Нацистички хумор

30.03.2012 13:28
Нацистички хумор

Зборот „пропаганда“ е еден од клучните термини во Хитлеровото дело „Мојата борба“. Исправната употреба на пропагандата Хитлер ја сметал за вистинска уметност. Откако Хитлер воспоставил контрола врз медиумите, Германија била преплавена со нацистичка пропаганда. Пред да биде извршен геноцидот врз Евреите и другите виктимизирани групи, идните жртви биле дехуманизирани со помош на пропагандата. Пропагандата влијаела на јавното мнение на таков начин што за мнозинството луѓе било сосем прифатливо насилството кое следело.

И хуморот и сатирата биле орудија на нацистичката пропаганда. Постоеле повеќе списанија кои печателе антисемитски и антикомунистички карикатури. Едно од најпознатите списанија било „Der Stürmer“, неделник кој бил печатен во 480.000 примероци во 1935. На дното на насловната страница секогаш било мотото: „Евреите се нашата несреќа“, а под логото на весникот пишувало: „Германски неделник во борба за вистината“. Der Stürmer бил најпознат по впечатливите антисемитски карикатури на кои Евреите биле претставувани како грди ликови со изобличени тела. Успешноста и „креативноста“ на нацистичкиот хумор придонеле да стане нормална омразата кон луѓето кои најнапред биле жртви на пропагандата на нацистичките карикатуристи.

Едно од списанијата кое негувало „креативен“ наци хумор било „Die Brennessel“, издавано од 1931 до 1938. Еве како изгледала една насловна страница на нацистичко хумористично списание:

На божиќното дрво на „Die Brennessel“ висат емигрант, „тужибаба“, премногу опуштен конзервативец, фејкерски подржувач на нацистичката кауза, и реакционер – а некои од карикатурите прикажуваат Евреи. Насмеаниот лик кој го држи „божиќното дрво“ на кое висат жртвите на нацистичката пропаганда е еднооко суштество.

П.С. Секоја сличност со хумористичната серија „Еднооки“ е случајна.

А сличноста со карикатурите

А сличноста со карикатурите на Окно дали е случајна ?

Ова е прекрасната

Ова е прекрасната преродбеничка логика: пет минути за Хитлер, пет за Евреите.
Окно=Вечер
Коља=Латас
Свирачиња=Еднооки
100 милиони евра за пропаганда на Фамилијата = 100 илјади евра на Сорос за помош на пар медиуми, колку да не завладее тотално црнило
Три милијарди евра приватен буџет на Фамилијата годишно = со неколку милиони евра годишни пари за невладин сектор
Вината или одговорноста за состојбите во општеството им припаѓа на сите, но најмалку на власта. Итн. Ова е преродбеничката логика:
Грешиме ние, преродбениците, крадеме, лажеме, се товариме ко бродови, воспоставивме мек тоталитаризам, али јебига, глејте Окно! Исто! Глејте го Милчин! Богаташ! А СДСМ што праеше во 92? Приватизација, брале, него што! А нежен Груица само продолжи со Окта, Телеком итн. Чекај, стој, уште сме девеести, кој ви рече дека сме влегле у 21 век? Чекај прво старите сметки да ги расчистиме! А комунизмот? А Ченто кој го уби?Ако вреѓа Окно, тогаш и Латас ќе вреѓа! Еднооки се само нежен одговор на бруталната и примитивната и неконструктивната опозиција! Итн.
Мигрена, ти си дебилерос од невидени размери. Вашата пропаганда више не ја пијат ни деца у градинка.

"Вината или одговорноста за

"Вината или одговорноста за состојбите во општеството им припаѓа на сите, но најмалку на власта."

Иако намерата не ти беше тоа, ова е единственото нешто што има некаква логика во твојот коментар. Власта е само проекција на состојбата на општеството. Тоа што никој досега не побарал и се изборил да постојат парламентарни комисии за секој тендер со преставници од сите политички субјекти, покажува само дека демократската борба во Македонија се сведува само на освојување на пленот. Она што вие го викате Демократија се само фер пиратски правила за крадење на богатството и трудот на народот. Пиратите се договориле дека кога некој ке го освои пленот може да прави со него што сака се додека не го сменат. Затоа вашите карикатури се пропаганда. Целта им е да донесат друг пират на власт, нормално во рамките на пиратскиот фер-плеј.

