Индигнадоси во потрага по среќа

25.04.2012 11:41
Indignados
 
Ана Фереира зрачи со оптимизам. Има дваесет и шест години, потекнува од Азорските острови, и веќе четири години живее во Африка, најпрвин во Ангола, а сега во Мозамбик. Наспроти она што би можело да се очекува, таа не е волонтерка, туку работи за плата во секторот за човекови ресурси на една компанија.
 
„Кога ќе ги погледнам своите пријатели во Португалија, кои живеат од студентска стипендија, работат сезонски работи, завршуваат основни и мастер студии, ми изгледа како да не живеат реални животи. Јас живеам во Мапуто, се снаоѓам одлично и напредувам во кариерата. Зошто би требало да се вратам?
Гончало Хорхе, дваесетиосумгодишен специјалист за маркетинг од Лисaбон, не се борел да најде работа, туку се борел против фрустрациите. Откако дипломирал, добил работа во јавно сообраќајно претпријатие. „ Сакав да постигнам големи работи, но сѐ што ме чекаше беа лесни работи“, вели тој. Кога конечно пронашол добро место во приватна фирма, проблем биле условите за работа, со договор на една година. Поради сето тоа, Гончало се преселил во Ангола и денес е главен менаџер на еден португалски произведувач на вино. Тој е одговорен за работата на целата компанија и заработува четири пати повеќе отколку што заработувал во Португалија.
Португалија на овој начин го изгуби секој десетти дипломиран студент. Егзодусот трае веќе неколку години, бидејќи економската криза и високата стапка на невработеност ја погоди оваа земја многу порано отколку остатокот на Европа. Невработеноста на младите во Португалија денес преминува 34%, а во Шпанија дури 50%. Да не е имиграцијата, овие броеви би биле многу поголеми.
Оние кои моментално се вишок во Европа – инжинери, архитекти, градежни работници – дочекани се со широко отворени раце во Африка и Јужна Америка. Бразил со полна пареа се припрема за Светското првенство во фудбал во 2013 и Олимписките игри во 2016 година. Инижинерите и архитектите во голем број се вработуваат на државни проекти, вклучувајќи и поректи вредни по 200 милјарди долари во енергетската индустрија. Економскиот раст на Бразил само во изминатата година бил речиси 3%. Аргентина забележа раст од осум проценти и стапка на невработеност од 7%, три пати пониска од онаа во Шпанија.
Богата со нафта, дијаманти и други природни ресурси, Ангола е една од земјите со најбрз развој на светот. Годишниот БДП достигнува дури 15%, додека 3000 португалски компании ја шират работата во оваа земја, градејќи патишта, мостови, солитери, железници, нафтоводи. На Ангола, триесет години разнишана од војна која заврши дури пред десет години, и недостигаат експерти, додека Португалија има вишок образован и искусен кадар.
„Веќе неколку години, понудите за работа во Ангола можат да се прочитаат во сите португалски новини“, вели Педро Гоис, социолог за миграција кој предава на Универзитетот Коимбра. „Две групи на луѓе заминуваат најмногу: стари луѓе кои сакаат да заштедат пари, и млади кои сакаат да напредуваат во кариерата и да се забавуваат.“
Ако Португалците се чувствуваат како дома во Ангола, тогаш им е уште полесно да се прилагодат на животот во Бразил. По проценките на лисабонското Observatório da Imigração, повеќе до 700.000 имигранти од Португалија моментално живеат во Бразил.  
Во Шпанија, која изминативе десет години прими околу 5 милиони имигранти од Јужна Америка, Африка и Азија, имиграцијта на Шпанци во Јужна Америка е толку нова тема што само мал број експерти се осудуваат да зборуваат за тоа. Но бројките зборуват за себе; според податоците на шпанскиот конзулат во Аргентина, околу 1200 Шпанци се населуваат во оваа земја секој месец.
„Типичниот имигрант има помеѓу 25 и 35 години, најчесто е инжинер, архитект или информатичар“, вели Марта Лопез – Таперо, експерт за меѓународна мобилност од компанијата Adecco. „Накратко, млада личност која сака нови искуства и предизвици.“
Во поранешните колонии не постои јазична бариера, додека културолошката адаптација тече без потешкотии. Посебно во Буенос Аирес. На преминот од 19 во 20 век, околку два милиони Шпанци пристинаа во Аргентина како патници од трета класа, во најголем број од Галиција, најсиромашниот, фармерски дел на земјата. Ова е причината што денес Шпанците во Аргентина ги нарекуваат gallegos. За време на втората половина на 20 век, прво диктатурата, а после тоа кризата која настапи во деведесетите, доведоа до тоа голем број од Аргентинците да имигрираат во Европа. Денеска овој тренд повторно се пресврти.

 

„Европска инвазија“, „новиот Елдорадо“, „експедиција во потрага по возбуда“ – сѐ тоа е веќе познато и мора да звучи вознемирувачки за еден Европјанин. „Нема потреба за уште една колонизација“, тврди Гоис. „Побргу би можело да се рече дека сме сведоци на раѓањето на нова глобална класа имигранти кои никогаш никаде нема трајно да се населат. Порано или подоцна, тие ќе се вратат во своите земји или ќе се преселат во друга земја која им нуди подобри услови.“
Меѓутоа, можно е движењето во миграцијата да е последица на многу длабоки промени кои се случуваат ширум светот. Односнот на силите на Западот и остатокот на светот, или со други зборови, помеѓу Северот и Југот, се менува.
извор: pescanik