Фалус во газот

02.05.2012 12:53
Фалус во газот

И уште нешто: апелот да внимаваме на зборовите додека фалусот на политиката ни го растура задникот и ни излегува низ ушите (Кишјухас) е злосторство спрема жртвата. Венко може да внимава, може дури и да меша со газето, ама нека нè остави нас да повраќаме на јавната сцена, оти курот што ни е начукан е голем колку постаментот на Коњот со воин.

Ми се виде згодно и принципиелно да залепам на Фејсбук еден ваков коментар на апелот на професорот Андоновски со кој тој бара да внимаваме на зборовите и на метафорите зашто политичките контексти знаеле да ги лансираат нашите тралалајки во орбитите на искривените значења или нешто слично.

Проблемот е во тоа што долготрајната фурија на поставтентичното време (Спрингстин) ги избриша вообичаените значења на зборовите и ги испразни како езера на минирани брани. Зборовите денеска немаат никакво значење или имаат значење што е деформирано уште пред ние да посакаме да ги извадиме од нашите ментални речници.

Да внимаваме на значењето на зборовите кои немаат значење или барем го немаат означуваното значење, да внимаваме да не ни се одметнат е како да внимаваме восочните фигури во Муузејот на смртта да не ејакулираат в гаќи кога на поклонение ќе им доајдат младите учителки на децата што еден ден ќе бидат високообразовани идиоти што ќе ја преземат судбината на земјата во свои раце.

Политичките контексти ги деформираат значењата на зборовите не преку невниманието на означувачите во јавниот дискурс туку преку внимателноста која се сугестира во пакет со една имплицитната закана. Без особени дози на претерување би можело да се каже дека ние се самоубиваме со преголеми концентрации на внимателност и дека Македонецот е едно многу внимателно животно.

Зошто некој кој учествува во јавниот сообраќај со тенкот на зборовите треба да внимава дали отворот на Триумфекалната капија ќе ја собере неговата гасеница или „абрахамсот“ со скопски регистерски таблички ќе го урне триумфекалниот показател на македонската глупост. Во политичкиот контекст на преродбата „триумф“ и „капија“ се зборови на кои можат да внимаваат само будалите и благоидиотизираните типови кои немаат никакви проблеми да поверуваат дека Гоце Делчев победил во маратонската трка на Олимпијадата во Монтреал. Ако од Горското началство речат дека триумфот не бил во Монтреал туку во Минхен, тие ќе знаат дека мустаклијата победил во маратонската трка во Минхен и тоа со истиот коњ на кој е качен пред Камениот мост во Долината на лудаците во центарот на Скопјанг. Тоа просто мнозинство внимава повеќе дури и од елитата која живее од тие фиксации и ја практикува внимателноста како смрдлива хигиена. Како паста за заби од детски исероци.

Тоа е едниот аспект, вториот, веројатно поважен, се состои во тоа што оној што ќе реши да внимава на убиеното значење на зборовите застанува директно на страната на убијците и на амбиентот во кој тие се размножуваат како црви во септичка јама. Смртта на зборовите за нив е како дното на океанот за крабите или како коњскиот газ за подопашните муви. Апелот да внимаваме на зборовите е апел да внимаваме на нивната смрт и на тоа што во таа смрт се репродуцира живо што поживо не може да биде – власта.

Далеку ќе не одведе расправата за тоа дали власта го убила значењето на зборовите за да може да владее или убиеното значење на зборовите е скала преку која една група говњари успеаја да се искачат во фотелјите на власта, но факт е дека тоа што луѓето произведуваат односно не произведуваат исто ниво на општествената резонанца кога зборуваат и кога не зборуваат, а кога зборуваат гомненици поголеми бранувања отколку кога кажуваат разумни, да не речам паметни работи, е идеална ситуација за бандата на примитивизмот, на пљачката и на општата деструкција која исто така сосема бесмислено ја означуваме како државен врв, власт или политичка елита во поширока смисла.На зборовите, со други зборови, можат да внимаваат само луѓето кои на еден или друг начин решиле да бидат солидарни со политичките педофили кои создаваат ситуации во кои политсексуално ќе го искористуваат младото општество. Тие патриоти го претвораат општеството во приватна мераклиска структура како што некои великодостојници на христијанството (верници, што би рекол Андоновски) ја беа претвориле црквата во малолетнички бордел. Широка лепеза на малограѓански лицемери и простаци облечени во оделата на таканаречената пристојност и таканаречената култура.


