Плејбој најавува поексплицитни содржини за да биде конкурентен со Фејсбук

20.04.2012 14:05
Плејбој најавува поексплицитни содржини за да биде конкурентен со Фејсбук

Најпознатото списание за мажи, Плејбој, од оваа есен најавува значително поексплицитни содржини за да може да биде конкурентно со популарната социјална мрежа Фејсбук, вели основачот Хју Хефнер.

Тој напоменува дека Плејбој не е еротско списание и дека уредништвото со години се обидувало да ги нагласи добрите текстови кои се наоѓаат во него, но дека неговиот идентитет и понатаму го одредуваат фотографиите на насловната страница и зајачиците, кои повеќе го немаат истиот ефект како порано.

„Во текот на изминатите години се плашевме дека некое друго списание би можело да стане сериозна конкуренција на Плејбој, но сепак излезе дека најголемата конкуренција дојде од друштвена мрежа“, вели Хефнер и додава:

„Плејбој дури размислуваше да испрати молба до девојките кои закачуваат свои фотографии на Фејсбук да се обидат да бидат малку попристојни, но сфативме дека тоа нема да вроди со плод. Затоа се решивме да го победиме Фејсбук на нивен терен“.

„Во наредните неколку броја на нашите страници исклучиво ќе се најдат фотографии од девојки во WC, најмногу на машина за перење. Исто така, во секој број ќе имаме по неколку фотки со девојки кои се бакнуваат, како и рубрика во која ќе ги објавуваме пијаните зајачици во ноќно лудување. Исто така, размислуваме да ги отпуштиме повеќето фотографи, бидејќи одредени истражувања покажаа дека луѓето повеќе се возбудуваат кога ќе видат фотографии од девојки кои се сликале самите себеси, што во иднина ќе го прават и нашите зајачици“, најавува Хефнер.

Извор: njuz.net

ДИКТАТУРАТА НА ДЕЛО, ЕВЕ

ДИКТАТУРАТА НА ДЕЛО, ЕВЕ ЈА!!!