Ако не е кал, тогаш е прашина

30.03.2012 13:02
Ако не е кал, тогаш е прашина

***

ама луѓето не сфаќаат дека
ако не е кал, тогаш е прашина.
и општа напнатост на градот
што му се настегала одзади,
и критики што извираат
од подземен поток на самоназивни интелектуалци.

контраст на планетите нивни
и светот што ги вози,
ги напива и ги тера да маршираат,
да пешачат по камења и сено.

 

***

Тоа беше еуфорија
која случајно ја проголтав по патот.
Изгледа некој си ја беше
заборавил или загубил,
ама благодарам во секој случај
зашто светлата се запалија
и сега улиците во вечерта
се чинат портокалови.

 

***

сонот на сонцето ми јадеше од кожата
додека чекав некој да ме продаде и купи
кај зградите позади зелено пазарче.

и навидум поминуваат сите од околијата
и фиксно се упатуваат нанапред
со нивните лица толку гадни и болни
што постепено почнаа да ми стануваат привлечни.

и кој ќе добие домен на туѓа секссапилност?
они презафатени со своите ќеси
јас презафатен со сонцево.

Floorian е псевдонимот под кој еден млад македонски автор објавува поезија на својот блог. Тој најчесто пишува поезија инспирирана од животот, љубовта, смртта, недозволеното, контраверзното итн... За повеќе песни од истиот автор кликнете на следниов линк floorian.blogspot.com.

Илустрација: Џеси Кун

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото