Десницата, магнет за будалите

03.05.2012 11:22
Десницата, магнет за будалите

1.

Кога пред цели сто и педесет години Џон Стјуарт Мил во вжештена парламентарна дебата изјави: „Никогаш немав намера да кажам дека конзервативците се генерално глупави. Сакав да кажам дека глупавите луѓе генерално се конзервативни“, тој со тоа само го искажа личниот став по прашањето за една недоумица која трае откако постојат светот и векот, и општествениот конзервативизам: дали десничарската, конзервативна идеологија заглупува или кон неа, напротив, глупаците се природно склони?

Исто како она прочуено, во себе затворено прашање, за тоа кој е постар, кокошката или јајцето, и ова прашање, без разлика на легендарниот став на Мил, со векови избегнува, непобитен – научен – одговор. Сè до неодамна кога, благодарение на континуираниот силен развој на научната мисла, е утврдено дека Мил бил во право и дека десницата навистина е магнет за будали склони кон симплификаторски поглед на светот.

На почетокот на годината, имено, Гордон Ходсон и Мајкл А. Бусери од Одделението за психологија на канадскиот универзитет Brock објавија труд со наслов BRIGHT MINDS AND DARK ATTITUDES - Lower Cognitive Ability Predicts Greater Prejudice Through Right-Wing Ideology and Low Intergroup Contact (Бистри умови и мрачни ставови – Ниската когнитивна способност како предуслов за поцврсти предрасуди во десничарската идеологија и слабиот  контакт меѓу групите) докажувајќи дека предрасудите кои ги поседува десницата, како расизмот, национализмот, сексизмот и авторитаризмот воопшто, се во директна врска со ниското ниво на општа когнитивна способност на поединецот.

Така, се покажало дека личноста која во детството се одликува со низок степен на генерална интелегенција ќе биде наклонета кон расизам на зрела возраст. Исто така, слабата способност за апстрактно резонирање со ниско ниво на меѓугрупен контакт ќе резултира во анти-хомосексуални уверувања. А клучното во тоа, како што тврдат Ходсон и Бусери, е дека „поединците со ниски когнитивни способности обично гравитираат околу општествено конзервативни идеологии кои одржуваат status quo и нудат психолошка стабилност и чувство на ред.“

2.

Откако на почетокот на годината е објавен во весникот Psychological Science, овој труд одекна во научниот свет, но и надвор од него. После цела една ера весело натегање со десничарите – „глупави сте!“, „не сме!“, „е баш сте!“, „не сме!“ итн. – и сите вжештени расправии на оваа бескрајно забавна и практично неисцрпна тема, првпат се случи некој со позиција на научен авторитет гласно и одговорно да ја изговори големата вистина за комплексниот однос и тесната испреплетеност помеѓу десницата и глупавоста.

Your browser is not able to display this multimedia content.

Според тоа, кога Морисеј во песната „Interesting drug“ пее: „There are some bad people on the right“, тој само го потврдува добро познатиот факт, додека оној вистинскиот рефрен навистина би требало да гласи: „There are some stupid people on the right!“. О, да. Some stupid people indeed!

Од неодамна и научно докажано.

Што се однесува на авторот на овој текст, светот со тој неочекуван пресврт стана само малку поздодевно место од порано. Парадоксално, знам, но не сум јас за тоа виновен. Лично би сакал целата работа да се задржеше на мистерија и шпекулација. Можеби е утешително единствено што истражувањето на Ходсон и Бусер е направено на основа на два примероци, во САД и Велика Британија, па бидејќи десницата и глупоста се на различен начин географски диспонирани, секогаш ќе може оправдано да се постави прашањето дали и колку би се разликувале резултатите доколку тоа било спроведено во некои други земји.

Да речеме, еве, токму тука, на југоистокот од Европа. Каде што десницата, поради историските околности, е особено моќна, продорна и агресивна, нападна и сеприсутна. Дури и природна! Овде, каде што веќе предолго сме принудени да го трпиме теророт на десничарскиот национален примитивизам кој на некои од нас во текот на последните децении ни беше прикажуван како псевдо-левичарски, на некои како конзервативно-христијански, на некои како малограѓанско-државотворен, на поединци како исламистички, на други поединци повторно како непоправливо митомански, а на некои во својот паланечки hard-core вид или, пак, во ѕверскиот облик на братоубиствена воена машинерија.