Македонија е вода што е стабилизирана на нивото на смрдлива бонаца. Благи, сосема благи и меки движења на површината не ја нарушуваат емисијата на спокојот во тој фантастичен екосистем. Зборовите кои се опсипани со внимание тука се расеани како ливчиња кои се лелеат во совршена хармонија со површината на барата со многу крокодили, змии, жаби и комарци, со полноглавци, особено со полноглавци.

Некој мора да се обиде да ги претвори зборовите во камења што ќе ја разбрануваат таа баруштина, некој кој во тој немир ќе се обиде да произведе нови форми и значења. Нивото на кое се расправа за пристојноста и непристојноста, за коректноста и некоректноста како клучни прашања за перспективите на заедничкото живеење во Македонија, се лажни, па, дури, мислам и дека се опасни. Ние сме доведени во ситуација во која не е можно да преживееме како луѓе ако не се вооружиме макар со мало количество на непристојност, на некоректност, на бунт, на сè што ќе ни овозможи да се справиме со политичкоидеолошките, финансиските и партискополитичките бандити, ако сакаме да нè има. Ние сме излезени од просторот во кој институциите, значи, редот, правото, пристојноста, коректноста, беа амбиент во кој се реализиравме. Тие се реализираат во тоа што такво се чинеше дека беше. Сега сме во еден простор во кој уривањето на таа потемкинова слава на копрупцијата, на злосторот, на махинациите, на злоупотребите, на лагата и измимата, треба да се урне поургентно отколку што Катон мислел дека треба да се урне Картагена.

И тука повторно доаѓам до феноменалниот Кишјухас кој во својата последна колумна во „Данас“, реферирајќи се на Жорж Сорел, пишува за бунтот како единствен начин да се урне неправедниот поредок. Односно дека секој обид за градуални промени е строго залудна работа. За Сорел насилството е задолжителна варијанта, а Кишјухас не го исклучува и потсетува дека Милошевиќ не би бил соборен без насилството што беше демонстрирано на петти окромври пред 12 години.

На оваа место повеќепати сум пишувал на оваа тема повикувајќи се на Жижек, Лакан и други автори, при што основната поента беше дека треба да се отфрли либералноконзервативниот политички морализам кој не секогаш тврди дека положбата е добра, но секогаш тврди дека бунтовниците уште повеќе ќе ја упрскаат работата. Треба да се помине низ таа завеса и да се прифати ризикот дека, можеби, ќе биде полошо како израз на врвниот хероизам. Еден убав ден ќе мораме да ја запалиме Триумфекалната капија. Не се сомневам дека светот тоа ќе го разбере не како тероризам туку како ослободување, а кога ќе го бутнеме монструозниот споменик на Апашот од Пела Советот за безбедност ќе одржи специјална седница од која ќе испрати специјални честитки до трудољубивиот македонски народ. И до албанскиот народ кој, се разбира, во меѓувреме, ќе стане свесен дека Скендербег е историска величина која локалните ебиветри ѕуспеаја да ја претворат во политичка Барбика која чека некој меркалија во околината на „Илинден“.

Мислам дека е пристојно да се каже дека ние имаме работа со режим кој нема да може да биде соборен на демократски начин. Ниту, пак, да се трансформира во демократија. Тој ќе продолжи да пушта гулаби и да вади бели зајаци од своите шешири (нов бран, црн бран, жолт бран итн. на кадровски смени, зум бајшпил) и да ја забавува публиката додека јагнешките бригади на неговата оператива ги цедат последните остатоци од смислата на која почива Македонија.

Крупноќата (ха-ха-ха) на опозицијата е совршено безначајна. Црвенковски има иста резонанца со општествените процеси кога се тушира и кога настапува на некоја телевизија. Да сум на местото на Мен Дух јас би му телефонирал на Френсис Форд Копола и би се препорачал за некоја скромна улога, Георгиевски има едно ниво на разумност кое како да виси во воздух без черепот од кој излегува, Жерновски може да биде добра икона во некој постмодерен светидимитрија ако ја погоди розенкројцерската нијанса на краватата со темната нијанса на реверното шамифче.

