Мајка и син имале нормален разговор и сето тоа го снимиле со мобилен!

03.05.2012 09:54
Мајка и син имале нормален разговор и сето тоа го снимиле со мобилен!

МВР извести дека Мирјана Атиновска се среќавала со својот 16-годишен син во еден скопски парк, каде што со него водела нормални разговори.

Родителските моменти момчето ги снимало со мобилен, а на снимките се гледа како мајката му држи лекција по убаво однесување и го кара поради националистичките испади на училиште, за што добил и укор од класниот раководител.

Полицијата ја обвинува и за тоа што по електронска пошта му праќала совети како да учи поредовно и полесно да ги совладува содржините од кои му зависи вкупниот школски успех.

„Госпоѓата Атиновска и жртвата во тие моменти биле свесни дека се мајка и син“, стои во полициското известување до медиумите.

Таткото на момчето, кој моментално се наоѓа на печалба во Италија, побарал објснување од сопругата за нејзиното невообичаено однесување. Тој за Пара вести го најави своето враќање во Македонија и вети дека ќе го испита случајот.

Атинова моментално се наоѓа во домашен притвор до следното сослушување, а нејзиниот син им е доделен на нејзиниот свекор и свекрва, кои живеат во истата куќа со неа.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото