Македонија во Земјата на чудата

12.04.2012 09:29
Македонија во Земјата на чудата

„Чудото“ во црквата Св. Димитрија не можеше да најде поплодна почва за дискредитирање на слободата од македонската. Имено, чудото, без оглед дали зборуваме за „вистинско“ или за вештачки иницирано, се јавува секогаш кога слободата е загрозена или кога постојат настојувања таа да се суспендира.

Се разбира, чудото обично не се разбира како феномен кој има колонијалистички претензии кон слободата. – Бог си работи на свој начин, со свои „методи“, а човек според своја волја и тука не треба да се бара никакво натрапништво. Таквиот однос, „јас не се мешам во твоето, ти не се мешаш во моето“, е доминантното мислење во јавната сфера, кога се работи за односот бог-човек, во контекст на слободата.

Меѓутоа, за начинот на кој „чудото“ се обидува да се промолкне и да ја запоседне слободата, веројатно најдобро ни говори „случајот“ со слободната волја. Феноменот слободна волја – со помош на кој христијанската догма елегантно ги „решава“ проблемите на човековата слобода и на божјата егзистенција истовремено – всушност, служи за афирмација на „чудото“ на човековото постоење. (Не на човековото постоење, туку на чудото на човековото постоење!) Имено, според христијанската догма, божјата трансцеденција „мора“ да биде проткаена со надреалното и фантастичното, за човек да почувствува дека „си има работа“ со сила која многукратно ја надминува неговата и која е заслужна за овој неверојатен „благослов“ кој се нарекува живот. И покрај тоа, денес ретко кој верува дека човековата слободна волја треба да се смета за чудо (ако веќе догмата вели дека животот е). Меѓутоа, бидејќи чуда многу ретко (ако воопшто) се случуваат, а бог, според догмата, „мора“ да постои, тогаш за да се избегне насушниот недостиг од секојдневни фантастични божји интервенции, христијанската догма вели дека бог „му го дава“ на човека врвното чудо на слободната волја, за овој со неа да прави што сака, па дури и да не верува во него. Значи, без оглед дали некој верува во бог или не, идеологизираното (во најлоша смисла на зборот) христијанство го има „универзалното“ алиби за евентуалното непостоење на бог, во форма на „чудото“ на слободната волја, со кое ефективно го поставува бог отаде можноста тој да биде детронизиран. Впрочем, верувал-неверувал, човек не може а да не прави како што ќе посака, а бидејќи бог е наводно заслужен за човековото „правам како што ќе посакам“, тогаш, според идеологизираната догма, едноставно не може а тој да не постои.

Ете ја „фасцинантната“ моќ на божјото чудо! Кога најнормалното и највообичаеното ќе се претстави како „божјо чудо“, кога основниот атрибут на човековата егзистенција ќе се претстави како божја есенција, тогаш феноменот чудо може да се вовлече во секоја пора на животот. Се разбира, доколку животот е доволно религиозно мистифициран и индоктриниран, за тоа да му го препушти и допушти на „чудото“.

Научниците, се разбира, со векови го стеснувале маневарскиот простор на чудото, објаснувајќи ги нештата на начин според кој чудото станува излишно експликативно средство. „Чудото“ на органскиот живот е одамна веќе објаснет со теоријата за еволуција. За настанокот на универзумот веќе педесетина години има консензус во научната јавност (меѓу нив има и теолози) дека се должи на биг бенгот. Така е во средини во кои на „чудото“ не се гледа со страв или стравопочит, тука како на само уште една непознаница, која чека да биде објаснета.

