Антиамериканизмот на медиумскиот паж

06.04.2012 10:55
Антиамериканизмот на медиумскиот паж

 „Ти не си мајмун?“

„Почитувај ја Македонија.“

Овие пораки ги испрати Миленко Неделковски преку Фејсбук. Под текстот стојат две фотографии: на првата е прикажан шимпанзо со очила – со легенда „Пол Волерс (original)“ и на втората е американскиот амбасадор со легендата – „Пол Волерс (masked)“.

Со втората фотомонтажа, Неделковски му порачува на Волерс „да не биде свиња“ и „да го почитува меѓународното право, согласно пресудата на Меѓународниот суд во Хаг, Македонија може без проблем да стане полноправен член на ЕУ и НАТО!“ На крајот, на жолта позадина стои: „За подобар свет!“

На тој начин, Миленко Неделковски даде свој придонес за еден подобар свет и за праведната борба на Македонија во овој комплициран свет.

Улогата и функцијата на Неделковски, гледано најповршно, накусо, изгледа вака: за сериозниот јавен дискурс тој е медиумски арлекин, кој не заслужува никакво внимание, а за упросечената свест, тој е само некој вид забавувач, смешен лик на телевизијата, кој во последно време сè почесто се занимава со политички теми, наместо да ни раскажува за теории на заговор, да нè внесе во светот на надчулното и оностраното или, пак, да ни изведува некакви кристијании во стилот на возач на Формула 1.

Фактот што никој сериозно не се занимава со него, треба да значи дека неговото функционирање е во рамките на очекуваниот невкус или на работ од бенигно штетното, демек, нешто крајно амбивалентно, понекогаш дегутантно и претерано а сепак, во крајна инстанца – тривијално. Меѓутоа, бегањето од Неделковски говори и за еден страшен конформизам. Поточно би било да се каже дека се работи за страв, бидејќи тој се доживува како заштитена телевизиска ѕверка.

Со експонирањето на Неделковски пред телевизиската публика, Македонија го доби својот вистински медиумски паж.

Неделковски не е првиот македонски паж. Таа слава му припаѓа на т.н. Јанко јади бурек. Но, Неделковски е подиректен, поагресивен и е политички погабаритен. Овој нов феномен во македонското новинарство заслужува посебна анализа. Не постои поголема навреда за македонските медиуми и за македонското новинарство од инсталирањето на пажеви на телевизиите. Не е забележан посилен удар врз телевизиската публика и, воопшто, врз македонската општественост, откако пажевите станаа телевизиски фронтмени или главни телевизиски ѕвезди.

Што значи да се биде паж? Пажот е упатен на владетелот. Нему и само нему, му е дозволено да му кажува на кралот она што сите го мислат, но не смеат да го кажат. Но, пажот го изведува тоа во камерна, фамилијарна атмосфера. Пажот е дел од таа ренесансна оргијастика, кога кепецот ја презема улогата на единствен опозиционер на дворот на владателот, па и во целото кралство. Оттука, пажизацијата на телевизиите е само еден од индикаторите дека во овие шест години Македонија потона во предграѓанска фаза, во светот на апсолутната моќ. Од аспект на медиумите и на јавноста, не постои појасен пример од тоа дека работите станаа луди и неподносливи откако Миленко и Јанко се главните креатори на јавното мислење во Македонија.

Аудиториумот на кому му ставија лудачка кошула сега треба да се чувствува кралски. Тоа е втората траума што се носи врз колективната свест откако Миленко и Јанко нè прават сите луди, а сите ние сè уште веруваме дека нормалното е некаков важен критериум во животот. Ние не сакаме да си признаеме дека сме го загубиле контактот со нормалноста, меѓу другото и поради присуството на ваквите пажеви во јавниот дискурс.

Значи, пажевите кои загосподарија со телевизиите, треба да ги кажат најболните вистини и да ги изговорат потиснатите мисли што чмаеле долго во македонската транзициска свест. Притоа, пажевите користат и една ренесансна алатка. Тоа е маската. Таа станува парадигма за она човечното, но и за она скриеното во него. Во духот на ренесансната свест, за што најголеми репрезенти се Монтењ и Шекспир, маската ја симболизира играта помеѓу вистината и лагата.

