaat ili pak ne ja osporuvaat slobodata na govor na drugite subjekti vo opstestvoto. Se raboti za opis na licnosti koi gi ima vo site opstestva i toa mnogu poizrazeni od naseto i nikoj ne gi vika fashisti. Gi vikaat nacionalisti, navijachi, nostalgichari, komunisti, anarhisti, megutoa ne fashisti.
Za fashisti falat uste nekolku mnogu bitni karakteristiki koi obicniot patriotizam go pretvaraat vo fashizam, a toa se : Mokna Vojska, Partiska Policija i sudovi, i Kontrolirana Mediumi.
Mokna vojska nemame, daleku sme od partiska policija i partiski sudovi , a so internetot muabetot za kontrolrani mediumi e izlisen.
Taka da ova so fashizmot e totalno neseriozno i neproduktivno. Ako za nesto treba da se zbori toa e korupcijata i graganskata odgovornost i nedovolna aktivnost vo sistemot kako korektiven element na opstestvoto.
Posto poveke od ocigledno e deka SDSM e impotentna partija i bukvalno im smeta na graganite preku laznata percepcija za opozicija, vreme e da se vospostavat nekoi stozeri na nacijata, kako imeto ,jazikot, istorijata prifatlivi za site Makedonci, i partiskata borba da se svede na gradenje parkovi i sportski sali a ne diskusii za identitetot.
Од каде бе сега СДСМ го
Испратено на 24 март 2012 од ВселенецОд каде бе сега СДСМ го најде. Башка, моќна војска може немаме, ама партиска полиција и судови колку да сакаш, а за контролирани медиуми да не зборуваме. И тие социјалисти и комунисти што ги спомнуваш ја создадоа Македонија во 1945, тие го донесоа првиот Устав и тие го направија македонскиот јазик службен на територијата на денешна Република Македонија. Оваа Македонија е директен наследник на АСНОМска Македонија, а не на Македонија на Аминта или на Адам од Говрлево, ама тоа Македоноидите никогаш нема да разберат и затоа мене како Македонец ми е смачено да се распоравам со припадниците на новата нација Македоноиди (некои се дефинираат и како Антички Македонци).
Кога ќе ви дадат директиви во штаб, не ви викаат да читнете по нешто за темата за којашто треба да пишувате?
Гледам, повторно анонимни
Испратено на 24 март 2012 од ЖаркоГледам, повторно анонимни клевети дека сум бил за „Северна Македонија“. Колку што можам да забележам, клеветите доаѓаат од лица на кои воопшто не им пречи преименувањето на Македонците во „Македоноиди“. Да потсетам што напишав во 2009, во колумната „Портокалова линија“:
„Стравот на Македонците дека со евентуалната промена на името во Северна Македонија може да бидат меѓународно идентификувани како Северномакедонци воопшто не е ирационален и токму затоа мора да се инсистира на негово адресирање во преговорите. Иако официјално не постои држава со име „Северна Кореја“ (туку „Демократска Народна Република Кореја“), светот упорно ги нарекува „Севернокорејци“. Притоа, ако 26% од жителите на Северна Ирска (креирана 1921) денес се идентификуваат како „Северни Ирци“, колку од жителите на некоја идна „Северна Македонија“ би се чувствувале во иднина како „Северни Македонци“?
Од друга страна, ако може без проблеми да функционира дистинкција меѓу „Република Ирска“ и „Северна Ирска“, зошто тогаш не би функционирала и дистинкција меѓу „Република Македонија“ и „Јужна Македонија“ (како дел од Грција)? Ако сега има Ирци (од Република Ирска и од Северна Ирска) и Северни Ирци од Велика Британија, тогаш ќе си има Македонци (од Република Македонија и од Јужна Македонија) и „Јужни Македонци“ од Грција. Ако Грците толку упорно сакаат јазична дистинкција меѓу разните видови Македонци, зошто тогаш ние да не им ја понудиме?“
Жарко Трајаноски
Zarko, mnogu naivno ova
Испратено на 24 март 2012 од meglenaZarko, mnogu naivno ova tekstov. I seuste li mislis deka Grcite sakaat samo distinkcija megu Makedonija vo Grcija i Makedonija vo Makedonija. Eve sega da se objasnime na primerot, Ova za mene e govor na omraza, nasocena protiv mene kako Makedonec. Za da pojasnam podobro, jas nemam nisto protiv homoseksualci, i smetam deka treba da imaat isti prava kako site drugi, megutoa ako me nareces "peder" ke imame problemi, odnosno go smetam kako govor na omraza. Taka i ova, jas nemam problem ti utre da pocnes kampanja za formiranje na tvoja drzava Severna Makedonija na nova teritorija, (ke ti predlozam i teritorija- Severna Grcija), ili pak da podneses baranje da ti ja smenat ulicata vo Severna Makedonija, ama imam golem problem , i go smetam govor na omraza ako mi reces deka ova mesto Makedonija i ovoj narod Makedonci sakas da gi prekrstis, i da me ubeduvas deka toa e dobro za mene. Zgora na toa kako sto ti rekov go smetam kako subverzivna akcija protiv poredokot na Republika Makedonija. Nemam drug nacin da se zastitam od destruktivnata kampanja vo koja so ova i ti si del. Nema nikakva razlika od tebe i izjavata na Emira Mehmeti za nejziniot son za golema Albanija. Efektot vrz mojot zivot e isti. I dvete izjavi se nasoceni protiv mene kako licnost a preku Ustavot na Makedonija i kon site drugi gragani koi se konstituitiven del na ovaa zemja.
Meglena, odi leci se. Coekot
Испратено на 24 март 2012 од FrojdMeglena, odi leci se. Coekot ti kazuva deka ne e za Severna Makedonija, a ti pak go klevetis. Ili, takva e partiskata direktiva?
Zarko , se izvinuvam ako
Испратено на 24 март 2012 од meglenaZarko , se izvinuvam ako pogresno te sfativ, megutoa poslednata recenica so ponuduvanjeto e zbunuvacka. Sto da im ponudime na Grcite ? Vo Grcija koga pocna problemot so imeto ne postoese del sto se vika Makedonija. Vo Grcija od 1987 do 2011 postoi Zapadna Makedonija, Centralna Makedonija i Istocna Makedonija i Trakija, a od 2011 so novata podelba postoi Makedonija-Trakija i Epir-Zapadna Makedonija. Tvojot predlog e da im predlozime da se vikaat Juzna Makedonija ?
Inaku, ako si za nepromena na naseto ime togas eve uste ednas ti se izvinuvam. Megutoa mojot stav deka diskusijata za promena na imeto i identitetot e govor na omraza stoi.
Дај шта даш, работава, а,
Испратено на 01 април 2012 од СтивДај шта даш, работава, а, Жарко? Така ли ќе праиме држава?
Е, деца, деца...