Врзете ги појасите додека слетуваме

03.05.2012 11:37
Врзете ги појасите додека слетуваме

Поттикнат и од сè уште неразјаснетата порака од грозоморното убиство кај Смилковци, размислував за тоа дали има потенцијален убиец на Македонија. Меѓународно или регионално. Не можев рационално да си објаснам зошто некој би сакал Македонија да ја нема. И констатирав дека дури и по најналудничавите грчки комшиски поздравувања, те со Србија, те сега, по најново и со Косово, сите знаат дека тоа е неизводливо. Колку поради нас што сме во Македонија, толку и поради поширокиот контекст и комшилук.

Од друга страна, ние самите не сме кадарни и немаме потенцијал да извеземе некаква нестабилност во регионот или во светот, поради многу причини, но првенствено поради тоа што сите наши комшии се поголеми и подефинирани од нас, но и затоа што сме земја на мирни луѓе. На ова, експертите би укажале дека исклучувањето на опасноста од експлозија не го исклучува ризикот од имплозија. А тоа е вака, како сега, внатрешно да тонеме и да гниеме. Секако, дури и за ова треба да се има капацитет и да се исполнат некои услови, но има многу знаци дека ние сме многу близу до постигнување на основните критериуми за тоа – сиромаштијата и нефункционирањето на правото.

Сиромаштијата проследена со синдикати кои не штрајкуваат и со највегетаријанските скари кои ги спремија луѓето за Први мај. Имено,секоја година има сè повеќе пиперки и патлиџани на нашите скари, а сè помалку месо! За тоа како „владее“ правото, пак, треба само да се потсетиме со каква политичка смрдеа беа проследени сите големи случаи во судството во последниве години. Да не зборуваме за малите случаи, оти неодамна беше објавено дека и на официјален документ на судот стоела синтагмата – мило за драго!

Но, основната линија на развојот на имплозијата, која последователно може да го повлече и регионот, а потоа да стане и светска, може да се случи во некој „пријателски оган“ помеѓу идентитетските поделби кај мнозинското население и политичката непретставеност на Албанците во Македонија. Велам пријателски, затоа што овие два процеса и појави се еднакви во нездравоста за општеството, но и по опасноста за Македонија. Кога на сето ова ќе се додаде религијата, поточно различните политички пристапи што кон неа ги имаат Албанците и Македонците, тоа дополнително ги јакне идентитетските поделби и политичката непретставеност.

Така, Македонците се дефинирани национално и верски, а од друга страна, повеќето Албанци ѝ припаѓаат на една универзална религија – исламот. Овде се јавува првата непропорционалност, помеѓу националното и универзалното, а другата е во политичкиот пристап на владејачките партии кон прашањето на религијата. Така, иако не се сите Македонци православни, а ни сите Албанци муслимани, ДПМНЕ упорно и често го прави поврзувањето на нацијата и верата, а при тоа не толку ретко и на верата со државата. ДУИ, пак, од друга страна, се труди да биде секуларна, колку што Албанците, како нација со различни вери, по дефиниција се неутрално секуларни секаде во светот.

Притоа, кај двете политички врхушки се заебележува еден несклад помеѓу зборовите и делата и една општа неконзистентност. Така, ДПМНЕ ги правеше најинституционалните дела и потроши многу народни пари за враќање кон многубоштвото и за промоција на паганизмот и по пат изгради најмалку два католички храма, нешто што заради идентификациската поврзаност на Македонците со МПЦ беше неизводливо и во најцрните денови на комуњарска власт! ДУИ им пишуваше писма на теократските власти во Ватикан, а од друга страна не најде никогаш за сходно да ѝ помогне на ИВЗ, ни за нејзина стабилизација, ниту за нејзиниот најважен процес – денационализација на имотот. Каква-таква, ИВЗ е сепак матичната верска институција на огромното мнозинство и на гласачите на ДУИ.

Така, во играта на мали голчиња за толку големи работи, помеѓу „каурите“ и „турците“, победија многубошците и католиците. И иако играа двата тима, МПЦ и првата лаичка република Мала Речица, победи Ватикан! Притоа не мислам дека ова беше некоја агенда на Ватикан, иако и таа е држава, па по дефиниција има агенди, туку повеќе ќе да е агенда на незнаењето на двете партии за овие теми, што допрва останува да се објасни надолго и нашироко.

Последователно, како што ќе се развијат настаните и откривањето на деталите околу истрагата за убиството, останува уште многу да се објасни околу верските екстремизми и меѓународниот тероризам. Но, првобитно беше многу важно да се знае за овие два баксузни момента: идентитетските превирања и политичката непретставеност. Бидејќи, чинам, ни треба врзување на појас од знаење при вакви слетувања. Од она што е обзнането до сега во јавноста, сè изгледа прикладно за коментар од типот на некогашниот американски коментар за југословенскиот систем на самоуправување: преголема зафрканција за толку мала земја!

И сето тоа поради неодговорените сомнежи, кои остануваат да лебдат во воздух во земја каде ги имавме „Раштански лозја“ и „Сопот“. Пред сè, поради прашањето: што ќе им е на терористите влевање на дополнителен страв, на народ и на општество кои и онака се преплашени до коска и несигурни во својата иднина и во иднината на својата држава? Тоа се прашања кои државата мора да ги објасни докрај, поради сериозноста на целиот контекст, но и поради самиот факт дека убиството кај Смилковци не смее во никој случај да остане неразјаснето. Единственото полошо нешто од неразјаснувањето на тоа убиство врз недолжни цивили е фрлањето вина врз други недолжни.

Колажи: Federico Hurtado

Извор: дневен Фокус, 03.05.12.

чудно мислев дека ќе напишеш

чудно мислев дека ќе напишеш нешто за уапсениве кои веројатно ги познаваш од јаја пашина џамија или од алаџа џамија?силни следбеници на исламот нешто слично на тебе....

Objektiven i analiticen

Objektiven i analiticen tekst. Fala Vi Ramadani!

@protivnik - kjuti tikvo zelena, ne razbiras sto kazuvas

ти ќути ретардо. Знаеш дека

ти ќути ретардо. Знаеш дека Рамадан Рамадани пред 2 години учествуваше во тепачка во Иса бегова џамија? Неговата група го избрка легитимниот оџа и удираше пратеник. Рамадан Рамадани одамна е споменуван како исламски радикал за кој ете се најде место на порталот окно.

@protivnik Bratce, citam i

@protivnik
Bratce, citam i komentiram za toa sto go citam. Ako imas "insajderski" informacii, spodeluvaj gi so prijatelite u kafana, ne tuka. Tuka CITAME!

Ги осудуваме постапките на

Ги осудуваме постапките на Рамадан Рамадани, суспендираниот оџа во „Исабеговата-џамија“ и сметаме дека со нив прави раскол меѓу муслиманите во државата. Ова стои во соопштението од Исламската верска заедница, во кое се тврди дека Рамадани со оружје и на сила го попречил скопскиот муфтија да го води петочниот верски обред во џамијата.

- Тој предизвика сериозен инцидент во верскиот објект - додаваат од ИВЗ.
Скопскиот муфтија Ибрахим Шабани, кој во петокот насилно беше избркан оттаму, тврди дека работите се надвор од контрола и дека ИВЗ не може да го спречи ширењето радикален ислам во Иса бег џамијата.

АЈ СЕГА КОМЕНТИРАЈ

Шиптарска посла...

Шиптарска посла...

Ne se za komentiranje statii

Ne se za komentiranje statii od "Nova Makedonija" i pres-konferencii na Menduh Taci i negovite pajtashi od IVZ...