Па, ако од сето тоа доживотно се разболевме и оглупевме за сите времиња, тоа и не е нешто чудно. Од психологијата е познат каузалитетот на злоставувачот и жртвата. Жртвата, имено, која е предолго изложена на злоставување, и самата порано или подоцна ќе стане злоставувач. Над другите или над самата себе, сеедно. Еднакво на тоа, ние многу добро знаеме, од сопствено искуство, дека привидно нормалната личност со релативно здрав разум и просечна интелегенција, доколку биде изложена на влијание од ригиден етнонационалистички поглед на светот, ќе изгуби секаков контакт со објективната стварност. Во неа ќе остане само онаа за нас добро позната десничарска завист и придушен бес. Како и потребата за непријател и (крвна?) одмазда.
Погледнете во каква жалосна состојба е поголем дел од општеството во југоисточна Европа денес и сè ќе ви биде јасно.

3.

Исто така имам потреба да нагласам оти сум свесен колку е тешко да се зборува за „нас“ кога одамна се разделивме од народите кои некогаш порано заедно ја составуваа државата која, да потсетам, се нарекуваше Југославија. Тоа „ние“, ако сме веќе искрени, навистина и не постои. Секако дека стварноста денес никако не е иста во Словенија и Македонија – да дадам два сразмерно болни примери од окружувањето. Дотолку повеќе јас и немам што друго освен да се согласам со националистичката десница дека разликите меѓу нас се подеднакво важни како и нашите сличности и дека овде, на југоистокот од Европа, секој го влече својот специфичен талог на она што го нарекуваме „историско искуство“. Па така, некому со текот на годините, децениите и вековите, им се насобрале помалку, а на некои повеќе гомна во вреќата.

Едно е, понатаму, мора да биде, кога новопоставената министерка во владата на Република Словенија, Људмила Новак, со авторитет на експерт ги дели луѓето на „нормални“ и “геј“, друго кога некогашниот градоначалник на Осијек, Анто Џапиќ, вели дека е мирен што направил плагијат на магистерскиот труд бидејќи, да му се невиди, „живееме во нечесно општество“, и нешто, повторно, сосема трето кога Вјерица Радета, радикална пратеничка во Собранието на Србија, сее атавистички клетви по параламентот. Едно е кога Велјо Илиќ, неприкоснован крал на Чачак, клоца новинар по лице на среде ТВ-емисија, друго кога Милан Кујунџиќ на цел глас се фали како отишол на посета на гробот на Павелиќ, а нешто сосема трето кога Гегор Вирант разумно објаснува зашто етнички внимателно одбраните граѓани на Република Словенија – оние кои одамна се познати под милниот назив „Босанци“ или „чефурји“ – треба да се сместат под збирната именка „несловени“.

Само поради економичност одбрав примери од Словенија, Хрватска и Србија. А ги има и на друго место, кој вели дека ги нема. И тоа за извоз. Хм, да видиме. На пример – во Македонија, каде што државотворната десница во манијакален занес гради хипердимензионални споменици на лажни предци, и преку државната телевизија крои една сосема нова и над сè оригинална историја на развојот на човековата раса, учењете дека сите денешни раси настанале од три елементарни групи: Негроиди, Монголоиди и Македоноиди.

Итн.

4.

Меѓутоа, со сите тие длабоки разлики или без нив, едно е сигурно: расфрлена низ ридестиот и опасно накривен Балкан, десницата овде, во нашиот регион, не ја зазема само соодветната – десна – страна на политичкиот спектар. Таа одамна ја прелеа својата рамка, па сега е и лево и десно, и горе и долу, пред и одзади, насекаде околу и во нас. Од неа е невозможно да побегне и да се сокрие токму во онаа мерка во која на истиот тој ридест и накривен Балкан отсекогаш било невозможно да се побегне од глупоста и злото.

Мрдни се кон центарот, не оди, побегни лево, па и крајно лево – ништо. Десницата вам и тогаш надмоќно (и глупаво) ви се смешка.

Дотолку повеќе доаѓа некако логично, па колку да човек да се труди, и по внимателна анализа не воочува некоја значајна разлика меѓу, на пример, „социјалдемократот“ Милан Бандиќ, и да речеме, Јадранка Косор – и двајцата се олицетворение на десничарски политичари со ниски побуди и наклонети кон најневеројатни јавни бламажи.

Можеби е уште полудо што навистина нема значајни разлики ни помеѓу „социјалдемократот“ Борис Тадиќ, спрскиот претседател во оставка и шефот на владејачката Демократска партија, и „социјалистот“ Ивица Дачиќ, моментално министер на полицијата и претседателски кандидат на СПС на престојните избори. И нив двјацата – тие весели коалициски партнери на веселата „левица“ во уште повеселата земја Србија – само се благо замаскирани со десничарски националистички провениенции. Што да ви кажам освен: мислите за тоа.

Додека косата не започне да ви паѓа од мака.

5.

Суштината е во тоа што ние овде случајно преку посредните околности ги познаваме некои од вистините кои професорите Ходсон и Бусери, се чини, на териториите на кои ги вршеле своите истражување немале прилика да ги спознаат. Ние, секако, би умееле да им додадеме по некоја за повратниот бумеранг-ефект на доминирачката глупост која, во посредство со конзервативната идеологија, од потенцијално паметните граѓани создава најобични кретени, а од кретените, повторно, загрижени десничари.

