Право на преправање

05.05.2012 11:05
Право на преправање

Кога зборувам со луѓе за одземањето на правата и слободите на граѓаните, неуставното владеење и контролата на медиумите во нашата земја, сите се сложуваме дека состојбата повеќе соодветствува на тоталитарна отколку на демократска држава, и дека во земјава незаконски владее режим кој практично извршил мирен уставен пуч. Но потоа, кога ќе се разделиме, секој за себе и сите заедно, продолжуваме со дневната рутина и се однесуваме како сè да е нормално во земјата, а животот ни шуми како планински поток... Како никој навистина да не е засегнат од катастрофалните состојби во татковината, во мера која подразбира кршење на дневниот распоред и комфор, откажување од попладневната дремка и искажување на лутината со малку пожесток протест или (недајбоже) бунт. Се чини дека во најлошите услови за живеење што ги паметиме, како сите спонтано да глумиме нормална животна рутина и една фина, фииина недоветност.

Македонија е денес, без секое сомнение, шизофрено општество во кое формално, на хартија, постојат сите модерни слободи и права, но граѓаните во фактичката стварност не можат или не смеат да ги уживаат. Режимот кој неформално го суспендирал уставот и инсталирал иновативен вид прикриен, трапав и мусав тоталитаризам, се преправа дека владее законски и демократски, а граѓаните – за возврат - се преправаат како тоа да е вистина. Во земјава чиишто општествени темели се тресат од катастрофалните социо-економски параметри, растечката мизерија и непочитување на слободите и правата, владее рајска тишина, санаториумски социјален мир и мрзлива, туберкулозна апатија.

Општествата со ваква дијагноза до неодамна лесно ги препознававме како недемократски тоталитарни општества, било да се тие капиталистички или комунистички рожби. Сличен на нашиов, но екстремен случај на спротивставеност на формалните и фактичките права бил Советскиот Сојуз, во чиј устав од 1936 година не само што биле гарантирани политичките слободи, слободниот печат и слободното формирање политички партии, туку државата била обврзана овие да ги финансира и помага, додека едновремено се затворале и убивале милиони луѓе обвинетии за дела кои не ги ни сонувале...  Се разбира, никој не се осмелил, под стварна смртна закана, да ги употреби овие хартиени уставни права или јавно да ја денунцира тоталитарната практика на власта.

Слично, само сразмерно многу помеко и полигаво, е и кај нас, бидејќи режимот на Груевски, со селективна репресија и економска принуда, го стави под закана целиот народ, што, по долги децении, повторно го предизвика егзистенцијалниот страв кај луѓето. Поради тоа, луѓето во Македонија денес се плашат од камера, од јавно искажување мисла, од погрешно однесување (кое може да се протолкува како антирежимско), од јавен настап, од неприлично отсуство или погрешно присуство, од неподобни пријателства... практично од сè. Стравот и психологијата на потчинетост и сервилност кон режимот - најважните психосоцијални симптоми на животот во тоталитарни општества - повторно стануваат основни карактеристики на животот во Македонија...

Селективната, егземпларна репресија и заглушувачката пропаганда го одржува македонското општество во лажен социјален мир, кој претставува некаков вид колективен перформанс, во кој огромното внатрешно незадоволство, наместо во побуна, луѓето го конвертираат во глумење нормален живот. Оваа глума веројатно ја мотивира комплициран емоционален амалгам составен од егзистенцијален страв, чувство за пристојност, достоинство на жртвата и срам од делата починети врз неа. Глумата во овој театар на апсурдот се сведува на трпење на неподнослива реа (која, инаку, штипе и задушува!) при што актерите речиси не го менуваат индиферентниот израз на лицето. Глумиме нормалност, како на светот да сакаме со извинувачка насмевка да му ја претставиме оваа одвратна фашизоидна смрдеа како вообичаен гастроентерален проблем на нашата млада демократија… Демек, се усрало дет‘то, ама че му мине....  

Ова колективно глумење нормалност, меѓутоа, станува малигна навика која прераснува во партнер на монструозната режимска пропаганда. Партнерите работат комплементарно: пропагандата го покрива јавниот медиумски простор, а колективната глума интимата, па покорниот народ така станува мизансцен за потврда на пропагандната лага, а заканата вградена во пропагандата станува оправдание за покорноста и глумењето нормалност. И така се затвора злиот психосоцијален мотивациски круг кој ја обезбедува океанската тишина и долговечноста на режимот.

