Светлосни скулптури

26.03.2012 11:26
Светлосни скулптури

Макото Тоџики (Makoto Tojiki) е јапонски уметник и дизајнер кому главно изразно средство се светлата. Тоџики го посветува сето свое слободно време во експериментирање со нив. Тој живее и работи во Јокохама.

Неговата последна серија, насловена „No Shadow“ е инспирирана од меѓусебните врски на светлината и сенките, како и од начинот на кој тие можат да бидат манипулирани. Тоџики го постигнува крајниот ефект преку прекршување на светлината и сенките, и уловување на суштината на симбиозата меѓу нив, која резултира со краткотрајни слики кои се подеднакво ефемерни и загадочни како и самите сенки.

Како што вели самиот автор, негов најголем интерес е истражувањето. „Низ мојата работа се обидувам да откријам како луѓето гледаат на предметите. Понекогаш истиот предмет различно се доживува од две различни лица. Преку екстрактирање на неговата суштина, се обидувам да го изразам она што лежи во јадрото на истиот предмет.“

Извор: twistedsifter.com

ОкоБоли главаВицФото