Високи начела и ниски побуди

24.04.2012 11:08
Високи начела и ниски побуди

Малку ли се Латас, Миленко и Јадибурек, бестрашните воини целите себевложени во одбрана на светиите на нацијата, на хоризонтот се појави ново крстоносно трио фантистикус: Агатангел, Илија Димовски и Венко Андоновски. Најновите морални чувари на верскиот поредок и световниот режим мамицата им ја расплакаа на несреќните но злосторнички атеистички души. Димовски ги построи безбожниците заради вреѓање и исмевање на црквата и клерот, а владиката Агатангел ги предупреди некрстените гнаси дека чудото од Свети Димитрија ним им е упатено, за да се покајат и од власта да побараат прошка. Оклопникот Венко Андоновски отиде најдалеку во својот осветољубив праведнички гнев, прогласувајќи ги убијците од Смилковското езеро за души полни плевел кои, логично, во прв ред се - атеисти. На тој начин гордите јавачи на апокалипсата, великаните (или валканите пеликани?) на родољубивата (или среброљубивата?) мисла ем акција, уште еднаш покажаа спремност својот (витешки оклопен) мозок да го отстапат за трајно користење на верската нација.

Надвор од иронијата, треба појасно да се каже: вредностите што ги олицетворуваат најновиве себепрогласени верски чувари се вредностите на баналноста (на злото) и на кичот. Ништо подобро не ја опишува општествената позиција на Димовски или Андоновски од поимот кич првенствено сфатен како спој меѓу високи начела и ниски побуди. Анестетика - да, естетика - не. Задртавен фанатизам - да, толеранција - не. Религија - да, рефлексија - не.

Мигел де Унамуно во својата култна книга „Агонијата на христијанството“ (1924) спомнува интересна против-језуитска анегдота за односот меѓу религијата и рефлексијата. Унамуно раскажува за некој негов пријател кој како лекар заминал на посета во еден искушенички манастир на језуитите (исусовците) во Шпанија. Во ќелијата на еден од искушениците во капелата за свето причестување лекарот видел слика на архангелот Свети Михаил како за нозе го држи Демонот, Сатаната. А Сатаната, побунетиот ангел, во раката држел... - микроскоп! Микроскопот, како симбол на аналитичноста, не е добредојден во редовите на оние кои однапред знаат сè. Унамуно (кој често знаел да биде токму фанатизиран, мошне борбен, „агоничен“ католик!) ги критикува оние свештеници за кои микроскопот е закана: „Тие луѓе прават сè за да ја избегнат и сопрат агонијата на христијанството, но на начин да го убијат. За да не страда! Го смируваат со смртоносниот опиум на своите духовни вежби и на своето образование. На крајот од римокатоличката религија ќе направат нешто налик на тибетанскиот будизам.“ Според Унамуно, двојноста и борбата се суштински карактеристики на христијанството. Језуитизмот, на пример, со својата доктрина за пасивната ментална покорност ја убива борбата и, со неа, самата срж на христијанството. Христијанинот, вели Унамуно, може да ја убие сопствената рационалност, но не може да го убие интелектот на некој друг. А токму тоа го прават језуитите; според Унамуно, во обидите да ги заглупават другите оглупавеле тие самите.

***

„Не мисли, не промислува, не сака кога мора да расудува... впрочем, лесно се лишува од тоа. Слаба страна му се големите слики и покомплексните врзувања на нештата, но тој доста вешто ги избегнува или ги сведува на клишеа, притоа покажувајќи восхитувачка упорност во вербалното чукање празна слама... Тој, вистина, може да биде добронамерен, мил, верен, храбар, трпелив, може да има застрашувачка моќ на помнење-набројување-трупање... Но, способноста за воочување и расчленување на стварните појави чемрее некаде во длабочината на неговата дремлива свест. Љубител е на случајни слики и метафори и голем мајстор е на нивното спојување со општите, тврди стереотипи на коишто им робува. Неговата концептуална постапка, токму затоа, често потсетува на прокрустовско втерување на мошне хировити предрасуди во крути и тврди калапи... Впрочем, тој ионака е мистик, но емотивната метафизика во неговиот духовен живот е случајна, арбитрарна и без меморија, некаков тип на метафизика-за-на-лице-место...“

Вака Лисјен Леви-Брил, необичниот филозоф од првите децении на 20-иот век, се обидувал да ги толкува особеностите на нешто што тој го нарекувал „примитивен менталитет“ или „примитивна душа“, сакајќи да го разбере функционирањето на „пониските општествени механизми“, на „етнолошките култури“ и егзотичните заедници.