Меѓутоа, во средини како македонската, во кои последниве години интензивно се работеше на примитивизирање на јавноста, „чудата“ сè уште поминуваат. Тоа, се разбира, значи дека се соочуваме со болен јавен дискурс. Склоноста мистификациите да бидат лакомо апсорбирани од масата, тенденцијата животната утеха да се наоѓа во еманацијата на „божјото чудо“, само значи дека масата не може да излезе на крај (на свој начин, според свои можности) со притисокот на стварноста. Не можејќи или не знаејќи да ја истрпи стварноста, таа го бара спасот во алтернативната стварност на Земјата на чудата: во „ветувањето“ за одбрана земја и одбран, милениумски народ, во чија прегратка ќе го скрие својот комплекс на нижа вредност. Сето тоа ни кажува дека потребата во чудото (фантазијата) да се најде спасот (или барем надежта за спас) оди правопропорционално со количината на вистински акумулирана безнадежност. Или, кажано поинаку, колку ѝ е потесно на слободната мисла, толку му е пошироко на чудото.

Според сето тоа, здравата мисла во Македонија нема друг избор освен „божјото чудо“ во Св. Димитрија да го сфаќа како пропагандно-маркетиншки трик, од најпримитивен тип.

Илустрации: Кевин Ерл Тејлор

Ма кои глупости...

Ма кои глупости...

:аплауз:, move along...

:аплауз:, move along...

"Според сето тоа, здравата

"Според сето тоа, здравата мисла во Македонија нема друг избор освен „божјото чудо“ во Св. Димитрија да го сфаќа како пропагандно-маркетиншки трик, од најпримитивен тип."

Вангел, за која здрава мисла зборуваш? Јас не сум религиозен ама не можам а да не ја видам смиреноста на духот кај вистинските верници од било која вера, и растргнатата, хаотична, конспиративна во многу случаи шизофренична состојба на лугето кој се као свесни за проблемите на општествата и правецот кај одат. Кој и како дефинира што е здрава мисла ?
А за еволуцијата оди прочитај малку, еволуцијата не го објаснува чудото на органскиот живот туку развитокот на тој истиот органски живот откога е веке создаден. Нешто слично како со биг бенгот. Не го објаснува настанокот на универзумот туку само му дава стартна позиција.

Се извинувам што коментирам

Се извинувам што коментирам сопствен текст, ама коментарот на најголемиот мистификатор во државава (Паско Кузман) не смее да остане неодговорен. Неговиот коментар гласи:
„’Чуда’ не објаснуваат стручни лица. Треба ова ’чудо’ да и' го оставиме на црквата, на религијата, на свештенството и да сметаме дека тоа е така за нив. Нема што за тоа да кажува науката, бидејќи таа не се меша во состојби што ги прокламираат црквата, религијата и свештенството. Не би сакал со образложението на стручните лица да им се наруши верувањето на луѓето во ’чудото’ во црквата ’Свети Димитриј‘.“
Според светогледот на мистификаторската догма, каков било обид за објаснување на навидум „необјаснивото“ нужно влегува во подрачјето на „човековите права“ и во одземањето на правото да се верува. Ако науката се обиде нешто да објасни, како што тоа прави Коста Балабанов во неговиот маестрален текст во Утрински весник, тоа од црквата веднаш се пречекува на нож. Замислете што ќе беше доколку сите црковно прокламирани „чуда“ се’ уште важеа за вистини: човекот ќе постоеше 5000 години, универзумот ќе беше создаден за 7 денови итн. Зарем требаше и денес науката да не го кажува своето мислење во врска со тие лаги, само за да не ги навреди оние кои веруваат во тоа?! Ако секое „чудо“ биде оставено на толкување на црковната догма, ако се грижиме само за тоа масите да останат слепи во верувањето, наместо свесни за научната вистина (како што Охридскиот слепец од нас бара), дури тогаш вистински го погребуваме она малку здрави елементи во нас кои не’ прават да бидеме луѓе. А ако ги погребаме, тогаш „чудата“ (поточно, оние кои стојат зад нив) можат слободно да ги раководат нашите животи. Ослободени од критичноста на научната ригорозност, ние дури тогаш ќе станеме тесто за месење.

"Ако науката се обиде нешто

"Ако науката се обиде нешто да објасни, како што тоа прави Коста Балабанов во неговиот маестрален текст во Утрински весник, тоа од црквата веднаш се пречекува на нож."