Мене ова ми личи на 'Миленко

Мене ова ми личи на 'Миленко Неделковски Шоу'.

Дефинитивно, треба да стои и

Дефинитивно, треба да стои и „Секоја сличност со штипките на Миленко е случајна“ :)

А Чарли Чаплин што не’

А Чарли Чаплин што не’ заебааше нас фашистите, а?! А оние монтажи на експресионистите, на дегенерираните уметници, проклетите модернисти итн., против нашиот машки став, против древниот дух на ариевштината, против нашиот мил Хиќо, не ги мерите?! Ебаве антифашистите! Ние само одговаравме на еврејските навреди! Нас Полјаците не’ нападнаа! Нас ни го запалија Рајхстагот! Нас Евреите не’ испровоцираа! Да ве ебам мекушите! Мигрена, права си! Не знае соросоиднава стока што е демократија и што е еднаков аршин, за сите!

Драгиот водач спискал 300

Драгиот водач спискал 300 милиона евра народни пари за своите фараонски градби. Никола Гелевски напишал 40 жестоки текста против градбите на пастирот. Ни едниот ни другиот не се у право. Вистината е негде у средина. Можда не требаше да потроши 300 него 200. Може не требаше да ја гради Триумфална. А ГЕлевски е ист идиот, и он би потрошил 300 милиона на модернистички глупости, коа би можел. Значи, се’ е океј, проблем нема, пичиме понатаму!

Е од ова

Е од ова „објективниве„..патиме...све е исто??!!..релативно???!!..нека биде вака??!!...пошто и „другите „ се исти??!!
не заземам страна и јас сум чист?...неутрален?...објективен?..како да не...ти си најпрљав

абе преку више..
(џанго пак се уздрржава од псовање)

Еј, ама се запаливте. Што сте

Еј, ама се запаливте. Што сте осетливи. Јас само поставив обично прашање. Ми личат концептите, што да правиме сега. Пропаганда си е пропаганда. Нешто не се секавам Чарли Чаплин да рече нешто за Палестинците, или не дај боже да направи филм за нив.

Мигрена, гледам дека си

Мигрена, гледам дека си интересен (башка секогаш заводливата трансексуалност) за различни коментатори на Окно. Сфаќам и зашто. Некој толку да е глуп, туп, индоктриниран и необразован - е реткост, дури и во мрачниот вилает Македонија. Но, Мигрена, ни тоа не е главната причина зашто си интересен/интересна. Твојата глупост/тупост/необразованост и неспособност за мислење (види Хана Арент, баналноста на злото) се ПРОТОТИП за целата владеачка класа во Македонија. Твојата фрапантна несензибилност, Мигрена, фрапантно го отсликува модусот во кој живеат преродбениците. Ти ништо не копчаш, Мигрена, не ги фаќаш културолшките алузии, ирониите итн., ама ништо не те помрднува од твојата позиција на некој што си има цврсто мислење за се’. Каков бе Чаплин каков бе филм за Палестинците, алузијата во горниот коментар беше на филмот Големиот диктатор од 1940 година, едно од најраните меинстрим исмевања на Хитлер и фашизмот. Глуп/а си, МИгрена, до ниво на трогателност. А ќе беше трогателно такви ко тебе, тотални идиоти, да ја немаа целата моќ, во секоја смисла, во оваа зеја на која и стаорците веќе и кажуваат фајронт.

Мигрена стварно е феномен.

Мигрена стварно е феномен. Пример дека и најголемите и најгротескните исмевања на режимот заправо улетуваат - во празно. Тоа беше тактиката на Вуна, барем шпекулативно: работите се толку забегани што човек може само да се заебава, да фура хиперболи. Од типот: „Абе добро што го стаивте Аце на плоштад, ама мал е, не го личи“. И глеаш, стварно, преродбеникот смртно озбилен те глеа и го прифаќа аргументот - мал е Аце, стварно, но следниот ќе го напраиме поголем. Тоа е Мигрена, еталон за преродбеничкиот ум. И’ кажува човек дека власта троши три милијарди евра годишно (плус кредити), дека сите други пари во МАкедонија заедно не можат да стигнат само за храна на луѓето - и Мигрена ладно потврдуе дека криви се сите за бедата, освен господарот! Криви се Турците (од отоманско), Грците, Бугарите, Југославија, ЕУ, Америка, СДСМ, кодошите, соросоидите итн. - само ФАмилијата не е крива.
Зборот ми е: со ваков профил на луѓе, ко Мигрена, демократијата не е можна дури ни како симулакрум, дури ни во својата најрудиментарна форма. За вакви ко Мигрена поредокот е космолошки, еднаш зададен и вечен: господ и свештениците (т.е. власта) се океј, се’ друго не е океј. Вистината е кај господарот. Ако имаш некоја друга верзија за вистината, јебига, жалам, ама прво ќе мораш да станеш господар за воопшто да те зеам на разгледување. Како оној српски селанец од шегата: „Коа бе конечно ќе гласаш за опозицијата?“, го прашуваат српскиот сељак. А овој мудро одговара: „Тогаш ко ќе дое на власт“. Тоа е МИгрена, просечниот македонски сељак. Ама, се согласувам со Психохроничар, некоаш е забавно да чаврљаш со некој до тој степен забеган и тупав.

Точно е хронични, многу добро

Точно е хронични, многу добро сте сфатиле. Вие сте најкриви за тоа што власта троши три милијарди евра. Вашата сервилност е епска. Се утепавте барајќи спонзори. Тотално сте без идеја и аргументи а ја киднапиравте божемната линија на отпор во земјата. Сер_те ко фоки по цел ден и ништо не можете да направите дваесет години. Веројатно ништо не сте направиле и во приватниот живот. Едноставно нема логика да сте успешни луѓе со ваков однос и толку гнев во себе.
А зошто конкретно сте криви за ситуацијата ? Криви сте исто толку како човек што го искеширал цел свој капитал и го оставил на сред плоштад и си отишол дома. Криви сте затоа што не можете да се правдате дека сте глупи, и сте мислеле дека никој нема да ги земе парите, туку затоа што сте инертни, мрзливи и легачи и чекате некој друг да ви ги заштити парите. Џабе ви се плачките после, и фрлање и дрва и камења по полицијата и по крадците, и по сите околу вас.
Криви сте затоа што цел живот сте читале што треба да се прави, а сте најголеми кукавици кога треба стварно да се направи нешто. Криви сте затоа што сте здрснавте тропајки по цел ден за индивидуални права, а чекате некој да ви ги даде. Ако веќе мораш да ги ставиш парите на плоштад, направи систем во кој никој нема да може да ти ги земе парите. Односно систем во кој крадците ти ги чуваат парите.
Ова малце е над вашите можности, ама пробајте за разберете што ви се раскажува. Американците го сфатија тоа пред двесте и кусур години.

Имаш право, некој не ја

Имаш право, некој не ја разбира алузијата за пропагандата на Чарли Чаплин, во екот на својата популарност. Некој не разбира зошто не можат да најдат никакви податоци во Англија за Charlie Spencer Chaplin (името со кое се претставувал), а го има во еврејските родослови со име Israel Thornstein. Некој не разбира дека со еден филм за Хитлер, практично ја бетонирал Американската перцепција за Хитлер. Некој не разбира дека практично филмската индустрија во Америка тогаш а и сега е практично во рацете на еврејската заедница. И тоа е пропаганда. Истиот тој Чаплин збор не рече за Палестинското прашање и Газа Стрип 1967. Чаплин умре 1977 година. Некој стварно не разбира, имаш право. Ти реков и порано. Незнаењето не е оправдување.

вмровска маалска

вмровска маалска логика(испитано, у маалска кафана, со повторуење секоја сабота):

„ние ги амнестиравме злосторниците против човештвото ама ние сме добри, да бе другите на власт, ќе им дадеа и пензии...затоа сме ние најбољи на свет„

ајдееее...е ова е логиката на погорниот „објективен„...да ти се споврати од „објективни„ и „неутрални„ и „разумни„

Нацистите го злоупотребувале

Нацистите го злоупотребувале хуморот за да ги оцрнат своите непријатели. Ама ич немале милост кон тие што се шегувале на нивна сметка. Една германка кажала виц за Хитлер на работа. Демек, седат Хитлер и Геринг на врв на кула, и го гледаат народот одозгора. Хитлер сакал да види насмевки на лицата на насобраните, па го прашал Геринг што да направи. Геринг му рекол: „Што не се фрлиш од кулата?“
Виц, ко виц, нели. Ама, германката што го кажала вицот ја пријавиле нејзините колешки од работа. И, била ликвидирана.

хахахахаааа...не ми се веруе

хахахахаааа...не ми се веруе еј
меглена мило...

