Еротиката на национализмот

25.04.2012 08:21
Еротиката на национализмот

Пред некој ден налетав на интернет врска која води кон галерија на кинеско-советски хомоеротски постери. Таму, се провлекуваат слики во кои архетипите на кинескиот и советскиот (еве да речеме рускиот) „реален човек“ ја искажуваат својата блискост како нации.

Но таа блискост во секој постер е претставена телесно, преку допир, прегратки или држење за раце. Во комбинација со препознатливата естетика на „соц реализмот“, и акцентирањето на телесната фигуративност, оваа интеракција помеѓу мажите на постерите добива еротски контекст уште на прво гледање.

Ова веднаш ме потсети на чудната врска помеѓу национализмот и сексуалноста... врска на „љубов и омраза“.

Уште од самите почетоци на формирањето на нациите, национализмот и сексуалноста се категории кои се поврзани една со друга. Нацијата изгледа онака како што е раскажана од оние кои имаат ресурси да си обезбедат место на раскажувачи. Викторијанската и протестантска етика и морал преовладуваат па така националниот етос ја добива сликата и приликата на доминантната класа отелотворена во буржоазијата – работливоста и побожноста наспроти ексцесите на аристократијата и инстинктивизмот на необразованите селани и работници.

Луѓето вообичаено ја замислуваат нацијата како проширено семејство. Сите ние, наводно сме вистински или симболично „браќа и сестри“. Врамени од патријархална културна рамка, нацијата „определува“ родови улоги: што е тоа што го прават мажите и жените за нацијата. Накратко и поедноставено, мажите ја градат и бранат, а жените ја репродуцираат, физички и културно пренесувајќи ја традицијата. Или на ниво на иконографија, таа е секогаш претставена како жена (пр: мајка Македонија) која низ времето од различни национални татковци-основоположници симболички повторно ја раѓа нацијата.

Накратко, сликата на нацијата почива на јасна поделба помеѓу мажите и жените со јасни родово поделени улоги. А имајќи предвид дека иницијалните раскажувачи на нацијата се побожните индустријалци од северна Европа, уште од самите почетоци, пропишаната сексуалност и достоинственото однесување се оние на умереност, самоконтрола и поредок. Во така поставени услови на кој е кој во групата и што треба да прави, хомосексуалците од прва било тешко да се вметнат како пожелни групи. Според тоа како нацијата е замислувана, тие најпрво го збунуваат родовиот поредок односно поделбата помеѓу мажи и жени. Бидувајќи ни ваму ни таму, во очите на нацијата хомосексуалците не можат да ги остварат основните национални улоги: нејзина одбрана и репродукција. Дополнително, низ времето, од оние кои го определувале нормалното во нацијата, тие биле етикетирани и како закана, бидејќи ја ‘труеле’ достоинственоста на нацијата, промовирајќи го хедонизмот.

Ова одново ме потсетува на постоечката националистичка приказна за хомосексуалците во Македонија. Приказната почнува со осудата на хомосексуалниот животен стил кој не го помага наталитетот кој е во опасност. Цела една понова генерација е осудена бидејќи во овие „тешки времиња“, кога „белата чума“ се шета низ земјава, таа брка кариери и задоволства наместо да учествува во „битките“ за наталитетот. Во таа петта колона една од четите се и хомосексуалците.

Приказната продолжува со идејата дека хомосексуалците ги трујат традиционалните вредности во Македонија. Некој ќе напише дека не сака да го гледа Скопје како станува Амстердам. Таквата патека на трансформација на градот наводно не ги отсликува вистински посакуваните вредности. Тоа и не е нешто ново – национал романтизмот отсекогаш имал проблем со индустрискиот „град“, смогот, темните улички но и мултидимензионалноста, неизвесноста и постојаната промена. Наспроти ова седи идеализираното „село“. А селото е коренот на националната имагинација во Македонија (и не само тука) почнувајќи од битовата драма па се досега. Хомосексуалците, во таа имагинација, се суштества на градот, една од оние групи кои го прават „нездраво“ место за живеење.