Вангел, тоа што Коста Балабанов го објаснува во Утрински е поголемо чудо да се случи од самото "чудо". Тоа е толку лаичко објаснување ,може да му се прости затоа што човекот е историчар на уметност , што не вреди ни да се дискутира за тоа. Да го нарекуваш тоа објаснување маестрално е на исто рамниште со вербата во чудото. И ти веруваш во чудното објаснување на Балабанов. Наместо да збори, како што налага науката треба да го направи експериментот во лабораторија, да го сними на видео и да ни го покаже. Тоа е наука. Муабетиве се метафизика , како год да ги свртиш. Проблемот е што Балабамов никогаш нема да го направи експеримент за да докаже што се случило. Too much to lose.

За човек да каже дека некое

За човек да каже дека некое мислење, во одредена област е лаичко, тој треба да ја познава таа област. Бидејќи гледам дека најупатениот коментатор на Окно е таков познавач на СИТЕ области, немаме друг избор освен да му веруваме на збор. Ако, пак, сме повеќе склони да и’ веруваме на научничката ригорозност, такво нешто во текстот на Балабанов има. Човекот дава објаснување како може да се објасни тоа „чудо“, без повикување на какви било натприродни појави. Тој дава деталната анализа на процесите и факторите, кои влијаат врз појавата на вакви феномени на други места, имајќи го предвид своето долгогодишно искуство во областа (Балабанов, роден 1929 година, е, инаку, конзерватор, со докторат од областа на иконописот). Инаку, се согласувам дека би било убаво во живо да се направи експеримент врз фреските во некоја друга црква, при што би се покажало како исти фактори предизвикуваат исти резултати на различни места. Само уште да најдеме црква-доброволец, која ќе ги отстапи фреските да бидат подложени на експерименти. Со последново само сакав да укажам колку е глупаво да се мисли дека научничката ригорозност се исцрпува со податливоста на еден предмет на научно истражување да биде подвргнат на експеримент. Честопати тоа е невозможно и токму затоа, експериментот НЕ МОЖЕ да се смета за differentia specifica на сите науки.

Балабанов бездруго е стручен

Балабанов бездруго е стручен за историја на уметност но ни оддалеку , по тоа что го кажува, нема основни познавање за процесот на кондензација. Целата негова теорија се состои во овозможување на услови за да настане кондензација на ѕидовите и како логична последица од кондензатот (водата) да се измијат иконите. Како и да е , дури и да дозволиме дека се случила кондензација, иако за тоа да го знае Балабанов и да дава тероии треба точно да го знае составот на материјалот на зидовите и евентуалните бариери на влага (moisture bariers) кој на еден или друг начин овозможуваат таканараречено дишење на ѕидовите, останува проблемот на селективноста на површините. Материјалот и составот на ѕидовите директно влијае на таканаречената точка на роса која која би требало да се појави негде во зидот или на површината на ѕидот. Е сега ако то се го знаете , ќе знаете дека темпеартурата на ѕидовите е различна зависно од експонираноста на надворешните ѕидови кон страните на светот. Така што различната температура и различната хомогеност на материјалот на ѕидот доведува до локализирани точки на кондензација , како што можете да видите во стари куќи, кај што на едно место гледате влага, а скоро никогаш на целиот ѕид.
Е сега знаеме дека фреските се по сите ѕидови, така да оваа теорија дека кондезацијата се јавила на сите ѕидови како причина за прочистувањето е тотална будалаштина. И за тоа се сложувам дека не треба експеримент, ако малку знаеш физика. Експериментот кој го предлагам е да покаже како откога ке ја ороси иконата со вода таа ќе се самоизмие. За тоа не треба друга црква. Треба една замастена икона и пластично шише за вода со распрскувач. Мене лично многу ме интересира тоа чудо на Балабанов затоа што може некој денар да направиме од патентот за оросување и самоизмивање со вода.

Дури и чудата да се

Дури и чудата да се вистинити, постои научно објаснување кое нема да им се допадне на преродените, ниту на МПЦ. Меглена, сакаш да чуеш?

