1032 hPa
53 %
9 °C
Скопје - Пет, 13.12.2024 13:59
Пред неколку денови Лидија Димова, извршниот директор на здружението „Македонски центар за европско образование“, беше повикана на еден состанок на Европскиот парламент. По нејзиното излагање во Брисел се вознемирија режимските медиуми во Скопје и на најгруб, но веќе проверен начин ја прогласија Димова за „предавник, непатриот, западоид“ итн. Во продолжение ви го пренесуваме обраќањето на Лидија Димова во Брисел, за самите да изградите мислење, почитувани читатели, за тоа кој прави добро а кој прави лошо за Република Македонија.
Вигенин: Веќе беше кажано дека граѓанските организации имаат важна улога, дека нивниот инпут треба да се земе предвид и дека поддршката за нив треба да се зголеми. Токму затоа ние поканивме и претставник од една невладина организација. Тоа е Македонскиот центар за европско образование од Скопје, кој го претставува Лидија Димова, извршен директор на организацијата. Г-ѓа Димова, имате 10 минути за вашата презентација.
Лидија Димова: Благодарам г-не Вигенин. Дозволете ми да ја изразам својата благодарност што сум поканета на овој важен состанок во Европскиот парламент. Пред да зборувам за искуството на Македонија, само збор-два за нашата организација. Македонскиот центар за европско образование е тинк-тенк организација, иако во името стои образование, ние сме тинк-тенк и работиме на пристапувањето на Република Македонија во ЕУ, преку професионални обуки, консултации, регионална соработка, развој на јавни политики и лобирање за промени.
Веројатно еден од нашите најважни проекти е следењето на процесот на пристапување. Тоа е партнерски проект кој го спроведуваме во соработка со Фондацијата отворено општество – Македонија. Правиме мониторинг, односно подготвуваме квартални извештаи, а последниот квартален извештај се однесува на ИПА, односно како Македонија ги троши и користи, односно колку не ги користи парите од Европската унија. Неодамна објавивме уште една студија којашто можам да ви ја препорачам и се однесува на тоа колку Македонија ги користи Програмите на Заедницата, односно дали овие програми го европеизираат нашето општество или не. Извештаите можете да ги најдете на нашата веб-страница.
Сега ќе зборувам за ИПА, како еден од инструментите ставен на располагање за нашата земја. Размислував за тоа што да презентирам и сфатив дека во агендата вие очекувате да ги слушнете и проблемите, бидејќи токму проблемите ќе доведат до научени лекции за Парламентот и за Комисијата. Ако очекувавте проблеми, јас имам многу такви. За жал, и за разлика од Хрватска, македонската приказна не е успешна.
Од каде да почнам? Се обидов да ги групирам проблемите во четири групи и тоа од аспект каде тие водат. Првата група на проблеми се однесува на недостигот на институционален капацитет. Ќе презентирам одредени бројки за да можете да увидите за што зборувам. Во овој момент, во рамките на првата компонента, речиси половина од средствата од Националната ИПА 2007 беа контрактирани на крајот од 2010 година, што значи дека денес ние се уште имаме проекти од ИПА 2007. Половината договори од Националната ИПА 2008 беа склучени на крајот од 2011 година, што значи дека тие ќе се спроведуваат во 2012 и 2013 година. Имајте на ум дека зборуваме за средства од ИПА 2008. Досега, апсорбирани се само 1,8% од средствата од Националната ИПА 2009, и само 1,5 % од Националната ИПА 2010. Сметам дека нема потреба да извлекувам заклучок, разбирате што сакам да кажам.
Втората група на проблеми се однесува на недостигот на административен капацитет. Во рамките на оваа група на проблеми има четири главни поенти. Првата се однесува на програмирањето наспроти правењето проекти. Многу често, од владините претставници слушате дека причината зошто парите од ИПА не се трошат е фактот дека не добиваат добри проекти од засегнатите страни. Ова ви кажува дека владата не разбира дека засегнатите страни не можат туку така да излезат со проекти, и дека проектите треба да бидат ставени во програмска рамка, односно во стратегиска рамка. Овој факт зборува сам за себе.
