Лажење и градење

27.04.2012 12:46
Лажење и градење

Една од најголемите иновации кои режимот на Груевски ги внесе во општествено-политичкиот живот е лагата како основен принцип на политичка комуникација и најважен аргумент во јавниот дискурс. Власта на ДПМНЕ секојдневно ги лаже и сопствениот народ и меѓународната заедница, и тоа со инфантилни лаги кои – наместо со разум и факти – ги „потпира“ со емајлирани погледи и изнасилена сериозност на дванаесетгодишен билмез.

Една од најголемите лаги на ДПМНЕ, околу која е можеби изградена целата пропагандна концепција на власта, е лагата за градењето. Оваа колосална лага е веројатно најзаслужна за предолгото одржување на лажната и изопачена „морална супериорност“ на режимот. Според неа, власта на ДПМНЕ најмногу градела од сите пред неа, и тоа што градела – за разлика од сите власти пред неа – било видливо за народот. За сцена на која се изведува оваа колосална режимска измама е избран најтесниот центар на македонската престолнина, каде преку „проектот Скопје 2014“, илузијата за најградителска власт во историјата на Македонија треба ефектно да се материјализира пред јавноста.

Лагата дека ДПМНЕ „ако ништо друго – барем гради“ толку цврсто се етаблираше во чаршиската јавност што стана општо место и дежурен одговор со кој власта и нејзините поклоници одговараат на сите критики на нејзините погубни политики. На критиките дека власта ја уништи македонската маѓународна позиција, економија, култура, образование и здравство... наместо со аргумент се одговара дека тие „барем нешто градат“. Со истиот квантитативен „факт“ – дека „барем градат,“ се одговара и на огромниот број суштествени забелешки за градбите од Скопје 2014: дека се неуставни и незаконски, дека се најдолен кич, несреќа и срам за урбанизмот, архитектурата и скулптурата.... Одговорот на сите критики е секогаш ист – дека „оваа власт барем гради нешто“ додека другите (пред нив) „не заковале ниту шајка“. Со „очигледната вистина“ дека тие „барем градат“ во јавноста практично се супституира непостоењето на ниту еден аргумент во полза на криминалното владеење на ДПМНЕ.

Затоа, да видиме врз какви реални факти се темели оваа моќна лага. Бидејќи тврдењето дека „барем градат“ е квантитативно по својата природа, вистинитоста на исказот може да се докаже единствено со мерење и споредување на количината на изграденото. И тука излегуваат на виделина чудовишните размери на лагата за градењето. За шест долги години власта на ДПМНЕ успеа да започне и да не заврши само 6 погрешни и непотребни згради на левиот кеј на Вардар, еден гротескен и жално бездарнички „Воин на коњ“, една малоумна „Порта на триумфот“ и уште малку бетонска и бронзена ситнина наоколу! Да, тоа е целиот материјал од кој власта (со моќна пропаганда) успеа да си го создаде градителскиот ореол, поради кој во чаршијата ѝ се простуваат сите погрешни политики, епохални глупости и криминали.

За да бидеме прецизни, да ја премериме сцената и илузионистичките реквизити од лажната претстава за „најградителската власт во историјата на Македонија“: сите седум објекти од „Скопје 2014“ зафаќаат точно 9.776 квадратни метри или приближно 1 хектар. Но, овој мизерен хектар не е изграден на пуста ледина, туку на веќе оформени и уредени јавни површини, што значи дека тој е насилно откраднат од градот и граѓаните, од веќе изградените скопски плоштади и кејови. Опкружен е (тој мизерен 1 хектар!) со уредените 8.500 хектари од градежниот реон на градот Скопје, во кои се изградени 2.900 хектари објекти за домување, 860 хектари јавни институции, 1.500 хектари комерцијални и стопански објекти и над 800 хектари улици и сообраќајници! Логично прашање би било, кој ги изградил овие илјадници хектари објекти, улици и којзнае колку километри комунална инфраструктура, кога режимската пропаганда ја убеди чаршијата дека Груевски и ДПМНЕ се првите градители кои, еве, веќе шест години градат 24/7? Одговорот за идиоти гласи: Ги изградија нашите предци и родители, старите скопјани, граѓаните на Македонија, па комунистите, денес непопуларните комуњари, сите градители во транзицијата, значи, сите пред нив „што не заковале ни шајка“.

За да немате, почитувани читатели, проблеми со размерот, ви ја приложувам мапата со површините на изградените блокови на Скопје од страна на сите скопски градители „што не заковале ни шајка,“ и, врз нив, прецизно внесени црвените траги од „Скопје 2014“ во центарот на градот. Материјалниот доказ за градителската слава на ДПМНЕ е толку ништожен во споредба со големината на (пред нив) изградениот град, што објектите од „Скопје 2014“ изгледаат како неколку овчи брбушки случајно и несреќно испоганети врз градскиот центар.

 

 

Испаѓа дека, само во споредба со градот Скопје, она што за шестте години владеење го изгради ДПМНЕ е најмалку 10.000 пати помалку од она што го затекнаа изградено. Доколку ја кренеме споредбата на ниво на Македонија – зашто нивната градителска слава на републичко ниво е постигната врз основа на истите скопски брбушки – тогаш, со населените места, патната мрежа, енергетските објекти и инфраструктури, индустријата, браните и хидромелиорационите системи и сè друго што го изградија Македонците пред да се појават „градителите“ од ДПМНЕ, количеството национално богатство изградено пред нив, во однос на Скопје 2014, ќе биде веројатно во размер
100.000 : 1. Мерењето убедливо покажува дека режимот на Груевски изградил просечно илјади пати помалку од било кои 6 години од изминатиот век, значи илјада пати помалку од сите претходници во новата историја на македонската почва. Што е непобитен доказ дека ДПМНЕ ја претставува најлажливата власт што газела по „светата“ македонска почва.

„Никогаш не им ја кажувајте вистината на луѓето кои не ѝ се достојни“, напишал Твен. Цврстата врска меѓу вистината и достојноста, го обезбедува и реципрочното правило, дека се лажат оние кои се сметаат за недостојни на вистината. Бидете сигурни дека властите кои го лажат сопственото население, сосем сигурно го сметаат за презрено и недостојно. Затоа лажливите режими, секогаш опремени со моќна пропаганда, лесно ќе ги препознаете како тоталитарни и ненародни по својата природа, колку и да се колнат во спротивното. Моќната пропаганда на Груевски е непогрешив симптом на тоталитарната суштина на режимот, а моќта на колосалната лага за градењето е доказ дека во нашата земја лажењето стана начин на владеење.

Извор: plusinfo.mk

Колажи: Свирачиња

Вие изгледа се уште мислите

Вие изгледа се уште мислите дека трева пасат луѓето. За да не зборам на памет отидов на сајтот на СДСМ да видам со што се фалите. И .... нема ништо. Нема ништо од твоиве муабети. Нема што сте направиле. Има само пароли. А поради фактот дека сте некој во повисоките левели на оваа партија, тогаш би требало да имате барем малку знеање да можете да склепате една осмислена акција за нулирање на постигнувањето на противничката партија. Меѓутоа фактите покажуваат дека вие сте едни обични, неуспешни и без основни познавања суетни типови, остатоци од некое друго време. Најголема услуга ке и направите на Македонија ако си отидете вака групно од СДСМ и ги оставите младите сили, со чиста совест да се борат. Вака само константно своите неуспеси им ги калемите на младите сили, со глупави и проѕирни лаги.

Батка, на последните избори

Батка, на последните избори ДПМНЕ го победи СДСМ со 440:370 илјади гласови. Ако на контото на опозицијата се ставеа и гласовите на Љубчо, Љубе, ЛДП... - опозицијата ќе победеше на изборите. Нејсе. Таков беше односот и покрај тоа што сите медиуми беа замолчани (некои и брутално затворени), а во земјата владееше и сеуште владее атмосфера на страв, уцени и терор. Тоа го знае секое врапче, а посебно го знае секој благонадежен член на ДПМНЕ кој од членството се обидува да си го осигура лебот.
Тоа е, значи, фактичката состојба во земјата. Глупави, проѕирни лаги, но со неверојатен интензитет, од сите орудија, трошејќи неверојатни количества пари - изминативе шест години шири власта. И тоа, батка, го знае секое врапче, но стомакот кркори! (претпоставувам и твојот стомак кркори, па се правиш наудрен, батка, околу состојбите во земјава)
Што се однесува до Грчев, неговиот текст е совршено аргументиран и пропорциите се тие. Омразените комунисти во своето 45 годишно владеење изградија отприлика 10.000 пати повеќе од што изгради груевизмот за шест години. Еве еден податок: само во годините по земјотресот во Скопје влегоа околу 5 милијарди тогашни долари помош. Во денешни пари тоа се сигурно барем 20-30 милијарди долари. И со тие пари Скопје реално се градеше: школи, сообраќајници, болни, фабрики... Заради тоа денес го мразиме комунизмот, не?! Зашто беше 10.000 пати поработлив и понасочен кон луѓето од сегашнава мафијашка држава која ги контролира сите медиуми.
Наспроти гигантските проекти на клетите комунисти, пастирот вети дека за целокупниот проект СК 014 во текот на осум госдини ќе бидат потрошени 80 милиони сегашни евра. Се разбира, пастирот лажеше, како за се’ друго, но неговите лаги откриваат и друго: една тотална несолидност (т.е. шкарт) на сето изградено. Зградите и спомениците на груевизмот, уште недоизградени, фрлени се во бунар, што од неквалитет, несоодветност, нефункционалност, немање пари... Со еден збор, наполно промашен проект на наполно забегана власт.

Градител, значи твоја заслуга

Градител, значи твоја заслуга се градбите на татко ми и дедо ми и неговата генерација. Не знаев , извини. Не знаев дека тебе треба да ти бидам благодарен што Романија, Финска, Шведска, Америка и останатите му помогнаа на Скопје после земјотресот. А бе зелени едни, кажи ми СДСМ што направил, не ми кажувај прикаски за комунистите кои граделе. За тоа ти имаш заслуга и кривица колку и синот на некој Швеѓанец или Финец. Ги гледам градовите по Македонија , колку многу комунистите изградиле за 45 години. А за гласовите во тие 440 илјади гласови на ВМРО се 440 илјади Македонци. Во 370 илјади гласови на СДСМ има само 200 илјади Македонци. Другото се сите оние малцинства на кои заедничко им е симнувањето на ВМРО од власт и пазарење во евентулниот нов поредок и распоред на власта.
Мегутоа изгледа дека на СДСМ тоа не му е проблем. Интересот на Мекедонскиот народ им е последен во низата причини заради кои се борат да дојдат на власт. Исто како и на Љубчо и на Бошковски и на сите слични.

Така е бе, за СДСМ гласаат

Така е бе, за СДСМ гласаат не-Македонците, ја мислам нив треба и право на глас да им се забрани, државава се вика Македонија, нели?!ж

Па работите во тој однос не

Па работите во тој однос не можат да бидат поедноставни. Реципроцитетот треба да биде правило за однесување. Кога нашиве Македонски Албанци ке се изборат за правата на Македонците во Албанија, и дисперзиран факултет на Македонски јазик во Албанија, или во тој ист контекст Бугарите, Грците, Србите или Турците тогаш можат да се сметаат гласовите на не-Македонците за граѓански. Се дотогаш се националистички и спроведување на агенда спротивно на интересите на Македонскиот народ. Да се криеш константно под поимот Граѓанин е во најмала рака кукавички, да не речам подмолно. Ако сметаш дека во СДСМ не се свесни за ова се лажеш.
Патем, те поздравија Меркел и Ле Пен.

Чекај, чекај, а ти имаш некои

Чекај, чекај, а ти имаш некои тајни сознанија за тоа кој за кого гласал што ние ги немаме или? Па уште и со точна бројка излегува колку не-Македонци гласале за СДСМ. А според IQ да не имаш податоци кој за кого гласал, гарант вмровските гласачи се барем со по 10-20 квоциент единици попаменти од комуњарските.

Слушај ваму суруш еден, не

Слушај ваму суруш еден, не ние ами вашата Бонева, алиас Хали Бери, тврди дека сме наследници на комунистите кои изградиле скоро се што ти е во видното поле, осврни се бе! а што се однесува на тоа кој градел...па јас не го видов Паторот на градилиште, па не сметаш дека со фрлање на една лопата, работата е завршена..

СДСМ е наследник на

СДСМ е наследник на комунистите само во желбата да биде доживотно на власт и сите да го сакаат драгиот им Водач. СДСМ читај Бранко никогаш не успеаја да ја најдат својата улога во историјата на Македонија. Ако напочеток и мислеа дека треба да ја спастрат државата никогаш не го фатија коњот за узди и да ја водат Македонија според својата идеја. Единствена причина за тоа е безидејноста и работничките анационални идеали од минатото општество. Затоа и цело време работат реактивно. Секогаш реакција наместо акција. Како тенисер кој нејќе да сервира. Од таму и доагаат сите прикаски, као моравме да го направиме ова, ако не го направевме ке не немаше. И ден денес истата песна. Откога некој ке направи некоја акција , читај ВМРО, дали било споменици, дали градење, дали бесплатни учебници , било што , ете го СДСМ со мислење како било глупо, како и они мислеле така ама немало време, како сите крадат, како нема демократија и илјада други реактивни моронштини. И сега со колумната на Грчев.вика,и ние градевме, ама можам да ви покажам само сива површина. пошто не ги знаете објектите. Не живеете во Македонија па не можам да го кажам по име и презиме објектот и годината кога е направен и од кого е финансиран. Ама, верувајте ми , градевме 10 илјади пати повеќе, иако во Скопје има максимум 100 (дали и толку) општествени проекти направени во 45 годишното комунистичко владеење.

Па не знам баш дали може да

Па не знам баш дали може да се гледа така според површина... Не е ваљда се` да направиле комунистите... Што правеле Турците, Србите, Бугарите итн.? А најважното - приватните куќи и објекти? И тие ли биле на комуњарите, и денес ли се на вмровците?

Aj kje se pravime detski

Aj kje se pravime detski naivni i kje objasnuvame notorni fakti. Kako prvo nikoj ne gradi koga e NESTABLNO kako shto beshe vo 90-te godini, so vojni i blokadi, koga si nepriznata teritorija i zatoa NIKOJ ne ti dava krediti, a ti si ochajno siromashna drzhava!!!! A za toa shto napravil SDSM eve samo del od produktivnite gradbi koi nosat profit a ne kako NEprofitnite gradbi od Sk 2014:Branata Kozjak, 2 mosta vo Skopje i eden peshachki, avtopatot Gostivar-Tetovo, rekonstrukcija i proshiruvanje na podzemna kanalizacija, proshirena Prvomajska, rekonstruiran ploshtadot Makedonija, rekonstruirani i asfaltirani mnogu ulici (shto ne e za falba bidejki toa im e rabota), pochetok na izgradba na spomenikot so mala fontana, Makedonija, od skulptorot Hadzi Boshkov na mestoto kade sega se naogja fontanata so voin na konj, rekonstrukcija na REK Bitola koja ne spasi vo denovite koga drzhavata beshe pod 2 blokadi i mnogu drugi raboti za koi ne se zadolzhija gragjanite so krediti bez usul i t.n. i t.n.

Доста бе комуњар, СДС камен

Доста бе комуњар, СДС камен на камен не стаиле, така кажа Илија Димовски, он да не лаже случајно?

gragjanin, многу далеку е тоа

gragjanin, многу далеку е тоа од бројките во текстот.

Мислам дека врв на

Мислам дека врв на затапеноста е написот на автобусите - Донирано од влада на РМ. Тоа значи дека владата опасно ја потценува интелигенцијата на граѓаните. Владата ни донира автобуси со наши пари и се фали со тоа. А чива одговорност се автобусите? Да беа автобусите наша граѓанска инвестиција, а владата да ги обновеше со сопствени приватни пари тогаш пеке фалење.
Значи мора да се има претпоставка за ниска интелигенција на конзументот за да се залепи ваков моронски натпис.
Предлагам пред трезорот во Народна банка да се постави натпис - Донација на граѓаните на РМ.

Апсолутно се сложувам, само

Апсолутно се сложувам, само јас би го сменил текстот малку. Би требало да гласи. "Сопственост на граѓаните на РМ".
За дискусијата погоре, мислам дека сето тоа е одраз на типично комунистичкиот начин на лажење во лице , преувеличување и извртување на стварноста во прифатлива виртуалност.
Типично комунистички говор од прослава за 1ви Мај. Ние направивме волку, ние направивме ова, ние направивме она, иако сите во толпата знаат дека лаже и дека тоа апсолутно нема врска со стварноста. Така што најверојатно кај овие луѓе се уште постои тој чуден начин на прифакање на лажната стварност за вистинска. Желбата да се преувеличува и извртува реалноста е повеке од очигледна и дури смешна. Еве еден многу проста математика. ВМРО вложи во Скопје 2014 - 100 милиони евра. 10 илјади пати повеке е 1000 милијарди евра, што за 45 години владеење би му дошло по 20 милијарди евра годишно.??????
Браво за направеното, и за математиката г-не Грчев. Да живее 1ви Мај - денот на празните говори.

ОкоБоли главаВицФото