Пичка ви лепа материна

25.04.2012 12:49
пичка ви

Еве еден многу сериозен индикатор на кризата: сè повеќе млади Албанци од Студеничани, Моране и од другите околни села доаѓаат во викенд населбата во Орешани во потрага по каква било работа. Луѓето молат да варосаат некое дрвце во вашата градина или да го извадат пирејот од дворот во кој сте брцнале две-три мумуруски, нудат работа со одложено плаќање, спремни се да работат се (копање, орање, дупчење, дупење- не, колење, дерење, пробивање на правците на развојот на социјалистичкото самоуправување на капитализмот и така натаму и на тоа слично), а јас и соседите кои порано ги користевме нивните услуги, се помалку сме во состојба да ги ангажираме. Цената на нивниот труд паѓа, а ние што не знаевме има ли нешто потешко од чашката сега се фаќаме за мотиката како да е натопена во ракија.

Нашата коалиција на интернационалната шмекарница има голем мерак да ја натрти мајката на официјалната статистика и на криминалците што во Долината на примитивноста во Скопјанг го пљачкосуваат народот. Како самопрогласена политичка елита, фабрика која од народната маса знае да произведе маса будали. И ништо друго. Пичка им лепа материна.  

Интересна работа, ама Македонците никаде ги нема. Тие не ја нудат својата тристаилјадна невработена работна сила, која заедно со вработените неработници достигнува еквивалент на десет милиони немакедонски души. Ако се броиме од Александар наваму, можеби ќе нè има и повеќе. Најпознатиот светски институт за неработа (Аделаид), тврди дека еден просечен Македонец може да убие помалку кенгури во единица време од еден Абориџинец и дека тоа, наводно, се должи на повисоката еколошка свест на Македонецот, а не на отпорот на воздухот што нашиот човек го предизвикува при ретките обиди да потрча.  

Во околината владее мислење дека само Албанец можеш да најдеш за аргат или за амал. Добро, има и такви кои тврдат дека кај Васка Илиева или кај Ристо Крле може да се сретне и по некој туберкулозен Македонец.  

Кога ќе седнеме на пиво пред селските гранапчиња, луѓето викаат дека тоа е така зашто Македончињата кои прифатиле да бидат преродени во идиоти отишле да ја копаат нивата на владејачката гарнитура, работа која бара минимален напор на секои четири години. Се разбира, и Албанците се вработуваат во државната администрација, но високата понуда на млада работна сила и долгогодишната блокада на државните ресурси за муслиманските жители во православната џамахирија на исусоидите на дедото кој пред да биде Стефан мора да бил некој друг, вклучувајќи го тука и образовниот систем, си го направиле своето. 

Јас мислам дека тука игра улога и културната матрица која низ системите на лажната историја и на ексклузивната позиција во една прилично нереална држава, кај Македонецот повеќе ја стимулира мрзата и идејата дека државата, која, нели, е национална, односно негова, ќе му ги реши проблемите, дека нему на некој начин тоа згрижување му следува како на Македонец, а кај Албанецот, кому Македонците никогаш не му овозможиле да ја чувствува Македонија како своја држава, што била најголемата и единствената историска мисија што можеле да посакаат да ја имаат пред да решат да ги напуштат сочните пасишта на нормалноста предводени од стадото на Гнуевистите, го стимулира поздравиот однос кон егзистенцијата во која, и покрај наркоманскиот однос на современоста, работата останува многу важен чинител. 

 Тоа е основата на развојот и на падот на цивилизациите за кои пишува Тојнби. Тоа со што сега се циркузираме, тоа што многу условно може да се нарече македонска цивилизација, е крајна фаза на едно одумирање. Тоа е, сакам да кажам, една весела декаденција. Ова го тврдам како Македонец кој, во меѓувреме, неколку пати успеа да објави тендер во кој со сета своја нарајцаност и’ се понуди на која било колку-толку пристојна национална или племенска заедница. Со пристојна историска ерекција.

Во согласност со општите коруптивни принципи, во непосредни договори, на Албанците, да речеме, им ја понудив фимозната кожичка како лојалистички знак. Можам да бидам глуп, реков во апликацијата, на бугарски начин или морон на српски. И распипан можам да бидам на грчки начин и срборезен на хрватски. И никој не ме (по)сака. Од тоа заклучив дека мојата употребна вредност е строго македонска односно строго ограничена.

Имам впечаток, кој не можам статистички или на некоја друга научна основа да го потврдам, дека од десет невработени млади луѓе помал процент Македонци се спремни да се зафатат со полскоградинарска или амалска работа дури и ако се исправени пред веројатноста дека следниот ден ќе умрат ако не почнат да копаат некакви дупки и сл., од Албанците, а мислам и од Ромите. Добро, точно е дека во таа статистичка група на невработени души образовната структура на Македонците, веројатно, е подобра, но нивото на знаењата и на вештините се исти со оглед на тоа што образовните капацитети што ги добиваат и едните и другите во образовниот систем кој во ерата на гнуевизмот помина на режим на таканареченост, делуваат врз нивните мозоци помалку отколку што лесното пролетно ветре дејствува врз нивните брилијантизирани фризури.

 

 Имам впечаток дека владата продолжува да ја стимулира природната глупавост што беше почнала да ја стимулира со естрадните емисии на книги од светската наука, овој пат со тоа што, еве, има две-три години, нема ниту еден наслов од некој познат нобеловец од уште попознат универзитет. Кој ќе им овозможи на овците да си го видат пастирот на некоја телевизија. Еден човек од Орешани ми вика: Тричко, бе, на Сител ни е преку курот. Можеби ќе се сетат да ме издадат мене. Јас сум член на Македонската академија на неразумот и уметнатоста (МАНУ). 

Уште малку, децата од Моране ќе почнат да доаѓаат со тракторските приколки полни со бостан, пиперки и други градинарски производи. Секогаш сум се восхитувал на лефтерноста со која "Тома Винковиќ" го работат како да е некоја млада блудница. Но, и тука, работите не се како што беа. Жителите на оваа населба купуваат помалку производи од подвижните продавници на Албанците затоа што имаат многу помалку пари, приближно толку помалку колку што добија како вишок на страната на преродбата: сиромав си- значи прероден си! Еден дел од традиционалните потреби почнаа да ги задоволуваат од сопствено производство, а еден дел почнаа да ги задоволуваат така што помалку јадат.Луѓето од Орешани обожаваат да ги ѕиркаат Триумфекалната порта во Скопјанг и бронзеното државотворство на Панко Брашнаров во силуваниот парк на жената борец и да се враќаат со "шеесетиседмицата" зашто задоволство од големото минато им овозможува многу елегантно да го скокнат времето за ручек во сегашноста.

Три круга свртев околу бараката за да се измочам како човек, во природа. Некоја баба здогледав во моментот кога го бев пуштил првиот шприц, се занимаваше, нешто, жената, во дворот, на другата страна комшијата ме здогледа и ме поздрави, кај си, бе Тричко, а кога се враќав на стартоцелната рамнина налетав на жена ми која ми рече: марш, бре, будало, оди мочај увеце ко секој културен Македонец. 

И така јас мочав "увеце". И мислам така да правам во иднина (у будуќе, што би рекол Миле Паника во Капетнаест) прибидејќи во меѓувреме сфатив дека мочањето во природа е знак за заостанатост. 

Но, дури и во Орешани човек не може да се одбрани од идиотизмот што го шири животот сам по себе. Луѓе за кои сум мислел дека никогаш не би мочале во двор, излегуваат со анализи за тоа дека владата не била доволно активна, дека направила многу грешки, дека може да направи спектакуларни пробиви, односно да не згреши ако се воздржи во врска со својата склоност да прави грешки, дека можеби треба да се проба со некакви други кадровски решенија... итн.