Натаму, ако детално ги разгледате работите, ќе видите дека во Македонија, на пример, има голема искористеност на финансискиот инструмент за подготовка на проекти. Во просек овој инструмент во регионот се користи околу 3% од буџетот, но во Македонија тој изнесува од 5 до 15%. Ова и не е толку страшно, но кога ќе видите дека овие средства се користат за изготвување проектни цели и задачи, тогаш приказната е навистина тажна, односно сфаќате дека вашите државни службеници не се доволно стручни да изготват едноставни проектни цели и задачи.
Ако се анализира целата ИПА во државата, се доаѓа до заклучок дека во некои сектори нема испрограмирано ниту едно евро. Таков е случајот со поглавје 19 за вработување. Се разбира, Владата или Комисијата ќе кажат дека ја има целата 4-компонента за вработување, но моето прашање е дали е ова доволно. Дали тоа е доволно за варботувањето да не се опфати со градење институционален капацитет, посебно во држава каде стапката на невработеност е толку висока.
Следното прашање се однесува на менувањето на кадарот во клучни институции. Сметам дека ова се должи на политизацијата на јавната администрација, бидејќи во последните години единствениот начин за влез во јавната администрација е членство во владејачките политички партии. Откако ќе влезете во јавната администрација, ги користите средствата и обуките од ЕУ и почнувате да ги разбирате работите, но одеднаш партијата сфаќа дека вие имате одреден капацитет и ве преместува од институцијата каде сте во некоја друга инстутуција каде најмногу и требате на политичката партија, на пример, ве именува за директор на некое јавно претпријатие. На овој начин институциите се ослабуваат, без притоа да се земе предвид штетата која се прави со ваквиот процес.
Третата група на проблеми јас ја нареков непостоење на микс од инструменти. Пред сè, сметам дека владата не дава стратегиски инпут. Владата не сака да разбере дека може да се користат средствата од ИПА компонента 1 за тоа. За ова има и јавна дебата. Владата зборува дека компонента 1 се однесувала само на централната власт, што не е сосема точно. Ако училиштата, синдикатите, ромските организации, општините, земјоделците, малите и средните претпријатија треба да ги користат компонентите 3, 4 и 5, тогаш зошто не им се дозволува да ја корисат компонента 1 да го изградат својот капацитет за потоа да ги повлечат парите од другите компоненти? Ова не се прави.
Натаму, во Македонија ИПА речиси целосно се користи за техничка помош. Ова значи дека ИПА се користи како да е КАРДС. Ако ги споредите правила, таа е иста како КАРДС. Грантовите се користени само во два наврати. Првата грант-шема беше спроведена од ИПА 2008 компонента 1 и беше наменета за граѓанското општество. Морам да истакнам дека ова е еден од најуспешните проекти. Втората грант-шема е управувана од владата и таа е првата грант-шема во рамките на децентрализираното управување и се однесува на компонента 4. Ова е приказна сама за себе. Отворениот повик за предлог-проекти беше објавен во јуни 2010 година и се однесува на интеграцијата на етнички жени на пазарот на труд. Буџетот за оваа грант-шема изнесува 1,6 милиони евра. Договорите за проектите не се склучени. Потребни се речиси две години за да се склучат договори во вредност од 1,6 милиони евра. Прашањето што се поставува е следново: што ќе се случи со другите средства, ако се знае дека на владата ѝ требаат две години за да додели толку мал износ на пари?
Третиот проблем се однесува на неправилното користење на твинингот. Морам да напоменам дека имам чувство дека со цел да не се изгубат парите, понекогаш Комисијата ја спасува владата преку програмирање на проекти кои се неизводливи. Ќе ви дадам пример за да не мислите дека зборувам напамет. Во рамките на компонента 4, испрограмиран е твининг проект за Центарот за образование на возрасни, во вредност од 1,7 милиони евра. Дали знаете колкав е вкупниот годишен буџет на оваа институција? Тој изнесува само 220.000 евра. Во суштина, вие на институцијата ѝ давате осум пати повеќе средства за спроведување твининг проект. Тоа значи катастрофа и не можете да очекувате какви било резултати.
Нема да зборувам за буџетската поддршка бидејќи претставникот од Судот на ревизори веќе зборуваше на таа тема. Знам дека владата се обидува да добие буџетска поддршка и се надевам дека нема да ја добие, бидејќи следната година имаме локални избори и бидејќи познато е дека владата веќе има злоупотребено буџетски средства, па дури и европски средства, но јас нема да навлегувам во детали на таа тема.
