Активни и пасивни, фраери и педери

10.08.2009 10:15
aktivni.jpg

Инспирирана од текстовите на Луман и на Вуна , особено од неговото предупредување за горливоста на фудбалските теми, не можев да останам рамнодушна токму кон парадоксот на истовремената хомофобија и хомоеротичност во доминантно машки или маскулинистички средини.
Ирационалноста и парадоксот на двата бинарни опоненти врзани во еден став можеби најјасно се исчитува во навивачките песни. Еве неколку примери од навивачките песни на Комитите (навивачката група на фудбалскиот клуб Вардар од Скопје);


„Тапани чукаат, пееме ние/ јадете гомна, педери сте вие...“ (За скопски Вардар)

Ако дотука е јасно, чекајте да ги чуете останатите песни.

„О Сузана го ебам Пелистер/ ја ебам цела Битола и Чкембарите...“ (О, Сузана; Чкембари се навивачи на фудбалскиот клуб Пелистер од Битола)

„Сум ги ебел сите Чкембари/ сум ги ебел сите Чкембари/ за да знаат кои се Комити“ (Тапан чука)

Феминиризањето на противникот (во случајов, спортскиот противник) е начин на негово навредување, исмевање, потценување на силината и слично. Феминизирањето се одвива низ етикетирање на противниците (во случајов, навивачите на противничкиот тим) најчесто како педери, потоа пички и слично. Истовремено, во навивачките песни многу често се споменуваат сексуални чинови меѓу навивачите на два спротивставени клуба во кои оние кои пеат ја преземаат „активната“ улога наспроти улогата која ја има пасивниот субјект (можеби речиси објект) во сексуалниот чин, улога која секогаш му се дава на противникот.

Следејќи ја оваа логика, испаѓа дека хомосексуалниот секс воопшто не е проблематичен. Се проблематизираат улогите, сексуалните улоги во име на распределба на моќта, во име на маскулинизмот и мачоизмот на коишто редовно се инсистира во доминантно машките средини. Најголем доказ за ова се сексуалните акти во затворите за мажи. Точно се знае кој е ебач, а кој е ебан во таквите контексти. И повторно, самиот секс меѓу мажи останува непроблематичен, апсолутно игнориран (се разбира, само во тие контексти, во споменатите средини).

Сузан Бордо во својата книга „Читање на машкото тело“ зборува за искуствата кои ги доживуваат мажите во некои доминантно машки средини, но и на комплицираните места како што се касарните или спортските сали (со заедничките соблекувални и со заедничките туширања). Во контекст на дебатите и контроверзите околу просторите за заеднички пресоблекувања и туширања меѓу мажите-војници, спортисти и слично, Бордо тврди дека аргументите против ваквите „машки собирања“ ја немаат своја крајна цел во регулацијата на „педерските понашања“, туку нивна цел е „заштита на хетеросексуалните мажи од нивните неприфатливи мисли и чувства“. Внимавајте, Бордо воопшто не тврди, како што можеби на почетокот се претпоставува, дека хомофобијата претставува латентна хомосексуалност. Сосема спротивно, таа речиси ја исклучува таа опција. Нејзиниот фокус е свртен кон погледот и кон загрозениот маскулинизам.

Ако сте биле некогаш на банкет на некој ваш познаник кој се спрема да оди во војска тогаш сигурно сте го забележале неодминливиот подарок - сапун во кој е пробушено дупче низ кое е провлечена заврзана врвца. Целта на овој подарок е исмевање на ситуациите кои следат во просториите за заеднички туширања. Доколку лизгавиот сапун му падне од раце на војникот тој ќе мора да се наведне и да го земе, поставувајќи го своето тело во една специфична поза. Наведнат по сапунот она што најмногу го изложува на погледот е задникот. Задник во кој сега можат да гледаат сите војници. Помеѓу сите тие војници можно е да има хомосексуалци. Но повторно, на интересен начин, најхомофобичните луѓе се против излегувањето од плакарот и тие се големи противници на спознанието кој е „педерот меѓу нас“. И војниците со заврзан сапун околу вратот (спас од наведнувањата) не сакаат да знаат кој меѓу нив е геј. Она што е важно е чиј задник ќе биде сокриен.

Спознанието дека геј мажот гледа во стрејтерот е различно доживувано. Сите сме чуле дека ова спознание за ортодоксните хетеросексуалци е опасно поради будењето на нивната латентна хомоеротичност. Понатаму, доста е пишувано за ова спознание како за позиционирање на стрејтерот во улога каква што ја имаат жените кога се гледани од него. Но Бордо смета дека дека опасноста која во себе го носи ова спознание е предизвикана од нападот и загрозувањето кои во тој миг ги доживува маскулинизмот.

Бордо укажува на асоцијативното поврзување на маскулинизмот со „правителот, оној кој прави, активниот“ наместо со „оној кому се прави, пасивниот“; пенетраторот, а не пенетрираниот е факторот кој дејствува неверојатно силно и длабоко во нашата култура. Ете затоа Чкембарите ќе бидат педери додека Комитите ги сексаат, и обратно - во зависност на која трибина седите.

Слики: Deborah Puynton

Ало Окно. еднаш рековте ќе

Ало Окно. еднаш рековте ќе почитувате слобода на говор и не бришете коментари. Ама дајте, не иритирате нас читателите со тоа што дозволувате вакви коментари. Доста ни се по дневните медиуми, дајте бришете вакви анонимни селандри што се закануваат. Онаму повикуваат некого да умре, овде што ја следело. Ве молам не го спуштајте нивото со толерирање на исфрустрираното крдо кое освен да се заканува друго да каже не знае.

ластико за гаќи

Што стана од нашата младина.
Ебење, пички, курови.
Дали доликува еден ваков речник од новинар, дали барем се има малку респект кон јавноста и читателите.
Мене мама ме учеше дека ластико за гаќи е срамно да се каже а не овакви зборови да читам.
Ох извинете, заборавив дека сега сето свое незнаење и некултура се покрива со безобразни зборови.
 

Активни и пасивни, фраери и педери

Јас сум универзален, во зависност од ситуацијата. Во ситуација со повозрасен маж од мене, уживам во пасивна улога и обратно. Со помлад од мене, сакам да имам активна улога. На фудбалски натпревари кај нас, не одам. Мизерија се. Глеам лиги ТВ. И ми течат лиги.  Веројатно сето ова влече корени од моето античко-македонско потекло. Солидна анализа Г-ѓа Цветковиќ.

ОкоБоли главаВицФото