Во зоната на надреалното

02.05.2012 09:19
Во зоната на надреалното

Веројатно во Европа не постои место на кое толку се мешаат реалноста и научната фантастика, животот и апокалипсата, како во изолираното подрачје во радиус од триесет километри околу уништената нуклеарна централа Чернобил на северот на Украина. Овие денови се навршуваат 26 години од екслозијата на реакторот број четири, кога жителите на блискиот Припјат љупобитно ја набљудувале светликавата материја, подоцна идентификувана како радиоактивна прашина во небесната темнина; утредента во тој модерен град со големина на Сисак било евакуирано целокупното население. Медумите молчеле, а прогонетите не смееле да земат ништо со себе, дури и оделата им биле одземени кога стигнале на сигурно. Околку распрснатиот реактор со месеци бил граден метален саркофаг, а се смета дека милиони Европејци биле изложени на отровниот облак. После евакуацијата, на улиците на Припјат останале застанатите возила, продавниците полни со артикли, празен забавен парк и илјадници станови... зона на страв и ужас од која луѓето биле истерани од невидлива сила. А тогаш се распадна СССР и сè замени новата реалност: анархоиден хаос, немаштија и бандитски времиња.

Нуклеарни кокошари

Чернобилската трагедија уште еднаш го покажа стравот на човековиот род од непознатото и смртта пред желбата за богатење – нема кој не го ограбил Припјат, до тој степен што во зградите останаа само шут и отпадоци, а советските ордени, пљоски, накит, авто делови и другите високорадиоактивни колекционерски меморабилии се нудат на пазарите од Берлин до Бухар.

Како што се множеа сведочењата дека проклетото подрачје не е претворено во пустина со мутанти, туку дека таму се случува нешто спротивно, интересот за зоната растеше на сите страни. Најпримитивниот е изразен во криумичарење, па така пред неколку години украинските служби разоткрија банда нуклеарни кокошари кои од Припјат и околината во шлепери изнесувале стока која понатаму се растурала на црниот пазар на Киев и околината; железо со радијација 20-30 пати повеќе од допуштената било топено, дрвото претворувано во пакети, а во криминалната банда биле вклучени и чуварите на зоната, специјалци за деконтаминација, возачи, директори на заводи... Особено бизарен бил обидот од зоната да го извлечат озрачениот хилихоптер MI-8, оставен после санацијата: сакале да го претворат во „култен кафич“ во еден од локалните градови, без оглед на опасноста од стронциум и цезиум...

Но, крадците се само еден од четирите типови на луѓе кои со дозвола или без влегувале во зоната. Вторите се повратници – неколку стотина, најчесто стари, сиромашни селани на кои властите им допуштиле да се вратат во напуштените села или кои никогаш не заминале од нив. За нив денес се снимаат документарци и се пишуваат книги. Живеат живот сличен на 19-от отколку на 21 век: се прехрануваат со земјоделство, шумски плодови и риболов, се возат во коњски запреги, прават домашна вотка од корења и главно немаат електрични реквизити, иако во некои места струјата е вратена.

Третата група ја сочинуваат научници од целиот свет – физичари, хемичари, зоолози, ботаничари и други, за кои зоната е подрачје на случаен, единствен експеримент. Наместо да го разори животот во околината, експлозијата го поттикна, а тој дел на Украина, некогашниот „мев на СССР“, со неверојатна брзина се трансформирал во најголем природен резерват во Европа. Се врати прастарото словенско блато во која растителните и животинските видови ја обновија популацијата на начин кој ги вчудоневиде научниците. Од другата страна на Карпатите, во чернобилските шуми, волците се собираат во глутници какви што имало пред големата селидба на народите. Се судираат со стада зебри, европски бизони, а има и мечки и дабари. Крзното и коските кои зад себе ги оставиле волците се толку радиоактивни што научниците не ги допираат со голи раце, но мутациите на новите генерации се само малку повисоки отколку надвор од зоната.

„Сталкер“ и сталкери

Четвртата група се демначите (сталкери), луѓе кои илегално влегуваат во зоната од некои нивни причини. Патролите знаат да ги фатат на некоја ливада, опремени со храна за неколку дена и оружје за плашење на ѕверовите. Тука веќе се бришат законите на времето и испреплетувањето на животот и уметноста: во еден од најважните филмови на советската доба, „Сталкер“ на Андреј Тарковски, станува збор за забранета зона за која не се знае како точно настанала, ни што се случило – таа ја убива цивилизацијата, но не и природата. Зоната функционира по непознати натприродни закони, неверојатно е тивка, постелена е со урнатини обраснати со бујна вегетација, водата е загадена со некоја хемикалија; детето на Сталкерот, евакуиран жител, е родено без нога, но е со телекинетички способности. Сето тоа не би била така чудесна алегорија доколку филмот не излезеше седум години пред чернобилската катастрофа!

Во книгата „Чернобил. Вистински свет“, авторите Сердеј Паскевиќ и Денис Вишњевски го опишуваат остатокот од цивилизацијата во зоната: споменуваат дека во Чернобил, град десетина километри од нуклеарната централа, живеат стотина луѓе, и дека три часа на ден таму работи пивница! Тој што го гледал филмот на Тарковски, се сеќава на сцената во која Сталкер доаѓа во гостилница за да собере двајца типови кои треба да го префлат во зоната – едниот се вика Писателот, другиот Научникот...

Сè потешко е понатаму да одредите каде животот ја имитира уметноста, а каде уметноста животот – во последно време и каде животот ја имитира виртуелната игра „S.T.A.L.K.E.R.: Call of Pripyat”, популарна компјутерска игра на еден украински автор, со мутанти и чудовишта, лишени од духовната компонента во име на вистински западен moneymaking. Постарите сталкери повеќе се филмаџии и окултисти кои сакаат да ја остават зоната недопрена и неосквернавена, па се нервираат кога ќе видат дека не се единствените кои се присетиле на тоа и дека нивната чудна област ја компромитираат нови поколенија сталкери-гејмери кои во зоната се навлекуваат на пејнтбол, во реалниот простор на култната хорор-ХФ игрица... Велат дека чернобилската област нема да биде населувана уште неколку столетија. Озрачените луѓе не се изложени само на смртна закана, туку и на опасноста да добијат деца со генетски мутации. Луѓето влегуваат во зоната на кратки интервали, сите освен загадочните староседелци кои во секоја смисла им се вратија на корените, па велат: „Радијацијата не се гледа и не се слуша. А мачките редовно раѓаат нормални мачиња.“

Извор: novossti.com

ОкоБоли главаВицФото