Уште една работа сакам да споменам и се однесува на четвртата група на проблеми кои се јавуваат поради недостиг на политичка волја. Овде ќе наведам неколку работи кои се случуваат и кои се нелогични. На пример, освен за прекугранична соработка (компонента 2), сите други оперативни програми не се преведени на македонски јазик, а не, пак, на албански. Уште поинтересен е фактот дека владата троши огромни средства на преведување книги, но не знам зошто смета дека овие документи не треба да се преведат. Тие и натаму остануваат непреведени.
Претходно се зборуваше за координација на донаторите. И овде имаме интересна ситуација. Македонија дава 13,2 милиони долари за УНДП за спроведување на активни мерки за вработување. Како тоа се вклопува во компонента 4? Ако се знае дека Агенцијата за вработување е столбот на компонента 4, зошто средства се доделуваат на УНДП за да спроведува нешто што треба да го направи Агенцијата за вработување? Јас само ги наведувам прашањата.
Македонија нема Национален развоен план. Знам дека во документот на Комисијата за 2012/2013 се наведува дека Македонија има Национален развоен план, знам дека и ревизијата на оперативната програма за компонента 4 за развој на човечки ресурси наведува дека има таков план, но во реалноста тој не постои. Веќе подолг период Македонија нема Национален развоен план. Тоа е посебна приказна за која нема да зборувам. Само ќе нагласам дека им е многу тешко на државните службеници да почнат со програмирање без ваков документ.
На крајот ќе кажам нешто за Главниот ИПА-ревизор. Ова може да звучи чудно. Прво, Главниот ИПА-ревизор е лице кое е опседнато со премиерот. Ако го погледенете неговиот фејсбук профил, ќе видите дека нема фотографии од него, туку сите фотографии се од Премиерот. Ова лице не е ни економист, ниту ревизор по професија, туку правник. Претходно тој беше директор на јавното претпријатие за управување со станбен и деловен простор. Тој е човекот кој ги купуваше владините обврзници и сега е Главен ИПА-ревизор. Ако го прочитате Извештајот за напредокот, ќе видите дека и Комисијата идентификувала проблеми во овој сегмент, но ги изнела проблемите на политички коректен начин, за да даде некаква перспектива.
Уште една работа. Знам дека сите мислите и се чудите зошто ги кажувам овие проблеми и дека не може да се оди против демократски избрана влада. Го разбирам тоа, но ова е Европскиот парламент. Вие ги претставувате граѓаните на Европската унија, а не владите! Затоа морам да нагласам колку им е тешко на македонските граѓани. Македонија е оставена во чекалницата на ЕУ од 2005 година, без какви било преговори. Го имаме проблемот со Грција кој е бесмислен. Имаме висока стапка на невработеност и висока стапка на сиромаштија, и имаме влада која не ја разбира демократијата... Сепак, граѓаните ја поддржуваат интеграцијата во Европската унија. Тоа зборува само за себе. Македонците се Европејци. Благодарам.
Модераторот: Мислам дека почесто треба да покануваме преставници на граѓанското општество. Сигурен сум дека презентацијата на г-ѓа Димова е многу важна за членовите на Европскиот парламент, бидејќи често ние дискутираме за големите стратегии и за убавата слика, но на терен постои реалност која треба да ја земеме предвид. Ви благодарам за оваа презентација.
Слики: Свирачиња
За да не ме разберете
Испратено на 14 април 2012 од meglenaЗа да не ме разберете погрешно, да кажам прво дека ја ценам работата и напорите на г-ѓа Димова во позитивен правец да ја придвижи Македонската јавност како и нејзиниот долгогодишен ангажман за про-европската идеја. Камо среќа вакви да ни се проблемите како што г-ѓа Димова ги преставува. Односно дека сме трубадури па нејќеме грантови. Како и да е, моето прашање не е тука за говорот на г-ѓа Димова, туку е поставено кон еден погорлив проблем кој мислам дека константно се провлекува низ нашите дискусии. Каков е односот на македонскиот интелектуалец кон Македонија? Дали неговата улога треба да биде агент на светот во Македонија или агент на Македонија во светот ? Слична ситуација инавме и со г-н Грчев со неговото интервју за Бугарската телевизија.
Odlichno prashanje. Even eden
Испратено на 15 април 2012 од ak47Odlichno prashanje. Even eden odgovor od Vinston Cherchil:
When I am abroad, I always make it a rule never to criticize or attack the government of my own country. I make up for lost time when I come home.
Изјавата на г-от Грчев за
Испратено на 15 април 2012 од gragjaninИзјавата на г-от Грчев за бугарската телевизија беше во врска со изјава на Вангел Божиновски.Спин докторите на власта му ја извртеа изјавата како да се однесувала за македонското културно наследство. Но, тоа е друга тема, ако внимателно се чита изјавата на г-ѓата Димова ќе се види дека таа, и тоа како, се бори за европска Македонија,за воведување на ред во државата, за побрзо прифаќање на европските вредности и т.н.
Токму тоа е и проблемот и
Испратено на 16 април 2012 од meglenaТокму тоа е и проблемот и прашањето на лојалност. Секогаш е приоритетна некаква си друга Македонија, де европска Македонија, де бугарска Македонија, де грчка Македонија, де српска Македонија, така што обичната, Македонија без никаква придавка не може да дојде на ред некој да ја заштити. За волја на вистината помегу бугарска и грчка Македонија и европска Македонија нема никаква разлика. И Бугарија и Грција се дел од додавката "европска". Никако не можам да ја разберам таа желба по секоја цена "европска". Има ли некој да објасни кога во историјата сме имале помош од Европа. Било кога, од дедо Ное наваму. Еден момент, кога некоја друга европска земја, освен Русија (преку Коминтерната) и помогнала на Македонија.
Такво нешто не постои, па затоа мене ми е неразбирлив оптимизмот на некои интелектуалци дека такво нешто ке се случи брзо и без да се плати голема цена.
По однос на кадровското
Испратено на 16 април 2012 од ВизантПо однос на кадровското решение за ревизор на ИПА фондовите. Секако дека е чудно што го именувале волкот да ги чува овците, но дали не е чудно што ЕУ немала ништо против? Или и нејзините претставници во МК се одушевени од споменикот на Александар Македонски? Дотичниот е иницијатор за негово подигање од името на општина Центар, а и парите - па тие се за трошење нели - не ќе правиме случај од тоа?
Меглена поставува наивни и
Испратено на 16 април 2012 од gragjaninМеглена поставува наивни и реторички прашања, макар да мислам дека постојано контрира само за да биде различен, па макар испаднал и глуп.Зарем до толку не разбираш дека меѓу другото, ЕВРОПСКА Македонија е синоним за средена, правна, просперитетна држава? Зарем до толку не сфаќаш дека на било која малечка и сиромашна држава и е посигурно, поудобно, позаштитено во закрила на едно поголемо множество? Зарем се будали државите членки на ЕУ што се здружиле?
Можеби вам ви изгледаат
Испратено на 16 април 2012 од meglenaМожеби вам ви изгледаат наивни прашањата, мегутоа одговорите на овие прашања бараат малку поопширна аргументација за причините поради што Европа би ја сметале пријателски наклонета кон Македонија.
Прашањата се тука за да испровоцираат размислување за тоа кој се идеалите кон кои треба да се стремиме. Дали треба упорно да имитираме некого друг или треба да го направиме она што е најдобро за сите нас во оваа наша држава. Зарем мислите дека Врховистите и Гркоманите не мислеле дека подобро ке и биде на Македонија во рамките на Бугарија или Грција. Зарем естаблираните системи на Бугарија и Грција во времето на Илинденското Востание не биле Европа за Македонија. Кај е разликата во финансирање на групации за образување на нов европски грагански идентитет мегу Македонците, и финансирање на групации за воспоставување на нов Бугарски или Грчки идентитет мегу Макeдонците на почетокот на 20-от век. Тоа што вие лично си мислите дека Европската Унија е синоним за правна држава, тоа е ваше лично убедување, кое голем дел од населението во Европа не го дели (повеке од 50%). Заради таа причина се до моментот кога ке престанеме да продаваме европски опции како религија која не треба да се преиспитува ке бидеме третирани како инфатилни морони кои штотуку се испилиле и се чудат што е ова светот околу нив. И ке си дозволуваме неписмени европски бирократи да ни даваат совети како изгледа демократијата.
А за закрилата што ни ја кажувате, мислевте на воена закрила, нешто као НАТО, или нешто друго? Да не имаше некој проблем со НАТО во 2008? Нешто нејкат да не бранат , затоа што не им се допаѓа како се викаме. Во исто време нешто не се секираат како не викаат кога треба да се бориме заедно со нив во Авганистан.
За кои идеали ние зборуваме тука. Што значи "ЕВРОПСКА".?
Меглена, според ова што си
Испратено на 17 април 2012 од gragjaninМеглена, според ова што си напишал се‘ ти е измежано во главата, најверојатно поради незнаење. на пример, мешаш национален идентитет со граѓански, па велиш: “...Кај е разликата во финансирање на групации за образување на нов европски грагански идентитет мегу Македонците, и финансирање на групации за воспоставување на нов Бугарски или Грчки идентитет мегу Макeдонците на почетокот на 20-от век...“ Нов европски граѓански идентитет меѓу Македонците не го негира-националниот, за разлика од “финансирање на групации за воспоставување на нов Бугарски или Грчки“,кој го НЕГИРА македонскиот идентитет! Толку ли не можеш да направиш разлика? Затоа, никој тука не е долшен да ти ги објаснува основите работи, земи и сам прочитај. Впрочем,тука треба да се коментира текстот на г-ѓа Лидија Димова а не тебе да те поучуваат
Дали си умрел од јадење
Испратено на 17 април 2012 од meglenaДали си умрел од јадење чоколади или си умрел од куршум, разлика за починатиот нема. Мртов си и во двата случаја. Така што задржи си го знаењето за разликата мегу Бугарскиот и Европскиот идентитет. Си имаш наивно објаснување за мотивите на капиталот да те претворат во граѓанин и не би сакал јас сега да ти го кршам светот. Како граѓанин ке навијаш за "Sony" i "Apple" или Soros (зависи каде работиш), наместо да навијаш за Македонија и Бугарија. Јас навијам и се чувствувам Македонец и играм на мој терен.
А за г-ѓа Лидија Димова ако треба да бидам појасен, еве наједноставно што може. Не знам каква и е брачната состојба , мегутоа чисто само за објаснување, нејзината постапка е слична како некоја жена да го извади валканиот долен веш на мажот на Facebook и после да си дојде дома и да го убедува мажот дека било за негово добро. Се прашувам само што би била нормална реакција на мажот ? Колку долго ке живеат заедно ? Не знам баш колку долго ке го носи неговото презиме?
Меглена, се служиш со
Испратено на 17 април 2012 од gragjaninМеглена, се служиш со демагогија и тоа на квадрат. Немам намера да те подучувам, ќе си дозволам само едно да ти кажам, толку Голем Македонец си, што не си го познаваш ниту јазикот:не се пишува “Бугарскиот и Европскиот идентитет“, туку бугарски и европски- со мала буква! Не дај Боже и тебе човек дома да те има, покрај таков “филизоф“, тешко на домашните
Граѓанин, "филизоф" или не ,
Испратено на 18 април 2012 од meglenaГраѓанин, "филизоф" или не , не е важно, важно е дали имаш аргументи зошто ке ни биде подобро во европска Македонија?
И чуму коментирање на сајтов ако нејкеш да придонесеш нешто. Пошто се си знаете предлагам Гелевски или Тричковски следниот пат само наслов да напишат и да се потпишат под насловот, текст не мора да пишуваат, затоа што е одвишен. Тие што не се сложуваат со нив знааат дека ке пишуваат за Груевизмот на сто и еден начин, од друга страна вие неговите фанови се си знаете, не дај боже нешто да не знаете , грев ке ви пишат, и така ке си се вртиме во круг. Сорос и народот ке финансираат и една голема група на непродуктивни луге ке живеат happily ever after. Негде слушнав дека за пропагирање на европската идеја и граганското општество во Македонија досега се внесени околу 70 милиони евра. Еве еден предлог. Наместо парите да влегуваат низ нашите соросоиди кои се однесуваат како цариници и лихвари на овие пари, зошто директно со тие пари не се финансираат рекламни кампањи за европска Македонија по сите весници и телевизии со пораки кои ке бидат противник на "селските идеи" за македонска Македонија, кои одат на истите телевизии, па нека избере народот. И идејата ке биде пренесена до народот и медиумите ке можат да бидат понезависни.
Знаете аошто тоа не се прави? Има 70 милиони причини за тоа.