Психогерила, не верувам дека

Психогерила, не верувам дека постои нешто што се однесува вон
природните закони. Прашањето е само дали ги познаваме сите природни закони. Ние можеме да дискутираме за оние кои сме способни да ги перцепираме со нашите сетила во нашиот тридемнзионален свет. Но кој е тој што може со сигурност да каже дека се само три димензии. А инаку да, сакам да го чујам научното објаснување.

Во трансперсоналната

Во трансперсоналната психологија (Јунг) ваквите "чуда" се одраз на случувањата во колективното несвесно. Во трансперсоналниот поглед границите помеѓу менталното и физичкото не се толку јасно дефинирани, па менталното може многу лесно да продре во физичкото и да го манипулира. Кога на колективно ниво постои некоја габаритна содржина која неможе да се вербализира или било како да се искомуницира свесно и јавно, таа се таложи во колективното несвесно, се додека не го преполни. Кога колективното несвесно е преполно со неискомуницирани содржини, тие се прелеваат во физичката реалност. Историски гледано ваквите појави најчесто се случуваат за време на длабоки општествени и духовни кризи. Типичен пример е средниот век кој бележи вистински бум на чуда, токму поради насилната узурпација на колективната мисла(колективното свесно) од страна на католичката црква.
Па така, чудата се своевиден крик на колективното несвесно против узурпацијата на колективното свесно.
Кој, како и зошто ни го узурпира колективниот мисловен простор ти оставам на тебе да откриеш. Не е многу тешко.

Психогерила, токму твојот

Психогерила, токму твојот напис говори дека се работи за некои енергии кои се уште не сме ги разбрале, но за кои полека, полека почнуваме да согледуваме законитости во нивната манифестација. Инаку апсолутно сум на истото стојалиште со тебе за крикот на колективното несвесно против узурпацијата на колективното свесно. Иако сето тоа е сеуште во сферата на спекулација, поради неможност што вика Вангел, да се повтори експериментот, сличностите се преголеми за да се дискредитираат како случајни.
Она каде што не се сложуваме се причините за крикот ан колективното несвесно. Мое мислење е дека оваа манифестација на колективниот крик по правдина е поради идентитетскиот проблем, односно поради фактот што и покрај тоа што сме свој на своето не можеме да се отвориме и еднаш во историјата некој да не рече , не постоите - измислени сте. Мислам дека и затоа народот го бара Сеправедниот како оној последен и највисок суд за неправдата нанесена над овој народ или над секој од нас посебно. Има тука и други причини како нецелосната верба во власта, има тука и перцепцијата на интелектуалната елитата како "продадени души" кои за пари се би направиле, има тука и неверба во свештенството на МПЦ, односно чудото се бара кога сите овие овоземски елементи се на некој начин корумпирани.
Дури мислам дека народот ги доживува божјите храмови како одвоен елемент од свештенството на МПЦ. Односно го доживува свештенството како неважен декор во процесот на своето себепредавање на Бога.

јако. напред!

јако. напред!