абе ти ова озбилно?...чаплин превртел цела американска јавност против хитлер, со еден филм, а евреин бил мме...додуша андеркавер евреин...

ти си правац за кај миленко у емисија, да го освежиш малце,а ондак не забраај терапијата...редовно да земаш

А бе Дјанго. Тоа е проблемот.

А бе Дјанго. Тоа е проблемот. Што не ти се веруе. Да ти се веруваше , како типичен представник на "што сакам да си мислам дека сум подобар од другите", одамна ке имавме држава. Со такви како тебе, што не им се верува, Македонската историја е полна.

Имаме Меглена држава. Ама, за

Имаме Меглена држава. Ама, за државата не се изборија идолопоклониците на Ванче Михајлов, туку тие што се бореа против фашистите и нивните слуги. Ванче Михајлов не беше кадарен да биде ни нацистички вазал на фашистичка Македонија. Е, поради сите тие заслуги, поради неговиот линч на „предавниците“, си доби две восочни фигури од денешниве неофашисти кои исто така повикуваат на линч. Музејот на македонска историја на ВМРО е преполн со крвници што немаат направено ништо за изградбата на македонската држава. На која „Македонска историја“ се повикуваш?

Ова ние опасно зацапуеме у

Ова ние опасно зацапуеме у антисемитски води или така ми се чини. Кажи ми мигрено, дали сликата што ја создал Чаплин за Хитлер била лажна или вистинита? Дали мислиш дека логорите се еврејска намештаљка? Хитлер, да ти бил жртва на пропаганда богати! Можно ли е?
Во главите на фашизираните примитивците да. Во истите глави можно е дури и опозицијата да се користи со гебелсовски методи.

Изгледа дека тука е проблем

Изгледа дека тука е проблем да се разговара на малку повисоко ниво. Мојата грешка е што земам за претпоставка дека некои работи ги разбирате повеќе од нормално, ама изгледа дека треба да се објаснуваме збор по збор. Каде виде антисемитизам во тоа што го реков за Чаплин. Тоа што го реков е дека се работи за пропаганда. Пропаганда во која на Хитлер 1940, кога никој не знаеше што се случува по логорите, му се залепи слика со цел лесно да може да се идентификува Хитлер како карактер во америчкиот маинстреам. Што ќе беше ако тоа не беше вистина. Ке беше ли пропаганда тогаш? Кога нешто станува пропаганда а кога е вистина? Кој одредува дека Окно кажува вистина а Груевски меле пропаганда. Времето? Историјата?
Во овој момент да, и Окно се служи со Гебелсови методи. Се додека историјата не покаже кој е во право, се користите со истите методи како и Груевски, само со малку помалку пари.

Се разбира дека е пропаганда.

Се разбира дека е пропаганда. И снимките на каменување на жени од страна на исламските фундаменталисти се пропаганда. Дали е воопшто важно дали објавувачот на снимките е евреин или индијанец? Тука ја лоцирам твојот моронија.
И окно е пропаганда. Ама за тебе изгледа пропаганда по автоматизам значи Гебелс. Информирај се малце и откриј што значи гебелсовско.
Се разбира и Окно може да се служи со гебелсовски методи и да не банира и мене и тебе по некоја налудничава основа. Ама тоа како што гледам не го прави. Ама и доколку го направи тоа, има право бидејќи сме на приватна сопственост. Ја конташ разликата?

Ова е извадок од "Office of

Ова е извадок од "Office of strategic services" на Америка за
Хитлеровата и Гебелсовата пропаганда (Big Lie):

His primary rules were: never allow the public to cool off; never admit a fault or wrong; never concede that there may be some good in your enemy; never leave room for alternatives; never accept blame; concentrate on one enemy at a time and blame him for everything that goes wrong; people will believe a big lie sooner than a little one; and if you repeat it frequently enough people will sooner or later believe it.[6]

Ај сега објасни ми каде се разликуваат колумните на Окно, од колумните на владеачката партија според ова. Што правите различно?

Нели ти напишав. Или не ја

Нели ти напишав. Или не ја сконта разликата? Треба да цртам? Малце е касно за тоа.

Окно може да применува

Окно може да применува гебелсовски методи само на... окно. А партијата на власт врз целата држава. Не приметуваш дека зборуваме за сосем различни категории.

Пропагандата нема врска со

Пропагандата нема врска со изворот на капиталот и медиумот низ кој се спроведува. Има врска со целта која сака да се постигне. Окно може да забрани, мегутоа со тоа си го сече изворот на приходи. Пропагандата е единствена причина зошто е финансирана однадвор. Политичката вредност на Окно без пропаганда е нула.
Еве ај малце да направиме "fast forward" , едно пет години. Да речеме СДСМ доага на власт, или еве дечките од Окно доагаат на власт. Можам тоа да го кажам затоа што во моментов се борат за власт. Која ке биде вредноста на Окно за Сорос. Зошто Сорос би плаќал про-владин сајт? Така што не мора да се чудите и да паѓате у несвест за односи Окно-влада, еден ден може да бидат и де-факто исто. Начинот на кој се борат да дојдат на власт е исти како и на чичко ви Гебелс.

Што е толку лошо да се

Што е толку лошо да се пропагира некоја цел или идеја? Дали само власта има право на пропаганда? Фашизмот би рекол JA! Исто и Гебелс кога спроведувал државна цензура врз секој облик на ширење информации и врз секој облик на изразување. Дури се палеле и книги.
Гебелс ги имал државните механизми и ги користел до максимум притоа не дозволувајќи никаква опозициска мисла! Инаку наци пропагандата не би имала теоретски шанси во клима на слободни идеи.
На каков начин тоа може да го направи група која ја нема власта???
Според твојата дефиниција дури и огромните маркетингшки кампањи на Т-мобиле, ВИП, пивара и така натака, се гебелсковска пропаганда. Шират идеи кои можеби и немаат врска со вистината, нели?

Абсолутно, големите

Абсолутно, големите маркетиншки кампањи се засноваат на Гебелсовите принципи за масовна пропаганда. Мегутоа тоа не е тема сега. Она што мешаш е пропагирање на идеа или цел наспроти константен напад кон некој објект или цел на начин како што е објаснето погоре во англискиот текст Пропагирање цел или идеа е позитивен пристап, односно истакнување на позитивните елементи на нешто или некого, додека Гебелсова пропаганда е константно напаѓање и посочување на негативните работи , и окривување на одредена личност (народ) за сите проблеми. Некои колумнисти од Окно токму тоа и го прават. Не знам дали свесно или несвесно ама методот е тој.

"Пропагирање цел или идеа е

"Пропагирање цел или идеа е позитивен пристап, односно истакнување на позитивните елементи на нешто или некого"

Значи само ако нешто има позитивен пристап може да се стави во категоријата идеи со цел. Инаку се бесцелни идеите? Мислам дека силите на сојузниците и немале баш позитивен пристап во создавањето на идејата дека Хитлер е штетен за човештвото, ниту биле посебно позитивни кога ја оствариле целта - да го спречат Хитлер. Можеби требале прво малку да го испофалат по медиумите пред да влезат во Берлин.
И повторно нели, во ритамот на преродбата се враќаме на инфантилното однесување во кое власта си бара покрај доза од критика и доза на фалење, сакање, воспевање и така натаму. Зошто не пофалиме нешто? Доволно си се фалите вие самите. Зар треба повеќе.

Ова морав да ти го одговорам,

Ова морав да ти го одговорам, за да не остане во воздух само. Снимките на каменуванњето на жени не е пропаганда , тоа се документарни материјали, и воопшто не е важно кој ги снима. Мешаш реалност со "fiction". Филмот на Чаплин е плод на неговиот ум и важно е каков е неговиот ментален склоп. (ова последново многу го сакате , па си велам дај и јас да го употребам).

Добро еве, колаж од видео

Добро еве, колаж од видео снимки на исламски егзекуции склопени во докумнтарец, се пропаганда. Сакаш да кажеш дека пропагандата се базира исклучиво на фикција? Не користел Гебелс реални снимки?
Toa што Жарко лепнал само илустрации за весници не значи дека само цртани ствари се пропганда. Тие се само мал дел.

Сами по себе не се

Сами по себе не се пропаганда.Документарни слики не можат да бидат пропаганда. Монтирана порака одозгора или пропратен текст кој ги става сликите во одреден контекст е пропаганда. Теоретски, ако направите колаж од неколку вистински слики и им ја смените хронологијата или поврзаноста, всушност правите фикција, иако се работи за вистински слики.

меглена, пак не ми се

меглена,
пак не ми се веруе...
дали ти се читаш?

---се користите со истите методи како и Груевски, само со малку помалку пари.---

значи окно и груевски се едно те исто, само разликата е у пари?
едино, сакам да верувам дека ти сепак разликуваш, дека „методите„ се за дијаметрално различни цели али кој има више пари, не значи дека победуе на крај...разликата е у праведна и приватна кауза

(а џанго погоре се уздржа да не ги псова „реалните„ и „неутралните„...кои уствари не се)

а дека има антисемитизам кај тебе-има...ама немам време и за тоа...пак не си земал од апчињата

Шо е ова бе!? Ебаве

Шо е ова бе!? Ебаве коментарите...како се вика сајтов, психомегленска герила или окно? Ко мачки у февруар сте, како може некој да се пењави у милион коментари за истата работа, ко лудаци се вртите у круг и пак ништо. Идам да си ги ставам јајцата у ладна вода, ми ги вапцавте пред велигден.

1. Поголеми расисти од

1. Поголеми расисти од Англичани нит имало нит ќе има. Прашајте ги сите “колонизирани“ од сите континенти.

2. Концентрациони логори имало и во Јужна Африка и во Америка (скоро сите Јапанци биле собрани). Да почнеле “сојузнициве“ да ја губат војната, денеска ќе читавме за некој друг холокауст.

3. Според окнаши, ако дојде СДСМ на власт (пошто нема друга реална алтернатива), пари ќе почне да му дели на народот и ич нема да краде. Хумореска.

Ми се чини дека г-н ЖТ пак

Ми се чини дека г-н ЖТ пак нешто не доразбрал. Нацистичкиот „хумор“ (како што впрочем се гледа од примерите што самиот ги посочил) е вушност исмевање на цели етнички и/или социјални групи, базирано врз негативни стереотипи, а заради нивна стигматизација. Соодветен пандан во наши услови би било исмевање на „Торбеши“, „комуњари“, но и „Македоноиди“, „Хунзи“ или „небањати ВМРО-вци (со влакна во носот“. Или нему омилените „Букефалисти“. Звучи познато, зарем не:)
Од друга страна, заебавање на индивидуална основа, било да е за Грујо, Бранко или Жарко, нема врска со наци-примериве што самиот ги дал. Знам дека еден стап по свој грб боли поише од сто стапа по туѓ, но тоа ти е... живот пише романе. Штом сакаш да го раздаваш на јавна сцена, неминовно е некогаш и самиот да го изедеш. Кој не го разбрал тоа, си заслужува да биде заебаван :)

А исмевањето на „торбешката

А исмевањето на „торбешката телевизија“, се рачуна ли? Исмевањето со „Африм“ кој множи со нула, и тоа ли е индивидуална заебанција? Пропагандниот хумор против „соросоидите“ - и тоа ли не е насочено кон одредена социјална група? Повиците за линч кон предавниците, и тие ли не се насочени кон одредена социјална група? Повикот за „конечна пресметка“, против кого е насочен?

Баљак ко за груевизмот да

Баљак ко за груевизмот да пишува:

Вие не треба да мислите само на минатото. Гледајте малку што ние сега ви правиме.

Можете вие за нас да зборувате што сакате, но ние тоа никако не би ви го советувале.

Кои сме, што сме и откаде сме? Тешко е тоа да се рече а некој од нас да не се навреди.

Сите се здружија против нас, но и ние се здруживме против нас, па сме квит!

Ние секогаш имаме позитивен пристап. Она од што другите се срамат, со тоа ние се гордееме.

Ние сега веќе и со врзани очи можеме бесцелно да талкаме.

јас се занимавам со вашите

јас се занимавам со вашите мајки и сестри , додека вие лудо се забавувате. Некој треба и нив да ги одржава. Се чувствувам длабоко способен за тоа.

Да не си тампон?

Да не си тампон?

Да даде госпот Бошевски и

Да даде госпот Бошевски и Тентов да ви ги учат децата со јазико камено-розетски :)

BEL BUMBAR, AMIN! :))

BEL BUMBAR, AMIN! :))

Да живеат СДСМ и Грција! И

Да живеат СДСМ и Грција!
И хипстерите македонски да живеат!

И платените клеветници од

И платените клеветници од ДПМНЕ да живеат, ама во Идризово.

Слични содржини

Жарко Трајаноски
Жарко Трајаноски
Жарко Трајаноски
Жарко Трајаноски
Жарко Трајаноски
Жарко Трајаноски

ОкоБоли главаВицФото