Е-книгите се сè попопуларни во САД

13.04.2012 09:21
Е-книгите се сè попопуларни во САД

Еден од петмина Американци минатата година прочитал барем една е-книга, покажа истражувањето на центарот Пју (Pew). Истражувајќи го влијанието на електронските читачи врз читателските навики на Американците, во извештајот се наведува дека четири пати повеќе американски читатели, односно 15% од вкупниот број читатели во САД, читаат е-книги во споредба со претходните години.

Кога станува збор за читање во кревет, ситуацијата е малку поинаква. 45% од Американците повеќе ги претпочитаат е-книгите, додека 43% од испитаниците повеќе ги сакаат печатените книги.

Ли Рејно од центарот Пју наведува дека резултатите на истражувањето ги покажуваат големите културни и издавачки промени, бидејќи сè повеќе луѓе читаат дигитални книги.

„Односот на луѓето кон книгите е централен дел на културата. А кога таа врска е во транзиција, како сега, тоа е интересно за проучување“, вели тој.

Индустријата со е-книги порасна од 78 милиони долари во 2008 г. на 1,7 милијарди долари во 2011 г. Стручњакот за издавачката индустрија, Алберт Греко, проценува дека во 2012 г. во светот ќе се продадат е-книги во вредност од 3,55 милијарди долари.

Стручњаците проценуваат дека речиси една четвртина Американци ќе имаат е-читачи до 2016 г., а кон тоа придонесува и релативно евтината цена на истите – помалку од 100 долари за најновиот модел.

Извор: knjizevnost.org