Мене ми се чини како Брил да го опишува современиот македонски „народњачки“ владател заедно со нему придружниот „народен интелектуалец“. Иако тројцата јавачи на апокалипсата за кои денес зборуваме се речиси идеално олицетворение на тој „народњачки профил“, сликата треба да се дополни, оти можеби и не е толку смешна сличноста меѓу некакви „примитивни“ култури во кои владеат врачеви со нашата тврдокорна парохијална свест. Освен забегувачките мантрања и клетви што се нудат наместо мислење, освен евтините метафори и опасните стереотипи, ми се чини дека некои од поважните карактеристики на нашата парохијална политичка култура се: опортунизмот, конформизмот, кариеризмот и колективизмот (низ кој треба да се анулира вознемирувачкиот индивидуализам). Република Македонија денес е држава која во почетокот на 21-иот век преку својата политичка власт и нејзините паланечки интелектуални поддржувачи не само што ги отфрла секуларизмот, просветленоста и модернизмот, туку ги тера своите граѓани кон сплотување во некакви мистични празаедници и идентитети наложени за дневнополитичка употреба од страна на шаманистичката црковно-партиска власт.

Жилиен Бенда (познат по своите полемики против „предавството на интелектуалците“), своите согледби од раните триесетти години ги прошири со повикот Европјаните да почнат да ја развиваат одбојноста кон страста спрема себеси. Без новиот рационален човек нема да има интегрирана Европа, сметаше Бенда. Наместо еднозначниот идентитет на нацијата, културата или верата на народите кои ја сочинуваат Европа сè попотребен ќе им биде „рефлексивниот идентитет“, втемелен во рационалноста. За жал, кај нас етничкото потекло и надуеното „прашање на идентитетот“ сè уште се почетокот и крајот не само на политичкото туку и на културното и на верското дејствување. Всушност, ако се занемарат пропагандните шашми, испаѓа дека етничкиот идентитет е единствената реална политичка програма не само на сегашните партии на власт, туку и на значаен дел од македонскиот естаблишмент. А како што рече филозофот Милан Кангрга, националноста или националната и верската припадност не можат да биде политичка програма или политичка основа на општествениот живот, освен во нацизмот и фашизмот, каде што е на дело ѕвералник, а не политика!

Слики: Deedee Cheriel

Amin i aleluja za odlicnata

Amin i aleluja za odlicnata kolumna!

Novoto inkvizatorsko trio

Novoto inkvizatorsko trio fantastiko gi krsi osnovnite hristijanski nacela so toa sto zaludno go spomenuva imeto bozje, lazno svedoci, ne go ljubi blizniot i ne nudi procka. Ako se tolku pobozni treba da propovedaat mir, razbiranje i tolerancija. Neka se ogledaat na Martin L. King i Gandi koi propovedale mir i tolerancija. Ova trio mi izgleda kako "lazni p(r)oroci"... False prophets.

"Throughout the New Testament, there are warnings of both false prophets and false Messiahs, and believers are adjured to be vigilant. The following verses (Matthew 7:15–23) are from the Sermon on the Mount:
"Watch out for false prophets. They come to you in sheep's clothing, but inwardly they are ferocious wolves. By their fruit you will recognize them. Do people pick grapes from thorn bushes, or figs from thistles? Likewise every good tree bears good fruit, but a bad tree bears bad fruit. A good tree cannot bear bad fruit, and a bad tree cannot bear good fruit. Every tree that does not bear good fruit is cut down and thrown into the fire. Thus, by their fruit you will recognize them."
So drugi zborovi, po delata se poznavaat vistinskite vernici.