Затоа, Миленко Неделковски, иако ни изгледа шашаво и лудо, ни се чини како човек кој барем не носи маска. Тој не крие што мисли. Тој не се плаши да го изговори она што кај многумина е табуизирано, на пример, какви се вистинските ставови на Македонците кон Албанците. Ако не се носи маска, тогаш е полесно е да се симнуваат маските кај другите. И Неделковски го прави постојано тоа. Тој ја демаскира опозицијата, невладиниот сектор, новинарите, непатриотите, Американците...

Така доаѓаме и до антиамериканизмот, тема која предолго ја држиме под тепих и која станува парадигма за нашата хипокризија. Оттука, треба да расчистиме една принципиелна работа: да се изнесуваат антиамерикански ставови, дури и во форма на она што ја избра Неделковски на Фејсбук, во тоа нема ништо спорно или соблазнувачко. Сето тоа е супсумирано во начелото за слободата на изразот. Никој нема право за ваква или за која било друга тема да пропишува што е дозволено, а што не е. Проблемот е во нешто друго.

Зошто Миленко Неделковски станува сега пионер на антиамериканизмот во Македонија? Зошто таа привилегија не му ја препушти или не му припадна на некој повиден национален деец, на пример, од типот на Светомир Шкариќ?

Наједноставниот одговор е: оваа тема е како родена за медиумскиот паж! Имено, ем се изразуваат потиснати ставови и стереотипи, ем се навестува она што нè чека во иднина. Точно, но ако е така, тогаш работите добиваат на супстанцијалитет и треба да се наречат со вистинското име. Ние можеме Неделковски да го третираме како тривијален и смешен, дури и како ирелевантен, но работите добиваат друга димензија кога ќе се констатира дека медиумскиот паж го изразува режимот, односно, дека Миленко Неделковски е во служба на власта. Или, уште поточно – во служба на Никола Груевски.

Миленко Неделковски во своето телевизиско шоу постојано истакнува дека нему му е најблиска идеологијата и политиките на ова ВМРО-ДПМНЕ. Неговото шоу се емитува на телевизија што важи за отворено провладина. Неделковски е омилен домаќин на сите луѓе од власта. Тој е единственото телевизиско лице во плурална и во независна Македонија кој во интервјуто со претседателот на Владата, т.е. со Груевски, му се обраќал на премиерот „на ти“.

Затоа, вистинското прашање не е што Миленко прави, туку зошто Владата или партијата на власт не реагира. Поточно, главното прашање е кој е вистинскиот став на Владата во однос на македонско-американските односи.

ВМРО-ДПМНЕ знае да штанца и по десет соопштенија на опозициски пресови или веднаш да реагира ако оцени дека погрешиле некои поединци или некоја невладина организација. Александар Бичиклиски, на пример, неодамна побара од Мирослав Грчев да му се извини на македонскиот народ по интервјуто што го дал за бугарски медиум за „Скопје 2014“. Ако ВМРО-ДПМНЕ не сака да ги осудува јавно своите симпатизери, тогаш, зошто не избра некоја форма на дистанцирање, бидејќи, барем тоа е јасно, постапките и изјавите на Неделковски не се во функција на „одличните односи помеѓу Македонија и САД“? Но, партијата на власт и Владата останаа неми. Впрочем така постапија и откако Неделковски најгрубо ги навредуваше Албанците или, пак, отворено се залагаше за ревизија или за напуштање на Рамковниот договор.

Така, благодарение на Неделковски, одново се доаѓа до темата за маските во политиката. Но, тука, Неделковски, кој е медиумскиот паж на власта, на начин што ќе доминира во најмоќниот медиум, не е медиумот низ кој ќе ни се каже вистината. Сепак, судбината на пажот е да го задоволува само владетелот. Јавноста, во овој случај, малку ќе почека во однос на вистинските позиции на власта.

Владетелот, засега, молчи. Но, пажот ни откри дека неговиот надреден носи маска. Тоа, на многумина им е одамна јасно, но требаше потврда и од другата страна. Во втората фаза, кога маските ќе паднат, односно, кога ќе излезе на виделина како оваа Влада ги замислува да изгледаат македонското-американските односи, тогаш навестувачот ќе се преобрази во објаснувач.

Гледано објективно, истрчувањето на Неделковски со навредите врз Волерс е некој вид безжична телеграфија за вмровското членство. Ако Вашингтон го заостри курсот спрема Скопје, што е многу веројатно, но никој со сигурност не може да го предвиди кога и како, тогаш, треба да се очекува дека Владата ќе се вовлече целосно во нациналистичкиот оклоп и, нормално, ќе почне да емитува антиамерикански пораки. За разлика од порано, кога само Европа беше обвинувана за непринципиелност и за некоректност, во иднина, на ударот од вмровската пропаганда ќе се најде и американската политика.

Но, Вашингтон нема да се потресе од антиамериканизмот во Македонија. Без оглед какви форми и интензитет тој ќе добие, антиамериканизмот ќе биде претстава само за домашната публика. А и главните актери, исто така, ќе бидат домашни.

Со еден збор: антиамериканизмот е нашата домашна задача.

Извор: globusmagazin.com.mk

Слики: Свирачиња

Среќа те имаме тебе Мицковски

Среќа те имаме тебе Мицковски пажу про-американски! No worries Mr. Wallers Mickovski loves you, ignore Milenko he`s just a comedian. In fact we all love you and your american global politics. Секој пат кога Волерс ќе рече да во ред е одлуката од Хаг ама вие треба да го решите името или пак кога ќе рече во ред е поддршката од некои американски конгресмени ама вие треба да го решите името, ние Македонците треба да му аплаудираме? Или барем да си ќутиме да си траеме. Многу интелектуално, за овој молк на интелектуалците дробите на Окно веќе со месеци или за нешто друго?

А што мајка бараш гнидо да

А што мајка бараш гнидо да читаш на окно. Земи и бранисиго името, ебати името. Па ако сакаш испикај си го во газот.

Остај ги преродените на раат.

Остај ги преродените на раат. Тие се најверни читатели и коментатори на ОКНО. Тоа значи дека работите искажани тука дефинитивно ги електро-шокираат нивните зачмаени неврони. Нивната реакција е всушност страв дека можеби написите овде ќе им ја растурат аугментирана реалност.

Има една работа, а тоа е

Има една работа, а тоа е кичот го пали ропакот, а ропакот секогаш се ексцитира од вистинската естетика. Витгенштајн викаше дека фактите се логичкиот простор на светот, а него одделувајќи го од лудилото на солипцизмот. Неодамна еден неписмен другарац кажа дека објективното ти било договор на неколкумина солипцисти. Колкава може да биде веројатноста да Милојковци и Јанковци ги интегрираат овие дебили на таа вистина, крајно игнорирајќи го тлото на фактите како здание на светот.
Иако на Африм- ака дебиљ Милојко, не треба да му се даде толкаво значење, иако тој како катализатор на дебилнава наша забегана „маќедонска нација“, (пред се „млада“) носи одговорност исто колку и онаа на Гебелс и Хитлер (за нивната нација и млада - се надевам нашава нема да заврши како нивната), мислам дека инспиративниот момент на создавање на вакви колумни е доста битен во нашето општество.
Ќе кевкаат медиокритетите, после распарчените им ануси од оргиите на нивните водачи, а сето тоа кога веќе хемороидите ќе им се развлечат до колена.

Овој филм со власта и

Овој филм со власта и пажовите го гледавме пред петнаесеттина години во непосредното соседство. Па заврши со тоа, што Владетелот заврши под една селска слива, народот си е поделен, НАТО се „зликовци“ и со народни кујни во речиси сите градови и Војводина која ја хранеше цела екс-Југославија. Ние немаме (или можеби и имаме) некој од калибарот на Ѓинѓиќ, да се подметне како жива цел за спас на својата татковина.
За жртвите да не зборувам... Недоделковски ќе си замине кај тие против кои “лае“, другите исто ќе фатат џаде...А ние ќе си останеме да ги расчистуваме валканиците „седум колена“ однапред...

