40 години борба против цензура

10.04.2012 12:23
40 години борба против цензура

За да обележи 40 години од своето постоење, списанието „Index on Censorship“ овозможи бесплатен пристап кон сите свои претходни изданија онлајн.

Во последниот број, уредникот Jo Glanville ја нарекува архивата „литературно богатство и историски документи за екстремното однесување на луѓето – од најнехуманите постапки до најхрабрите“.

Семјуел Бекет, Надин Гордимер, Салман Ружди, Грахам Грин, Ана Политковскаја – се само некои од многутте истакнати писателски имиња, чии дела, од 1972 година па навака, се објавувани во овој реномиран часопис кој ја негува слободата на говорот.

Индекс започнал со работа во склоп на организацијата „Writers and Scholars International“ основана од Стивен Спендер (Stephen Spender) во 1968 година, како одговор на несреќите на советските дисиденти. Прво се фокусирал на СССР, за потоа да се прошири и на другите источноевропски земји, а во 1980 година и на Латинска Америка, Африка и пошироко. Индекс „јасно стави до знаење дека цензурата е глобален проблем што ја мачи демократијата исто како и диктатурата“. Роберт МекКрум, помошник уредник на списанието „The Observer“, пишува: „Во долгата и крвава историја на борбата за интелектуална слобода постојат многу инспирирачки изјави за улогата на писателите како тркало во машинеријата на државата. Никој, меѓутоа, никогаш не ни помислил да ја стави целата кутија заедно со алатите во машинеријата на моќта“.
Архивата на списанието „Index on Censorship“ е достапна беплатно во период од 40 дена почнувајќи од 26 март, а после тоа читателите до крajот на 2012 година ќе имаат пристап на изданијата објавени пред 2010 година.

Овде можете да ја видите архивата на списанието Index on Censorship.

Извор: 6yka.com

е-Фала. (-;

е-Фала. (-;