Не навредувај ја интелигенцијата на луѓето (барем она малку што остана од неа)!

19.04.2012 13:42
Не навредувај ја интелигенцијата на луѓето (барем она малку што остана од неа)!

Доколку досега не беше јасно , тогаш ајде да повториме. – Основниот проблем со „чудото“ од црквата Св. Димитрија (се разбира, сè уште го пишувам во наводници, зашто не е докажано спротивното) не се однесува на оспорувањето и одземањето на правото верниците да веруваат во чуда, како што неодамна се обиде да го изврти случајот еден наш ценет пратеник.

Не, проблемот се однесува примарно на можноста која фино им се укажа (или можеби сами ја фабрикуваа во дослух со православното свештенство) на преродбеничките манипулатори, за извртување и спинување на „чудото“. Имено, искуството вели дека македонското колективно несвесно досега беше манипулирано со слични, многу „поневини“ приказни (а всушност, митови) за антидржавни предавници, атеисти, гејови, безбожници и што уште не. Логиката е јасна. – Кога народот голта сè, тогаш зошто да не му се испорача уште една фина приказна за себеафирмација и истовремена дискредитација на противникот!?

Впрочем, кога „божјата еманација“ ќе ги вплетка прстите во приказната за ветениот народ, дури тогаш народот ќе може уште полесно да стане тесто за месење. Ако некој мисли дека во една таква ситуација, познавајќи ги многу добро манипулаторските техники на преродбеничката фаланга, ние треба да останеме неми кон „чудото“, тогаш грдно се излажал. Зашто, воопшто не се работи за потсмевање на евентуалното чудо; се работи за очајнички обид на малкумината здрави во оваа држава да се заштитат себеси од можните дополнителни манипулации. Друг избор немаме!

Но, има уште еден аспект кој се промолкнува во целата оваа приказна, имено, митот за повластеноста на свештенството. За мене, а верувам дека е така и со повеќето останати граѓани на оваа држава (барем декларативно), сите луѓе се еднакви пред правдата (божја). Според тоа, јасно е дека не би смеело да се врши дискриминација на каква било основа, спрема кого било. Доколку некој се обиде да изманипулира, навреди, обезвредни или стигматизира некого, воопшто не би требало да ни биде битно дали тој „грешник“ е градежен работник, универзитетски професор или свештеник.

Оваа либералистичка придобивка толку многу ја „мантраме“, што веќе почнува да губи на својата вредност, но ако навистина се повикуваме на неа, тогаш ајде да бидеме доследни. Според тоа, не гледам зошто свештенството би било изземено од судот на јавноста (па ако сакате, и судот божји), доколку нешто погреши. Ако на свештенството му е дозволено незапирливо да ги критикува грешките, но и цивилизациските придобивки од социјализмот, тогаш зошто свештенството да биде изземено од критикување на своите грешки. (Зошто, на пример, сите граѓани на Република Македонија треба да се чувствуваат дискриминирано, бидејќи плаќаат данок, додека свештените лица се ослободени од таа должност?!?!)

Ете, токму владиката Агатангел, само неколку денови по појавата на „чудото“, го изјави следново: „Чудото во црквата Св. Димитрија е опомена до опозицијата за покајание, оти ја оддалечи веронауката од училиштата, ги организираше младите архитекти на протести против црква на плоштадот и се бунеше против изградбата на црква на Калето.“ Кој здрав и просечно интелигентен човек ќе може да негира дека оваа идиотска изјава не претставува очигледен обид за стигматизација на неистомислениците и за најпримитивно замајување на јавноста, и тоа според најкомуњарски, мистификаторски методи?!

Психоанализата може многу да ни помoгне! – Очајната желба на црквењаците „чудото“ да премине од трансцеденција во иманенција, да се деградира од метафизичност во (само) физичност и да завладее со секојдневието, може единствено да значи дека за нив не е толку битна интелигибилната сфера на религиозноста, колку што е битна сетилноста на световниот живот. Длабоко сум убеден дека напредокот на науката, односно, демистификацијата на природните феномени кои во минатото се сметале за чуда, не треба да ѝ пречи на верата да го наоѓа чудото (овојпат без наводници) во подрачјето на метафизиката. Меѓутоа, параноичната потреба на црквењаците и на свештениците „чудото“ да еманира во подрачјето на науката и во физичкиот свет, може само да упатува на две нешта: Или ја погрешиле професијата, односно се неквалификувани во професијата која ја одбрале (не знаат каде да го бараат чудото), или, што ми се чини поверојатно, тие длабоко во себе се свесни дека не му се дораснати на религиозниот повик. А кога не си дораснат да се занимаваш со надтелесното, тогаш надтелесното ќе го спуштиш во сферата на телесното! Амин!

Слики: Brendan Monroe

Тоа што предлагаш е да се

Тоа што предлагаш е да се занимаваме со бајки, балалајки и приказни кои се мртво депласирани, што не заслужуваат ни да бидат спомнати, а камо ли да бидат компромис меѓу здравиот разум и разбирањето на светот со физички феномени итн. надвор од догмите и мутаивте религии.

Изненаден сум од сите Вас кои коментирате, во смисла на главната идејата од текстов, да се остават глупите во нивната глупост, без да заборавиш дека и ти испаѓаш глуп што им дозволуваш сите нас да не прават глупи, едни примитивни задоени мутавци. Наместо отворање на очи, еманципација и класично анти-догматско однесување што правиш ти, а гледам и други те поддржуваат?

Ова е банален и глуп компромис и воедно намалување на полето за борба, имено, откажување или интелектуално понижување и себе-поништување; да не заборавиш, борбате е добиена, само треба да се пропагира, така што, од фактот деа интелигенцијата го има сомнежот како алат, а фанатикот нема ништо освен сигурноста гордоста и верувањето, па затоа глупавите како Премиерот и останатите први луѓе на Државата, Претседателот, ги вадеат глупите. Тоа што ти правиш ја враќаш состојба назад, до моментот кога они би станале самосвесни и само би го отфрлиле тоа глупирање, но тоа нема да се случи, зар ќе чекаме да видиме? Зар не знаеме дека секуларноста не се носи во Цркви и Џамии со камери, ниту им се дава право на изјави на црковни лица по телевизии и медиуми?

Вангел, имаме проблем со системот на верување кај овие примитивни и средновековни луѓе, а оваа приказна е дел од тој систем, дел од тоа сопствено прикажување на работите какви што не се, смирување со себеуверување.

Мене ми изгледа идиотски што ретко кому му текна да го поврзе тоа празноверување со убиствата, интуитивно, со работата на разузнавачките служби и ставање во функција на господ, како и пуштање вода на "чудото" откога му помина рокот. Да ги прашаме сите чудотворци, агатангел идиотот, и останатите морлаци кои веруваат во глупости, каде беше госпот да ги заштити со чудо убиените?

Во речиси сите древни култури

Во речиси сите древни култури чудата биле толкувани како лош предзнак, што и во нашиов случај некако се потврди. Фабрикување на чудо и поигрување со вербата на верниците е уште полош предзнак, што исто така се потврдува.

Свештенството во Македонија

Свештенството во Македонија ги измеша лончињата и тоа му е јасно на било кој верниk во Македонија. Тоа и не е ништо ново имајки ги предвид разноразните преданија на нашите предци за поповите во контекст на "дај попе рака и на ти попе рака" ситуации. Мегутоа како и се друго на овој наш мал простор интересите и желбите и аспирациите ни се мешаат и доведуваат до хаотични ситуации и несредени релации. Еве и во текстот на Ноневски и во коментарот на Лептон, се измешани Религија, Божји прикази, слобода на верба, даночен систем, корупција, веронаука во школскиот систем, борба за власт,интелегенција, глуп Македонски народ, уште поглупа владеачка гарнитура, и тероризам. Се на едно место, салата.
Ми се чини дека е време да се создаде виртуелно еден просечен Македонец кој ке биде референтна точка за дискусија, за да ги отргнеме од дискусиите епитетите како глуп народ и слично. Затоа што глуп народ не постои, постојат само глупи политичари и замислени самопрогласени интелектуалци кои не можат да ги препознаат карактеристиките на колективот од кој и тие самите се дел.
Инаку се сложувам со Ноневски дека во Македонија треба да се оданочуваат религиските институции кои се однесуваат како профит центри. Во Америка црквите не се даночат само затоа што се работи за непрофитни организации и заради диференцијацијата на релација држава-црква. Мегутоа тоа исто така подразбира немешање на црквата во работите на државата, а камоли во политичкиот систем. По она што го слушнавме од свештенството деновиве се чини дека приоритетите им се измешани. Можеби затоа феноменот се случи на ѕидовите од црквата. Референтниот Македонец тешко би го убедиле поповите со муабети дека нешто се случило. Референтниот Македонец не им верува многу на поповите, мегутоа верува во Бога и сака да види го види со свои очи чудото. Ако нешто знае референтниот Македонец тоа е дека сите нешто матат, без разлика колку да се светли каменчињата што му ги ветуваат.

А што те прави тебе поарен од

А што те прави тебе поарен од тие забрадените ајвани, о необразуван створу кој верува во психоанализи, плашила и колективни потсвести и несвести?!

Полошо од верско чудо е

Полошо од верско чудо е „стручна“ анализа на чудото.

Too bate

Too bate

А-така, нема да си ја

А-така, нема да си ја навредувам интелигенцијата и нема да читам глупости напишани по нарачка на партија.

Njdobar stav, a i najdobra

Njdobar stav, a i najdobra analiza (kriticka, shto osobeno e vazno) na samoto episteme na slucajot so "cudoto". Iako ne go poznavam avtorov na statijava, no citajkija dlaboko se pocuvstuvav deka razgovaram so eden moj blizok prijatel-bogomil.

Вангел е само љубоморен што

Вангел е само љубоморен што не е тој оној што меси.