Хомофобичните се прикриени хомосексуалци?

12.04.2012 15:01
Хомофобичните се прикриени хомосексуалци?

Одрекувањето и нападот можат да бидат многу моќен одбранбен механизам. Во одбранбените механизми спаѓа и хомофобијата, тврдат научниците од Универзитетите во Роџестер и Санта Барбара.

На научна конференција одржана неодамна е заклучено дека младите студенти кои се хомофобични, негативните чувства кон хомосексуалците ги негуваат бидејќи и самите се такви. Повеќе сличности гледаат меѓу себе и хомосексуалците и затоа кон нив покажуваат омраза, пишува „Science Daily“.

„Поединците кои тврдат дека се хетеросексуални, но во психолошките тестови покажуваат голема привлечност кон истиот пол, се чувствуваат загрозено од хомосексуалците бидејќи и тие имаат слични тенденции“, изјави еден од научниците. Целата студија ќе биде објавена овој месец во стручно списание за психологија. Истражувањето е спроведено на четири различни локации во Германија и САД врз 160 студенти.

Истражувачите ја одредувале сексуалната ориентација на своите испитаници, а потоа ги мереле нивните реакции на зборовите на хомосексуалците и хетеросексуалците. Тие кои брзо реагирале на фотографијата на хомосексуалците, а бавно на фотографиите на хетеросексуалците се од хомосексуална природа.

Тие кои без проблем ја дефинирале сопствената сексуалност по правило покажуваат пријателски чувства кон хомосексуалците. „Во многу случаи луѓето кои не ја знаат сопствената сексуална ориентација водат внатрешна борба која излегува на површина. Во хетеросексуалното општество, животот сам по себе е предизвик за хомосексуалците. Но, во хомофобично опкружување, прифаќањето дека си малцинство може да биде навистина застрашувачко“, заклучиле истражувачите.

Извор: e-novine.com

Слични содржини

Општество / Психологија / Живот
Општество / Квир / Живот
Фотографија / Квир / Живот
Квир / Психологија / Историја
Квир / Живот / Култура / Филм
Жарко Трајаноски

ОкоБоли главаВицФото