Facebook им забрани на своите вработени користење Фејсбук на работа

25.04.2012 10:14
Facebook.jpg

Поради слабата ефикасност на вработените и недоволната продуктивност во работата, Facebook им забрани на своите вработени за време на работното време да ја користат најпознатата друштвена мрежа Facebook.

 
По слабата продуктивност, изминатата недела основачот на Facebook, Марк Зукерберг, побарал од својот IT сектор листа на најпосетени интернет страниците на своите вработени, за да види како тие го поминуваат времето на работа.
 
-      Се згрозив кога видов дека поголем дел од вработените за време на целото работно време имаат отворено Facebook во еден таб“, вели Зукерберг. „Во оваа компанија гледањето туѓи профили, фотографии од летување, лајкување статуси и линкови, станало пракса и тоа веднаш мора да престане.“
 
Марк Зукерберг смета дека забраната за користење на Facebook за вработените би можела да ја зголеми ефикасноста на компанијата за 40 проценти.
 
Според првите информации, вработените во оваа компанија веќе најавија генерален штрајк, а на Зукерберг му дадоа рок до Нова година да ја промени својата одлука.
 
-    „Доколку основачот на нашата компанија не ја повлече забраната за користење Facebook на работа, на самата Нова година стапуваме во штрајк, со што ќе оневозможиме милиони наши корисници да го честитаат овој празник на своите пријатели, што веројатно би значело и крај на постоењето на социјални мрежи“, стои во соопштението на вработените.
 
Извор: njuz.net