1019 hPa
68 %
17 °C
Скопје - Сре, 15.04.2026 14:59

По повод Светскиот ден на Театарот 27 март, Факултетот за драмски уметности од Скопје подготви специјална целодневна програма која оваа година ќе ги замени традиционалните студентски игри „Скомрахи“.
12:00 - Читање на меѓународната и национална порака, која ќе ја пренесе великанот на македонскиот театар, Мето Јовановски.
Потоа ќе следи трибината по повод 60 годишнината од дипломирањето на првите македонски режисери, некогашни професори на ФДУ и големи театарски дејци: Тодорка Кондова-Зафировска и Димитрие Османли.
На трибината збор ќе земат професорката Јелена Лужина, режисерот Антонио Митриќески, деканот на ФДУ Лазар Секуловски, како и повеќе учесници во театарските и филмските проекти на Зафировска и Османли.
13:00 - „Птиците што живот значат“ - испитна претстава на студентите од прва година во класата на проф. Владо Цветановски.
15:00 - Проекција на култната македонска претстава „Чорбаџи Теодос“
17:00 - Проекција на култната македонска претстава „Диво месо“
19:00 - „Досие копче“ - испитна претстава на студентите од прва година во класата на вон. проф. Мими Таневска
21:00 - „Сеништа“ - испитна претстава на студентите од трета година во класата на проф. Владимир Милчин, вон. проф. Сузана Киранџиска и асс. Кристина Леловац
По завршување на последната претстава од маратонот во бифето на Факултетот за драмски уметности, ќе има организирано забава по повод денот на театарот.
Целиот настан е во организација на Академска Сцена. Линк до нивната фејсбук страница тука.