Kакво е кинеското секојдневие?

02.04.2012 15:09
Какво е кинеското секојдневие?

Изненадувачките економски, но и општествено – културни промени кои се одвиваат во Народна Република Кина многу влијаеа на перцепцијата на Кина надвор и на самиот живот во државата.

Брзиот економски развој и потрошувачкото општество во денешницава, можеби животот во Кина го оддалечиле од неговите културни корени повеќе од големите историски пресврти. Сепак, погледната од западната страна, сликата на Кина е ограничена на неколку политички, економски или културни стереотипи. За да се покаже вистинското и човечко лице на современа Кина, тимот собран под името „Popcorn Idea Factory“ од Пекинг, предводен од Wu Xuefuo, тргнал во естетска и социјална анализа на производите кои го обележуваат секојдневниот живот на Кинезите.

Така настанале книга и изложба, обединети под насловот: „Chinese Stuff“ (Кинески работи). Критериум при одбирањето на предмети за изложбата било изложените предмети секојдневно да се користат во Кина, да го претставуваат модерното кинеско општество, што значи да се од локално потекло или да се асимилирани во кинеското секојдневние.


Така, предметите вметнати во оваа збирка зборуваат за животот на современите Кинези на раскрсницата меѓу традицијата и современото потрошувачко општество. Меѓу изложените предмети се наоѓа и популарниот кинески термос со дизајн на цвет од божур, познат и во западниот свет. Секое кинеско семејство поседува еден или два такви термоси кои можат да чуваат топла вода и до 2.5 литри. Интересно е што топлата вода од термосите претходно се користела првенствено за миење на рацете, а не за пиење. Покрај тигровата маст и лепезите, тука се и предмети непознати за западната цивилизација. Познато ни е дека Кинезите му придаваат голема важност на Фестивалот на пролетта. За да се заштитат од морските демони, Кинезите користат црвени лампиони и петарди. Денес, петардите многу често се заменуваат со електрични, слични на нашите божиќни ламби освен што создаваат и многу повеќе врева.

Освен електричните петарди, детските панталони со дупка е дел од традиционалната облека за двата пола, што ги изненадуваат западњаците. До ден денешен, кинеските деца не носат пелени, туку панталони кои ги греат нозете, но имаат и голема дупка во меѓуножјето, така што децата слободно ги извршуваат сите физиолошки потреби. Кинезите тврдат дека така децата побрзо се осамостојуваат. Додека гореспоменатите панталони ја нагласуваат разликата во поимањето на детската приватност меѓу цивилизациите, троколка- такси укажува на социјалната реалност на Кина. Таму кадешто не стигнуваат автобуските линии и не возат таксистите, свој дел од пазарот најде троколката. Иако во некои градови од неодамна е забранета поради вревата и загревањето, и понатаму е присутна во предградијата. Троколицата има седишта прекриени со платно, но денес доаѓа во метална изведба.

Во потрага за удобен живот, електронските слики станале дел од кинеското секојдневие. Многу ресторани, но и приватни дневни соби денес се украсени со такви прикази на водопади или облаци, секако со попратен звук од истите.


И додека некои нашле утеха во електронски репродуцираната природа, други сигурноста и среќата , во недостаток на религија, ја наоѓаат во идеализирање на политичките водачи. Сликите на претседателот Мао и останатите великани од политиката се наоѓаат на постери меѓу поп ѕвездите и на традиционалните амбулети и привезоци. Црвените пликоа за подарување пари, базените за нозе, детергентот „Бела Мачка“ и електричниот рекет против муви и комарци се само еден мал дел од предметите од оваа интересна колекција која нам ни разоткрива дел од секојдневието на Кинезите.

Извор: Pogledaj.to