Павел Шатев: Груевски со најголем рејтинг и во САД

30.03.2012 12:45
Павел Шатев: Груевски со најголем рејтинг и во САД

Според анкетата на Институтот Павел Шатев, премиерот Никола Груевски има најголем рејтинг во споредба со сите останати кандидати за претседател на САД.

Акетата на „Павел Шатев“ е спроведена во период меѓу 16 и 19 март врз репрезентативен примерок од 1000 испитаници, по телефонски пат.

Истражувањето е спроведено на ниво на целата територија на Соединетите Американски Држави, со вклучување и на други релевантни демографски карактеристики на населението како полот, возраста, образованието и етничката припадност.

На прашањето кого би сакале да видите за следен претседател на САД, 37,3% се изјасниле за Никола Груевски. Потоа следува актуелниот претседател Барак Обама со рејтинг од 12,4 отсто. На трето место е еден од кандидатите од Републиканската партија, Мит Ромни, а по него следува вториот потенцијален кандидат на републиканците Рик Санторум со 6,3 проценти. 25,7 отсто од граѓаните немале одговор на ова прашање.

Најголем дел од испитаниците, 38%, својата доверба за да раководи со економскиот развој на САД би му ја дале на Никола Груевски, додека, 28 отсто сметаат дека тоа сепак е Обама, 16% сметаат дека Републиканците се подобро решение за економските маки на Американците, а 18 отсто немаат одговор.

Американците можат само да жалат што актуелниот македонски премиер нема да можност да биде и официјален кандидат во претседателската трка, но тоа секако не ги намалува нивните аспирации кон вакво решение на некој од следните избори за претседател и претставува значајно прознание кон успесите на првиот министер на нашата Влада.