На крајот, последниот дел од приказната е етикетирањето на хомосексуалците како инсталиран елемент и увезен од странство. Националистите замислуваат дека хомосексуалците ги создава Сорош или европските интеграции. Повиците за остварување на нивните права се гледаат како на уште еден наметнат бенчмарк, налик на решавање на проблемот со името.

 

Но тоа што постојано се поттиснува се „братските“ односи тогаш кога тие, како резултат на креирањето иконографија стануваат преблиски. Нацијата пред се е замислена како „хоризонтално братство“. На ова не потсетува, намерно или не, Бенедикт Андерсон во својата прочуена дефиниција за нацијата. Братството во овој случај ја открива патријархалната хиерархија во националната имагинација (но и во реалниот живот). Оваа хиерархија ги става во преден план мажите и нивното братство како основна врска на градење на нацијата.

Таквата хиерархија доаѓа од патријархатот, каде жените „мигрираат“ од едно семејство во друго без притоа да бидат целосно припаднички ниту во едно од нив. Од друга страна мажите се оние кои се столбовите на заедницата. На тој начин, во националистичкото замислување на заедницата, со жените „никогаш не сте на сигурно“. Така, еден наш познат „брат“ бргу беше наречен „сестра“ во оној момент во кој се „дозна“ дека сведочел против еден друг „брат“.

И тука некаде се враќаме на постерите од каде почнува овој текст. На крајот на денот, за националната иконографија односите кои што се слават се оние помеѓу мажи: другари или „браќа“ кои во заеднички потфат ја градат или ја бранат нацијата. Тие треба да се предадени еден на друг, да се жртвуваат, сакаат и чуваат во време на невоља. Во минатото, таквата блискост била некогаш опевана и како љубовна врска. Меѓутоа, во ерата на национализмот, идеалот за братска љубов требало да биде санитаризиран, а потенцијалите за хомоеротика избришани. На национализмот се уште му била потребна оваа братска љубов, но симболот на голи машки тела мора да биде „олеснет“ од неговата сексуалност, а во него да се инвестира значењето за здрава и одбранета нација.

Така, некогаш кога на Фејсбук ќе налетате на некоја фото сесија од неколкумина мускулести топлес другари, кои се „пипкаат“ или се гушнати и накитени со националистички симболи, запомнете дека го гледате резултатот на националната имагинација каде „братството“ е најпосакуваниот човечки однос, жените попатно место, хомоеротиката непосакувана нус појава, а хомосексуалците остануваат нерехабилитирани.

Напомена: Сликите во текстот се избор на уредникот на Окно

Слики: Свирачиња

Којзнае колкава е сексуалната

Којзнае колкава е сексуалната возбуденост на Миша кога во секој патриот гледа педер!
Само малку ми е нејасно равенството национализам = патриотизам = педерлук.

Ако националистите се педери (а нивните противници - не) , како настанала онаа прекрасна слика на Б.Ц. и Заев заедно со еден познат македонски травестит (Зоки Фаци)?
(малце google и ќе ја најдете ако ве интересира)

Размислувам да објавам едно интересно исповедање на еден „близок топол колега“ на Црвенковски од времето кога државникот уште бил студент на Електро
Шо би рекол Х.С. "There is time and place for everything, and that's college", а Бранко? XD

Мислам дека со илустрациите е

Мислам дека со илустрациите е изместено значењето на текстот. Кога пишувам за хомоеротиката пишувам за архетипите креирани од национализмот а не за конкретни политички личности од македонската јавност. За поентата на текстот не помага и тоа што истите тие личности се мапирани како хомосексуалци. Ако ги тргнеме тие лица, добиваме само еротика. Ништо од националистичкиот контекст. И чуму тогаш илустрациите?

Како автор мислам дека е фер да бидам прашан за илустрациите.

Но бидејќи не сум поборник на цензура, ако уредништвото мисли дека токму тие илустрации треба да стојат, тогаш како автор барам да се тргне моето име од текстот или да се повлече целосно.

Миша, прости, но не го копчаш

Миша, прости, но не го копчаш ликовниот јазик и го потценуваш изразот на Свирачиња. Многумина, исто така за жал, не го копчаат твојот теориски пристап кон темите што се преплетуваат: политика-сексуалност-култура... И тоа се ирониите на неразбирањето и незнаењето. Кога велам дека не го копчаш ликовниот јазик тоа значи дека не разбираш дека зад „конкретни ликови“ се кријат универзални пораки. Груевски од колажите на Свирачиња не е истиот Груевски од Сител, ВМРО итн. Ова е артифициелен Груевски, кој кажува некои подлабоки работи. За кои треба вкус и уши да се слушнат.

Како уредник на Окно, убеден сум дека колажите на Свирачиња идеално зборуваат за истите теми за кои ти зборуваш во текстот. Најироничното е, велам, што гласот на „артифициелниот Груевски“, според мене, е истиот глас од твојот текст!

Но, ако инсистираш, нема никаков проблем да го повлечеме текстот. Ирена Цветковиќ ме замоли да го објавиме на Окно, а јас со задоволство прифатив. Графичкото уредување на текстовите е уредничка работа, освен кога - како во случајов - авторот не инсистира да биде поинаку.

Да Коља, можеби не разбирам.

Да Коља, можеби не разбирам. Не претендирам дека сум познавач на културата како што си ти... бидејќи не сум. Но еве како разбирам:

За мене ова не се илустрации на тема националистичка хомоеротика. Ако Груевски се наоѓаше во таква илустрација, артифициелен или не, тогаш немаше да има никаков проблем. Напротив овака е многу полесно да се сфати текстот онака како „Политолог“ од првиот коментар го има разбрано: патриоти - педери; не-патриоти - ваљда океј.

Зошто? Бидејќи не се илустрации на тема хомоеротика како резултат на националистичка иконографија. (За жал неможам да го пејстирам линкот од каде почна текстот.

Прости, ама се наоѓам во непријатна положба - да сакам да ми биде објавен текстот на Окно; неговото значење да биде врамено поинаку од очекуваното; да се расправам со уредникот за нешто што на крајот на денот е негова работа.

Се извинувам ама напомената

Се извинувам ама напомената дека илустрациите се избор на уредникот на ОКНО не е доволно добро решение.

Како тоа авторот на текстот

Како тоа авторот на текстот не е поборник на цензура, а бара текстот да биде повлечен?! Го навредиле колажите на генијалните Свирачиња?! Ќе да проработе синдромот на скопска пичкица. „Се извинувам, јас не сум ни од СДСМ ни од ВМРО.“

Бидејќи не е можно да се биде

Бидејќи не е можно да се биде ниту таму ниту ваму?

Ako na toa se dodade deka

Ako na toa se dodade deka isfrustriran homoseksualec ja vodi drzavata, ne prasuvajte kako stignavme do ova derege.

Миша, уредничката напомена

Миша, уредничката напомена беше напишана пред да го прочитам твојот цензорски коментар. Ти повторувам, ако сакаш да го отстраниме текстот - нема никаков проблем. Но, биди свесен дека со тој чин влегуваш во мошне бизарната архива на цензурирани трудови во Македонија, кајшто овој случај ќе биде еден од поинтересните.
Моралната беспрекорност (плус пословичната овдешна „неутралност“) на авторот не дозволува „неморални“ графички и уреднички интервенции. Зарем не е тоа „хиерархијата на лажниот патријарх“? Просудувач кој нема елементарни компетенции? Како што ти, Миша, немаш елементарни ликовни компетенции во однос на Свирачиња...

Ок... пред да премине ова во

Ок... пред да премине ова во вжештена дебата го повлекувам моето барање да се повлече текстот. Нека остане како што е. Ако сте уверени дека илустрациите се соодветни so be it.

Миша, зошто дозволивте да ве

Миша, зошто дозволивте да ве изманипулираат! Ако текстот е авторско дело со одредена порака, така и илустрацијата е авторско дело со одредена порака. Тоа значи дека, ако некој на Ваш текст, а без да Ве праша за согласност, накалеми илустрација, тоа е мешање во вашето авторско дело, во пораката што сакате да ја пратите - и со тоа еден вид на цензура врз Вашето авторско дело. Нека не Ве залажуваат со наводното Ваше неразбирање во ликовен израз, а наводното нивно разбирање. Ни публиката што ќе го види Вашиот текст со онакви илустрации, нема завршено ликовна академија и таа илустрациите покрај Вашиот текст ќе ги сфати баш така како што ќе ги сфати и секој обичен човек, т.е. како што и Вие сте ги сфатиле: нема тука никаква друга, скриена високоуметничка порака (неразбирлива за нас обичните смртници) освен најобично антигруевистичко олајавање. Пружете отпор, кажете не!

Баш така Миша, ИЛИ ќе им

Баш така Миша,

ИЛИ ќе им дозволиш на окно да го објават твојот текст (со мали модификации и додадени сликички/свирачки за да може Коле да ја истера агендата која му е набиена сосе парите од ФООМ)

ИЛИ си од ОНИЕ ДРУГИТЕ!

Шегата настрана, ова е гадно добар пример како функционира пропагандната машинерија на СДСМ.

Миша го објави истиот текст и на Плусинфо и НЕ побара од нивните уредници да го тргнат.
Зошто?
Затоа што тие не му начукаа анти-Груевски слики до текстот, и не се обидоа да ја извртат содржината која авторот ја сместил меѓу неговите редови.

Svircinja se "hilarious" i

Svircinja se "hilarious" i imat svoja simbolika. No kako citatel na tekstot, pocustvuvav potreba da gi vidam originalnite posteri za koi zboruva avtorot. Mozeni toj samio trebalo da gi vkluci vo tekstot.

P.S: by the way, milo mi e sto ne go povlekuvate tekstot!

Абе ајде, место фино лепо да

Абе ајде, место фино лепо да си раскажуваме како Хитлер мака мачел да ги отстрани хомосексуалците од СС и СА(кои бај д веј, чудна работа, ги имало како плевел токму во најрадикалните конзервативни структури) вие се тегавите околу илустрациите. Следнито пат Миша да си нарача илустрации по мерка, а ОКНО да се консултира повеќе околу експлицитноста во уметноста. Можеби скриените пораки имаат подлабоко значење отколку монтажите со ликот кој уште малку и ќе почне да ни се појавува и во фрижидерите.

Свирачиња многу подобро ја

Свирачиња многу подобро ја ловат скриената (подсвесната) психодинамика на нацијата од академските безлични просеравања за политичко-сексуалната општествена машина. Случајов е типичен: „скопске педерче“ по обичај не се сврстава оти ориенталниот код го научил да и’ се покорува на чаршијата на сите четири страни (зборувам за тип, модел, не мислам толку на Миша Поповиќ, но неговата реакција е егземпларна; „скопското педерче“ инаку најчесто е „работник во сферата на културата“ или академец диџеј хакер кафанџија адвертајзер, а многу често и стварно геј). Тоа е една од причините зашто Скопје е мртов град - ради скопските вечно неутрални и цинични педерчиња. Случајов е егземпларен и затоа што скопското педрче по обичај има крајно стеснети културни хоризонти; најчесто е фах идиот, иако и фахот најчесто не си го познава на некој подлабок и попреиспитувачки начин. Та така здравиот полемички разговор скопското педерче секогаш го сече во корен, зашто просто не разбира и си живее во својот скопски свет два на два.
Во случајов Миша делумно отстапи од позицијата „скопско педерче“ и покажа каква-таква доблест, разбирајќи дека изразот на Свирачиња и изборот на уредникот на Окно се легитимни. Особено во контекст на темата што ја иницира самиот Поповиќ.

Десет години целиот град бруи

Десет години целиот град бруи за педерлукот на груевистичките кругови! А кога паметните Свирачиња тоа иронично ќе го изложат (не во форма на мизерно подметнување и безвреден трач, туку во уметничка форма) - најмногу се вознемируваат као пристојните типчиња кои не се ни ваму ни таму! „Пристојните“ кои всушност се гола сељачана кога станува збор за разбирање на уметноста и на вистинскиот преплет меѓу моќта, сексуалноста и културата...
До кога ќе треба да им се објаснува на културно и политички неписмените (од типот на Миша Поповиќ) дека патологијата на македонското општество не е кај „вулгарните“ Свирачиња (или, на пример, кај Бранко Тричковски кој пцуе по текстовите наголемо, но фаќајќи ја вистината за ова смрдено полуфашистичко општество), туку дека патологијата на Македонија во прв ред се наоѓа во груевизмот, т.е. во целата машина на моќта (која е многу поширока од груевизмот и во која спаѓаат и пасивните и неутралните, т.е. таканаречените скопски педерчиња). Со други зборови: никој не е на страна! Или, како што велеа хипиците на времето: и приватното е политичко!

Само во фрижидерот на Коља.

Само во фрижидерот на Коља.

Која е основната методолошка

Која е основната методолошка (културно-политичка) грешка на скопското педерче? Тоа што не копча дека опозицијата ние-вие (а скопското педерче у средина) - ја прави моќта. Актуелната македонска дихотомија груевисти-соросоиди - ја направи власта. Која има потреба да создава непријатели, нон-стоп, зашто тоа е бензинот за машината на моќта. И тогаш доаѓа скопското педерче и вика: „абе стварно власта си е матна, ама и соросоидот е матен... Ја сум најбољи, у средина! Башка, некој секоаш треба да преживеа, така?, за да прераскаже како било. Јас не сум ни со фашистите ни со антифашистите, оти ја сум просто и едноставно - скопско педерче.“

Бриколер, идеолошките маневри

Бриколер, идеолошките маневри на власта од типот „соросоидите“ и „груевистите“ се исти - заправо најмногу им одговораат на малограѓаните, на скопските педерчиња! А потоа на самата власт! На тој начин малограѓаните се сосема амнестирани за своето пичкинство, за својот кукавичлук и безидејност. Така што, те корегирам: најголема полза од спиновите на власта и од непрекинатото создавање непријатели има вечниот малограѓанин, моронот што 24 часа повторува јас не сум ни со овие ни со ние. Ни со Хитлер ни со Евреите. Затоа спиновите на власта се ефикасни, зашто им даваат морална сатисфакција на најголемите опортунисти и кукавици. Да, пошироко гледано, тоа е специјална војна против сопствениот народ и тоа е психолошка корупција. Која постои откоа има власт и има народ.
Што се однесува до „хероите“, оние што предизвикуваат омраза и кај власта и кај малограѓаните („народот“), ги има два типа: оние што го копчаат овој жртвувачки механизам (хомо сакер, некој ќе треба да наебе за тиранинот да падне, и херојот е спремен да ја отстапи својата глава) и оние што се слепи, фанатични херои: пичи против неправдата и силата и го боли курот како ќе заврши. Хероите во реалноста главно се како овие вториве (македонските партизани, на пример - изгинаа најдобрите, најпосветените, најхрабрите).

Бриколер - Никола Гелевски,

Бриколер - Никола Гелевски, КОЈ КУР ГЛУМИШ ПУБЛИКА НА СОПСТВЕНИОТ САЈТ?
Барем насади си мадиња и покажи храброст да се потпишеш над твоите постови.
И не ги навредувај оние кои ти дале текст за да има што да објавиш, стоко неблагодарна.

А ти батка кој кур глумиш?

А ти батка кој кур глумиш? Метален? Значи, ем што си тежок примитивец и сосема залутан на темава, уште и се расфрлаш со својот протетички кур направен од најмизерен материјал. Уствари, ти и не си залутан во темава, туку се нацртуеш (ко леш за студенти по аутопсија) ко уште еден егземплар: патријарх што пресекуе (ко што вика Миша Поповиќ), ама со метален патлак. А ти треба батка ментален патлак.

Еј, металец, и викаш не си ти

Еј, металец, и викаш не си ти скопско педерче? Сигурен си бе, брат? Според некои таксономијски алманаси и Скопското металчиште спаѓа во видот Скопско педерче. Ради тоа, брат, ти советуем уше еднаш да провериш геном и линии на укрстуење (што би рекол Делез). Прибидејќи ова со куров&мадињата (метални, башка озрачени од Железера) сумљиво звучи, скоро па педерски...

Прашај ја мајка ти дома какви

Прашај ја мајка ти дома какви ми се мадињата :)

Миша Поповиќ - Пред некој ден

Миша Поповиќ - Пред некој ден "разгледувајќи хомо порно клипови на youjizz.com" налетав на интернет врска која води кон галерија на кинеско-советски хомоеротски постери...