Чекајќи ги климатските промени

20.04.2012 08:14
Чекајќи ги климатските промени

Уличниот уметник Исак Кордал, кој е познат по своите бетонски скулптури, сега се појави со нова серија која го засега прашањето за климатските промени, насловена „Waiting for Climate Change“ (Чекајќи ги климатските промени).

Овој скулптор и претходно се обидувал преку своите дела да го сврти вниманието на јавноста кон горливите политички проблеми, а овојпат тоа го прави преку неговите препозналиви минијатурни фигури.

Кордал потекнува од Шпанија, но моментално живее и работи во Брисел. Тој ги употреби фигурките, високи најмногу до 25 сантиметри, за да ја прикаже апатичната природа на поголемиот дел од нашето општество кога станува збор за соочување и справување со последиците од нашиот современ начин на живот. Минијатурните статуи едноставно чекаат да бидат уништени, потопени или затрупани од разорните природни сили, од плимата и слично. На овој начин Кордал сака да ни укаже на пасивноста на луѓето кон овие значајни и битни прашања од областа на природната околина и нашиот однос кон истата, прашања кои нè засегаат сите нас подеднакво.

Стотиците фигурки, како дел од Beaufort04, четвртото издание на Биеналето на современа уметност покрај океанот, се наредени долж белгискиот брег. Изложбата ќе трае до септември годинава.

Извор: bestbookmarks.net

e ova ti se vika aktivizam,

e ova ti se vika aktivizam, covece, vakvo nesto mu treba na skopjevo, covece, treba da se organizirame, covece, gruevski, covece, smrt

ОкоБоли главаВицФото