Смрт на политиката, слобода на народот

07.04.2012 10:42
Смрт на политиката, слобода на народот

Еден од најдобрите написи во серијата под наслов: „Што би било, кога би било“ во Македонија, сигурно, би бил на тема деполитизација. Тоа е еден раатлак за кој сонуваат повеќето граѓани тука, но, воедно, е еден далечен сон што го гледаат како реалност само во други земји. Но, сите гледаат дека тој сон се остварува дури и во, за нас до вчера толку ненормални земји, Албанија (бункери), Србија (Милошевиќ), Бугарија (две чрвени). Земји што, веројатно, до пред некоја година, кога пееја: „Во светот постои едно царство, во него царува...“ – мислеа на Македонија!

Сигурно има многу за објаснување како ние станавме толку терсене, иако не изгледаше дека бевме наопаку, но сето тоа ќе да се врти околу двете категории: простор и време.

Така, за просторот место само да запишеме дека куќа на друм не се гради, ние требаше токму од тој таксират куќата да ја зацврстиме. Имено, ако веќе Македонија е на друм на секакви патишта и комшии, тогаш требаше да биде секогаш отворена, дури и без патарини. А не вака како што е сега: душмани наоколу, душмани надвор, душмани внатре и, на крај, сами на себе душмани и детонатор! Исто така, ако Македонија е толку зависна од регионот, тогаш сигурно не е доволно да се читаат само „НИН“ и „Политика“. Поради тоа што таму ништо не пишува за, на пример, колумната на Пандели Мајко, која на десет пати беше реобјавувана во грчки и во албански медиуми и во која се зборува за перспективите на грчко-албанските односи со приличен акцент на Македонија и на овдешните албански политичари. Исто така, не пишува ништо во тие два медиума за, на пример, Бугарите во Албанија и во Косово?!
Категоријата време, од друга страна, би можела да се илустрира со многу погрешни моменти, но генерално со несовпаѓањето на еден термин. А тоа е дека ние досега ја јадевме Македонија, пред да ја изградиме или да созрее. Се однесуваме некако слично на посредувачите за тендери, кои велат дека има случаи кога рушветот се реализирал пред реализација на работата!

Како инаку освен со погрешно време се објаснува приватизацијата пред денационализација или лустрацијата по толку политизација и партизација? А, притоа, дури во даден момент се прогласува крај на денационализацијата, од прва, а лустрацијата се тера дури и на трета мајка, со нова категоризација за моќници или олигарси што и тоа како се поврзани токму со денационализација и со приватизaција! Тогаш не е за чудење дека ќе излезе некој што ќе спречи да се одземат запленетите дрва од, веројатно, сè уште, неденационализираната шума во Берово. Или дека, просто, од сомнеж, граѓаните нема да поддржат ни одличен предлог-закон за забрана за сушење алишта по балкони. Како што е очигледно дека новата формулација олигарси е посебна за некој или за некои, така и овој предлог-закон е веројатно само за да му се уништи бизнисот некому, а не навистина да се воведе ред во сушењето алишта! Веројатно за некој увозник или производител на штипки?!

Има два начина да се стигне до деполитизација. Едниот е убав како во сон, секој најдобро да си ја прави својата работа и сè да биде нормално. И другиот, веројатно како кошмар што ни се случува, а кој се вика апатија. До првиот пат се стигнува преку одговорни политичари, институции и малку правна држава, а до другиот се стасува вака како што стасавме, губејќи го лезетот и од политичари и од институции. Но, сè додека е светот ваков и треба да се има држава, ние треба да го сонуваме првиот пат за постигнување деполитизација, инаку крајот на денационализацијата може да добие поинакво, буквално, значење: денационализација!

Дотогаш, значи сè додека политичарите не ја прават својата работа најдобро што можат, нема да нè одвратат од политиката. Дотогаш новинарите ќе пеат, возрасни и веќе фамилијарни луѓе ќе толкуваат што е тоа семејство и, ете, дури ни овие колумни нема да бидат посветени на театарска претстава или книга. Дотогаш ќе треба од претстави и книги да го избираме Бертолт Брехт, кој напишал: „Најлошиот вид неписмен е политички неписмениот. Тој не слуша ништо, не гледа ништо, не се вклучува во политичкиот живот. Тој не изгледа како да знае дека цената на живеењето, цената на гравот, на брашното, на киријата, на лековите, сите зависат од политички одлуки. Тој дури се гордее со својата политичка индиферентност, ги крева градите и вели дека мрази политика. Тој имбецил не знае дека од неговата политичка невклученост доаѓаат проституцијата, напуштеното дете, крадецот и најлошо од сè, корумпираните политичари, потрчковците на експлоатативните мултинационални компании“.

Извор: Фокус, 05.04.2012

Слики: Свирачиња

Интересно е да се види текст

Интересно е да се види текст на тема „деполитизација“, со еден куп „прогресивни идеи за општество на кое не му треба власт“, и слични гом*а.
Ама уште поинтересно е кога ќе видип ваков текст, напишан на сајтче кое го поседува човек кој добива парички од СДСМ за да пишува вакви текстови.

Среќа има луѓе како вас кои

Среќа има луѓе како вас кои за беспари, т.е. „за Македонија“, ни ги отвараат очите пред секоја сдсмовска ујдурма.
Кај ќе ни беше крајот!?

Изгледа не ме

Изгледа не ме сфати.
Оксиморон е, Никола, да се пишува дека на народот не му е потребна политика - а истовремено да се биде член на СДСМ.
Сега, ме разбираш?

Идиоте, Рамадани не е член на

Идиоте, Рамадани не е член на СДСМ. Никола Гелевски не е член на СДСМ. СДСМ не го финансира Окно. Луѓето (Рамадани, Гелевски, ти самиот, идиоте) имаат право на сопствено мислење, независно дали се финансирани или не. Но, немаат право да лажат, крадат и манипулираат. А тоа ти, идиоте, го правиш, за сметка на мафијашката Фамилија, која потроши стотици милиони евра изминативе години за да корумприра такви дебилитети ко што си ти, „Комшија“.

УУуу, те чепнав кај шо не

УУуу, те чепнав кај шо не треба, па почна да пцуеш? :)
Патем, не реков дека немаат право на нивно мислење (сите тие слободоумни ултрапрогресивни уберкул соросоиди), иако навистина сакам да ми покажат дека имаат нивно мислење - различно од она што им го налага Наташа Савова во еден мејл неделно.

А она што го реков, е дека е глупаво, бесмислено, дволично, да се пишува некаква си пишанка за деполитизација - а истовремено да се биде дел од политичка организација како СДСМ, или организација која е тесно поврзана со СДСМ, и финансирана од СДСМ. Е баш тоа е „лажење и манипулирање“ бре убав :)

И не грижи се за луѓето како мене, кои не пишуваат нарачани глупости за да добијат пари и кои не работат на грбот на некаков Фонд (Сорос, државен, сеедно).
Грижи се за твојата мајка.

Идиоте, што сакаш повеќе?! Ти

Идиоте, што сакаш повеќе?! Ти беше речено: Рамадан Рамадани си кажува ставови. Окно ги пренесува од Фокус (оти Фокус не е на интернет). Каква врска имаат ставовите на Рамадани со оние на Гелевски со оние на СДСМ со оние на Сорос итн.? Никаква врска. И ти упорно, идиоте, ја форсираш својата глупост, на истиот начин на кој својата глупост Фамилијата ја тренира врз Македонија шест години.
Значи, идиоте, пак те прашувам, што сакаш? Да му забраниш на Рамадани да мисли? Да му забраниш на Окно да излегува? Да го забраниш опозиционерството во земја во која ионака опозицијата е сведена на декор?
Да, Окно прима пари. Крајно скромни пари, околу 1000 евра месечно, во просек, наназад три години. Парите се од ФООМ. Никаква врска нема со СДСМ.
За тоа време, идиоте, пак ти повторувам, Фамилијата потроши неколку стотици милиони евра за пропаганда. Дневните суми на груевистите за агитпроп ги надминуваат тригодишните суми за целокупното функционирање на Окно. И тебе ти боде очи постоењето на Окно, идиоте?!

Коља би објавил текст и од

Коља би објавил текст и од Joseph Kony само ако овој плука по Груевски. Тоа не значи дека Kony е комуњар, само дека Кољa има патолошка омраза кон Груевски.

Ако е вистина дека добиваш

Ако е вистина дека добиваш само по 1000евра месечно за пишанките во окно, време е да побараш повеќе.
Героски за Плусинфо зема двојно повеќе од твојата сума само за себе, башка нешто кикирики за другите што си играат новинари околу него :)

Да бидам искрен, ич не ми пречат медиуми како окно. Таман се! Глумат некакво сопствено мислење со реченици сковани од клучните зборови како „актиквизација“, „диктатура“, „фашизам“ итн., кои ги добиваат на неделно ниво од десната рака на Црвенковски.
И додека реално не покажат мислење кое не е 100% еднакво со она на Б.Ц. - медиумите како окно не претставуваат никаква опасност за оние кои „Коља патолошки ги мрази“.
Оти се проѕирни.

Батка, идиоте, ти си слика и

Батка, идиоте, ти си слика и прилика како Фамилијата и нејзините загари/кербери од твојот тип, ги разбира/ат медиумите. Точно е дека Фамилијата ги контролира речиси сите медиуми во мк и точно е дека Фамилијата мисли (како што велиш ти, „Комшија“) наместо нив. Во вашиот свет, Комши, не постои мислење надвор од мафијашките центри на моќ и не постојат медиуми кои се само тоа: просто медиуми (кои ги објавуваат мислењата на луѓето и се бават со јавната кауза). За вас, бавењето со јавната кауза е мафијашка работа. На подмитување, заканување, кинење глави. Ради тоа секој оној што не мисли како вас ве влече накај конспирација: Рамадани-Црвенковски-Героски-Гелевски-ЕУ-западоиди-комуњари-предавници-курви итн. - низата е бескрајна во параноичниот ум на мафијашот. И што можеш ти, јаден идиоте, да кажеш за квалитетот, за опстојноста на кој било медиум, па дури и оние најниските, што служат за полициски пресметки и за отстрел? Што ти е тебе, јаднику, проѕирно, кога твојата интелигенција не го надминува бројот на чевлите што го носиш?! Кај се научивте, бе, сељачано, со таква леснотија да давате оценки за тоа кој е предавник, кој е бранковист, кој е платеник итн.? Најпосле, зашто малку не уживате во тоталната моќ што ја имате?! Зашто малку не се опуштите? Ги имате сите пари во земјава, сите директори, сите медиуми, целото судство, целата полиција, секое ковче во земјава можете да го прекршите со леснотија, како јагнешко вратче, и вие пак доаѓате овде и си се плашите самите себеси од Окно?! Знаете зашто, затоа што дури и мртво Окно ќе зрачи поснажно од сите ваши медиуми! Како што денес зрачи А1. Мртво, ама неосвоиво, ненадјебиво, за вјеки вјеков. Сите криминалци на Фамилијата само можат да го развлекуваат лешот на А1 (книгите горат, ама буквите одлетале) за на тој начин да се справуваат со страшниот комплекс на пониска вредност. И нормално, нема да се справат. Само дотолку ќе се закопаат во мизеријата.

Коља, апчињата! По сто пати

Коља, апчињата! По сто пати ли да те потсетувам!

Аман више...

Рамаданчо не е член на СДС,

Рамаданчо не е член на СДС, Никола Гелевски е член на СДС. Рамаданчо е само вахабист и иницијатор за изградба на Бурмали Џамија на плоштадот Македонија во Скопје. Воедно истиот е и колумнист за Фокус и ОКНО. Прекрасни медиуми кои се толку либерални пто дозволуваат и вахабисти и бомбаши самоубијци да пишуваат само и само доколку се против Никола Груевски.

Значи Рамадани не е против

Значи Рамадани не е против Груевски, тој веќе го победил. со невладина и без свои медиуми. памтиш црквата што ја сонуваше грујо за инат на Костовски, е таа ја нема више...и ова вехабисти бомбаши не трошете залудно...не личи на влада која е гранатирана во 2006 од прости мафијаши и тепана на Кале од обични навијачи, да се расправа со толку големи работи...

Во целиов муабет има некоја

Во целиов муабет има некоја поента на крајот. ОКНО со 1000 евра месечно сериозно и парира на владината милионска пропаганда. Тоа го признаваат дури и преродениве кои чкртаат страници и страници коментари како обид да го оцрнат ОКНО. Ако ОКНО е безбезе, чуму толкава врева тука?

Психогерила, Окно не е

Психогерила, Окно не е безвезе, туку Окно е киднапирано од неколку фрустрирани типови, и наместо промотор на слободни идеи се престори во простор на промоција на омраза, депресија и партиски агенди. Сите различни мислења се дочекани на нож, погледни го само коментарот на Окнаш. Како таков коментар ќе привлече млади луѓе кои сакаат уметност и сакаат да придонесат за подобра средина и култура на живеење и имаат што да кажат. Кое добро може од тоа да да се роди? После два коментара дискусијата се претвора во навреди и дисквалификации.
И на крајот можеби имаш право , тогаш чуму Окно?

ОкоБоли главаВицФото