Остер и Грас, Турција и Израел

21.04.2012 13:34
Остер и Грас, Турција и Израел

Во својата книга „Книжевноста на Источна Европа во добата на посткомунизмот“, американсиот славист Ендрjу Барух Вахтел понуди згодна, оригинална и духовита феноменолошка дефиницiја на поимот источна Европа; уште во воведот на книгата, Вахтел буквално вели: „Источна Европа е оној дел на светот каде сериозната книжевност и оние кои творат отсекогаш биле преценети“. Веднаш потоа следува и појаснувањето: „Да не дојде до забуна, бидејќи не постои некакво архимедовско мерило со кое би се одредила вистинската вредност на сериозната книжевност и писатели, јас овде тврдам само дека во Источна Европа писателите и книжевноста се преценети споредено со значењето кое им се придава на нивните колеги во остатокот од светот“. Има две причини за таа преценетост; најпрвин, за време додека најголем дел од Источна Европа била под контрола на две царства (Руското и Хабсбуршкото), писателите биле чувари на јазикот како темел на идентитетот на „малите источноевропски народи“ (И. Бибо); потоа, за време на комунизмот, книжевноста беше привилегирана област на различни дисиденти, па моќта на писателот во многу случаи беше споредувана со политичка моќ. Сепак, на самиот крај на својата книга, Вахтел тврди дека во посткомунистичкото време и во источна Европа се изгубила важноста на книжевноста, па (иронично?) заклучува: „Среќен е оној народ чија книжевност ја изгубила општата важност“.

По речиси четврт век по падот на Берлинскиот ѕид, книжевноста во Источна Европа навистина го изгуби поголемиот дел од својот „симболичен капитал“. А ако бараме дел на светот во кој денес сериозната книжевност и особено оние кои ја создаваат – се преценуваат, изборот попрво би паднал на блискиот Исток, да речеме, на просторот од Босфор до Персикиот залив. Две книжевно-политички приказни, поврзани за тој дел на светот, претходните денови го потресоа целото „глобално село“. На првата приказна би можеле да ѝ дадеме наслов „Остер и Турција“. Новата книга на американскиот писател Пол Остер, мемоарскиот „Зимски дневник“, преведена е и објавена во Труција пред да биде објавена во оригинал. Остер е светски славен писател, па тоа само по себе не е некаков исклучок (некои негови книги се објавени и во Србија, пред објавувањето на оригиналот), но ова е навистина прв пат нешто такво да се случи во Турција. Издавачот имал идеја да организира промоција во присуство на авторот, но Остер одби да дојде во Труција, а како причина за тоа го наведе дека во Турција има повеќе од стотина писатели и новинари кои се во затвор поради, што би се рекло, „вербален деликт“. И сето тоа навистина не би излегло од забрана на културните рубрики, да не се огласеше турскиот премиер Ердоган, кој на Остер му се обрати прилично недипломатски, пишувајќи, парафразирам: „Не мораш да дојдеш, што ќе си ни, поради твоето недоаѓање Турција нема да го изгуби престижот“. Во продолжение на своето обраќање, Ердоган му замерува на Остер што одел во Израел, наспроти бомбардирањето на Газа. Остер на тоа му врати дека во Израел постои слобода на говор и дека неговата критика кон Турција се однесувала исклучиво на таа област.

За Израел, секако, е врзана онаа неодамнешна и добро позната книжевно-политичка приказна, онаа чијшто наслов може да биде „Грас и Израел“. Германскиот нобеловец Гинтер Грас во вкрстениот троброј на Suddeutsche Zeitung објави – песна. И песната предизвика потрес на политичката сцена. Песните, се гледа, се чудо! Песната на Грас се вика „Она што мора да се каже“, а нејзиниот клучен двостих е новинарски транспарентен и разбирлив: Атомската сила на Израел го загрозува/ и онака кревкиот светски мир. Низ воведниот дел на песната, Грас се обидува да одгатне – зошто му е така тешко да го каже „тоа што мора да се каже“. Причината е навистина јасна: поради холокаустот, на Германците им е тешко да го критикуваат Израел. Во тој вовод, Грас како и да ја насетува рецепцијата на песмата, споменуваќи ја „пресудата за антисемитизам“. И секако, на реакција од Израел не требаше да чека долго.

Најекстремната (и најбизарната) реакција е (формалната) забрана на Грас воопшто да стапне на израелско тло. Како причина не е наведена самата песна, туку фактот дека Грас како седумнаесетгодишник бил есесовец, нешто што самиот го призна пред шест години и што привлече многу внимание ширум светот. Забрана за влез во Израел пред шест години немаше, па јасно е дека поводот за тоа е песната. За разлика од Остер и Труција, во Израел не се цитираше што порача израелскиот премиер по повод книжевно-политичкиот случај, туку она што го порача тамошниот министер за внатрешни работи, а овој, мртов-сериозен, побара на Грас да му се одземе Нобеловата награда!?

Постои ли во овие два случаја нешто поучно од босанско-херцеговинска перспектива? Сосема сигурно има неколку поуки, а две не е лошо ни да се потенцираат. Најпрвин, колку тоа да им сметаше на форумашите, блогерите, интернет анонимусите и останатите фејсбуковци, и понатаму е важно кој што кажува, отколку што се кажува. И второ, поважно, тоа што некој народ во одредени историски околности бил жртва, знае да му создаде чуде облик на „праведнички комплекс“ поради кој мисли дека сè му е дозволено, и дека секоја критика на негова сметка представува злосторство и ревизионизам. Тој комплекс воопшто не е здрав, ниту благотворен.

Извор: Oslobođenje

Илустрации: Вилхелм Штале

ОкоБоли главаВицФото