Екстремна трансформација на телото

26.04.2012 15:19
Екстремна трансформација на телото

Од вторник, 24 април во „MSU“ (Музеј на современа уметност- Загреб) ќе имате прилика да ги видите делата на триесеттина светски уметници обединети во изложбата „Љубов кон ризикот“. Станува збор за голем меѓународен проект кој настана од соработката на „MSU“ со здружението на петнаесет француски музеи на современа уметност, а концептот е потпишан од Леила Топиќ, Паскал Невеух и Емануел Латреилеа. Темата на телесноста, граничните состојби на умот и телото, радикализација на уметничката пракса, се само дел од прашањата кои овој проект ги потенцира.

Набљудувајќи ја современата уметничка пракса и позицијата на боди артот, апсолутно поистоветување на животот и уметничката пракса се гледа во делата на шпанецот Давид Небреда. Зборот радикално можеби е најточен во описот на неговите дела, но факт е дека  навистина основната желба не е да комуникација со надворешноста на радикален начин. Неговите дела може да се читаат како психограми на состојби.


Имено, Давид Небреда релативно неодамна, пред десеттина години влезе во средината на набљудувањето на екстремната пракса, кога неговите автопортрети дојдоа во рацете на галеристот Реноса Џипаса. Неговите автопортрети се длабоко потресни – прикажуваат фигури на голи машки тела со прекриени рани, или во композиции со ножеви, прекриени фекалии и слични длабоко обмислени кадри.

Заболувајќи од шизофренија на 19 години, Небреда, сега веќе 60-годишен, поголемиот дел од својот живот го поминал во ментални институции, лечејќи се од хронична параноидна шизофренија. Живее и работи во Мадрид, целосно затворен од надворешнот свет, не прима лекови и често пости што резултира да има испосничка, скелетна фигура, и јасно, одбивајќи го своето тело го уништува во циклуси на самоповредување.


Антиестетиката на која припаѓа, Небреда ја доведува во врска со праксата. Неговите дела настануваат во длабоката осаменост во сопствениот стан, а тоа е токму длабока институционална критика на медицинскиот дискурс, дијагностиката и воведувањето под психијатриска норма. Умот кој му дава отпор на телото, раздвојувајќи го на две спротивстваени единки е многу експлицитно опишан во уметничката пракса на Небреда, доколу тоа воопшто може да се нарече пракса, бидејќи како што тој истакнува: „Самоповредувањето одсекогаш постоело... Овие рани не се направени за да се фотографираат, целта на самоповредувањето не е фотографирање.“


Искуството на оттуѓување од телото можно е да се разбере и во термините на Фројдовата теорија за неугодност (unheimlich) што тој самиот ја одредува како нешто тешко за дефинирање. Неугодност е нешто што поттикнува страв и ужас, но и парадоксално, нешто што нас одсекогаш ни било познато, некогаш и мошне блиско. Како што објаснува Фројд, нешто што е потполно осознаено и перцепирано, не може да ужаснува, а од друга страна, го мачи изворот на тој страв. Можеби е најлесно терминот да се објасни во однос на изразот Heimlich што означува нешто блиско и сродно, но во истовреме и тајно, скриено од погледот. Значи, неудобното во реалноста не е ништо ново или туѓо, туку е нешто блиско и утврдено во свеста, но е оттуѓено со процес на репресија.


Кај Небреда е видлива истата можност за артикулација на неудобноста, но и неговата директна неудобност во сопственото тело. Тој самиот тврди дека забраната и мачењето на сопственото тело произлегуваат од одредени културолошки табуа, па таквото прибегнување кон културалните затворени и забранети методи е всушност неговиот одговор на културната норма.

Неговите психограми или психобиографии всушност треба да се толкуваат како артикулација на свеста и светот низ шизофрена фигура, но и како класификациски состав низ кои неговите постапки се набљудуваат како симптоми на истата болест.

Извор: Pogledaj.to

ОкоБоли главаВицФото