Немаат ниту трунка разбирање за тоа што се случува вклучително и тоа дека тоа што се случува драматично ќе им го смени материјалниот статус што го изградија транзитирајки ја Македонија од едно пристојно место за живеење во капитал што си го набутаа во џебовите. И сега што?

Отпорот не е прашање на политичката алтернатива, па дури не е и прашање на националната перспектива. Зошто ние и генерациите после нас би ги упропастувале своите животи во името на една банкротирана идеја. Но, мислам дека треба да се обидеме зашто не е загрозена само Македонија, што на некого може да му звучи патетично, туку сме загрозени сите. Има нешто рокерско во идејата да им ја ебеме мајката на злосторниците кои мислат дека се власт. Така што ќе учестувам. Можеби и како првоборец. Ако чуете дека фали некој столб од Уставниот суд знајте дека јас сум посакал да потпрам некои структури во младите лозови насади во Орешани.

Извор: globusmagazin.com.mk

Колажи: Свирачиња

тричковски, го нема петар си

тричковски,
го нема петар
си напраил компромис во насловот

avtore, ako ne si dibidus

avtore, ako ne si dibidus peder-garant si latenten peder. se gleda so socnosta vo opisot na nacukuvanjeto...toa moze da go napise samo nekoj so iskustvo i zelba za da mu bide nacukan
...redko-da ne kazam "voopsto" ne gresam!

марија, чисто

марија, чисто процедурално

реДко=реТко...и збунуваат ...тирето и апострофите...три пати прочитав што сакаш да кажеш

другото..да..го разбрав
едино, шо е тоа педер?

Marija Nikolovska, idejata za

Marija Nikolovska, idejata za kolumnata i nachinot na izrazuvanje vo ovaa kolumna Trichkovski ja ima prevzemeno od kolumnistot na Danas, Aleksej Kishjuhas, koj pishuva za srpskite sostojbi. Dali toa znachi deka i Kishjuhas e, peder? Ili mozhe bi perder e i maestralniot Svetislav Basara koj vo svoite kolumni mnogu chesto go upotrebuva eufemizmot, crven ban....i on e peder?

„Зборовите денеска немаат

„Зборовите денеска немаат никакво значење или имаат значење што е деформирано уште пред ние да посакаме да ги извадиме од нашите ментални речници.“

Ова, едноставно, не е точно. Повеќето од луѓето (вклучувајки ги тука и колумнистите на „Окно“) нормално комуницираат применувајќи го нормалното значење на зборовите. Вашиот проблем (Тричковски) е што сте набиени со огромна негативна енергија, поради што вообичаените изрази не Ви вршат работа, не Ви се доволни за да се изпразните, па тоа го правите со употреба на жестоки изрази (најчесто со сексуална содржина)чија цел не е само да соопштат нешто, туку воедно и што повеќе да омаловажат некого, да навредат, да повредат, по можност да пуштат крв. Јас немем ништо против тоа што Вие ги критикувате негативните општествени појави, но ми пречат манијачкиот бес и садистичкото задоволство кои бликаат од секоја Ваша реченица.

@gragjanin, а ако се изразува

@gragjanin,

а ако се изразува во гадости не значи дека има поента.

interesen text,mnogu en

interesen text,mnogu en nabien so skatoloski material ta duri smrdi do ovde vo America. Jasno et oti jazikot najmnogu pati, koga rabotite odat vo pizde materine, i oti covek nekogas et posvez ako se izrazi kako trltle toes Trchoski.

Dobro na coveka koga togas mu

Dobro na coveka koga togas mu doagja da se isprazni se do sledniot ritual. A i ova moderno vreme si nosi svoi posledici, recnikot stanuva vulgaren toa se gleda na fejsbuk, "amerikanizacijata" na jazikot isl. Jas bi upotrebil meka erotika vo recnikot , taka nema se da bide tolku pogano, isto kako vo narodnite pesni .

ОкоБоли главаВицФото