Почина Борис Чипан

31.03.2012 13:07
Почина Борис Чипан

Еминентниот македонски архитект проф. Борис Чипан почина денеска во Скопје на 94 годишна возраст. Погребот ќе биде утре на гробиштата Бутел во Скопје.

Комеморација на Архитектонскиот факултет на Универзитетот Свети Кирил и Методиј ќе се одржи в понеделник.

Роден e 1918 во Охрид. Дипломирал во Белград на Архитектонскиот факултет 1941-та година. Од 1945-1949 работи во градежната оператива. Основач и прв директор на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата (1949-1959). Од 1949 до 1983 година работи како хонорарен и редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Изработил бројни архитектонски проекти, а објавува и научни публикации.

Го изработил проектот за МАНУ, за што ја добива "Борбината" награда за архитектура. Ги добил следните награди: "7 Ноември" Охрид; "11 Октомври" за животно дело; "Борба" награда за архитектура и "Андреја Дамјанов" САМ.

Автор е на десетина книги од областа на архитектурата, од кои од особено значење се „Старата градска архитектура во Охрид“ објавена во 1955 година и „Света Софија – катедрален храм на Охридската архиепископија“ во 1996 година.

Погледнете на Окно: Интервју со Борис Чипан, архитект

ОкоБоли главаВицФото