1010 hPa
54 %
25 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 11:59
„Љубовта кон ризикот“ е изложба која на 24 април 2012 година ќе се отвори во Музејот на современа уметност во Загреб и ќе претстави уметнички дела од збирката на дури петнаесетина француски музеи на современа уметност.
Уметниците застапени на оваа изложба се меѓународни ѕвезди на уметничката сцена. Така, покрај Paul McCarthy, Erwin Wurm и Sigman Polke, најславна ѕвезда на овој проект, дефинитивно, е Орлан, уметницата која светската слава, но и озогласеноста, ја постигна со низа пластични операции со кои во целост го измени својот визуелен идентитет.
„Реинкарнација на светицата Орлан“ е името на нејзиниот проект од деведесеттите години кој вклучува низа естетски операции кои радикално ѝ го изменија изгледот според предлошките на познатите женски ликови од историјата на уметноста. Како дел од нејзиниот манифест „Телесна уметност“, тие операции биле снимани, режирани и пренесувани во живо во меѓународни институции како центарот Помпиду или галеријата Sandra Gering во Њујорк.
Целта на Орлан со низата операции било постигнување на идеалот на женската убавина каква што ја опишувале уметниците на телесното низ минатите години. Па така, Орлан планирала да има брада како Венера на Ботичели, нос како Психо на Jean-Léon Gérôme и чело како Мона Лиза на Да Винчи. Уметницата не ги избрала тие ликови поради нивната убавина туку поради историската поврзаност.
Дијана ја избрала како предводник на жената, Мона Лиза како стандардна убавина (или не-убавина), Психо поради кревкоста и ранливоста на душата и Венера поради потентноста.
Многу од феминистките ја обвинија Орлан дека е противник на феминистичкото движење бидејќи ја прифаќа естетската хирургија, ги слави мажите и нагласува дека нејзиниот идентитет не е само женски, туку номадски, променлив и мутирачки. Орлан тогаш изјави дека нејзината работа е борба против природното, незапирливото, програмираното, ДНК, Природата и Бог.
Ден после отворањето на изложбата на 25 април, Орлан подготвува посебен настан за загребската публика: „Вечер со Орлан“, во која ќе се проектираат филмови, ќе се разговара со уметници и публиката, и ќе се потпишуваат книги. Прочитајте го краткото интервју во пресрет на настанот.
Кој проект во моментов е во средиштето на вашето внимание?
Отсекогаш истовремено работам на повеќе проекти. Во моментов работам на тродимензионални скулптури, биотехничко истражување на сопствените клетки и размислување на современите идеали за убавина низ проектот „Self Hybridizations“. Подготвувам и проект со електрохемиски сензори за Музејот на Еди Ворхол во Питсбург.
Каде наоѓате инспирација за работата?
Идеите ги наоѓам патувајќи или читајќи.
Која е последната изложба која сте ја посетиле, а ве оставила без здив?
Дефинитивно изложбата „Elles@centrepompidou“ одржана во Centre Pompidou при крајот на 2009. Целосно беше посветена на уметниците.
Кое е вашето омилено место за разгледување на уметноста?
Го обожавам Венецијанското биенале на современа уметност и галериите во Челзи во Њујорк.
Сакате ли воопшто да посетувате музеи и галерии?
Секако!
Кое е вашето прво продадено дело?
Една моја слика од 1965 година.
Кое уметничко дело би сакале да го поседувате?
Би сакала да ја имам „Света Тереза во Екстази“ што се наоѓа во Капелата Корнаро, во црквата Санта Марија дела Виториа во Рим, а е дело на Берни. Ме поврзува лична историја со тоа дело.
Која е последната неверојатна книга која сте ја прочитале?
Последната неверојатна книга што ја прочитав е потпишана од франуцскиот современ филозоф Ruwen Ogien. Делото носи наслов „L’influence de l’odeur des croissants chauds sur la bonté humaine“ (Влијанието на мирисот на топлите кроасани врз добрината на човештвото).
Постои ли филм кој ве фасцинирал во последно време?
Филмот е насловен „Darwin’s nightmare“, а е режиран од Hubert Sauper во 2004 година. Станува збор за општествените последници од рибарската индустрија во езерото Викторија во Танзанија. И бидејќи многу добро ја познавам Африка, овој документарец ме разнежни.
Во кој град најмногу сакате да живеете?
Би сакала повторно да се вратам во Њујорк.
Извор: pogledaj.to