1021 hPa
75 %
5 °C
Скопје - Чет, 14.11.2024 23:00
Во времето кога низ Европа се засилува антимиграциското движење и кога водечките европски политичари прогласуваат смрт на мултикултурализмот, австрискиот есеист и писател Карл-Маркус Гаус во книгата „Европејците во изумирање“ ја истражува богатата и разновидна историја на заборавените европски малцинства.
Во одличниот спој од патеписна проза, културна историја, живи сведоштва и филозофски рефлексии, Гаус нè потсетува на сараевските Сефарди, кочевските Германци, италијанските Арбреши, Ароманците и Лужичките Срби, повторно оживувајќи ги нивните спомени, но и предупредувајќи на нужноста на сеќавањето и одржувањето на разновидноста.
Оваа книга не претставува само патеписно раскажување за европските малцинства кои често им се непознати и на самите Европејци, туку таа токму денес станува патоказ и опомена да се зачува мултиетничката и мултикултуралната сложеност на старата Европа, но и на онаа Европа која допрва се создава.
Книгата може да се најде во книжарниците низ Скопје, а е во издание на Темплум.
zosto Aromanci? utka vo
Испратено на 02 април 2012 од Vlavzosto Aromanci? utka vo prevod zal mi e. toa e sekog taka zatoa sto vie ne znaete i nemate zelba da naucite nisto za ova malcinstvo.