Во овој театар на апсурдот учествува, на префинет дипломатски начин, и меѓународната заедница која за катастрофалните општествено-политички состојби во Македонија употребува софистициран вокабулар составен главно од еуфемизми. Така, на пример, пристојните дипломатски квалификации кои денес се употребуваат за пропаѓањето на македонското општество се: за потполната партизација и инструментализација на судството - дека е „забавен процесот на реформи во судството“, или, за укинување на слободата на информирањето и уништувањена независните медиуми - дека е „загрижувачка состојбата во врска со независноста на медиумите и слободата на информирањето“, итн. Претпоставувам дека со вакви еуфемистички искази расните закони на Хитлер би се нарекле „загрижувачка насока на реформите во законодавството“, а погромот на Евреите во германската Кристална ноќ би бил квалификуван како „серија напнати состојби со несакани поединечни инциденти во меѓурасните односи“...

Слики: Свирачиња

Многу добро ја отсликуваш

Многу добро ја отсликуваш атмосферата денес кај нас. Се прашувам дали треба да се пишуваат/читаат вакви текстови, оти по читањето останува само очај.

Me interesira i bi sakal da

Me interesira i bi sakal da go prasam avtorot na ovaa kolumna:kako et vozmozno da ima fasizam vo Makedonija , koga ete vie ovde na internetot pisuvate slobodno(vakvo nesto da si napisel za vreme na bravarot, ke te skopeja pod itno),ne osekam nekoj strav vo vasata kolumna,naprotiv od kolumnata se gleda deka vie ne se soglasuvate so stilot na vladeenje na Gruevski i negovata partija, togaj covece odi i organiziraj, stvori uslov , toes kandidiraj se pa neka luketo te glasat, za vo parlament ami ako si sposoben i presedatel da te izberat.

angel bozji, ochigledno si

angel bozji, ochigledno si mnogu mlad i pojma nemash kako beshe za vreme na bravarot. Dete indoktrinirano i zabludeno, vo toa vreme imashe mnoooogu pogolema sloboda od kolku sega. Imashe napisi i debatni emisii po televizii za razni oblasti, chitavme knigi, spisanija, gledavme vrvni svetski teatarski pretstavi i t.n.. Eden primer: dali mozhe da ti vleze vo glava faktot deka poradi loshata ekonomska politika, novinari so svoite ostri napisi, go srushija premierot Branko Mikulic (go nateraa da si dade ostavka)????? Ti vleguva u toa crpkata takvo neshto shto sega e nevozmozhen potfat???

Велиш „mnoooogu pogolema

Велиш „mnoooogu pogolema sloboda od kolku sega“ ?
Жити ултрапрогресивноста?
Ти си живеел во времето браварско?
И не си забележал дека шупакот кој те гледа од секој ѕид е комунистички диктатор?
Не ти ги прибрале другарите на „информативен разговор“ затоа што кажале виц за Тито?
Шо ќе ти е бре тебе право на слободна мисла, кога не можеш да го искористиш?
Оди љуби го Бранко.

I za vremeto na Miloshevic

I za vremeto na Miloshevic imashe kritichki napisi za negovoto vladeenje, dali toj period vo Srbija bi go narekol demokratski? ILi za vreme na tudzman vo Hrvatska?

Slusaj, vamu nevozmozen

Slusaj, vamu nevozmozen potfat,mnogu dobro go pametam toa vreme ,nevreme, oti i Jas sum produkt na tova vreme.Posle revolucijata, vo Jugoslavija se stvori nova clasa, nova klasa koja sto dojde na vlast so silata na oruzje, se odnesuvaja tie mangupi kako feudalci .Vlasta toes drzavata bese stopena vo partijata , mu se cinese deka tie ke vlaadat do kraj na svetot, luketo gi koskaa kako stoka, tie novi gospodari na zivotot i smrta vo nasiot nesreken Balkan, i se vo imeto na rabotnicite,no eve i nim im dojde krajot.A i na segasnive ne mu se pisi dobro,ke vidime sto i kako vremeto ke pokazi, no sekako nemat vrakanje nazad,slobodata et mnogu vazna rabota, i razberi ova "ako sakas nekoj da vidis dali et covek ili majmun daj mu vlast 5 minuti, ta ke ja vidis vistinata ".

Сега уште вонзенјани да

Сега уште вонзенјани да вклучевте во колумната и директно кај Миленко Неделковски во емисија. Две страни на иста пара. Пишувате за шизофренија на нашето општество од кое предпоставувам вие не сте дел , и како таков не сте шизофреничар. Меѓутоа , вашиот поглед на македонското општество е типичен симптом на шизофренијата. Сите освен вас ништо не разбираат и се преправаат, надворешниот фактор исто се преправа а сите заедно имитираме демократија. Може треба да посетите психијатар затоа што постојат само две можности за ваквите ваши заклучоци. Првата е дека вие имате шизофренични склоности , а втората е дека сите со кои се дружите и контактирате се онакви какви што ги опишувате во колумната. Се преправаат. Ако за првата имате лекарска потврда дека не сте шизофреничар, тогаш останува само заклучокот дека ова го изведувате само врз основа на вашето искуство со вашите пријатели, сопартијци и колеги. И тогаш "камарад" можеби треба да го смените друштвото во кое се движите.

Расчекорот помеѓу

Расчекорот помеѓу националистичкита реторика со целата епска еуфоричност и реалната фактичка состојба на терен создаваат шизофрена забуна кај конзументите на ПР пропагандата. Од една страна тие се шашардисани од епската слика за нацијата, но од друга страна мака мачат да ги вклопат фактите во таквата слика. А фактите се неминовни, реални, нема бегање од нив.
После тоа воопшто не се чудни ваквите агресивни реакции на фактите. Она што навидум изгледа како одбрана на партиската идеологија преку агресивни напади врз фактите е всушност внатрешниот дијалог на збунетиот конзумент. Негов личен Mein Kampf со кој се сака по секоја цена да се помират двете дијаметрално спротивни концепти за реалноста - оној раскажаниот и оној доживеаниот.

Би рекол дека батковците кои

Би рекол дека батковците кои пишуваат реченица во 4 реда во обид да изгледаат посериозно се многу позбунети.
Заради фактот што иако има пун курац сдсмовска пропаганда, народот сепак не ја голта доволно и бранко не може да дојде на власт.

Оди љуби го Бранко, уште еднаш.

Napisano kolku nesto da se

Napisano kolku nesto da se pisuva. A na navodno nedemokratskite praktiki da se odgovori so tonovi dolicni za demokratsko i moderno opstestvo, e takvo nesto ke pocekame od opozicionerite (ne samo partiskite tuku voopsto, site sto oponiraat na segasnata vlast). Koga gospodinot Grcev odrzal tribina? Jas bi ja posetil taa hipoteticka tribina no ne veruvam deka ke slusnam nesto mudro, nesto zrelo, nesto osmisleno od covek koj ima da ponudi vizija i alternativi na neposrednoto. Narodot (koj patem se opametuva i uci- evoluirame no za zal nedovolno brzo) se odlucuva da glasa za druga partija (sveza krv, novi lugje) koga prethodno tie lugje ke verbaliziraat deka se sposobni da rabotat podobro i da mu ovozmozat na narodot podobro ziveenje. Do sega od opozicijata ne dobivme nitu fragment od nekakva vizija, nekoja inicijativa sto vetuva.
Mozebi sledniot pat ke izlezam na izbori i ke glasam za VMRO no ne zatoa sto se dobri ili zatoa sto sum sledbenik na nivniot model...tuku zatoa sto NEMA DA IMAM PODOBAR IZBOR. Sramot e na vas- opozicijata. Zlatnata sredina sekogas znae najdobro.

Секој пат кога ќе го слушнам

Секој пат кога ќе го слушнам или прочитам господинот другар Грчев, слично како и господинот другар Исмаил, господинот другар Милчин, господинот другар Фрчковски, госпоѓата другарка Савова, од глава не ми излегува еден збор: попизденост. И секогаш се чудам. Од каде толкава патолошка омраза? Мислам, јасно ми е, но не можам да се изначудам како можат да веруваат во тоа што го кажуваат/пишуваат кога е толку очигледно дека не е вистина. Веројатно „енергичноста“ (читај:попизденоста) им е потребна за да се убедат самите себеси во тоа што го кажуваат.

Во оваа прилика морам да го пофалам Коља, тој не е попизден, иако се труди.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото