Загари, сматоци и десперадоси

17.04.2012 10:35
Загари, сматоци и десперадоси

Деновиве загарите на режимот го користат чудовишното злосторство кај Смилковското езеро за уште еднаш да се пресметаат со „непријателите“ и „предавниците“. Во овие шест години груевистичко стравовладеење преусмерувањето на одговорноста за неуспесите стана речиси единствена политика на власта. Гола дневна политичка рутина станаа спинувањето, прогласувањето непријатели, ширењето омраза и страв, но, пред сè – отргнувањето на секоја одговорност од власта. Што и да се случи – власта е невина. Што и да се случи – ете ги грозните непријатели на груевизмот, за нечесно да капитализираат (ситни, евтини, политички, политикантски итн.) поени против добрите владетели.

Треба да им се одговори на тие главно анонимни загари (сматок-десперадоси, молиеровски смешни шутраци со божем високи претензии кои себе си се отстапиле на „нацијата“ за трајно користење) коишто објавуваат уреднички коментари што брзо се размножуваат низ режимските медиуми. Најпрвин за најважното: власта не е невина. Освен тоа, дури и ако на реторичко ниво ги прифатиме шашмите за невиноста и добронамерноста на власта – во ниедна варијанта не може да се избегне нејзината одговорност за состојбите. Но, надвор од реторичките игри, општ впечаток е дека власта на мошне длабок начин е вмешана во највалканите работи во општеството. Уште повеќе, власта е главен создавач на насилството и стравот. Власта е онаа којашто со дивјачката партизираност и корумпираност ги растури судството, здравството, културата, медиумите, безбедносниот систем... Власта е онаа која постојано собира (ситни, евтини, политикантски, популистички итн.) поени со тоталната етнификација на општеството и државата и со секојдневното билдање на (авто)деструктивен национализам. Притоа на партнерите во власта, ДУИ и ДПМНЕ, додека го делат пленот, воопшто не им пречат нараснатата омраза, очајанието и бедата на нивните гласачи... Напротив, често се чини дека омразата, стравот и очајанието на граѓаните токму се поттикнати од центрите на моќ блиски до власта.

Еве еден пример како режимот го растура општеството: истите медиумски сматок-десперадоси кои деновиве влегоа во нова кампања за разоткривање на „непријателите“, пред неколку месеци жестоко го нападнаа здружението „Плоштад Слобода“ зашто имало намера пред две години да организира заеднички протест со здружението на Артан Груби, „Разбуди се“. Беше речено дека Груби (најблизок човек на Ахмети) и „Плоштад Слобода“ работат на разбивањето на државата (вистина, истото го рече и вицепремиерот Зоран Ставрески за здружението ГЕМ; така што, јасна е политичката поддршка и заштита за ширителите на омразата и стравот). Притоа на груевистите воопшто не им пречи што Груби практично е човек на актуелната извршна власт. Значи, пораката што ја испраќа режимот е дека дури и потенцијалното мешање на Македонците и Албанците, надвор од контролата на партиските етно богови – е забрането. Во таквото „неприродно“ мешање, според режимските идеолози, можат да учествуваат само изроди, безбожници и непријатели на РМ. Мешањето на Албанци и Македонци е дозволено само во Владата на РМ и само кога се дели пленот. Другото мешање води кон дестабилизација на земјата (т.е. на режимот) и затоа треба да се уништи во зачеток.

Втора работа: ако некој ги злоупотребува буквално сите општествени процеси, од спортот до архитектурата, за ловење (ситни, евтини, политички, политикантски итн.) поени – тоа е власта. И тоа трае – шест години. Од тој рефлекс груевизмот просто не може да се оттргне. Само три дена им требаа за да почнат да ловат политички поени на петкратно убиство. И само четири дена им требаа да ги обвинат Исмаил, Најчевска, Милчин, Фрчкоски, Трајаноски, Адеми, Дерала... – за дестабилизирање на приватната држава на пастирот и командантот на ОНА.

Трета работа: еве, да речеме, дека е нормална инструментализацијата на политиката што груевизмот ја применува шест години. Претворањето на политиката во неодговорност и омраза, во адвертајзинг, популизам, спин, во коњструкција, во гламуризација на примитивизмот... Ако тоа е нормално (а груевистите велат дека не само што е нормално туку е и прекрасно и за тие цели во овие шест години потрошија неколку стотици милиони евра народни пари!) – зошто тогаш опозицијата нема право да го применува истото разбирање на политиката?! Зашто опозицијата е „предавник ем непријател“, а власта е „фактор на стабилност“, ако и едните и другите ги набиваат комплексните општествени процеси во своите партиски прокрустови постели?!

Низа пати сум констатирал: груевизмот изврши пуч во стварноста и агресивно ги окупира нашите животи. Бегање од него нема. Заради тоа (обидот на власта манипулацијата да биде тотална) често зборувавме за тоталитарните тенденции на актуелната власт. Но, судејќи по исплашеноста на режимот, по паничните реакции дури и на најскромните форми на граѓански отпор, лесно се согледува дека тоталитарните режими (дури и нивните карикатури каква што е груевизмот) во суштина се кревки и ранливи. Втемелени во манипулацијата и во соголената сила тие ги трошат сите ресурси за одржување на привидот и за јакнење на стравот и лагите. Водачите на таквите тоталитарни системи главно се медиокритети со помош на цврстата партиска дисциплина обединети во здружениот злосторнички потфат; нивните следбеници и чувари токму се сматок-десперадосите чијашто безначајност се потпира на послушноста и на следењето на гестовите на водачите. Најновово лудило, кога најопасните медиумски режимски слуги истовремено продуцираат тензии и божем ги смируваат, само зборува за степенот на изгубеност на режимот. Се разбира, тоа што режимот е сè попаничен и сè поконтрадикторен не значи дека е безопасен. Напротив! Токму затоа ќе треба да се биде мошне внимателен во демонтирањето на груевизмот.

***

Во додатоков, за појасно да ги илустрираме работите, еве само неколку (вообичаено груби и неписмени) извадоци од најновите напади на режимот против опозицијата, „западоидите“ и граѓанскиот сектор. Првите два дела се преземени од Фејсбук профилот на Миленко, а вторите две парчиња се извадоци од анонимни уреднички коментари на порталот „Курир“:

Еве, прегледувам печат, телевизија, портали... Читам, читам, читам – и, ништо. Го нема глупион Едмунд, проститутката Ѓунер, најмагисетрот меѓу кретените Жарко, Најче да и ибам мајче, мајмунот од Мајмудонија Џабир... Ги нема да напишат нешто за Македонскиот “Петок, 13-ти“!!!??? Да осудат, да посочат... Се огласија за осуда на говор на омраза (што само тие го видоа), се огласија и му пресудија на таткото од Гостивар што си ја бранел малолетната ќерка – а, за Масакарот од “Петок 13-ти“ молчат. Молчеа и за “Бриони“, и за резбарење “Мавровски работници“, и за киднапирани, и за “Жолтата куќа“ во Албанија за трговија со органи. Кога сме кај донирање на органи, на сите нив би им донирал еден свој орган. У, уста да го носат. Пизда им материна.

За разлика од Латас, јас знам кој се, и кај се, извршителите. Тоа се странски платеници, со погрешна вероисповест, подготвувани за специјални задачи од врвните комбат инструктори на Анкл Сем, пратени овдека на неколкучасовна задача да ја дестабилизираат државата со најгрозоморно можно убиство – масакар. Влегле илегално, масакрирале, и веднаш се префрлиле преку граница во правец на Бондстил.

Меѓутоа маршот на мирот дефинитивно прераснува во протести, политички протести, протести за добивање политички поени, протести врз грбот на болот и тагата. Маршот на мирот требаше да се одвива на плоштадот, во паркот, по улиците. Но тој прерасна во протест пред Владата, Собранието. Зошто??? Затоа што најлесно им е на оние што го создаваат гневот истиот и да го насочуваат за сопствени потреби. Ги активираат сопствените општински организации, сопствените политички штабови, искористувајќи го моментот да се промовираат, да се воздигнуваат и величат, а притоа сите нас да не манипулираат. Се се случува како дежаву. Очекуваме повторно да ги видиме Милчин, Ѓунер, Фрчковски со транспаренти да протестираат пред Владата, пред Собранието. По кој повод??? Само тие знаат! Повторно тагата да се користи за политички инсинуации.

Наместо за општо добро да се бранат интересите на земјава, некои Македонци избираат да бидат непријатели на Македонија. Бранејќи ги сопствените интереси, овие лица не покажуваат ни трошка чувство, достоинство или патриотизам. (...) Вчера Лидија Димова си дозволи да „плукне“ по Македонија среде Брисел. (...) Какви се тие Македонци кои свесно работат против Македонија? Ако земјава им е мета за „плукање“, што и кого величат тие? Чии интереси бранат?

Цртежи: I. Boinot

„За разлика од Латас, јас

„За разлика од Латас, јас знам кој се, и кај се, извршителите.“

*коИ се
Множина.
се брои ко хаику?

toa e izvadok od facebook ili

toa e izvadok od facebook ili portal, gospodine Iskren

Коле пак чкрта коментари на

Коле пак чкрта
коментари на окно
Осамен ентер

ne e kole:) zalim slucaj

ne e kole:) zalim slucaj

Само еден коментар до

Само еден коментар до Гелевски. Можеш ли да објасниш во кој момент кај тебе излегува некое друго чувство освен патолошката само-опседнатост. Продаваш објективност а не си во состојба две работи да сврзеш надвор од својата фикција.
Повреден ли си со ова убиство како Македонец ? Или не те интересира пошто ти си само граѓанин кој се бори за власт.
Ако си, тогаш објасни зошто си. Кое е тоа чувство што те прави да бидеш повреден како Македонец ?

Гелевски се заиграл табла на

Гелевски се заиграл табла на скајп, или можеби стварно сфати дека е глупо сам да си коментира на сајтот, па ај да го заменам:
Единственото нешто кое предизвикува болка кај него е мислата дека Бранко Героски добива повеќе пари од фондот ФООМ (читај фонд СДСМ) за неговото Плусинфо, отколку што Гелевски добива пари за Окно :)

Najgolemo nacionalno

Najgolemo nacionalno predavstvo e da se ostane nem na uzurpaciite od silata i mokjta. Ovaa eedinstvena zemja na planetava (a toa go znam podobro od tebe meglena) vo koja onie sto ne se soglasuvaat so mokta se narecheni predavnici i neprijateli. Ova e edinstvena vi svetot vo koja se demonstrira pred portite na opozicijata. Ova e edinstvena zemja vo svetot, vo koja opozicionerite se obvineti za SITE maki vo opstestvoto. Toa bi bilo za smeenje ako ne e za placenje. Vie meglena go pisavte komentarot ovde. Dali moj komentar moze da bide objaven vo Vecer? Slicen na ovoj. Jas sum navreden, ama ne kako Makedonec, tuku kako COVEK. treba da znaes deka covdeckot e milion pati povazno. Pri ubistvo vo Toronto, a gi ima mnogu, NIKOJ ne spomnuva kakvo e etnickoto poteklo na ubieniot. Toa samo vo na naseto primitoidno, plemensko ureduvanje!

Dobro e sto ostavaat

Dobro e sto ostavaat elektronski tragi platenicite na Grujo, pa eden den site po spisok kje bidat objaveni, kje vidime koj gi plakjal, koj naredbi im daval da lazat i pljukaat, i kolku pari narodni se frleni za pljukacite... Eh, kakva lustracija kje bide toa na kodoshite grujovisticki...

Страшно е што Гелевски

Страшно е што Гелевски повторно во негов стил го користи ужасниот масакр за евтино да профитира на тој начин што повторно го искористува за борба против неговиот „груевизам“. На тој начин, тој воопшто не се разликува од своите политички противници кои умеат секој феномен во општеството да го искористат за својата политичка цел. Кога станува збор за ова, тој оди, на пример, подалеку од СДСМ, кои сосема коректно се однесуваа во врска со настанот, суптилно внимавајќи да не направат нешто што би можело да се чита како политичка манипулација. Затоа дефинитивно тврдам дека луѓето како Гелевски повеќе и’ штетат на опозицијата и на нејзината борба против власта отколку што и’ помагаат.

Киро, треба да и’ помагаме на

Киро, треба да и’ помагаме на опозицијата за што? Да биде „конструктивна“? Да не се џилита? Да им ебе матер на Албанците заедно со ВМРО? (да не се делиме, така, да се сплотиме во племето)
Според мене, наша задача, како граѓани, е да се трудиме да го направиме општеството подобро. Некој мисли дека тоа може да се направи на начинот на којшто тоа го прави сегашната власт, некој го преферира СДСМ, некој ги презира сите комплет. Некој го прави општеството подобро на микро ниво, почитувајќи ги луѓето околу себе, но и критикувајќи ги.
Киро, воопшто не си го разбрал текстот на Гелевски. На три места во текстот се иронизира одвратниот стереотип на Бичиклиски&Димовски (т.е. на груевизмот) за „ситните, евтините, политикантските поени што се собираат на крвта, болката, идентитетот, достоинството“ итн. Ти, Киро, се лепиш за истиот безвреден демагошки стереотип. Тоа е обичен спин, што Гелевски во текстот и го докажува.
Работата е друга. Правците по кои груевизмот го води ова општество се сосема погрешни. Насилството, стравот, бедата, очајанието на граѓаните - создадени се од власта, од груевизмот. Зашто е тоа страшно да се каже?!
Најпосле, некои општествени вистини се крајно непопуларни. Храбрите поединци кои ги изрекуваат тие непосакувани вистини често се изложени на харанга и омраза. Гелевски не лови политички поени. СДСМ, нормално, ги лови. И затоа Гелевски може многу поотворено да зборува за голиот цар и за растуреното општество. Непопуларен е? Па што. Тоа е негов избор. Затоа твојата теза, Киро, е сосема погрешна и на парадоксален начин ги афирмира ставовите на Гелевски како сосема посебни, принципиелни и храбри.

Одлично кажано. Епик. Некој

Одлично кажано.
Епик.
Некој го прави општеството подобро на микро ниво, почитувајќи ги луѓето околу себе...
Тоа е тоа што ни фали на сите граѓани генерално.

Тоа е тоа што ни фали на макро ниво и како општество, но реално, окно ни вие не придонесувате тоа да се смени, реално да се подигне граѓанската свест и совест кај луѓето. За жал, според текстовите што ги читам во последно време, можам да заклучам дека само се претопивте во друга нијанса на сива боја која го прекрива медиумскиот простор веќе подолг период иако нормално има исклучоци.

Голема доза на патетика, во

Голема доза на патетика, во стилот на басната за „Лисицата и грозјето“...

Коља де јуре и де факто се

Коља де јуре и де факто се бори за власт (на СДСМ), а дали го наплаќа тоа, тоа е негова работа.

Јохан, ---Коља де јуре и де

Јохан,
---Коља де јуре и де факто се бори за власт (на СДСМ)---

и да е така (а верувам не е)...што има тука страшно?...зошто тоа би се стигматизирало?...не разбирам навистина

Па тој вика дека не се бори.

Па тој вика дека не се бори. Нешто не е чисто тука...

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото