Гласот на недоверба во Европа

24.04.2012 12:57
 Гласот на недоверба во Европа

 

Германија и Франција овој пат се сериозни. За време на состанокот на министрите за внатрешни работи на Европската унија, кој ќе се одржи следнава недела, овие две земји планираат да иницираат дискусија за повторно воведување на национални гранични контроли внатре во шенген зоната. Според германската дневна новина Süddeutsche Zeitung, германскиот министер за надворешни работи, Ханс Питер Фридрих и неговиот француски колега, Клод Жеан, составиле писмо, во кое се бара на владите на земјите повторно да им се дозволи контрола на границите како ultima ratioпонатаму, како крајна мерка – „и во ограничен временски период“. Периодот кој го предлагаат е наводно триесет дена.

Секако, користењето на фразите како ultima ratio и „во ограничен временски период“ се смислени за овие мерки да звучат разумно и примерно. Всушност, во прашање е само повремена гранична контрола, во период од најмногу триесет дена. Ништо за кое треба да се грижите, зар не?

Меѓутоа, овој предлог не е безопасен и Европа би ја вратила децении наназад. Од 1995 година, граѓаните на шенгенската зона навикнаа слободно да патуваат внатре во границите на Европа. Со заедничката валута – еврото- слободата на движење е веројатно најсилниот симбол на европското единство. Дури и повеќе, за многу луѓе слободата на движење е токму она што оваа апстрактна идеја ја прави опиплива.

 

Да се доведе овој успех во прашање денес, всушност значи да се изгласа недоверба на Европа. Фактот дека овој предлог стигнува во екот на претседателската кампања во Франција го прави уште посомнителен. Соочен со ѕид, францускиот претседател Никола Саркози се обидува да се претстави како политичар со цврсти ставови спрема имигрантите. Сепак, ако ја погледнете неговата партиска припадност – член е на Христијанската социјлана унија, десен центар, а сестринската партија му е поранешната Христијанска демократска унија на Ангела Меркел – ваквиот потег тешко дека ќе ве изненади.
И покрај тоа, германскиот министер за внатрешни работи сепак мора да одговори на прашањето која била причината за да го промени својот став. Да потесетам, кога Данска минатата година објави дека повторно ги воведува граничните контроли, тој беше оној кој предупреди дека ваквиот потег може да ја фрли во сенка слободата на движење. А сега и тој ја игра оваа популистичка игра.  
Секако дека шенгенскиот систем не е совршен. Со ширење на Европската унија на исток, нејзините надворешни граници стануваат се пошупливи. Проблемите се добро познати: Грција недоволно ја чува својата граница со Труција, додека Италија дозволува бегалците своето патување да го продолжат во соседните земји. Ваквото однесување го крши Шенгенскиот договор, кој подразбира дека имигрантите треба да бидат згрижени во земјата во која пристигнуваат.

 

 

Па сепак, двата споменати проблеми можат да се решат без разводнување на принципот на слободата на движење. Земјите можат да ја зајакнат зашитата на границите и можат да најдат подобар метод за размсетвуање на бегалците внатре во Европската унија. Сѐ што е потребно за да се преземат вавки мерки е политичка волја. Ограничувањето на слободата која ја овозможува Шенгенот е последната работа која во овој миг и е потребна на Европа, имајќи во предвид дека кризата на еврото веќе изврши голем притисок на европското единство. На популистички маневри како овој не треба да им се дозволи уште повеќе да ги забрзаат трендовите на рационализација.  

Покрај сите овие прашања, мораме исто така да се запрашаме што треба да се постигне со триесетдневна гранична контрола. Никој не може сериозно да поверува дека овој потег ќе ја промени миграцијата внатре во шенген зоната.  

Наместо тоа, овој потег не наведува нас на заклучок дека ова повеќе е симболична работа за Германија и Франција: овие земји сакаат јасно да стават до знаење дека владите имаат најголема одговорност за своите граници и дека во секој момент можат да одлучат да ги затворат, ако е тоа неопходно. Тоа е демонстрација на моќ спрема Европската комисија, која дури неодамна се избори за право на глас кога се во прашање теми поврзани за контрола на границата.  

Меѓутоа, овој симболичен чин може да имат драстични последици. Тоа е повраток на националистичкиот начин на размислување за кои многумина сметаат дека е мината работа. Сѐ тоа, не потесетува нас на една земја која континентална Европа често ја исмева поради нејзините опсесии со сопствените граници: Велика Британија.  

ОкоБоли главаВицФото