По стапките на амстердамското јаболко

29.03.2012 12:16
По стапките на амстердамското јаболко

Задолжителен мотив на секоја туристичка кампања за Холандија се лалињата, но сега ви претставуваме приказна во која главниот збор го имаат црвените јаболка. Всушност, една такво јаболко е заштитен знак на уметничкиот центар „de Appel“, основан 1975 година, најдолговечната институција од непрофитабилен карактер во Холандија.

Црвеното јаболко кое „de Appel“ го користи уште од самиот почеток, настанало по примерот на цртеж што го видел основачот, во детска болница, на јаболко поврзано со големата буква А (на холандски, appel значи јаболко). Од таа врска се отчитува и желбата на центарот за визуелно описменување на публиката.

Последно, во Центарот е поставена изложба на белгискиот автор  Свен Аугустијнен (Sven Augustijnen). Под името „Spectres-Sablasti“, претставен е проект чии составни делови системски се подготвувале уште од 2001 година. Поттикнат од воведната реченица од Марксовиот, „Комунистички манифест“, проектот се осврнува на современоста на одредени духови кои секогаш се враќаат од минатото. Испитувајќи ги границите меѓу реалноста и фикцијата, Аугустијнен се впушта во „неуметничка“ дисциплина на репортажно новинарство и така настануваат додатоци во весниците, есеи, фотографии и документирани фолмови кои се изложени заедно со оригиналниот историски материјал.

Низ централната тема на изложбата, белгиската колонијална историја, авторот покажува дека Европа сè уште не знае да се носи со духовите од своето минато и дека колонијалната историја сè уште во голема мера го одредува животот на Европјаните, и особено влијае на нивниот однос кон луѓето со неевропско потекло и кон мултикултурното општество, значи кон сè што се одредува како „друго“.

За да прикаже како колонијалните духови сè уште се присутни во денешна Белгија, авторот употребил низа фотографии под името „Les Demoiselles de Bruxelles“, реферерирајќи на Пикасовата, „Les Demoiselles d’Avignon“. Фотографиите прикажуваат портрети на проститутки од Конго на Avenue Louise во Bruxelles, улица која е создадена од архитектите во времето на кралот Лополд II, владател на Конго од 1885 до 1908 година. Фотографиите се придружени со публикација која донесува интересни податоци за Леополд II како зависник од секс и психолошки профил на тиранин, а автор е научникот Emile Mauricea.


Освојувајќи го јазикот на истражувачкото новинарство и комбинирајќи ја фикцијата со реалноста, научно докажаните историски врски и случајните коинциденции, Аугустијнен во 2005 година, продуцирал посебен додаток во белгиските финансиски весници наречен „Панорама“. Тука објаснува како колонизацијата на Конго има големо влијание врз развојот на Европската унија и ги споредува златните ѕвезди на знамето на Европската унија со знамето на Слободната држава Конго (една златна ѕвезда на сина позадина) која е основана од гореспоменатиот Леополд II со цел немилосрдна експлоатација на природните добра на оваа африканска држава. По сè претставено на изложбата, оваа историска коинциденција наведува на длабоко размислување за карактерот на Европската унија.

Покрај регуларната програма со изложби, перформанси и публикации, од 1994 година , „de Appel“ организира и програма за професионален развој на кустоси во траење од девет месеци. Интересен е и фактот, што и покрај постојаната финансиска потпора која „de Appel“ ја добива од регионалните и локалните власти како водечка иницијатива за современа уметност, Центарот исто така создава и сопствен профит кој му овозможува реализација на дополнителни активности и публикации, и помала зависност од потпората на власта.

Повеќе за центарот „de Appel“ погледнете тука.
Повеќе за Sven Augustijnen и неговата работа погледнете
тука.

Извор: Pogledaj.to