Само смени ги газдата, метата

Само смени ги газдата, метата и пажот (што 100% може да биде авторот на текстот), и добиваш сосема логична и кохерентна приказна „од другата страна“.

Тоа е тоа.

Тажната работа кај групава од

Тажната работа кај групава од „Окно“ е тоа што се контрадикторни во главната теза, односно самите себе си се негираат. Имено, главната теза им е дека тие се витезите на слободната мисла во Македонија (на што јас сум склон да им верувам, но ...), а од друга страна, она што се провлекува како контекст (скриена теза) во сите нивни текстови е ставот дека такво нешто како слободна мисла - не може да постои. Во склад со таа логика, секој нивен критички став кон некого или кон нешто, задолжително завршува со заклучокот дека таа конкретна негативност или личност, која се критикува, мора да е масло на Груевски или е некој којшто е во служба на Груевски. Во тој дух е и овој напис на Васил Мицковски: не е можно Јанко Илковски и Миленко Неделковски да размислуваат со своја глава и да изразуваат свои ставови, тие се само пажови на Груевски. Ја следам емисијата и на едниот и на другиот и и кај двајцата има работи што не ми се допаѓаат, но тоа го толкувам како резултат на нивната индивидуалност и култура и не гледам зошто сето тоа би требало да го поврзувам со Груевски. Од истата причина, антигруевистичкава преокупираност на Окнашиве не би ја објаснувал со некакво нивно бранковистичко пажество, туку ја сфаќа само како израз на одредени нивни лични опсесии и фрустрации.

Јас, пак, мислам дека

Јас, пак, мислам дека комуњариве љубоморат што не можат тие да го прават тоа што го прават Вмровците. Најмногу пењават за најпопулистичките проекти, како и за наводното крадење. Исто и за наводната гебелштина и за изградбата на Скопје.

Било да се работи за градење, пропаганда или крадење, ќе пукнат од мака што тие не го прават тоа.

Некој го ебат, знае дека го

Некој го ебат, знае дека го ебат, не му е убаво, ама Милојко го убедува дека е убаво. Така Милојко го убедува дека на други им е мака што не биле ебени. Која перверзија на мислата и логиката лејдис енд џентлмен. Ова само кај лажните антички закржлавени макидонци.

Е добро де момци, правел

Е добро де момци, правел мајтап со некој си амбасадор на САД.
Соу уат д фак?

Не контам зошто уопште ликови како Миленко или Јади бурек се ставаат во статија, освен ако не си ги браните своите табори па се препуцавате секој на својот медиум.
А се на тоа алудира.

Мислам дајте веќе доста и миленкоиди и соросоиди и бурекоиди, бранковисти и груевисти и пичке си материне-иди.
До курца веќе со вашите патолошки проблеми.

Или дајте некои сериозни решенија против проблемите или ајде гасете сајтов!!

Или сепак најубаво продужете со рубриките поради кои вреди окно да се посетува.

Milenko se sto pravi sega e

Milenko se sto pravi sega e povrzano so samitot vo Cikago , celta e mnogu jasna da se isplukaat amerite za da ne vlezeme vo Nato.Taka ke mozat tie da si vladeat srekno do krajot na zivotot.A Milenko ke ni bide novinarot so najmal IQ vo svetot ,koj ima svoe tok show za perenje mozoci , plukanje po se sto mrda i sekakvi drugi svinshtini na nasava tranziciska demokratija.

До Левиот.Ова твоево баш нема

До Левиот.Ова твоево баш нема логика. Според тебе, Миленко е ем владин мегафон, ем сака да да го спречи влегувањето во НАТО, а ако таа желба (да не влеземе во НАТО ) му се остварела, тогаш вмровците би владееле среќно до крајот на животот. На секој кој малку ги следи работите му е јасно дека, ако на оваа влада и' успее да не внесе во НАТО, дури тогаш никој не ќе може да ја победи и дури тогаш би останале да владеат среќно до крајот на животот.

ОкоБоли главаВицФото