 Па си помислав, дај бе малку да видиме што правиме со владата и со вемерето, со историјата и со лагата, со грешката, сакам да кажам, како таква. Со онтологијата на глупавоста. Преку кур ми дојде, да ви кажам право, од грешното толкување на грешките. Јебо нас да нас јебо друг Гнуевски. Ова го кажувам како израз на несопирливата југоносталгија од српскохрватски профил. Јебига.

Извор: globusmagazin.com.mk

Дијагноза: иста како кај Коља

Дијагноза: иста како кај Коља = Груевизам (опседнатост со Груевски).

И, боље Скопјанг него Бранкинг.

Ако ти е боље, пуши му го на

Ако ти е боље, пуши му го на лидеро до миле воље. Кај сакаш, Скопје, Шкуп, Александрија, Никополис, Грујбург, ти само дудлај.

Ако нешто ценам кај „Окно“,

Ако нешто ценам кај „Окно“, тогаш тоа секако е остсуството на било каква цензура на она што се објавува. Не секој е дораснат и достоен на ваквата апсолутна слобода на говорот, но тоа е еден од ризиците што мора да се прифатат со демократијата. Тоа важи и за текстовите на Тричковски. Добро е што и тој има апсолутна слобода да ги пласира своите бљувотини. Така тој самиот себеси максимално се дезавуира, а ние дознаваме со кого си имаме работа. Велат, дај му власт на некого, за да видиш каков е. Ако Тричковски вака ја злоупотребува слободата на говорот, можеме само да си замислиме какви злоупотреби би направил да ја има вистинската власт. Затоа, инспириран од духот на југоносталгијата во оваа колумна, и јас ќе завршам со една реченица на српскохрватски (или хрватскосрпски) што некаде (во некој од југословенските весници) ја имам прочитано пред (веројатно) 30-тина години: Не пада снег да покрије праг, него да свака звер покаже свој траг.

Бошевски, цитатот ви е

Бошевски, цитатот ви е банален, миљон пати изложен и сосема изветвен во конвенционалната употреба. Но проблемот со вашиот цитат е што е и злокобен, инквизиторски (главно го спомнуваа милошевиќевци контра поеманципираните Југословени); значи, Бошевски, вашиот цитат е и злокобен, а не само банален индикатор за некој што не се разбира во пишување и стил (што значи, според Витгенштајн, не се разбира ни во мислење, а богами ни во политика или морал). Така што, најдобро е, Бошевски, да си ќутите, ко паметните ѕверки, за некоја трага (налик на оваа морализаторска глупоштина што ја засерувате зёд себе) да не одведе некој ѕвер накај вас (еве, некој ѕвер, на пример, ко мене).

А бе пријател, се изнафрла со

А бе пријател, се изнафрла со големи зборови и остана жив. Само плукање, без никаква аргументација. На крајот дури и Милошевиќ и Витгенштајн ги замеша, без око да ти трепне, па сега луѓето се превртуваат во гробот, Бог да ги прости. И зошто сето тоа? Затоа што кажав дека не ми се допаѓаат стилот на пишување и етиката на Тричковски, кои јас со едно име ги нарекувам бљувотини? Зошто тоа тебе толку те засегна? На која основа моите ставови ги нарекуваш инквизиторски? И, како крунски доказ за твојот демократски капацитет, да ми ми сугерираш да замолчам, па дури и да се закануваш! И зошто сето тоа? Затоа што го пофалив „Окно“ што објавува без цензура? Батка, искрено, не ли ти се чини дека е малку преамбициозно, за некој со ваква конфузија во главата и со етика на каснат од бесно куче, да се повикува на Витгенштајн?

Бошевски, не ви се заканив,

Бошевски, не ви се заканив, туку ви објаснив еден физички феномен (познат во теоријата на хаосот, видлив во сликите на Ешер, да речеме): нема крај низата со ѕверки и трагови. Вие, Бошевски, тргнавте во лов по „ѕверот“ Тричковски (неговите траги биле вулгарностите - и заради тоа треба да се упука). Со тоа, Бошевски, вие како ловец, оставивте гнасни траги. Кои јас ги прокоментирав. Тие ваши траги, што би рекол Његош, баздат по нечовештина, примитивизам и глупост.
П.С. Се префрлив на поедноставни „народњачки“ референци оти гледам дека Витгенштајн не го копчате.

Од каде произлезе дека јас

Од каде произлезе дека јас тргнав во лов, или дека инквизиторски повикав на лов по „ѕверот“ Тричковски? Јас само кажав дека неговиот стил на пишување и етиката која стои позади тоа не ми се допаѓаат. И додадов дека, и покрај се, тој (како ни било кој друг) не треба да биде цензуриран. Само параноична фантазија може тука да најде повикување на лов, а во прилог на таквата Ваша психологија зборува и крволочноста (манифестирана во Вашиот вокабулар) со која ми се нафрливте за да ме казните што отворено си кажав дека Тричковски ми е одвратен. Тешко на демократијата што спаднала на тоа да ја бранат ваквите како Вас.
П.С.
Тоа што надмено се повикувате на големи имиња (Ешер, Витгенштајн)не Ве прави попаметен. Напротив, ми личи на оноа детсконо: јас прв си го спомнав Витгенштајн, заначи јас сум експертот, а противникот не знае ништо, тој е нула, значи и тоа што го кажал против Тричковски не вреди ни пет пари ... Сепак, китењето со туѓи перја не е никаков доказ за Вашата лична супстанца. Самиот факт дека најдовте за потребно да ги вмешате тие недолжни луѓе за да ги омаловажите моите неколку реда за Тричковски веќе е доволен индикатор за одредена психопатологија.

хахаха Бриколер, Не се

хахаха Бриколер,

Не се жести...Бошевски е стар пациент. Вероватно Тричковски му ги ќарил сите џамлии коа бил мал зашто, веруј ми, ова му само втора колумна на Тричковски која ја има прочитано.

ево овде...се утепав од напор ама ништо:

хтпп://okno.mk/node/18639

(напиши хтпп на латиница)

уствари полесно ќе дојдеш до

уствари полесно ќе дојдеш до линкот ако го избришеш оноа ----хтпп://----

(ако не си логиран, овде не можеш директно да ставаш линкови, затоа вака „комплицирано„ го давам)

Бошевски прво треба да

Бошевски прво треба да проговори за злоупотребата на слободата на говорот во пропагандни цели кај тие што први почнаа: Латас, Миленко Неделковски, Јанко јадибурек... па потоа да искоментира зошто врз основата што ја поставија тие, останатите врвни новинари ја продолжија истата пракса. Дали на некој, кој ќе те нарече гомно, треба да се одговори културно? Впрочем, не постојат граници на изразувањето, секој ставот го искажува на свој начин, во свој стил, затоа, според нашето ниво,некого читаме или не.... Јас го читам Тричковски

Ја можам да разберам бурна

Ја можам да разберам бурна реакција (и употреба на вулгаризми) од страна на некој кој бил навреден од некого, но не можам да разберам и оправдам врвни новинари (од типот на Тричковски) на кои вулгаризмот им е вообичаен стил на пишување.

Ха-ха-ха, Тричковски, сјајно

Ха-ха-ха, Тричковски, сјајно брат! Бошевски и ти си сјаен, брат! Си прескокнал некои фази во образованието, ама нејсе, можеби еден ден ќе доучиш и научиш. Е сега, Бошевски не си припишувај ордени што си го нападнал Тричковски, тоа зборува за тебе, а ти во случајов ич не си важен. Сигурно си учел некои егзактни науки, не си се занимавал со читање на весници ( за книги да не зборувам), но овде се работи на сјајна анализа на корените на нашите секојдневни тегоби во изминатите дваесет години, па и повеќе години, да бидеме попрецизни. Проблемот е што ти не си единствениот со тотално урнати мерила, критериуми и вкус, туку ве има многу, врвно музичко доживување ви е Цеца, главна забава ви е оној берберон, а ниеден медиум на пр. не известува на славата што ја жнее Симон Трпчевски по светот со своите маестрални концерти. И ти најде да зборуваш за вулгаризми? Сигурен сум дека на секоја втора реченица споменуваш мајки, шајки , така поради рекреација, за да се знае кој е маж!
Тричковски,брат, ти си се измочал во природа, еколошко мочање би го нарекол тоа (амонијакот и уреата се распаѓаат веднаш), ама кога на 500 метри од центар, во „најлавовската населба“ во Скопјанг мочаат во лифт е само знак на размножените преродени приграѓани, кои, ете, Бог им дарил дарба веднаш да се фаќаат на вулгаризми, за Бранко итн.
П.С. Бошевски- Тричковски е бард на македонското новинарство, кому можат да му плукнат под прозор 90 насто од новинарите во нашата држава Република Македонија, а богами оние од југоносталгијата.Следниот пат ќе му предложиме за тебе да напише колумна со цртежи. Туку што зборувам, може и цртежот да е полн со вулгаризми и да го навредува твојот „фин“ вкус.
А знаеш кој е Витгенштајн?

Свака час, мајсторе! Која

Свака час, мајсторе! Која психолошка и културолошка анализа ја изведе само врз база на неколкуте мои реда со кои изразив антипатија кон стилот на Тричковски. Јас ќе бидам поскромен. Само ќе констатирам дека псевдонимот што си го одбрал, сосема ти одговара на личноста. Баш би сакал некој таков (ohne Kopf) да ми објасни кој е Витгенштајн.

----а можам да разберам бурна

----а можам да разберам бурна реакција (и употреба на вулгаризми) од страна на некој кој бил навреден од некого, но не можам да разберам и оправдам врвни новинари (од типот на Тричковски) на кои вулгаризмот им е вообичаен стил на пишување.-----

Петар, ја стварно не те разбирам тебе. Ти мазохист си?..шо ли?
Не го читај бе Тричковски...ignore...коа више, мешето пуританско ем демохристијанско не ти поднесуе...пуууу па и ти, шо се измачуеш?...
Едино...ако имаш некоја задачка, ондак...не знам кај ти е алот...јака ти душа

Велиш: Петар, ја стварно не

Велиш: Петар, ја стварно не те разбирам тебе. Ти мазохист си?..шо ли? Не го читај бе Тричковски...

Мој одговор: Ако некој зборува за тема што ме интересира, јас сум подготвен да го слушам, дури и ако се разијдуваме во гледиштата. Не знам зошто тоа би требало да се квалификува како мазохизам. Под сите колумни во сите весници има луѓе што се јавуваат со свој коментар, некои со позитивен, некои со негативен - и тоа е нормално, никој не им вели на тие со негативен коментар дека не треба да го читаат весникот или авторот на колумната. Кога луѓето би комуницирале само со истомислениците, тоа би бил крајот на секоја дискусија, а можеби и крај на светот (онаков каков што го знаеме).

Велиш: Едино...ако имаш некоја задачка, ондак...

Мој одговор: Зошто мора тој што се јавува со мислење различно од нашето да го набедиме дека се јавува по задача или дека е нечиј платеник. Еве, на пример, јас и ти не се слагаме, ама јас не мислам дека ти тука се јавуваш по некаква „задачка“. Мислам дека, едноставно, ти си ги изнесуваш своите ставови. Барем додека немам докази за спротивното. Одамна сум се помирил со тоа дека луѓето се различни и дека е сосема природно да имаат разлики во мислењето. При тоа секој има право да си го брани своето гледиште, но треба да настојува тоа да го прави што поаргументирано, за да го разберат другите.

Бошевски, како одминува

Бошевски, како одминува коментирањево, се’ повеќе се потврдува првичниот впечаток: вие сте изразито досаден и конвенционален човек, без какви било посуптилни естетски (говорни), морални или политички ориентири. Се служите исклучиво со мизерни фрази, морализирате наголемо, а притоа цело време - откако покажавте ловечки страсти и нагон за денунцирање на „ѕверовите“ - се криете зад обландата на „слободата на говорот“. Па нели го обвинивте Тричковски за злоупотреба на слободата?
Тричковски е сосема различен од вас, Бошевски, и затоа тешко ќе го разберете. Не трупа средношколски фрази, тапоглаво не морализира, има имагинација (литерарен нерв) и политички е мошне остар, храбар и неконвенционален. Вие, Бошевски, сте од профилот на преродбениците: здодевен апартчик и демагог, маскиран цензор, војник на малограѓанското мнозинство. Без каков било вкус и упатеност. Можеби не сте преродбеник, но ете, ви се поклопија профилите и вредностите.

Од една страна ми префрлате

Од една страна ми префрлате за отсуство на „какви било посуптилни естетски (говорни), морални или политички ориентири“,а од друга страна покажувате филистарска неспособност да се издигнете над највулгарното (сталинистичко) толкување на изреката за трагата на ѕверките во снегот. Во која лектира прочитавте дека таа изрека има само така да се толкува и никако поинаку? Каде е тука да профункционира Вашата умислена суптилност и да дозволи дека таа максима може да се протолкува и фигуративно, за што е и наменета и во која смисла и јас ја употребив. Од контекстот на кажаното во мојот коментар (во кој е цитирана спорната изрека) сосема е јасно дека воопшто немам такви намери какви што Вие, за Вашите потреби, ми ги припишувате. Зборот лов јас никаде не го употребив, ни буквално ни во преносна смисла. Зборот лов вие го уфрливте во игра, за потоа да можете врз него да го потпрете остатокот од конструкцијата. Затоа, како љубител на банални фрази, пак ќе речам: Чоече, имате ментален проблем, барајте си чаре! Тешко на Демократијата ако спаднала на тоа да ја бранат арогантни параноиди со наполеонска капа на главата.

Петар, мора да признаам дека

Петар,
мора да признаам дека си „коректен„..имено, викаш..
---Кога луѓето би комуницирале само со истомислениците, тоа би бил крајот на секоја дискусија,---
и уште...
---јас и ти не се слагаме, ама јас не мислам дека ти тука се јавуваш по некаква „задачка“---

Вака сега, јас сум на овие „интернет полемики„ 15-тина години...прво беа форуми, а подоцна и на мојот блог, кој го имам најмалку 6 години (не сум проверил)

Ти се запна со мене и со ставовите на Тричковски по повод една друга колумна(линкот е погоре)
и што установив?
- тричковски не си го читал
- реагираш на него на основа на само една колумна(самиот призна), а прашањето кое тричковски го елаборира(лажната историја на македонскиот народ) е во најмалку 20 колумни објаснето..ти не потруди да ги прочиташ и доби кец од мене
-воопшто не те интересира „објаснувањето„ затоа што тоа и не ти е важно, туку чиста дисквалификација(оттука си помислив дека тричковски, коа си бил мал, ти ги ќарил сите џамлии)
- по повод оваа колумна на тричковски(твоја втора-трета прочитана)сега ти сметаат „вулгаризмите„...аман

меѓудругото, сите „вулгаризми„ ги брише извонредна елоквенција и (најважно за мене) смисла за хумор

што да мислам?
си му се залепил бе чоече...сега зошто, се прашувам зошто?...хм?

е сега да ти кажам за „задачките„...
двајца мои „најборбени„ противници по форумите,далечната 1998 „магистрираа„ и сега високо котираат (иако ивонче беше од „моја„ док не се запосли ко шо треба...хахаха)
петар,
дувам и на маќеница кога ќе видам некој што само поставува прашања, мороните ко мене одговараат, а он вика-„не е така„...и плус, не ме цитираше докрај...реков АКО имаш задачка- јака ти душа...
ти оставив простор, сепак
...док не си издишал или не си се вивнал

и петар,
твојот профил на дискутант, за мене оддамна е „општо место„...ова што сега ти го пишувам, не е за тебе, туку за читателите кои не дискутираат, а би сакал да се приклучат

биди ми здрав и жив

Со оглед на тоа дека јас сум

Со оглед на тоа дека јас сум за тебе „општо место“ и дека ти не пишуваш за мене, туку за некои други, и со оглед на тоа дека, за мене, разговорот со тебе е некакво бесмислено вртење во круг, односно млатење празна слама, мислам дека најдобро ќе биде ти понатаму да ме игнорираш, како што и јас тебе нема да те регистрирам.

П.С.

Мојот денешен одговор до Бриколер (алиас Н.Гелевски)донекаде се однесува и на тебе, па можеш да го сметаш како мој последен поздрав до тебе.

Бошевски, ти благодарам што

Бошевски, ти благодарам што ми отвори очи и сега сум посвесен за своите квалитети ( а ги имам повеќе од тебе). Таков одговор и студент на прва година на психологија ќе го оцени како примитивна реакција ( веднаш навреда , уште бокс недостигаше). Сите реагирате под ист калап (матрица, образец) не барем сме ви брцнале прст во око. Од каде ви е таа омраза кон писмени, образувани, начитани луѓе? Нормално тоа е матрицата на една партија на власт и нивните послушници. Чуму, бе Бошевски? За да ти се срамат децата од тебе еден ден?
Па и видовит си бил, ти честитам, веднаш под корисничкото име откриваш и кој пишува... Алал да ми ти е! Па и германски си знаел, честитки! Се' е попусто, немаш аргументи да го побиеш Тричковски, а без аргументи за мене тоа е недостиг на култура на дијалог и (пак ќе речам недоволна образованост).
Едно ти признавам, македонскиот јазик го знаеш добро, уште ако ми кажеш дека не го признаваш ЏИНОТ од Небрегово ќе ми ја потврдиш матрицата. А пишуваш ( претпоставувам и зборуваш) според неговите книги).
Извини што ти се обраќам во второ лице еднина, на Вие им се обраќам на оние што ги почитувам колку и да ми се блиски. Ај биди ми здрав и жив, ќе се прилагодиш ти кога ќе дојде време и на друга песна, ќе фатиш терца, сигурен сум во тоа.

Кољо, апчињата!

Кољо, апчињата!

Може ли малку да разговараме

Може ли малку да разговараме рационално, без лепење на етикети? Ми префрлаш за примитивна реакција, а како да не читаш што самиот си напишал. Уште пред јас да ти кажам било што, ти прв ми се обрати и при тоа ја употреби следнава палета од потценувачки изрази и квалификации:

-Си прескокнал некои фази во образованието ...
-Не си припишувај ордени што си го нападнал Тричковски (а во мојот текст, на кој реагираш, воопшто нема такво нешто) ...;
-Сигурно си учел некои егзактни науки, не си се занимавал со читање на весници ( за книги да не зборувам) ...;
-Ти не си единствениот со тотално урнати мерила, критериуми и вкус, туку ве има многу ...;
-Врвно музичко доживување ви е Цеца, главна забава ви е оној берберон ...;
-Сигурен сум дека на секоја втора реченица споменуваш мајки, шајки , така поради рекреација, за да се знае кој е маж!;
-Следниот пат ќе му предложиме за тебе да напише колумна со цртежи ...;
-А знаеш кој е Витгенштајн?

Ај, сега, биди реален, спореди го мојот коментар на колумнава на Тричковски со твоите рафали од навреди и чесно кажи чија реакција е примитивна.

П.С.

Оној, што некои се дрзнаа да го наречат џуџето од Небрегово, за мене е современиот Мисирков. Жал ми е што ова нема да ти се вклопи во шемата за типот на мојата личност, што така детално ја имаш разработено.

ОкоБоли главаВицФото