Кога истражувањето на Ходсон и Бусери би било спроведено на југоистокот од Европа, од ендемските глупости кои овде во наплив плискаат одоздола и одозгора и од сите страни истовременено, мерниот апарат би подивел и сигурно во добиените резултати силно би се покажале тие разлики кои на потегот од Триглав до Гевгелија отсекогаш биле присутни. Па сепак, секогаш е тоа една те иста активна и неуморна десница која се храни со концентрирана глупост на сите оние кои за возврат ги фасцинира сопственост.

„Само две нешта се бескрајни, вселената и човековата глупост“, рекол Ајнштајн, „иако за вселената не сум сигурен.“

Човековата глупост според тоа не е само вечна. Таа е – а денеска, ми се чини, тоа го разбираме многу подобро отколку порано – интерактивна. Токму како и десницата, со која се наоѓа во вечна гравитациско натпреварување и преплетување.

Доколку на почетокот споменатиот Џон Стујарт Мил по некоја случајност би живеел и работел сега и овде, а не тогаш и таму, и тој секако би видел дека во постмодернните времиња нештата значајно се промениле. Вистините денес се нешто покомплексни од порано, и тврдењето дека глупаците се генерално конзервативни е точно токму колку и она дека кознервативците се генерално глупави.
Јајцето, понатаму, сепак ѝ претходело на кокошката во еднаква мерка во која кокошката му претходела на јајцето.

Извор: jutarnji.hr

Карикатура: Маријан Каменски

Андреј Петров - интервју за

Андреј Петров - интервју за Вест 04 Мај, 2012
Еве малку од паметната левица во Македонија :

"* Да­ли за повисоки цели и интереси на Република Македонија би го тргнале "Во­и­нот на коњ" од Плоштадот, би ги смениле називите на Аеродромот и автопатот "Алек­сан­дар Македонски"?

- За интересот и за доброто на граѓаните на Македонија, значи за подобар живот, за да може да ги прехранат семејствата и да имаат достоинствен живот, би нап­ра­ви­ле сe, што значи и тоа. "

Мој коментар: Значи Андреј, ако треба и Воинот би го тргнале ама Бранкота не го тргате, а инаку се преставуваш како генерален секретар на СДСМ а во стварност си само обична секретарка. А бе во наше време во извидници имаше попаметни луге од тебе.

Сето тоа е фино и убаво, ама

Сето тоа е фино и убаво, ама кај нас ни десница е десница, ни левица е левица.

ovaj gore sto ja napisa ova

ovaj gore sto ja napisa ova kolumna,mora da et stvoren od gazot na gavolot , oti od vakvi mangupi ne moj covek glaa da krenit.Se nesto vrekaat se nesto im nedostasuva, dodeka ne dojdat na vlast.Sto se odnesuva za nivniot nacin na vladeenje vidovme sto se sluci koga bese bravarot na vlast,i kolku demokraski se odnesuva so site nas , ne tretiraja kako stoka, kako volijna , ni se kolneja oti ke ni dat svetla idnina ,lagite nivni zavrsija so stravotna vojna vo koj sto mnugu luke nastradaja,familii se zapustija, i eve gi sega pak vreskaat , kruzat okulu balkanot,gospod da ne cuva od vakvi barabi.

Treba ednas da svatime deka

Treba ednas da svatime deka ne se site levi i desni deka ima i polevo i podesno i centar .Ako ne si so Nikola togas si so Brankota boze sacuvaj.Do koga samo etiketi ke si lepime kako da nemame pravo da kritikuvame bez da ni zalepat nekoja lepeska.Ako ja pogledneme istorijata podobro ke svatime deka so "bravarot" za zal ni bese najdobro. A demokratijata bez sloboda na mediumite ne e demokratija toa e beter od komunizam , toa e uzurpacija na vlast toa e diktatura.

Кога ќе ги прочитам овие

Кога ќе ги прочитам овие дебилни коментари ми текнува на реакцијата на Делез кога некој ќе ми пристапел за да дискутираат. Делез веднаш ги собирал парталите и заминувал. п.с За да се стесни просторот на малоумни интерпретации, на Делез му било јасно дека за многу работи не може да се дискутира, со огромен број на луѓе дискусијата е невозможна.

Dimce,rabotata e vo tova da

Dimce,rabotata e vo tova da sekoj covek ima pravo da diskutira i da si go kaze svoeto .Ako ne te bendisva sajtot aj sikter,soberisigi patralite i oj vo stesnatite prostori, na tvojot heroj Delez i uzivaj .

ОкоБоли главаВицФото