ќерко. твоите гревови баш не

ќерко. твоите гревови баш не ги знам дал се многу, не се преебани, затоа што твојот бог, вљубоф, те одминал ко млеко со рок, оди и греши, будало једна, оди и во мир и пиј од бактериската наезда јеботе и не земај ништо, ни храна, ни пари, и кога ќе најдеш село кај шо ќе те примат, останиу таму, ако не те примат, овцо една, препраи се у змија, не грижи се шо ќе збориш, пошо од тебе збори духот на татко ти, кој шо ти давал, за сега ти да вратиш со шамари, јеботе бог и велимир чудо. благословена да си меѓу жените, ти си негова мајка, марија-инвитро, да не оставиш у заблуда за татковството на исус. плати со својата крв за светителот, направи место, наваму, пошо он е поопасен како се бројат милениумите, најопасен ќе биде у третото доба, негде 2050-еста година. ја викам дека ти си месијата, син на богот направен по ликот на богот, дојден од небото, на 10 километри од земјата, јеботе чудо. чудото, иначе се вика вандервалсова молекуларна сила на допир на две материи, тоа е сила на ниво на допир на различни молекули, има еден гуштер што го користи овој феномен да се качува по ѕидови, како да се лепи. но, тука се случува допир на кондензирана мешавина од воздух, јони, електромагнетно зрачење од подземни води кое се проектира на девет нивоа и реакција преку катализторот злато или друга хемиска супстанца која се наоѓа на ѕидот, при што има течење како кај батерија на електрони или електрично празнење како кондензатор, но на молекуларно ниво. тука не смее да се заборави и пигментацијата на секоја материја, на пример тоа е највидливо кај цвекињата кои цветаат во бои, имаат пигменти (протеини) кои ја одбиваат светлината во њутновиот спектар во зависност од протеините кои ги содржи соодветното растение, имено тоа е присутно и во човековата кожа. има катализација. процеост можно е да го засили и некоја боја или реставрација која се случувала во внатре во зградата која преку испарување на соли се закачува на ѕидовите. тоа што ме запрепасти е ненормалноста на луѓево, мрднатоста, простотлукот и најмизерните нивоа на образование, што ми се сере.

Е токму тука е разидувањето.

Е токму тука е разидувањето. Мислам дека колективната свест ни е узурпирана со идентитетскиот проблем. Дали гледаш некаде молк по тоа прашање? Наспроти тоа за егзитенцијалните проблеми мора категорично да се молчи. Тие во ваквата наша узурпирана констелација не припаѓаат на колективната свест, не постојат. А бидејќи нашата напатена душа неминовно ги восприема, нема друг начин освен впечатоците да бидат напикани под тепих, во колективното несвесно. Кое се разбира, со време, ќе прокипи. Мислам дека и црквите ќе ни полетаат уште малку, сами од себе. Чисто заради лицемерието кое ги опкружува.
Така што државата и црквата не треба многу да се радува на чуда. Тие се знак дека свеста е во таква потчинета состојба што е приморана да комуницира преку архетипски манифестации на чуда. Чудата не се никаква порака од Бога да им се укаже на верниците да бидат уште по ретардирано верни или опозицијата да се покае. Чудата се порака од верниците имплицитно упатена кон узурпаторот - одјеби или архангелите ќе почнат да мавтаат со мечовите, во трета димензија :)

Во најновиот коментар на

Во најновиот коментар на владиката агатангел (види рубрика: Боли глава) доаѓа до вистински израз начинот на кој „чудото“ почнува да се користи за малверзации, манипулации и дискредитации од најпримитивен, најидиотски тип. Па после некој ќе рече, да и’ оставиме на црквата (подобро кажано, цркНата) слободно да си го интерпретира чудото која самата го произведе за дополнително заглупување на ионака глупавите маси. (Сведоци говорат за мувања во црквата во вечерните часови, непосредно пред да се појави „чудото“.)

Не е во ред да им се одземе

Не е во ред да им се одземе чудото на верниците и да се фрли во научни објаснувања, што секако дека ќе се најдат. Тоа е уште едно наметнување на светоглед. Фаш.. из..
Но, не е во ред ни црквата да прави свои политички пропаганди преку чудото. И ова е наметнување. Чудото им припаѓа на верниците. Само тие имаат право на интерпретација. Тие се конзументи на инволвираните архетипови, а да не зборувам дека се и финансиери на црквата.
И масите не глупави, само се успорени од вирус.

Свети Ајакс и Пречиста

Свети Ајакс и Пречиста маченица Виледа го возљубија храмот божји Св. Димче нежниот.

За вистинските верници секој

За вистинските верници секој нов ден е чудо, за вистинските верници вакво евтино „чудо“ е навреда на нивната вера и интелект. Вакви „чуда“ им се потребни само на оние што не се сигурни во својата вера, токму тие се најгласни во оваа лакрдија. Ова „чудо“ е подготовка за наредната фаза на лудило во која што запаѓаме. Ако приметивте, Пастирот почна да фрла анатеми, почна да говори од позиција на верски авторитет. Нареден степен е чудна теократија.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото