ИНДИД

08.04.2012 18:34
ИНДИД

ИНДИД!!! МЕДЕНО ЛАСО И РАБОТИЛНИЦА ЗА СТОМАЧЕН ТАНЦ!  

Проект АНДАН- осудени на пишување и креирање музика

Осудени на пишување и креирање музика, ослободени од какви било граници и подготвени за етерот на публиката, како океан во капка, НАВИСТИНА (англ. Indeed), Незавршениот Проект (Undone Project) се уште не престанува да ги смирува и рециклира човечките души. Додека оние што млатат празна слама се под рефлекторите, Проектот Андан (Undone Project) гази на запалени цигари и скршено стакло само за да почувствува дека е жив. Нивниот нов албум наречен ИНДИД ќе биде промовиран следната среда на 11ти април, во клубот Менада во Скопје, заедно со најновата книга поезија  МЕДЕНО ЛАСО на Ронит Бергман.  За работите да бидат уште позачинети, израелската професионална танчерка Тали Саднаи ќе реализира и работилница за стомачен танц, па сите што се заинтересирани да научат нешто од оваа ,,проблематика”, можат да се пријават на info@odaconnexio.mk.

 Албумот ИНДИД е снимен во студиото Профундус, автор, изведувач и продуцент на музиката се Ронит Бергман (вокал), Доријан Јовановиќ (бас, уд, перкусии, ефекти) и Филип Митревски (пијано, гитара, кавал и перкусии), а текстовите се дел од стихозбирката Медено Ласо. На албумот има 11 песни од кои 2 се на хебрејски, 2 на македонски, а останатите на англиски јазик.


Ронит Бергман,  главната креативна сила на проектот Андан, е харизматична мултидисциплинарна артистка- музичарка, поетеса и актерка. По потекло од Хаифа, Израел, почетокот на нејзината кариера ќе остане запаметен како лидерка на култниот израелски бенд Пластик Венус. Најголемиот дел од својот живот го има поминато творејќи во Англија, а денес со своето семејство живее и работи во Македонија. За својата нова книга поезија вели дека е резултат на нејзиното проучување на суштината на односот и хармонијата меѓу  човекот, природата, љубовта и Бог, и на нејзината фокусираност на односот помеѓу мажот и жената, различноста и целината.


Специјални гости на настанот ќе бидат Проф. Елизабета Шелева која и ја препеја поезијата на македонски, авторот Зоран Тортевски (од групата МИЗАР и Хармонсини) и Круме Стефановски.


Времето е престорено во простор онаму од каде што доаѓаат... Мора да се сретнете со нив во пабот  на земјата и да дојдете навистина близу до звучниците за да чуете дали сте и вие живи... Секунда на збунетост може да направи чуда за вас!!!


МЕНАДА, 11 АПРИЛ, 20.30 ЧАСОТ!!!


П.С. Не заборавајте да ги понесете своите љубовни маски!

 

 

Локација: 
Менада
Повеќе инфо: 
www.odaconnexio.mk

ОкоБоли главаВицФото