Како Европа пристапува кон археологијата?

26.03.2012 13:51
Како Европа ѝ пристапува на археологијата?

Ви прикажуваме два различни проекти кои се занимаваат со истата тема – презентација и конзервација на високовредни археолошки пронаоѓалишта, но во сосема поинаков контекст од оној кај нас. Двата проекти кон археологијата приоѓаат на начин што покривната површина доминира и го заштитува пронаоѓалиштето од амтосферски и надворешни влијанија, но доволно ненаметливо така што самиот простор на наоѓалиштето да биде сфатен како прооден и јавен дел од градската структура.

Првиот проект се наоѓа во шпанскиот град Картагина, и е дело на мадридската канцеларија amannsanovasmaruri која, за да ги заштити римските терми, пристапува преку обликување на артикулирани натстрешници. Покривната површина е замислена како преоден елемент помеѓу две по различни урбани состојби – густи станбени градби и римски урнатини: форум, античка вила и терми.

Лесната поликарбонатна структура би требало суптилно да ја интегрира урбаната градска матрица со пронаоѓалиштето на начин кој ќе ја следи топографијата на теренот, воедно манифестирајќи ги неговите прекршувања на својата горна плоча. Критичарите овој проект го видоа како прилично агресивен и наметлив концепт кој му импонира на самото пронаоѓалиште, но согледано внатрешно, решението е многу суптилно: дрвена патека која накривува и лебди внатре во самото наоѓалиште.

Вториот проект се наоѓа во Швајцарија, а го потпишува студиото Savioz fabrizzi architectes. Исто така станува збор за натстрешница која ги прекрива романските остатоци на опатијата Св. Маврикие, но овојпат внатре во истоименото планиско место. Различен контекст, но и по сѐ различен пристап, ќе се осудиме да речеме, многу поуспешен и попромислен од претходниот, ја карактеризира конзерваторијата на ова ахреолошко пронаоѓалиште.

Имено, поради непосредната близина на карпата од која многу често се одронуваат камења точно на пронаоѓалиштето, архитектите обликуваа челична решетка која допушта циркулација на ветар и светло, но штити од камења. Покривот е споен со карпата од една страна и го достигнува црковниот покрив од другата страна. На горната плоча положените камења со тежина од 170 тона не се резултат на чудната природа, туку повеќе статистички и визуелно промислена референца на одрон, која воедно делува како снажен графички кровен знак. Во внатрешноста е создадена сосема контемплативна атмосфера по пат на игра со светлината и сенките, која овозможува собирање по повод разни свечености.

Извор: pogledaj.to

vo svetot odamna vekje

vo svetot odamna vekje arheoloshkite naodi se konzerviraat i nishto ne se gradi nad niv, ama odi kazhi im na nashive, toa go napravija na ZPlaoshnik, sega ke go povtorat na Kaleto. Eve shto pishuva za toa vo New York Times, prevedeno vo Utrinski vesnik:

Внесувањето на кичот во Вавилон - едно од наследствата на Садам Хусеин

Да се надмине Набукодоносор

ВАВИЛОН - Во царството на кичот на Садам Хусеин, тешко може да му се конкурира на Вавилон. Ирачкиот лидер сметаше дека дебелите грутки земја со окер боја и расфрлените наслојки од тули, останати од едно од најславните царства во историјата, на некој начин се недоволни, премногу световни за да го претставуваат периодот од 2.500 години од месопотамиската историја, што требаше одново да се роди со неговата власт. Затоа, тој нареди да се обнови една од трите оригинални палати.

Не е важно што никој навистина не знае како изгледале импозантните палати. Ниту, пак, Садам водеше многу сметка за фактот дека археолошкиот свет погрдно се изразува - исмевајќи го неговиот проект како Дизни за деспот - бидејќи го прекршуваше нивниот свет принцип на зачувување, наместо одново создавање.

Но, како и со многу други обиди на Садам, крајниот резултат побуди големо интересирање кај народот и оттука, веројатно, тој ќе го има последниот збор за судбината на познатите урнатини.

Името Вавилон одекнува со длабоко значење за Ирачаните, кои одамна учеле за нивната улога како потомци на луѓето кои повеќе или помалку ја измислиле цивилизацијата. Она што останало тука е нешто повеќе од остатоци, бидејќи делови од пленот одамна се пренесени во европските музеи.

Откако беше завршена копијата од пет милиони долари - со молскавична брзина, и градежни екипи кои кон крајот работеа во три смени - сите можеа да видат дека тоа е палата. "Не ми се допаѓа", вели Ламија Гајлани, историчар по уметноста од Ирак, која се врати по неколку децении во странство за да помогне во обновата на античките институции во државата. Меѓутоа, таа додава дека бидејќи другите Ирачани "ја сакаат", таа "целосно се посветува"."Не станува збор само за Садамовиот период", вели таа. "Урнатините во Ирак се грди за повеќето луѓе. Обичните Ирачани сакаат нешто што ќе ги импресионира, како ова".

Дони Џорџ, помошник-куратор во Музејот во Багдад, добро се сеќава на денот кога Садам прошетал низ урнатините, барајќи палатата да биде обновена за првиот уметнички фестивал во Вавилон во септември 1987 година. Садам не зборуваше многу - тој главно слушаше - но, праша како кураторите знаат кога била изградена оригиналната палата. Џоџ му покажа една од оригиналните тули на која имаше печат со името Набукодоносор Втори и датумот на изградбата околу 605 г. пр.н.е. Ирачкиот лидер веднаш предложи тулите што ќе се користат во обновата да носат некој сличен запис. Неговите предлози беа решавачки. "Тој беше претседател", вели Џорџ, ослободувајќи се од одлуката која предизвика страв во одделот за антиквитети во тоа време.

Резултатите сега се наѕираат низ ѕидовите, а на голем број тули стои испечатена легендата: "Под власта на победничкиот Садам Хусеин, претседателот на Републиката, да го чува Алах, заштитникот на големиот Ирак и обновувач на неговата ренесанса и градител на неговата голема цивилизација, извршена е обнова на големиот град Вавилон во 1987 година". Пораката продолжува и се споменува името и датумот на првиот деспот, неминовно споредувајќи ги двајцата.

Џорџ, кој тогаш бил теренски директор за урнатините, се сеќава на тешкотиите околу повторната изградба на палатата, онаа што според големината му конкурира на Лувр во Париз, без нималку да поседува нешто од оригиналните планови. На пример, издигнатите сводови кои ги поврзуваат безбројните соби. Никој всушност не знае колку се високи, или колку биле високи оригиналните ѕидови.

Сводовите во првите кралски дворови во регионот биле коцкест правоаголник, а висината на сводот била речиси два пати поголема од ширината на влезната врата. Џорџ мислел дека пaлатата Набукодоносор би била изградена на поголемо ниво, па тројно ја зголемил висината на сводовите. "Тоа беше како да се градат огромни палати насекаде, за да се паметат засекогаш", вели Џорџ.

Единствените делови останати во музејот се две тешки парчиња од ѕидовите. Сите предмети што некогаш се наоѓале во музејот биле копии - вистинските глинени плочи и статуи биле пренесени во Багдад за да се зачуваат од ограбувачите. Секако, Ирачаните ќе ви кажат дека големиот грабеж се случил во 1914 година, кога Германците кои ископувале на локацијата ја пренеле познатата Иштар-порта и друг плен во Музејот "Пергамон" во Берлин.

Впечатливи потсетници за екцесите на Садамовата ера пропаѓаат низ цел Ирак. Меѓутоа, експертите кои ги посетуваат овие историски урнатини заклучија дека Вавилон опстојува. "Набукодоносор беше деспот и Садам Хусеин беше деспот", вели Гајлани. "Дали би однеле она што го градел Набукодоносор? Не. Тоа е дел од историјата, треба да се прифати". (Њујорк тајмс)

Архивски Број 1263 Петок, 05 Септември 2003
Utrinski vesnik

Фала за коментарот! Одличен

Фала за коментарот! Одличен е! И ја фаќа сржта на мотивацијата на нашиот Садам! (не мислам на новинарот-соработник Садам:)

ОкоБоли главаВицФото