Агатангел и Димовски не ме

Агатангел и Димовски не ме изненадуваат. И двајцата се дилетанти и толку им сече.
Но од Венко се искрено разочарав. Очекував повеќе од еден универзитетски професор.Тоа што тој го пишуваа на повеќето универзитети(барем во САД) би се сметало за нарушување на "кодот на однесување" (книга со правила) кој во основа забранува секаква дискриминација и говор на омраза. Просто ми е несватливо како е возможно Венко да нема разбирање за тоа што е граѓански концепт на општество и заштита на малцинските права, во нашиот случај атеистите. Па Обама во неговиот инагурален говор ги спомена и атеистите кога ги набројуваше верските групи, за да не звучи дискриминирачки во општество кое е базирано на секуларност.

Многу е јасно од колумната на

Многу е јасно од колумната на Венко Андоновски дека ги класифицира убијците како атеисти поради очигледното отсутсво на било какви морални кодекси или пак верба дека сепак ке треба на некого да му се даде отчет на судниот ден, нешто што е повеке или помалку вградено во сите поголеми религии. На крајот на краиштата и да не сте религиозен, мегутоа верувате во Бога чувствувате дека се што правите има ефект врз вашиот живот на начин кој вие не го контролирате, и кој зависи од енергиите кој ги создавате околу себе. Односно во отсуство на Бог во личноста на еден човек, мотивираноста се сведува на само-интерес и лични задоволства , што е единствен начин да се објасни злосторот што е направен со убиството на пет невини луѓе.

Meglena, neka ti prosti Bog

Meglena, neka ti prosti Bog bidejki ne znaes sto zboruvas. Go poddrzuvam tvoeto pravo na govor. Ja osuduvam tvojata teza deka otsustvoto na verba vo Boga e vo isto vreme otsustvo na moralen kodeks. Tvojata teza e skolski primer za diskriminacija vrz osnova na religiozni ubeduvanja (ili nivno otsustvo), primer za sirenje na govor na omraza kon edna zaednica (ateisti). Vo krajna linija tvojata teza e ekstremno ignorantska, stupidna i malogragjanska. Sepak se vrti, draga Meglena.

Кики, не си разбрала што е

Кики, не си разбрала што е напишано. Тезата е дека убијците на невините луѓе се атеисти, а не дека сите атеисти се убијци. Се разбира дека во огромната шареноликост на атеистите постојат луге со свои морални кодекси, покрај нели, заедничките закони што ги имаме како минимум прифатлив стандард на мегусебни релации. Прашањето што само се наметнува е како го формирате тој морален кодекс. Кој се заедничките точки на атеистичката заедница освен тезата дека нема Бог. Отсуство на нешто не прави заедница. Ние сите што не носиме патики Адидас не сме никаква заедница. Тие што носат патики адидас се заедница. Причината зошто не можеме да бидеме заедница на неносачи на патики Адидас е поради фактот што нашите причини за неносењето се безбројни.
Неамње пари, немање продавница, не сум слушнал за патики Адидас, ми купија други патики , безброј причини од кои заеничко е само отсуството на патики Адидас. Така и со атеистите, отсуството на Бога не ве прави заедница, ве прави само луге без патики Адидас.

Meglena, neka ti prosti Bog

Meglena, neka ti prosti Bog bidejki ne znaes sto zboruvas. Go poddrzuvam tvoeto pravo na govor. Ja osuduvam tvojata teza deka otsustvoto na verba vo Boga e vo isto vreme otsustvo na moralen kodeks. Tvojata teza e skolski primer za diskriminacija vrz osnova na religiozni ubeduvanja (ili nivno otsustvo), primer za sirenje na govor na omraza kon edna zaednica (ateisti). Vo krajna linija tvojata teza e ekstremno ignorantska, stupidna i malogragjanska. Sepak se vrti, draga Meglena.

Meglena, da dade "gospod"

Meglena, da dade "gospod" site sosedi da ti bidat ateisti.

Мислиш да даде "природата"

Мислиш да даде "природата" (nature) да ми бидат сите соседи атеисти. Не се мешај у територија.

Ateisti + nudisti

Ateisti + nudisti

Кољка душо напатена и

Кољка душо напатена и неначитана.
Многу си патетичен и веќе превидлив со цитативе, дај нешто од твоите анални бљувотини, поинтересен си!

Meglena na sto ja bazirash

Meglena na sto ja bazirash tezata deka "ateistite nemaat moralen kodeks" i uste poveke "отсуство на Бог во личноста на еден човек, мотивираноста се сведува на само-интерес и лични задоволства..."
Zivo me interesira na sto se baziraat ovie tvrdenja, ako ne e tajna?

Апсолутно не е тајна. Ова е

Апсолутно не е тајна. Ова е долгогодишна борба на атеистите да формираат свој морален код и етика, а истовремено да не паднат во замката на,како што сами ја нарекуваат, апсолутната вистина и самите да станат религија. Мегутоа заради фактот што тоа е невозможно и анрхичноста на безбројните можни комбинации и погледи на атеистите на крај се се сбедува на само-интерес. И само-интересот можете да го земете како морален кодекс мегутоа проблемот е што во екстремни ситуации доведува до Супер човекот на Ниче, нацизмот и комунизмот. Тоа е за оние атеисти кои имаат филозовски проблем со идејата за Бог, кои се само еден дел од мнозинството атеисти кои се само обични криминалци. Тие -криминалците најверојатно и не знаат дека има име за нив - атеисти. Таа состојба им е природна и не им требаат длабоки анализи. Важно им е да бидат најадени и напиени - сега и тука, и не бираат начин како ке дојдат до тоа. Односно немаат морален кодекс освен базичните чувства - самоинтересот и личните задоволства.

Меглена, ова што си го

Меглена, ова што си го напишала се еден голем куп глупости. Мислам дека единствената цел ти е да испровоцираш коментари и да малтретираш со небулозни тврдења (што за жал ти успева).

Филип не биди глуп. Меглена е

Филип не биди глуп. Меглена е машко. Ајде сега да извлекуваме заклучоци за тоа, зошто е таа всушност тој.Што вели црквата за тоа?

Само тролови ги етикетираат

Само тролови ги етикетираат луѓето што не ги познаваат. Меглена е женско име, затоа пишував во женски род. Ирелевантно е дали е машко или женско, небулозните тврдења за атеистите/криминалците и религиозните/моралните се на иста линија со онанијата на Венко. И секако се небулозни.

Небулозен е начинот на кој го

Небулозен е начинот на кој го сфаќаш тоа пто е напишано. Не пишува атеисти=криминалци и религиозни=морални. Ако така ги разбираш работите тогаш имаш резервирано место во фанатичниот оддел на било која партија или религија.
Она што е напишано е дека убијците на невините луѓе се сигурно атеисти. Прво се работи за ладно испланирано изведено убиство, што од своја страна значи дека се пресметливи, а второ сите религии имаат морален кодекс на однесување кој не дозволува вакво убиство. Дури и исламот не дозволува вакви грозоморни убиства, на инфидели, ако нема фатва и не е прогласен џихад. А и во тој случај ако се работи за религиозна војна, војната ке биде објавена, затоа што и Мухамед не се бави со скришни, убиј и кидни, убиства.
Инаку во моите коментари нигде не пишува дека религиозните се морални, меѓутоа може да се изведе заклучокот дека ако се живее по моралните кодекси на било која од религиите, имате одлични шанси да бидете во склад со моралните норми на вашата заедница.
И да се разбереме, колку и да сакате себеси да се именувате атеисти зошто звучи кул, ако пола живот сте го потрошиле во потрага на одгoворот на прашањето дали има Бог или не, апсолутно не сте атеисти во смислата која Венко ја опиша. Мегутоа, тоа е тема за друга дискусија.

МегленА, јалов е обидот да се

МегленА, јалов е обидот да се извртат тезите, демек јас не разбирам што сака да каже Венко (и ти). Изгледа дека сепак Венко не разбира што сакал Венко да каже.
Прочитај ја неговата последна колумна во која што пишува дека тоа што го напишал не го напишал, го напишал тоа што не го мислел, а тоа што го мислел го заборавил. Всушност, тој убаво, фигуративно си пишувал, ама читателите (некои!) погрешно го разбрале. Бре! За ваквите работи постои еден израз: „гомно со шеќер“.
Инаку, далеку сум јас и од партии и од фанатични оддели. А таквите дрн-дупки и лажни филозофи како Венко (и ти) наголемо учествуваат во ебавањето на нашата земја. За жал, се што беше толерантно и слободоумно отиде по ѓаволите.

Бог е хоби.

Бог е хоби.

Магдалена е во право, ние

Магдалена е во право, ние атеистите мислиме како да се најадиме, пивниме и ебниме...а гледајте го религиозниот клир на МПЦ...сите испиени-од постење, со исплазен јазик-од непиење и со пајажина меѓу нозете, така ли е грешнице?

Па добро, штом оваа дискусија

Па добро, штом оваа дискусија за атеистите предизвика толку увреѓени, едно прашање до сите атеисти на сајтов. Може ли некој вака да го налиста набрзинка моралниот кодекс по кој живеат атеистите, а не е напишан во законот, за да знаеме за друг пат да не пишуваме глупави коментари.

А за Костурчанец, ако религиозниот клер на МПЦ го прави тоа што го инсинуираш , тогаш и тие се дефинитивно атеисти. Според тоа апсолутно се од ваша и можете да видите што се случува кога се однесуваш атеистички.

Филип, нема извртување на

Филип, нема извртување на тези. Цела моја дискусија на оваа колумна е во одбрана на иста теза, која ја прочитав сега како дообјаснување од Венко. За мене тоа беше и единствено објаснување од почеток и затоа во мојот одговор на Кики и го напишав скоро истиот одговор од новата колумна на Венко.
За мене ова е многу интересна тема (атеизмот) затоа што сметам дека тоа е најголемиот проблем на овие Балкански простори. Атеизмот кај нас е присутен секаде. Мегу интелектуаалците,во црквата, во власта. За интелектуалците и власта е јасно, повекето се образувани без никаков верски инпут, освен во деригаторна смисла, дека тоа некако е знак на заостанатост и необразуваност и дека е опиум за народот. Тоа функционираше и некако во комунизмот затоа религијата беше заменета со комунистичката идеологија а Бог со Тито или Сталин. Односно функционираше затоа што луѓето духовно беа сврзани во создавање на подобро утре, врз основа на добрите дела направени денес. Судот беше партијата на чело со Тито ( читај свештенство на чело со Бог). Проблемот настана со транзицијата во капитализам без идеолошка поткрепа. Капитализам , односно профитен систем без пратечки морален концепт е како озаконето разбојништво. Ако не те фатат се е дозволено. Затоа и толку падавичарење имаме сега со лустрацијата. Човек со морални вредности и без лустрација би имал проблеми со самиот себе доколку бил вмешан во недозволени работи. Само празна душа ( профитерска атеситичка ) се секира да не го фатат. Вистинскиот верник има поголем проблем од срамот по весници. Треба одчет да дава на друго место. Малку повисоки авторитети. Капитализам без додатни морални авторитети е само обично рабојничко гнездо каде најбезобразниот и најсилниот грабаат се. Во таква состојба се наогаме ние во Македонија. Невозможноста тоа да се види и дефинира како проблем во нашето општество ке резултира со разбојништва, локални насилници, преваранти, убиства и слични манифестации кои лесно избегнуваат казна ако се блиску до единствениот авторитет власта.

Хе,хе,хе, Магдалено,шо викаш

Хе,хе,хе, Магдалено,шо викаш мори....дедо Стефче атеист да ти бил оти, очебијно, добро јаде и пие а, како шо има некои озборувања, и од третото не се откажува...

ОкоБоли главаВицФото