Куќа во која растат дрвја

06.04.2012 11:59
Куќа во која растат дрвја

Сместена во густата шума на ридестата област Санта Розалија, близу главниот град на Гватемала, Гватемата Сити, прекрасната Casa Corallo, која е дизајнирана од студиото Paz Arquitectura, ја интегрира постоечката шума директно во внатрешноста на домот.

Според авторите на проектот, целта им била да ги зачуваат веќе постоечките дрвја и да ги „вметнат“ во просторот кој е наменет за живеење. Целиот кат нема столбови, а промената во нивото на подот ја следи топографијата на теренот, односно земјиштето на кое е изградена куќата. Фасадата на овој објект е главно од стакло, со цел да ги поврзе ентериерот со екстериерот. Главната структурна компонента на оваа градба е бетонот, кој е прекриен со рустикална дрвена текстура која одговара на околината.

Куќата наречена Corolla, со својот уникатен дизајн, е прекрасна и однатре и однадвор. Погледнете како изгледа сето тоа.

Извор: twistedsifter.com

ОкоБоли главаВицФото